Assembley/RES/40/34
29 Ноември 1985 год.
96-та Пленарна седница
Декларација за основните принципи на правосудството за жртвите
на злосторот и злоупотреба на власта
А. Жртви на злосторот
1. Под “жртви” се мисли на оние луге кои било индивидуално
или групно, претрпеле штета, вклучувајки психички или ментални повреди,
емотивно страдање, економска (материјална) загуба или значително
нарушување на нивните основни права, поради дела или пропусти кои
претставуваат повреда на кривичните закони кои важат во земјите
членки, вклучувајки ги и тие закони кои пропишуваат криминална злоупотреба
на власта.
2. Лице може
да се смета за жртва, под оваа Декларација, без разлика на тоа дали
извршителот се идентифицира како лишен од слобода, обвинет или осуден
и без оглед на фамилиарните односи помеѓу извршителот и жртвата.
Терминот “жртва” исто така вклучува својство на непосредна фамилијарна
зависност на директната жртва и на лицата кои страдале од повреди
при интервенција да и помогнат на жртвата во незгодата или за да
го спречат некој да стане жртва.
3. Одредбите
содржани овде ке бидат применливи за сите, без разлика на било каква
разлика како раса, боја, пол, возраст, јазик, религија, националност,
политичка или друго мислење, културни сфаќања или обичаи, имот,
раѓање или фамилијарен статус, етничко или социјално потекло и инвалидност.
Пристап до правдата
и фер однесување
4. Жртвите треба да бидат третирани со сочуство и респект
за нивното достоинство. Тие имаат право на пристап до механизмите
на правдата и да без одлагање добијат помош каква што е обезбедена
со националната легислатива, за повредите што тие ги имаат претрпено.
5. Судските
и административните механизми треба да бидат воспоставени и зајакнати
доколку е потребнио да им се овозможи на жртвите да добијат помош
преку формални или неформални постапки кои се брзи, фер, ефтини
и пристапни. Жртвите треба да бидат информирани за нивните права
во барањето на помош преку таквите механизми.
6. Претставниците
на судските и администра-тивните процеси во однос на потребите на
жртвите треба да ги олеснат со:
а) Информирање
на жртвите за нивната улога и компетенција, време и прогрес
на постапките и управувањето со нивните предмети, посебно таму
каде се работи за сериозен криминал и каде тие барале такви
информации.
|
б) Овозможување
на мислењата и интересот на жртвите да биде презентиран и земен
во предвид во одредени фази на постапување каде нивните лични
интереси се погодени без пристрасност за обвинетиот и во согласност
со важечкиот национален кривично правен систем.
|
ц) Овозможување
на пристојна помош на жртвите преку правниот процес.
|
|
д) Превземање
на мерки да се минимализираат неприликите на жртвите, заштита
на нивната приватност кога е тоа потребно и осигурување на
нивна безбедност, исто така и за нивните семејства и сведоци
кои се во нивна корист, од закана и освета.
|
е) Избегнување
на непотребно одлагање во водењето на предметите и во извршување
на наредбите или намалување на одобрените права на жртвите.
|
7. Неформалните
механизми за одлучување по споровите, вклучувајки и посредување,
арбитража и вообичаено право или родените обичаи, треба да се употребат
каде е возможно заради олеснување да се смири и помогне на жртвата.
Реституција (надоместување)
8. Престапниците или трети страни одговорни за нивното однесување
треба соодветно да направат фер надомест на жртвите, нивните семејства
или зависните од нив. Таквото надоместување треба да вклучи и враќање
на сопственоста или плаќање за штетата или претрпената загуба, надомест
на трошоците кои произлегле како резултат на виктимизацијата, одредби
за услуги и враќање на права.
9. Владите
треба да ги разгледаат нивните обичаи, прописи и закони како би
го зеле во предвид надоместот, како возможна казнива опција во кривичните
предмети, во додаток на другите кривични санкции
10. Во предметите
на битни повреди на животните околности, надоместот, ако е наредено,
мора да вклучи до крај колку е возможно, обновување на животните
услови, реконструкција на инфраструктурата, замена на комуналните
капацитети и надомест на трошоците за релокација секогаш кога штетата
резултира со дислокација на една заедница.
11. Кога јавните
власти или агенти кои делуваат со официјална или квази-официјална
способност ги прекршиле националните кривични законодавства, жртвите
треба да добијат враќање од Државата чии власти или агенти се одговорни
за штетата која е нанесена. Во случаи каде Владата под чије раководство
настанал акт на жтрви или пропуст настанал не е веке во постоење,
Државата или Владата која е на нејзино место (сукцесор) по назив
треба да овозможи надомест на жртвите.
Обештетување (компензација)
12. Кога компензација не е целосно возможна од страна на
престапникот или други извори, Државите треба да настојуваат да
се обезбеди финансиско обештетување за:
а) Жртвите
кои претрпеле видливи телесни повреди или намалување на физичкото
или менталното здравје како резултат на сериозни злосторства.
|
| б) Семејството,
во дел зависните од лицата кои починале или станале физички
или ментално неспособни како резултат на таква виктимизација. |
13. Воспосставувањето,
зајакнувањето и експанзијата на националните фондови, за обештетување
на жртвите трба да биде поттикнувана. Кога е погодно, други фондови
можат исто така да бидат востановени за оваа намена, вклучително
во тие случаи каде Државата чија националност е жртвата не е во
позиција да ја обештети жртвата за нанесената штета.
Помош (асистенција)
14. Жртвите треба да добијат потребна материјална, медицинска,
психолошка и социјална помош преку владата, волонтерски, од заедници
и стекнати добра.
15. Жртвите
треба да бидат информирани за можностите за здравствени и социјални
услуги и друга релевантна помош и да им биде прилагоден пристапот
до нив.
16. Полицијата,
судството, здравствените, социјалните услуги и другите засегнати
кадри треба да добијат соодветен тренинг за да се прилагодат на
потребите на жртвите, како и водичи за да обезбедат правилна и брза
помош.
17. Во обезбедувањето
на услуги и помош на жртвите, внимание треба да се даде на тие кои
имаат посебни потреби поради природата на нанесената штета или поради
факторите кои беа споменати погоре во параграфот 3.
Б. Жртви на Злоупотреба на Власта
18. Под “жртви” се мисли на оние луге кои било индивидуално
или групно, претрпеле штета, вклучувајки психички или ментални повреди,
емотивно страдање, економска (материјална) загуба или значително
нарушување на нивните основни права, поради дела или пропусти кои
сеуште не се конституирани како повреди на националните кривични
закони но како такви се препознаени од меѓународните норми поврзани
со човековите права.
19. Државите
треба треба да имаат во предвид да ги инкорпорираат во сопствените
национални правни норми и да ја пропишат злоупотребата на власта
и овозможат помош на жртвите од такви злоупотреби. Во дел, таква
помош треба да вклучи враќање и/или обештетување, и неопходна материјална,
медицинска, психолошка и социјална помош и поддршка.
20. Државите
треба да ги имаат во предвид преговорите на мултиратерална меѓународна
расправа во врска со жртвите како што е дефинирано во параграф 18.
21. Државите
треба периодично да вршат проверка на постоечката легислатива и
практика за да обезбедат соодветен одговор на промените на околностите,
треба да ја озаконат и зајакнат, легислативата доколку е потребно
да пропишат акти кои ке ги земат во предвид сериозните злоупотреби
на политичка и економска моќ како и промовирање на насоки и механизми
за превенција од такви акти, развој и овозможување на погодни права
и помош за жртвите од такви акти.
|