ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ
ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ

(Овој Закон е објавен во Службен весник на РМ бр. 3/97)

Глава I

ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ

Член 1

(1) Со овој закон се уредува извршувањето на санкциите изречени за кривични дела и прекршоци (во натамошниот текст: казниви дела).

(2) Санкции изречени за кривични дела чие извршување се уредува со овој закон се: казните, условната осуда со заштитен надзор, мерките на безбедност и воспитните мерки.

(3) Санкции изречени за прекршоци чие извршување се уредува со овој закон се: казните, мерките на безбедност и воспитните мерки.

Член 2

(1) Санкциите изречени за казниви дела се извршуваат кога одлуката со која е изречена санкцијата ќе стане правосилна и кога не постојат законски пречки за извршување на одлуката.

(2) Со извршувањето на одделни санкции може да се почне и пред правосилноста на одлуката со која санкцијата е изречена, само кога тоа е определено со закон.

Член 3

Лицата спрема кои се извршуваат санкциите се лишуваат или ограничуваат во правата само во границите неопходни за остварување на целта на санкцијата, а врз основа на закон.

Член 4

(1) Правилата за извршувањето на санкциите се применуваат непристрасно.

(2) Забранета е дискриминација врз основа на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, верата, политичките или други уверувања, националното или социјалното потекло, сродството, имотната и општествената положба или некој друг статус на лицето спрема кое се извршува санкцијата.

(3) Верските чувства, личното уверување и моралните норми на лицата спрема кои се извршуваат санкциите мора да се почитуваат.

Член 5

Со лицата спрема кои се извршуваат санкциите се постапува на начин кој во најголема можна мера одговара на нивната личност.

Член 6

Со лицата спрема кои се извршуваат санкциите се постапува човечно, со почитување на човековата личност и достоинство, зачувување на нивното телесно и душевно здравје, водејќи притоа сметка за остварување на целите на одделни санкции.

Член 7

(1) Санкциите ги извршуваат органите определени со овој закон.

(2) Органот што ја донел одлуката со која е изречена санкцијата, ако тој самиот не е надлежен за извршување, должен е да му ја достави на надлежниот орган за извршување веднаш откако одлуката ќе стане извршна.

(3) Одлуката станува извршна кога по нејзината правосилност не постојат пречки определени со овој закон за извршување на санкцијата.

(4) Органот надлежен за извршување должен е да пристапи кон извршување на санкцијата со преземање на законски определените дејствија и мерки веднаш по приемот на одлуката.

(5) Осудените лица имаат право на заштита на своите права на начин и постапка предвидени со овој закон.

Член 8

Надзор врз работата на органите и другите институции за извршување на санкциите и на законитоста во извршувањето на санкциите вршат органите определени со овој закон.

Член 9

(1) Средствата за извршување на санкциите ги обезбедува Републиката.

(2) Лицата спрема кои се применува санкцијата не ги плаќаат трошоците на извршувањето, освен трошоците на извршувањето на паричната казна.

Член 10

На лицата отпуштени од извршувањето на санкциите им се укажува помош.

ДЕЛ ПРВИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ИЗРЕЧЕНИ ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА

А. ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЗНАТА ЗАТВОР

Глава ИИ

ОСНОВНИ НАЧЕЛА

Член 11

(1) Целта на извршувањето на казната затвор е оспособување на осудените лица да се вклучат во општеството со најдобри изгледи за самостоен живот во согласност со закон.

(2) Заради постигнување на целта на извршувањето на казната затвор кај осудените лица се развива чувството на одговорност и се поттикнуваат да го прифатат и активно да учествуваат во третманот за време на извршувањето на казната, мотивиран и насочен кон превоспитување и развивање на позитивните карактерни особини и способности што го забрзува успешното враќање во општеството.

Член 12

(1) При извршувањето на казната затвор мора да се заштити психофизичкиот и моралниот интегритет на осуденото лице и да се почитува човековата личност и достоинство.

(2) Се забранува секој облик на мачење, нечовечно или понижувачко однесување и казнување.

(3) Мора да се обезбедува правото на лична сигурност на осуденото лице и самопочитувањето на неговата личност.

Член 13

Системот на извршувањето на казната затвор се организира така што може во одвоени установи или во одвоени одделенија на одделни установи и групи во нив да се спроведе распоредување, класификација и разместување на одделни категории на осудени лица, за полесно спроведување на различни видови третман, спречување на меѓусебното штетно влијание на осудениците и одржување на дисциплината.

Член 14

(1) Осудените лица се распоредуваат во различни установи за извршување на казната затвор и нивната положба и системот на постапувањето се определува врз одредбите на овој закон и во согласност со судската одлука.

(2) Осудените лица од различен пол казната затвор ја издржуваат одвоено.

(3) Осудените лица кои за прв пат издржуваат казна затвор се одвојуваат од осудените лица во поврат.

(4) Казната малолетнички затвор спрема малолетните лица се извршува одвоено од полнолетните лица осудени на казна затвор.

(5) Лицата кои се наоѓаат во притвор се одвојуваат од лицата кои ја издржуваат казната затвор.

Член 15

Во установа за извршување на казната затвор осудените лица се класификуваат според неопходноста за примена на мерки на третман и видот на потребниот третман, нивната возраст, личните карактеристики и други околности од значење за оцена на личноста на осуденото лице.

Член 16

(1) При распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица, мора да се има предвид видот и природата на кривичното дело и степенот на кривичната одговорност.

(2) Министерот за правда со општ акт поблиску ги определува распоредувањето, класификацијата и разместувањето на осудените лица.

(3) Министерот за правда со општ акт ги определува видовите и начините на третман на осудените лица.

Член 17

На младите осудени лица треба да им се обезбедат услови кои колку е тоа можно, ќе ги заштитат од штетното влијание на другите осудени лица, како и да им се создаваат услови за живот и работа и за културни, спортски и други активности соодветни на нивната возраст.

Член 18

(1) Осудените лица според можностите на установата и со нивна согласност се сместуваат во засебни соби за ноќевање.

(2) Осудените лица ја издржуваат казната затвор по правило групно и се распоредуваат во групи во кои можат да се применуваат мерки на воспитување и превоспитување од ист вид.

Член 19

(1) Осудените лица се должни да се придржуваат кон одредбите на куќниот ред на установата.

(2) Спроведувањето на дисциплината во установата за извршување на казната затвор се остварува строго, но справедливо и со почитување на човековата личност.

(3) Забрането е колективно казнување на осудените лица.

(4) Забранета е употреба на средства на присилба како казна.

Член 20

(1) На осудените лица им се обезбедува здравствена заштита.

(2) Осудените лица не можат да бидат подложени на медицински или други експерименти со кои се нарушува физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на осудените лица.

(3) Согласноста на осудените лица за нивно учество во експериментот од став 2 на овој член не ја исклучува одговорноста на лицето кој истиот го дозволил.

Член 21

(1) На осудените лица треба да им се овозможи работа која ќе биде корисна и соодветна на начинот на нејзиното вршење на слобода. Постигнувањето на економска корист не смее да биде единствена цел на работата.

(2) Со работата осудените лица се здобиваат и ги развиваат работните навики, ги одржуваат работните способности, и се стекнуваат со стручно знаење за работа на слобода.

(3) Од осудените лица не смее да се бара да вршат работи што се опасни и штетни за нивното здравје.

(4) Работното време мора да биде соодветно со работното време на слобода.

Член 22

За поднесоците, службените дејствија и одлуките донесени во врска со примената на одредбите на овој закон осудените лица не плаќаат такса.

Глава ИИИ

РАКОВОДЕЊЕ СО РАБОТИТЕ НА ИЗВРШУВАЊЕТО

НА САНКЦИИТЕ

Член 23

(1) Со работите на извршувањето на санкциите раководи директорот на Дирекцијата надлежна за извршување на санкциите во состав на Министерството за правда (во натамошниот текст: Дирекцијата).

(2) Организацијата и делокругот на работите што се извршуваат во Дирекцијата се определуваат со закон.

Член 24

Со установите во кои се извршуваат санкциите раководат лица со звања, права и должности определени со овој закон.

Глава ИВ

УСТАНОВИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЗНАТА ЗАТВОР

1. Видови и основање на установи

Член 25

(1) Казната затвор се извршува во казненопоправни установи.

(2) Надлежноста и функционирањето на казненопоправните установи се определува со овој закон.

Член 26

(1) Казненопоправните установи се основаат и укинуваат со уредба на Владата на Република Македонија по предлог на министерот за правда.

(2) Со уредбата од став 1 на овој член се определува видот, седиштето и подрачјето на казненопоправните установи.

(3) Министерот за правда со општ акт врши распоредување на осудените и осудените малолетни лица во казненопоправните и воспитно поправните установи.

Член 27

Казненопоправните установи (во натамошниот текст: установи) според степенот на обезбедувањето, степенот на ограничувањето на слободата и видот на мерките што во постапувањето се применуваат спрема осудените лица, можат да се основаат како установи од затворен, полуотворен и отворен вид.

Член 28

(1) Установите од затворен вид имаат физичко и материјално обезбедување, како што се вооружена стража, оградни ѕидови, технички средства и други мерки за обезбедување кои го попречуваат бегството на осудените лица.

(2) Установите од полуотворен вид имаат вооружена стража која ја обезбедува дисциплината и го контролира движењето на осудените лица.

(3) Установите од отворен вид немаат физичко и материјално обезбедување. Организацијата на животот и работата на осудените лица во овие установи се засновува врз самодисциплина и лична одговорност, а контрола врз нивното движење и работа вршат воспитувачи и инструктори.

(4) Во установите од отворен вид може да се организира служба заради обезбедување на објектот.

Член 29

Во установите од затворен вид се основаат полуотворени и отворени одделенија, а во установите од полуотворен вид отворени и затворени одделенија.

Член 30

(1) Во установите се основаат одделенија за прием на осудени лица (приемни одделенија).

(2) Во установите од полуотворен вид се основаат одделенија за прекршочно казнети лица.

(3) За болни осудени лица се основа дом болница како посебна установа.

Член 31

(1) Во установите од затворен вид се основаат посебни одделенија за осудени лица странски државјани и за лица без државјанство.

(2) При извршувањето на казната затвор за лицата од став 1 на овој член се применуваат меѓународните документи што се однесуваат за издржувањето на казна затвор на оваа категорија осудени лица.

Член 32

За осудени малолетни лица задолжително се основа посебна установа за малолетници.

2. Установи за извршување на казната затвор

Член 33

(1) Во установа од затворен вид се извршува казната затвор во траење подолго од две години и казната доживотен затвор, како и казната затвор спрема осудени лица за кривични дела извршени во поврат без оглед на висината на казната.

(2) Лица осудени на казна доживотен затвор, казната ја издржуваат во согласност со одредбите за извршување на казната затвор и ги уживаат сите права и погодности, освен оние кои се ограничени со куќниот ред на установата.

Член 34

Во установа од полуотворен вид се извршува казна затвор во траење до две години кога со оглед на кривичното дело, побудите од кои тоа е извршено и личноста на сторителот, може да се оцени дека и со извршување на казната во установа од полуотворен вид ќе се постигне целта на извршувањето на казната затвор.

Член 35

Во установа од отворен вид се извршува казната затвор за осудени лица за сите кривични дела извршени од небрежност и за други кривични дела за осудени лица на казна затвор до пет години доколку основано може да се очекува дека постапувањето во овие установи одговара на карактерот на кривичното дело и личноста и дека во овој вид установа со чувство на лична одговорност ќе ги извршуваат своите обврски и нема да го злоупотребат престојувањето.

Член 36

(1) Во установите од полуотворен вид се основаат посебни одделенија за извршување на мерката притвор.

(2) Постапката со притворени лица се уредува со закон.

Член 37

Одредбите од членовите 33, 34 и 35 на овој закон соодветно се однесуваат и на распоредувањето и третманот на осудените лица во затворено, полуотворено и отворено одделение на установите.

3. Организација и делокруг на установите

Член 38

(1) Со работата на установата раководи директор.

(2) Директорот ја претставува установата.

(3) Директорот е лично одговорен за законито, правилно и навремено извршување на функцијата на установата.

Член 39

Директорот на установата може да има заменик кој го заменува во случај на негова спреченост или отсутност и го застапува во работите што тој ќе ги определи.

Член 40

Директор на установа и негов заменик именува и разрешува Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за правда.

Член 41

За директор на установа и негов заменик може да биде именувано лице кое има завршено високо образование ВИИ1 степен и работно искуство од најмалку пет години во областа на извршувањето на санкциите или на сродни работи.

Член 42

(1) Во установите, со оглед на сложеноста и обемот на работите во функција на извршувањето на санкциите се организираат служби за: превоспитување, обезбедување, стопанскоинструкторска, здравствена и извршноуправна и финансиска служба.

(2) Доколку не е неопходно организирање на службите од став 1 на овој член, работите на одделни или на повеќе служби може да ги врши едно или повеќе лица.

а) Служба за превоспитување

Член 43

(1) Службата за превоспитување се организира заради остварување на воспитен процес и координирање на работите на воспитувањето, образованието и оспособувањето на осудените лица.

(2) Работите на воспитувањето и образованието ги вршат воспитувачи и наставници.

б) Служба за обезбедување

Член 44

(1) Работите на обезбедувањето во установата ги врши службата за обезбедување.

(2) Службата за обезбедување се организира заради обезбедување на установата, спречување на бегства, одржување на внатрешниот ред и дисциплина и спроведување на осудените лица.

(3) Работите на службата за обезбедување ги вршат надзорници, командири и заповедници.

(4) Секој припадник на службата за обезбедување кога врши службено дејство има овластување на полицаец.

в) Стопанскоинструкторска служба

Член 45

(1) Стопанскоинструкторската служба ја организира работата и остручувањето на осудените лица.

(2) Работното ангажирање на осудените лица се остварува во стопански единици што ги основаат установите.

(3) Работите на стопанскоинструкторската служба ги вршат инструктори и други остручени лица.

г) Здравствена служба

Член 46

(1) Здравствената служба се организира заради вршење на работи на здравствена заштита, спроведување на хигиенски мерки и контрола на исхраната и водата за пиење на осудените лица во согласност со општите прописи.

(2) Работите на здравствената служба ги вршат лекари и други здравствени работници, со завршен соодветен степен на образование според општите прописи.

д) Извршноуправна и финансиска служба

Член 47

(1) Извршноуправната и финансиската служба се организираат заради вршење на извршните, управните, правните и финансиските работи на установата, како и за давање на правна помош на осудените лица.

(2) Работите на извршноуправната и финансиската служба ги вршат лица со завршен соодветен степен на образование од соодветна струка според општите прописи.

Член 48

Со општиот акт на установата се определува со одделни, односно повеќе служби на установата да раководи заменикот на директорот или раководител на службата.

4. Куќен ред на установата

Член 49

(1) Во установата се донесува општ акт со кој се уредува куќниот ред и поблиску се определува организацијата на работата и се пропишува начинот на живеењето на осудените лица во установата.

(2) Општиот акт од став 1 на овој член го донесува директорот на установата во согласност со директорот на Дирекцијата.

Глава В

РАБОТНИ ОДНОСИ

1. Засновање и престанок на работен

однос во установите

Член 50

За засновање и престанок на работен однос и на работните односи во установа се применуваат општите прописи за работните односи, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 51

Звањата на работниците во установата и работите што тие ги извршуваат се уредуваат со овој закон и со правилник за организација и работа и правилник за систематизација на работните места што ги донесува директорот на установата во согласност со директорот на Дирекцијата.

Член 52

(1) Во установа за вршење на работите може да се заснова работен однос со лице кое ги исполнува општите услови утврдени со закон и посебните услови определени со овој закон и општиот акт на установата.

(2) Работен однос во установа може да се заснова со лице кое не е осудувано за кривични дела: против државата; против вооружените сили на Република Македонија; против животот и телото; против слободите и правата на човекот и граѓанинот; против јавните финансии, платниот промет и стопанството; против имотот или кривично дело извршено од користољубие и нечесни побуди и против службената должност, против кое не се води кривична постапка; на кое не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење на професија, дејност или должност додека трае мерката и кое е здравствено и психофизички способно за работа во установа.

Член 53

(1) За работно место воспитувач или наставник, работен однос може да се заснова со лице кое има завршено високо образование ВИИ1 степен од соодветна струка.

(2) За работно место инструктор или друго стручно лице, работен однос може да се заснова со лице кое има завршено најмалку више образование ВИ1 степен или ВКВ работник, од соодветна струка.

Член 54

(1) За приправник за работно место надзорник во службата за обезбедување, работен однос може да се заснова со лице кое има завршено најмалку средно образование (ИВ1 степен), кое не е постаро од 25 години, кое е физички и психички способно за вршење на работи на надзорник во установа и кое го има отслужено воениот рок.

(2) За работни места командир и заповедник во службата за обезбедување, работен однос може да се заснова со лице кое има високо образование ВИИ1 степен, кое е физички и психички способно за вршење на овие работи во службата за обезбедување и кое го има отслужено воениот рок.

Член 55

(1) Психофизичките способности на лицето кое се прима за вршење работи во службата за обезбедување ги утврдува стручна комисија, врз основа на претходен телесен преглед и спроведен тест според посебна програма.

(2) Комисијата за утврдување на психофизичките способности од став 1 на овој член ја именува директорот на Дирекцијата.

(3) Програмата за утврдување на психофизичките способности на лицето кое се прима за вршење работи во службата за обезбедување ја донесува директорот на Дирекцијата.

Член 56

(1) Приправничкиот стаж на работното место надзорник трае една година.

(2) По истекот на приправничкиот стаж приправникот полага стручен испит за вршење на работите на надзорник пред комисија што ја именува директорот на Дирекцијата.

(3) Начинот на стручното оспособување и проверката на стручната подготвеност се утврдуваат со програма што ја донесува директорот на Дирекцијата.

Член 57

(1) Со лицето кое со успех ќе го положи стручниот испит се заснова работен однос на неопределено време за работно место надзорник.

(2) На лицето кое нема да го положи стручниот испит му престанува работниот однос.

2. Работни места кај стои стажот на осигурување

се смета со зголемено траење

Член 58

(1) За работните места во Министерството за правда, Дирекцијата, установата и судот чија тежина и природа на работите и посебните услови под кои тие се вршат битно влијаат врз намалувањето на работната способност се применуваат соодветните одредби од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

(2) Како работни места во смисла на став 1 од овој член се сметаат работните места кои се вршат непосредно во работата со осудени лица.

3. Плата на работниците во установите

Член 59

(1) На работниците во установата им се обезбедуваат плати од средствата наменети за финансирање на работата на установата.

(2) Висината на платата се определува според платни групи утврдени врз основа на видот, тежината и сложеноста на работите и условите под кои тие се вршат и должината на работниот стаж.

(3) Платните групи се определуваат со закон.

Член 60

На работниците на работни места кај кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, платата им се зголемува до 30% од утврдената платна група.

4. Пензиско и инвалидско осигурување

Член 61

Општите прописи за пензиско и инвалидско осигурување се однесуваат и на работниците во установите, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 62

(1) На работниците на работни места кај кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, кај кои ќе настапи неспособност или битно намалена способност за вршење на работите на кои се распоредени, доколку не постои можност за распоредување на други работи, им престанува работниот однос.

(2) Настапувањето на неспособноста или битното намалување на способноста го утврдува стручната комисија од член 55 став 1 на овој закон.

(3) Работниците на кои по основата од став 1 на овој член, со оглед на промените во психофизичките својства или на општата здравствена способност им престанува работниот однос, имаат право на инвалидска пензија.

Член 63

Работниците на работни места кај кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење кои ќе остварат право на пензија имаат право на отпремнина согласно со општите прописи.

Глава ВИ

ФИНАНСИРАЊЕ НА УСТАНОВИТЕ

1. Обезбедување на средства за работа

Член 64

(1) Средства за работа на установите се обезбедуваат во Буџетот на Република Македонија.

(2) Средствата за работа на установите се состојат од средства за плати на раководните лица и работниците, средства за материјални трошоци, средства за посебни намени, средства за изградба, реконструкција, одржување на објектите и опремување на установите и опремување на службата за обезбедување.

(3) Средствата за посебни намени се обезбедуваат за исхрана, облека и други животни потреби на осудените и притворените лица, за воспитување и образование, трошоци за превоз за упатување на осудени лица во установа и при отпуштање од установа, за спроведување на осудени лица до надлежен орган, за надоместок за работа надвор од стопанските единици, за здравствена заштита на осудените лица и за други наменски потреби на осудените лица, според годишните трошоци за еден осуденички или притворенички ден.

(4) Средствата за посебни намени од став 2 на овој член се обезбедуваат и за исплата на отпремнина на работниците при остварувањето на правото на пензија, како и за отпремнина при несреќа на работа и помош на семејството, ако работникот го изгуби животот во вршењето на службата, за набавка на униформи, вооружување и за друго опремување на службата за обезбедување, како и за стручно усовршување на работниците во установата.

Член 65

Со програма што ја донесува Владата на Република Македонија се определува висината на средствата за изградба, реконструкција, одржување на објектите и опремување на установите и се утврдува и нивната поблиска намена.

Член 66

Дирекцијата се грижи за финансирање на работата на установите, за обезбедување на услови за работа и за остварување на програмата од член 65 на овој закон.

Глава ВИИ

ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА СТОПАНСКИТЕ

ЕДИНИЦИ

1. Основање на стопанските единици

Член 67

(1) Во установите се основаат една или повеќе стопански единици заради работа на осудените лица.

(2) Во кои установи не постојат услови за основање на стопанска единица одлучува директорот на Дирекцијата.

Член 68

(1) Стопанска единица се основа со одлука на Владата на Република Македонија.

(2) Почетните средства неопходни за основање на стопанската единица се обезбедуваат во Буџетот на Република Македонија.

Член 69

(1) Актот за основање на стопанската единица ги содржи податоците предвидени со општите прописи за основање на трговски друштва.

(2) Стопанската единица се запишува во трговскиот регистар.

Член 70

Со работата на стопанската единица раководи директорот на установата или лице овластено од него.

Член 71

(1) Стопанската единица има својство на правно лице и во прометот настапува во свое име и за своја сметка.

(2) Финансиското работење на стопанската единица се врши преку посебна сметка.

Член 72

Стопанската единица на остварениот приход и добивка не плаќа данок и други обврски, освен данокот на промет.

Член 73

(1) По исплатата на бруто платите и други надоместоци за работа на работниците на стопанската единица и надоместокот и наградата за работа на осудените лица, добивката се распоредува 70% за акумулација, а 30% за изградба и опремување на установите и на службата за обезбедување.

(2) За реализација на средствата од став 1 на овој член се грижи Дирекцијата.

Глава ВИИИ

НАДЗОР ВО РАБОТАТА НА УСТАНОВИТЕ

1. Стручноинструкторски надзор во

извршувањето на санкциите

Член 74

(1) Дирекцијата врши стручноинструкторски надзор врз работата на установите.

(2) Стручноинструкторскиот надзор се состои во обезбедување казната затвор да се извршува соодветно со основните начела утврдени со овој закон, со настојување притоа да дојдат до израз современите пенолошки принципи за унапредување и развој на системот на извршувањето на санкциите, како и позитивните искуства од функционирањето на современите системи за извршување на казната затвор, како и во анкетирање, согледување и анализа на состојбите и отстранување на проблемите и слабостите во работата на установите.

(3) Стручноинструкторскиот надзор од став 2 на овој член, непосредно го остварува инспекторот за извршување на санкциите.

(4) Во вршењето на надзорот инспекторот може да ангажира учество на научни и стручни установи или одделни научни и стручни работници од соодветната област.

2. Судски надзор во извршувањето

на санкциите

Член 75

Судски надзор во извршувањето на санкциите во однос на постапувањето со осудените лица и во остварувањето на нивните права и обврски, врши судија определен за извршување на санкциите во основниот суд во седиштето на установата.

Член 76

Директорот на установата е должен на инспекторот за извршување на санкциите и на судијата определен за извршување на санкциите да им ја обезбеди на увид потребната документација, да им овозможи непречена работа во вршење на надзорот и непречен разговор со осудените лица и зависно од потребите, со и без присуство на работници на установата.

Член 77

(1) За извршениот надзор и утврдените состојби, инспекторот за извршување на санкциите и судијата за извршување на санкциите составуваат, секој во рамките на своите овластувања записник.

(2) Кога при извршената инспекција од став 1 на овој член инспекторот за извршување на санкциите и судијата за извршување на санкциите утврдат неправилности донесуваат решенија за отстранување на утврдените неправилности во определен рок и за воспоставување на повредените права на осудените лица.

Член 78

Инспекторот за извршување на санкциите и судијата за извршување на санкциите меѓусебно се известуваат за утврдените состојби во установата и за утврдените незаконитости при вршењето на надзорот.

3. Надзор од страна на Државната комисија

во извршувањето на санкциите

Член 79

(1) Владата на Република Македонија основа Државна комисија за вршење надзор во казненопоправните установи, составена од петмина членови од редот на судии, пенолошки, социјални и просветни работници, Министерството за правда, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за стопанство и од научни и стручни работници од други институции за време од пет години.

(2) Државната комисија од своите членови избира претседател и негов заменик.

(3) Државната комисија има задача со повремени посети на установите да ги согледува состојбите во однос на примената на законот и другите прописи и правила за извршувањето на санкциите, третманот на осудените лица, условите во кои тие живеат и работат и да спроведува анкета за положбата и правата на осудените лица. Директорот на установата е должен да i овозможи увид во состојбите и во документацијата на установата и да n овозможи разговор со осудените лица без присуство на службени лица на установата.

(4) За утврдените состојби Државната комисија составува записник со соодветни предлози и мерки и определува рок за отстранување на неправилностите.

(5) Записникот од став 4 на овој член со предлозите и мерките, Државната комисија го доставува до Владата на Република Македонија, Дирекцијата и судот надлежен за извршување на санкциите.

(6) Установите и Дирекцијата се должни да постапат по забелешките на Државната комисија и во определениот рок да ги отстранат неправилностите.

Глава ИЏ

ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ИЗВРШУВАЊЕ

НА КАЗНАТА ЗАТВОР

1. Упатување на осудени лица

Член 80

(1) Надлежен орган за преземање на потребните дејствија заради извршување на казната затвор е основниот суд според местото на живеалиштето односно престојувалиштето на осуденото лице.

(2) Ако живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице е непознато, надлежен за упатување на осуденото лице на извршување на казната затвор е судот што ја донел првостепената одлука.

(3) Судот што ја донел првостепената одлука, ако не се знае живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице или ако осуденото лице е недостапно, ќе побара од Министерството за внатрешни работи да го пронајде и веднаш да го извести судот за неговата адреса.

(4) Постапката за упатување на осудените лица е итна.

Член 81

Судот што ја донел првостепената одлука ќе му ги достави на надлежниот суд, заедно со одлуката за извршување, сите податоци за личноста на осуденото лице прибавени во текот на постапката од значење за извршување на казната затвор.

Член 82

Надлежниот суд е должен да ги преземе потребните дејствија заради извршување на казната затвор веднаш по приемот на извршната одлука, а најдоцна во рок од осум дена по нејзиниот прием.

Член 83

(1) Повикувањето за извршување на казната затвор на осуденото лице се врши на начин што лично му се доставува упатен акт во кој е означен денот кога треба да се јави во определена установа.

(2) Со упатниот акт осуденото лице се предупредува дека доколку не се јави во определениот ден во установата ќе биде присилно спроведено и ќе ги сноси трошоците на спроведувањето.

(3) Денот на јавувањето во установата се одредува така што на осуденото лице да му останат најмалку осум, а најмногу триесет дена од денот на приемот на упатниот акт.

Член 84

(1) Надлежниот суд со доставувањето на упатниот акт на осуденото лице едновремено ја известува и установата за денот во кој осуденото лице треба да се јави и доставува препис од правосилната и извршна пресуда со која е изречена казната, извод од казнената евиденција, како и други податоци за личноста на осуденото лице со кои располага.

(2) Ако осуденото лице не се јави во определениот ден на извршување на казната затвор, установата за тоа без одлагање ќе го извести надлежниот суд.

(3) Надлежниот суд во случајот од став 2 на овој член веднаш ќе издаде наредба до Министерството за внатрешни работи за приведување на осуденото лице со која исто така ќе побара, доколку осуденото лице се крие или се наоѓа во бегство, органот да издаде и потерница за пронаоѓање и спроведување на осуденото лице во установата за извршување на казната затвор.

Член 85

(1) Надлежниот суд донесува решение за наплата на трошоците од осуденото лице направени за неговото пронаоѓање и спроведување во установата.

(2) Против решението од став 1 на овој член осуденото лице има право на жалба до повисокиот суд во рок од осум дена од приемот на решението.

2. Одлагање на почетокот на извршувањето

на казната затвор

Член 86

(1) На осуденото лице што се наоѓа на слобода може по негова молба да му се одложи почетокот на извршувањето на казната затвор:

1) ако се разболело од потешка акутна болест;

2) ако се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото лице;

3) ако одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода, или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга работна сила;

4) ако осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета;

5) ако одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната година или за полагање на испит за кој се подготвувало;

6) ако заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била загрозена издршката на старите, болни или малолетните членови на семејството, или би се довело во прашање нормалното стопанисување на домаќинството;

7) ако е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до породувањето не преостануваат повеќе од три месеци и

8) ако е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата или тие лица имаат живеалиште или престојувалиште.

(2) Извршувањето на казната во случаите од точка 1 став 1 на овој член може да се одложи додека трае болеста, во случаите од точка 2) до точката 4) и точка 8) најдолго за три месеци, во случаите од точката 5) до завршување на училишната година и шест месеци за испит, во случаите од точката 6) најдолго за шест месеци, а во случаите од точката 7) до наполнувањето на една година од животот на детето.

Член 87

(1) Молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор се поднесува во рок од три дена од денот на приемот на упатниот акт. Ако причината за одлагање од член 86 став 1 точки 1 и 2 на овој закон настанала по тој рок, молбата може да се поднесе до денот кога осуденото лице треба да се јави заради извршување на казната.

(2) Кон молбата се прилагаат докази за причините кои го оправдуваат одлагањето.

(3) По молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор решава претседателот на надлежниот суд или од него овластен судија, кој е должен да донесе решение во рок од три дена по приемот на молбата. Пред донесувањето на решението надлежниот суд може да ги извиди околностите наведени во молбата. До донесувањето на решението по молбата се одлага почетокот на извршувањето на казната.

Член 88

Против решението со кое се одбива молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор, осуденото лице има право на жалба до претседателот на повисокиот суд во рок од три дена од денот на приемот на првостепеното решение. Жалбата го одлага извршувањето на казната. Претседателот на повисокиот суд е должен да донесе решение по жалбата во рок од три дена по приемот на жалбата.

Член 89

(1) Ако осуденото лице на казна затвор е повикано на отслужување на воениот рок или воена вежба, се упатува на издржување на казната пред отслужувањето на воениот рок, односно воената вежба.

(2) Ако лицето кое во текот на отслужувањето на воениот рок или за време на воена вежба е осудено на казна затвор до шест месеци за кривично дело сторено пред да отпочне со отслужување на воениот рок или на воената вежба, ќе му се одложи почетокот на извршувањето на казната до завршувањето на воениот рок, односно воената вежба.

(3) Извршувањето на казната се одлага и на осудено лице на казна затвор или малолетнички затвор до две години, ако е изречена за кривично дело сторено пред да отпочне со отслужувањето на воениот рок, а до завршувањето на воениот рок не му преостануваат повеќе од шест месеци.

Член 90

(1) Кога надлежниот јавен обвинител, врз основа на законското овластување ќе побара одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор, надлежниот суд нема да го повика осуденото лице, а ако веќе го повикал, но уште не поминал рокот за јавување во установата ќе донесе решение за одлагање на почетокот на извршувањето на казната.

(2) Одлагањето на почетокот на извршувањето на казната во случаите од став 1 на овој член трае додека јавниот обвинител не го извести надлежниот суд дека може да се отпочне со извршувањето на казната затвор, односно до донесувањето на одлука по правното средство на јавниот обвинител.

(3) Одлуката за одлагање на почетокот на извршувањето на казната донесена по барање на јавниот обвинител престанува да важи ако јавниот обвинител во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката не употреби правно средство.

Член 91

Судот може, по спроведената постапка, да го отповика одложениот почеток на извршувањето на казната затвор ако престанат причините поради кои тоа е дозволено, како и кога осуденото лице не го користело одобреното одлагање за целите за кои тоа е дадено.

Член 92

Одлагање на почетокот на извршувањето на казната затвор може да одреди и надлежниот суд за решавање по барање за повторување на кривичната постапка поднесено во корист на осуденото лице и по барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, под условите предвидени со закон.

Член 93

(1) Надлежниот суд ќе ја отфрли како недопуштена повторно поднесената молба за одлагање на почетокот на извршувањето на казната.

(2) Повторно поднесената молба не го одлага почетокот на извршувањето на казната.

3. Прием на осудени лица

Член 94

(1) При приемот на осуденото лице во установата се утврдува неговиот идентитет врз основа на податоците во личната карта или друга исправа подобна за утврдување на идентитетот.

(2) Податоците во пресудата за осуденото лице треба да се идентични со податоците содржани во личните исправи врз основа на кои се утврдува идентитетот на осуденото лице.

(3) Осуденото лице при приемот во установата се фотографира и дактилоскопира.

Член 95

(1) Податоците за денот и часот на приемот на осуденото лице во установата, неговиот идентитет, бројот на упатниот акт и бројот на датумот на пресудата, податоците од испитувањето на личноста на осуденото лице и извештајот за неговата здравствена состојба се запишуваат, комплетираат и чуваат како службени документи од доверлива природа кои им се достапни само на овластените службени лица.

(2) По приемот, осуденото лице се упатува во одделението за испитување на личноста и за утврдување на третманот и постапувањето со него (приемно одделение). Во ова одделение осуденото лице останува најмногу 30 дена.

(3) Во установите во кои се извршува казната затвор до две години во приемното одделение осуденото лице се задржува до 15 дена.

Член 96

Во приемното одделение осуденото лице се запознава со куќниот ред во установата, правата и обврските за време на издржувањето на казната и начинот на нивното остварување.

Член 97

(1) За приемот на осуденото лице во установата веднаш се известува надлежниот суд.

(2) Установата е должна за приемот на осуденото лице да го извести надлежниот Центар за социјални работи ако осуденото лице има малолетни деца или други лица за кои единствено само тој се грижи.

Глава Х

ПОЛОЖБА НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА

1. Класификација на осудените лица

Член 98

Тргнувајќи од општите начела за извршување на казната затвор и положбата на осуденото лице определена со судската пресуда, како и од целите и критериумите на класификацијата, стручниот тим на установата и директорот ја утврдуваат класификацијата, сместувањето, програмата за третман и работното ангажирање на осуденото лице.

2. Сместување на осудените лица

Член 99

Просториите за сместување на осудените лица треба да ги исполнуваат основните хигиенски услови и да бидат сообразени со климатските услови на средината, да бидат соодветно опремени, да го овозможуваат потребното проветрување и во нив да навлегува доволно дневна светлина.

Член 100

(1) Просториите во кои се сместуваат осудените лица не смеат да бидат влажни и за секое осудено лице просечно треба да се обезбеди најмалку 9 м3 простор.

(2) Просториите во кои живеат и работат осудените лица мора да ги имаат потребните санитарни и хигиенски инсталации и да се обезбедат други услови за одржување на личната хигиена, мора да бидат доволно осветлени за работа и читање, така што на осудените лица да не им се оштетува видот и мора да бидат затоплени и проветрени.

(3) Сите простории во установата се одржуваат уредно и чисто.

(4) Како погодност на осудените лица може да им се дозволи украсување на просториите, доколку со тоа не се нарушува куќниот ред.

Член 101

(1) Осудените лица ноќе согласно со можностите на установата се сместени во посебни соби, освен во случаите кога се смета дека заедничкото сместување на осудените лица има некои предности.

(2) Кога осудените лица се сместуваат во заеднички простории треба внимателно да се избираат осудените лица на кои им одговара дружење со другите осудени лица во овие установи. Ноќе мора да постои надзор, сообразно со карактерот и видот на установата.

(3) Сместувањето на осудените лица во заеднички простории не смее да го надминува бројот од пет лица во една соба за ноќевање.

(4) Секое осудено лице мора да има посебна постела.

3. Облека и постелнина на

осудените лица

Член 102

(1) На осудените лица им се обезбедува облека.

(2) На осудените лица може да им се дозволи да носат сопствена облека.

(3) На осудените лица кои работат им се обезбедува работна облека.

(4) Облеката, долната облека и обувките треба да одговараат на климатските услови и годишното време.

Член 103

(1) Облеката не смее на било кој начин да влијае деградирачки или понижувачки.

(2) Облеката и обувките треба да бидат чисти и во исправна состојба. Долната облека треба да се менува толку често колку што е потребно да се одржува личната хигиена.

(3) Кога осуденото лице ќе добие дозвола за излегување надвор од установата, мора да му се дозволи носење на облека која не предизвикува внимание на околината.

Член 104

(1) На осуденото лице мора да му се обезбеди соодветна постелнина која одговара на климатските услови.

(2) Постелнината треба да се одржува во добра состојба и да се менува толку често колку што е потребно да биде секогаш чиста.

4. Лична хигиена на осудените лица

Член 105

(1) Осудените лица се должни да ја одржуваат личната хигиена за што е потребно да им се обезбеди вода и хигиенски прибор, неопходни за одржување на хигиената и зачувување на здравјето.

(2) Од здравствени причини, како и за да го сочуваат добриот изглед и самопочитувањето, на осудените лица треба да им се овозможи одржување на косата, потстрижување, а на машките лица и бричење.

5. Исхрана на осудените лица

Член 106

(1) На осудените лица им се обезбедува исхрана која дневно мора да има најмалку 12.500 џули по едно осудено лице.

(2) Храната се дава во три оброци дневно, во вообичаени термини за тоа и пристојно сервирана.

(3) Храната мора да одговара на научните сознанија за прехранување и мора да биде разновидна и вкусно подготовена.

Член 107

(1) За сите осудени лица храната е иста, односно на сите осудени лица им се овозможува избор на храна што се подготвува во установата.

(2) Осудените лица кои работат на потешки работи добиваат четири оброци дневно.

(3) Болните осудени лица, бремените жени и породилките пред и по породувањето, добиваат храна според видот и количеството што го определува лекар.

(4) Директорот, лекарот или друго стручно лице во установата секој ден пред делењето на оброците го проверуваат квалитетот на храната и тоа што ќе го утврдат го внесуваат во контролната книга.

(5) На осудените лица во секое време им се обезбедува здрава вода за пиење.

6. Одмор на осудените лица

Член 108

Осудените лица имаат право на осумчасовен непрекинат одмор во текот на денот и на еден ден одмор во неделата.

Член 109

На осудените лица мора да им се обезбеди надвор од затворените простории да поминат најмалку два часа дневно.

7. Работа на осудените лица

Член 110

(1) Од осудените лица се бара да работат сообразно со своите физички и психички способности што го утврдува лекарот на установата.

(2) При определувањето на работното ангажирање, имајќи ги предвид можностите на установата, ќе се води сметка и за желбата на осуденото лице за вршење на определени работи.

Член 111

(1) Работата на осудените лица се организира и врши по правило во стопански единици во установата.

(2) Осудените лица можат да работат и надвор од установата, во правни лица и други институции, ако се обезбедени услови за извршување на казната затвор определени со овој закон.

(3) За работата на осудените лица согласно со став 2 на овој член, установата склучува договор со правното лице, односно институцијата и обезбедува писмена согласност на осуденото лице.

Член 112

(1) Полното работно време на осудените лица е 40 часа неделно.

(2) По исклучок, полното работно време на осудените лица може да трае и повеќе од 40 часа неделно, во случаите и под условите определени со закон.

(3) Надвор од полното работно време осудените лица можат да работат најмногу до два часа дневно на работи потребни за одржување на хигиената и на други тековни работи неопходни за нормален живот во установата.

(4) На осудените лица кои посетуваат настава по основно или средно образование им се скратува траењето на полното работно време.

Член 113

(1) Осудените лица имаат право на надоместок за работата.

(2) Висината на надоместокот се определува во зависност од видот, количеството и квалитетот на производот и на работата што ја остварило осуденото лице, неговата острученост за извршување на тој вид работа, ангажираноста во работата и придонесот за намалување на трошоците во производството.

(3) На надоместокот и на наградите за работа на осудените лица не се плаќа данок и други придонеси.

(4) Со општ акт на директорот на Дирекцијата во согласност со одредбите на овој закон, поблиску се определува надоместокот и наградата за работа на осудените лица, како и за лицата кои без своја вина не работат на кои им се обезбедува џепарлак.

Член 114

(1) Осудените лица кои без своја вина се времено неспособни за работа поради болест имаат право на надоместок од средствата остварени од работа на осудените лица, со соодветна примена на општите прописи за здравствено осигурување.

(2) Осудените лица кои без своја вина не работат а немаат сопствени средства, установата им ги обезбедува најнеопходните средства за задоволување на личните потреби.

Член 115

Од надоместокот за работа осуденото лице 70% може да искористи за задоволување на личните потреби, а остатокот од 30% се чува како штеден влог по видување или орочен на определено време и му се предава на осуденото лице при отпуштањето од издржувањето на казната, или по негово барање во текот на издржувањето на казната се дава на неговото семејство.

Член 116

За пронајдоци и технички унапредувања остварени во текот на издржувањето на казната на осудените лица им припаѓаат правата според општите прописи.

Член 117

(1) Осудените лица кои поминале на работа непрекинато 11 месеци, вклучувајќи го и времето за лекување поради повреда на работа или професионална болест, имаат право на непрекинат одмор во текот на една година, според општите прописи.

(2) Доколку со овој закон поинаку не е определено, одморот се користи во посебни простории на установата.

(3) За време на користењето на одморот осуденото лице прима надоместок за работа како да работел.

Член 118

(1) Погоните и работилниците во кои работат осудените лица современо се опремуваат.

(2) При организирањето на погоните и работилниците се води сметка за еколошка заштита на животната средина, на земјиштето, воздухот и водите, од секаков вид загадување.

Член 119

(1) Осудените лица при работа користат хигиенскотехничка заштита според општите прописи.

(2) Осудените лица имаат право на инвалидско осигурување за несреќа на работа или професионална болест.

8. Пензиско осигурување на осудените лица

Член 120

На осудените лица за време на издржувањето на казната им се признава во пензиски стаж времето што непрекинато ќе го поминат на работа со полно работно време според општите прописи, доколку од надоместокот за работа ги плаќаат определените придонеси.

9. Здравствена заштита на осудените лица

Член 121

(1) Во установите задолжително се вработува лекар кој се грижи за здравствената состојба на осудените лица.

(2) Осудените лица имаат право на здравствена заштита според општите прописи.

(3) На осудените лица им се обезбедува потребна лекарска помош и болничко лекување според општите прописи.

Член 122

(1) Лекарот мора да го прегледа секое осудено лице и да ја утврди неговата здравствена состојба, при приемот на издржувањето на казната и при отпуштањето од установата.

(2) Податоците за здравствената состојба се внесуваат во личниот лист на осуденото лице.

Член 123

Осудените лица кај кои ќе се утврдат телесни и душевни растројства подлежат на медицински третман во установата, а кога тоа е потребно врз основа на наод на лекар се упатуваат во соодветна здравствена установа.

Член 124

Осудените лица за кои се сомнева дека боледуваат од некоја заразна болест, или кај кои е забележано дека имаат телесни или душевни оштетувања што можат да го попречат вклопувањето во средината, по наод и упат на лекарот, ќе се сместат во посебни простории на установата.

Член 125

Осудените лица кои за време на издржувањето на казната душевно ќе заболат или покажуваат тешка психичка растроеност утврдена од лекар психијатар, установата ќе ги упати во соодветна здравствена установа на лекување и чување додека не престане потребата од нивно натамошно лекување и чување, што се утврдува според општите прописи.

Член 126

(1) Заболено осудено лице може да бара специјалистички лекарски преглед на свој трошок, доколку таков преглед не определи лекарот на установата.

(2) За барањето на осуденото лице одлучува директорот на установата по прибавено мислење од лекарот на установата.

Член 127

Времето поминато на лекување на осуденото лице му се смета во времето поминато на издржување на казната затвор.

Член 128

(1) Ако осуденото лице со одбивање на употреба на храна или со одбивање на лекување го доведува во опасност својот живот или здравје, спрема него можат да се применат неопходни медицински мерки и без негова согласност заради исхрана и лекување.

(2) За трошоците за примена на неопходните медицински мерки од став 1 на овој член одлучува директорот на установата, согласно со куќниот ред на установата.

Член 129

За секоја потешка болест и за потешко нарушување на здравствената состојба на осуденото лице, установата ќе го извести неговото семејство.

Член 130

Врз младите полнолетни лица најмалку еднаш во годината се врши систематски преглед.

Член 131

(1) На осудени бремени жени и породилки им се обезбедува стручна лекарска нега.

(2) Осудените бремени жени по предлог на лекарот се упатуваат во породилното одделение по правило шест недели пред породувањето.

(3) Осудените бремени жени по правило се породуваат во општите здравствени установи, освен во случаите кога во установата се обезбедени потребните услови за безбедно породување на осудената бремена жена.

(4) Во породилното одделение осудената породилка по правило останува до навршената една година од животот на детето, ако не биде пред тоа отпуштена од издржувањето на казната.

(5) Во матичната книга на родените не смее да е содржан податок дека детето е родено во казненопоправна установа.

Член 132

На осудените жени за време на бременоста, породувањето и мајчинството во однос на отсуството од работа се применуваат општите прописи.

10. Образование на осудените лица

Член 133

(1) Во установите задолжително се организира основно образование, како дел на општиот систем на образование и воспитување.

(2) Образованието на осудените лица може да се организира во самата установа или во местото на седиштето на установата.

Член 134

(1) На осудените лица што ќе го завршат соодветниот вид и степен на образование им се издава свидетелство.

(2) Од свидетелството не смее да се види дека образованието и воспитанието е стекнато во казненопоправна установа.

(3) На осуденото лице може да му се одобри вонредно школување на негов трошок во сите видови на образовни установи на слобода, ако со тоа не се нарушува куќниот ред и работата во установата.

Член 135

Установите можат да организираат и посебни форми за стручно оспособување на осудените лица во вид на курсеви, семинари и други видови на стручно оспособување со практична работа, согласно со општите прописи за стручно оспособување.

11. Слободни активности, спорт и рекреација

на осудените лица

Член 136

(1) Во установите мора да се обезбедуваат услови за организирање и развој на спортот, рекреацијата и другите слободни активности, од значење за одржување на телесното и душевното здравје на осудените лица.

(2) Програмата за спортски активности, рекреација, стекнување и задоволување на културноуметнички и други потреби на осудените лица, се уредува како составен дел на третманот и оспособувањето на осуденото лице. За таа цел се обезбедуваат неопходниот простор и опрема во установата.

Член 137

(1) Установите имаат библиотеки.

(2) Осудените лица можат да користат книги и дневен печат на македонски јазик и на јазикот и писмото на националноста или на јазикот од земјата на која осуденото лице зборува.

(3) Книгите и дневниот печат осудените лица можат да ги користат од библиотеката или сами да ги набавуваат.

(4) На осудените лица им се овозможува користење и на други средства за јавно информирање и комуницирање.

12. Воспитна работа со осудените лица

Член 138

(1) Воспитната работа со осудените лица, определена со програмата, се остварува со посебна грижа и за решавање на личните и заедничките проблеми на осудените лица, со поединечни и групни разговори и со примена на соодветни методи и постапки на третман.

(2) Заради воспитно влијание, како форма на работа се користи и осуденичкото самоорганизирање, особено по прашања за подобрување на условите за заедничкиот живот и работа и за разрешување на проблемите на одделни осудени лица.

13. Задоволување на верските потреби

на осудените лица

Член 139

На осудените лица им е дозволено да ги задоволуваат своите верски чувства и потреби согласно со условите и можностите на установата.

14. Контакти со надворешниот свет

на осудените лица

а) Допишување

Член 140

(1) Осуденото лице има право да се допишува.

(2) Во установите од затворен вид и во затворените одделенија, допишувањето се врши под надзор на управата.

(3) Директорот на установата ќе спречи доставување на писмо, ако тоа е потребно за заштита на личноста на осуденото лице, или заради безбедноста на установата.

б) Телефонирање

Член 141

(1) На осуденото лице може да му се дозволи телефонски разговор.

(2) По барање на семејството, телефонски разговор со осуденото лице ќе се дозволи ако е потребно на осуденото лице нешто итно да му се соопшти што не трпи одлагање.

(3) Телефонскиот разговор во установа од затворен вид и во затворено одделение се врши во присуство на службено лице.

в) Посети

Член 142

Осудените лица имаат право да примаат посети на членовите на потесното семејство, а по одобрение на директорот на установата можат да ги посетуваат и други лица.

Член 143

Осуденото лице има право, по негово барање да го посети полномошникот што го застапува во неговите работи.

Член 144

(1) Ако е осуден странски државјанин, лице без државјанство или бегалец, конзуларниот претставник на неговата држава или на државата што ги штити нејзините интереси, можат да го посетуваат осуденото лице сообразно со правилата на меѓународното право, под услови на реципроцитет.

(2) Конзуларниот претставник е должен претходно да ја најави посетата во установата во која лицето ја издржува казната.

Член 145

При вршењето на посетата, овластен работник на установата, ако тоа е потребно заради безбедноста, може да го претресе лицето кое ја врши посетата.

Член 146

(1) Посетата на осудените лица може да трае до 60 минути.

(2) Со куќниот ред на установата се одредува времето, начинот и должината на траењето на посетата.

г) Примање на пратки

Член 147

(1) Осудените лица имаат право да примаат пратки.

(2) Видот на предметите и тежината на пратката се одредуваат со куќниот ред на установата.

(3) Пред врачувањето на пратката нејзината содржина се прегледува во присуство на осуденото лице.

(4) Осудените лица имаат право да примаат парична пратка, со која располагаат согласно со куќниот ред на установата.

15. Склучување на брак на

осудените лица

Член 148

(1) За време на издржувањето на казната осуденото лице може да склучи брак.

(2) Ако не постојат услови бракот да се склучи пред надлежниот орган на слобода, склучувањето на брак се организира во посебна просторија на установата.

16. Погодности на осудените лица

Член 149

(1) За добро поведение и залагање во работата, како и за поттикнување на добро однесување и за развивање на смисла за одговорност и за интерес и соработка во третманот што се спроведува во установата, на осудените лица можат да им се дадат одделни погодности, како што се особено:

продолжени посети или посети без надзор во просториите на установата;

посети во посебни простории на установата;

посети надвор од просториите на установата;

слободен излез од установата до 7 часа;

отсуство до седум дена во текот на годината и

целосно или делумно користење на одморот надвор од установата.

(2) Условите и начинот на давањето на погодностите од став 1 на овој член и други видови на погодности со оглед на видот на установата се определуваат со куќниот ред на установата.

17. Разместување на осудените лица

а) Прогресирање на осудени лица

Член 150

(1) Осудените лица во текот на издржувањето на казната, зависно од резултатите на воспитувањето, поведението и залагањето во работата, можат да прогресираат од установа од затворен во полуотворен или отворен вид, односно во соодветните одделенија на истата установа.

(2) Поблиски одредби за времето што треба да го помине и условите што треба да ги исполни осуденото лице во установата од определен вид или во соодветно одделение на установата од општ вид, се определуваат со овој закон и со општиот акт што го донесува директорот на Дирекцијата.

Член 151

(1) За прогресирање на осудените лица од установа од еден во установа од друг вид одлучува директорот на Дирекцијата по предлог на директорот на установата или по барање на осуденото лице.

(2) За прогресирање на осудените лица од едно во друго одделение во установата, под условите од член 150 на овој закон, одлучува директорот на установата.

(3) Повторно барање во смисла на став 2 од овој член, осуденото лице може да поднесе по истекот на шест месеци од правосилноста на решението со кое е одлучено по неговото претходно барање.

б) Репрогресирање на осудени лица

Член 152

(1) Ако осуденото лице со своето поведение и односот кон работата не ја оправда довербата за упатување или прогресирање во установа од полиберален вид, може да биде вратен од установата со полиберален вид во установа од построг вид, односно во соодветно одделение на истата установа.

(2) За враќање на осуденото лице од установа со полиберален во установа од построг вид по предлог на директорот на установата, одлучува директорот на Дирекцијата.

(3) За враќање на осуденото лице од полуотворено, односно отворено во затворено одделение на иста установа одлучува директорот на установата.

в) Преместување на осудени лица

Член 153

(1) Осуденото лице по негова молба или по предлог на директорот на установата, може да биде преместено на натамошно издржување на казната затвор од една во друга установа од ист вид кога со натамошното престојување во таа установа му е загрозен животот или телесниот интегритет, или поради неговиот престој во установата на друго осудено лице или кога со неговото престојување во установата се загрозува безбедносната состојба во установата.

(2) За преместувањето одлучува директорот на Дирекцијата.

(3) Против решението на директорот на Дирекцијата може да се изјави жалба во рок од осум дена по приемот на одлуката до министерот за правда.

г) Прекин на издржувањето на

казната на осудени лица

Член 154

(1) По молба на осуденото лице или по предлог на директорот на установата, надлежниот суд може да го прекине издржувањето на казната подолго од еден месец поради лекување, кога не постојат услови лекувањето да се спроведе во установата или установата да го упати во соодветна здравствена установа.

(2) Осуденото лице на кое му е дозволен прекин на издржувањето на казната заради лекување е должно на секои три месеци да поднесе потврда на надлежниот суд за неговата здравствена состојба. Ако се утврди дека престанале причините поради кои е одобрен прекинот на казната, надлежниот суд ќе го отповика решението за прекин на казната.

Член 155

(1) На осудени лица на кои им е изречена казна затвор, директорот на Дирекцијата може да им го прекине издржувањето на казната во траење до 30 дена, од причините наведени во член 86 од овој закон.

(2) Против решението на директорот на Дирекцијата осуденото лице има право на жалба до министерот за правда во рок од осум дена од приемот на решението.

Член 156

Времето поминато на прекин на казната не се смета во издржаната казна.

Член 157

Ако по истекот на времето на прекинот на казната од членовите 154 и 155 на овој закон осуденото лице не се јави на натамошно издржување на казната, установата веднаш за тоа ќе го извести надлежниот суд кој ќе преземе законски мерки за упатување на осуденото лице на издржување на казната затвор.

Член 158

Прекин на издржувањето на казната може да определи и надлежниот суд кога решава по некои од вонредните правни средства поднесени од странките во кривичната постапка.

18. Однос на службените лица спрема

осудените лица

Член 159

(1) Службените лица во установите во извршувањето на своите работни обврски, остварувањето на третманот и воопшто во контактите или комуникацијата со осудените лица треба да се однесуваат со должно внимание кон нивната личност, спокоен пристап, толеранција, тактичност, сериозност и неопходна цврстина и правичност, што ќе ја поттикнува нивната самопочит и чувство на лична одговорност.

(2) Службените лица своите обврски треба да ги извршуваат чесно и непристрасно, без злоба и лоша намера, независно од положбата, полот, расата, националноста, вероисповедта и политичките уверувања на осудените лица.

Член 160

За време на работата и по извршувањето на работните обврски службените лица со својот изглед и однесување треба да им служат како пример на осудените лица, постојано имајќи го предвид значењето на функцијата и целите што треба да се постигнат од работата со осудените лица, во што видно место има и нивниот личен однос.

Член 161

(1) Установата и службените лица ги преземаат потребните мерки за постигнување и одржување на високо ниво на стручност и проширување на знаењата и компетентноста на личноста кои непосредно извршуваат работи во третманот на осудените лица.

(2) За остварување на работите од став 1 на овој член, директорот на Дирекцијата по предлог на установата донесува програма за постојано остручување на службените лица во установите.

(3) Министерот за правда донесува кодекс за однесување на службените лица во извршувањето на работните задачи.

19. Заштита на правата на осудените лица

со употреба на правни средства

а) Правни совети и правни средства

на осудените лица

Член 162

(1) Установата е должна да им дава информации и да им дава правна помош на осудените лица во однос на користењето на правните средства и преземањето на дејствијата заради заштита на нивните права.

(2) Осуденото лице кое е неписмено, правното средство или друг поднесок може да го даде и на записник во установата.

Член 163

(1) Осудените лица за заштита на своите права во врска со положбата и третманот во установата, по прашања во врска со осудата, како и за заштита на семејството и неговите интереси, имаат право да поднесуваат правни средства, претставки и други поднесоци до надлежните органи и други институции и од нив да добиваат одговор.

(2) Правните средства, претставките, другите поднесоци од став 1 на овој член и добиените одговори се упатуваат и добиваат преку установата.

(3) На правното средство, претставката и другите поднесоци и на обвивката на добиените одговори во установата ќе се констатира времето и датумот на приемот и веднаш ќе се упатат до адресантот, односно одговорот ќе му се предаде на осуденото лице.

(4) Осудените лица имаат право на дискреција во поднесувањето на правните средства.

Член 164

Осудените лица имаат право на усмена поплака до директорот на установата или лице овластено од него за повредено право или сторена друга неправилност.

Член 165

(1) Осудените лица имаат право и на писмена поплака до директорот на установата, во рок од осум дена од денот на повредата на правото или од сознавањето за повредата на правото.

(2) Неписмените лица имаат право писмената поплака од став 1 на овој член да ја поднесат на записник пред службено лице на установата овластено од директорот на установата.

Член 166

(1) Директорот на установата е должен да ги испита наводите во поплаката и да донесе решение во рок од 15 дена од денот на приемот на поплаката.

(2) Против решението на директорот на установата или доколку директорот не се произнесе по поднесената поплака во рокот предвиден во став 1 на овој член, осуденото лице има право на жалба до Дирекцијата во рок од осум дена.

Член 167

(1) Дирекцијата е должна да ги испита наводите во жалбата и да донесе решение во рок од 30 дена од приемот на жалбата.

(2) Решението на Дирекцијата од став 1 на овој член е конечно и осуденото лице има право на судска заштита.

(3) Осуденото лице има право на судска заштита и во случај ако не добие одговор од Дирекцијата во рокот определен во став 1 на овој член.

Член 168

Против решението на надлежниот суд за прекин на казната подолго од 30 дена, како и во други случаи определени со овој закон, осуденото лице има право на жалба до повисокиот суд во рок од осум дена од приемот на решението.

Член 169

(1) Ако со овој закон поинаку не е определено, жалбата на осуденото лице не го одлага извршувањето на решението против кое е изјавена жалба.

(2) Постапката за заштита на правата на осудените лица со употреба на правни средства е итна.

б) Право на жалба на осудените лица до Комисијата

за човекови права и до Европскиот

суд за човекови права

Член 170

(1) Осуденото лице може да поднесе жалба до Комисијата за човекови права и до Европскиот суд за човекови права на Советот на Европа кога смета дека му се повредени основните човекови права во текот на издржувањето на казната.

(2) На барање од телата од став 1 на овој член, директорот на установата целосно ќе ги испита жалбените наводи на осуденото лице и за утврденото преку Министерството за правда ќе го извести соодветното тело.

(3) Директорот на установата ќе им овозможи на претставниците на телата на Советот на Европа непосреден увид и разговори со осудените и службените лица за утврдување на состојбите по жалба на осуденото лице упатено до овие тела.

Глава ЏИ

ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ И ДИСЦИПЛИНАТА

1. Должност на осудените лица за одржување

на редот и дисциплината

Член 171

(1) Редот и дисциплината се одржуваат во интерес на безбедноста на установата, за да се овозможи заеднички живот на осудените лица и за постигнување на целите на третманот.

(2) Осудените лица се должни да се придржуваат на одредбите на овој закон и на куќниот ред, да ги исполнуваат обврските од програмата за третман и да се придржуваат на наредбите на службените лица.

2. Дисциплинска и материјална одговорност

на осудените лица

Член 172

За повреда на редот и дисциплината спрема осудените лица можат да се применат следниве дисциплински казни:

1. Опомена;

2. Јавна опомена;

3. Одземање на дел од надоместокот за работа во висина до 20%;

4. Ограничување на доделување на погодности до три месеци ако осудениот ги злоупотребил дадените погодности и

5. Упатување во самица од три до 15 дена со или без право на работа.

Член 173

(1) Дисциплинските казни ги изрекува директорот на установата или лице кое го заменува.

(2) Во дисциплинската постапка осуденото лице мора да биде сослушано и неговата изјава проверена.

(3) При изрекувањето на дисциплинската казна ќе се земе предвид поведението на осуденото лице и дали порано било дисциплински казнувано.

(4) Пред издржувањето на дисциплинската казна упатување во самица ќе се прибави мислење од лекарот за здравствената состојба на осуденото лице.

Член 174

(1) Извршувањето на дисциплинските казни, ограничување на доделување погодности и упатување во самица може условно да се одложи до 6 месеци ако основано се очекува дека и без извршување на изречената казна ќе се постигне целта на дисциплинското казнување.

(2) Условното одлагање на извршувањето на дисциплинската казна ќе се отповика ако условно казнетото осудено лице во рокот за кој е одложено извршувањето е повторно дисциплински казнето. Ако се отповика изречената казна ќе се изрече една казна и за поранешната и за новата дисциплинска повреда, при што упатувањето во самица може да се изрече во траење до 30 дена.

(3) Извршувањето на изречената дисциплинска казна не може да се одлага ако осуденото лице е казнето за повреда која е предвидена како кривично дело за кое законот пропишува казна затвор до 1 година.

Член 175

(1) При извршувањето на дисциплинската казна упатување во самица на осуденото лице му се обезбедуваат потребните хигиенски и здравствени услуги и му се овозможува читање на книги и весници.

(2) Просторијата во која се извршува дисциплинската казна упатување во самица мора да е во големина од најмалку 9 м3, да е осветлена со дневно светло, да има санитарен јазол, вода за пиење, кревет со постелнина, стол и столица и да е загреана.

(3) На дисциплински казнетиот со упатување во самица му се обезбедува престојување на свеж воздух надвор од затворените простории еден час дневно.

(4) Казнетото лице секојдневно го посетува лекар, а директорот на установата еднаш неделено.

Член 176

Дисциплинската казна упатување во самица нема да се изврши или ќе се прекине ако со извршувањето се загрозува здравјето на осуденото лице. Притоа, изречената дисциплинска казна може да се замени со друга поблага казна.

Член 177

Директорот на установата може да го запре извршувањето на дисциплинската казна ако утврди дека со дотогашното извршување на казната е постигната целта на дисциплинското казнување.

Член 178

(1) Осуденото лице е одговорно за штетата која ја предизвикало во установата намерно или со крајно невнимание.

(2) За надоместување на штетата одлучува директорот на устнаовата.

(3) Ако осуденото лице одбие да ја плати штетата, установата може своето побарување да го оствари со тужба пред надлежниот суд.

Член 179

(1) Против решението за изречена дисциплинска казна, како и против решението од член 178 на овој закон со кое е одлучено за надоместување на штетата, осуденото лице има право на жалба во рок од три дена до директорот на Дирекцијата.

(2) Жалбата на осуденото лице не го задржува извршувањето на решението.

(3) Постапката за решавање по жалбата е итна.

3. Осамување на осудените лица

Член 180

(1) Спрема осуденото лице кое со своите постапки сериозно ја загрозува безбедноста во установата или претставува сериозна опасност за безбедноста на другите осудени лица, доколку применетите дисциплински казни се безуспешни, може да се определи осамување во непрекинато траење до шест месеци.

(2) Осамувањето од став 1 на овој член го изрекува директорот на Дирекцијата.

Член 181

(1) Против решението од став 2 на член 180 од овој закон осуденото лице има право на жалба во рок од три дена до министерот за правда.

(2) Жалбата на осуденото лице не го задржува извршувањето на решението.

(3) Постапката за решавање по жалбата е итна.

Член 182

(1) За време на осамувањето осуденото лице не се упатува на работа. На осуденото лице му се обезбедува престојување на свеж воздух надвор од затворените простории два часа дневно.

(2) По исклучок, осаменото осудено лице може да врши некоја работа во просторијата во која ја издржува мерката осамување.

(3) Во текот на осамувањето, осуденото лице секојдневно го посетува лекар, а директорот на установата најмалку еднаш на 15 дена.

Член 183

На предлог на директорот на установата, директорот на Дирекцијата ќе го запре натамошното извршување на осамувањето ако наодот на лекарот укаже дека натамошното осамување е штетно за здравјето на осуденото лице или дека осамувањето не е повеќе потребно.

4. Употреба на средства на присилба

и огнено оружје

Член 184

(1) Спрема осуденото лице може да се употребат средства на присилба само во онаа мера и кога тоа е неопходно да се спречи бегство од установа и бегство при спроведување, физички напад, нанесување на повреда, самоповредување, причинување на материјална штета или совладување на отпор на осудени лица по повод на законита наредба на службено лице.

(2) Како средства за присилба што можат да се употребат се: издвојување, врзување, гумена палка, шмркови со вода и хемиски средства.

Член 185

(1) Припадник на службата за обезбедување при вршењето на службено дејство може да употреби огнено оружје само ако не може поинаку да постапи:

1. За да заштити животот на човекот;

2. За да одбие непосреден напад со кој се загрозува неговиот живот;

3. За да одбие напад на објект кој го обезбедува;

4. За да спречи бегство на осудено лице од установа од затворен вид, односно од затворено одделение и

5. За да спречи бегство на осудено лице при негово спроведување ако е осудено за кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 15 години или потешка казна затвор.

(2) Припадникот на службата за обезбедување може да употреби огнено оружје само ако со употреба на други средства на присилба не може да го обезбеди извршувањето на службеното дејство.

(3) Кога службеното дејство се врши под непосредно раководство на директорот на установата или на службеното лице кое раководи со службата за обезбедување, припадникот на службата за обезбедување смее да употреби огнено оружје само по нивна наредба. Наредбата за употреба на огнено оружје може да се издаде само кога се исполнети условите од ставовите 1 и 2 на овој член.

(4) При употребата на огнено оружје, припадникот на службата за обезбедување е должен да внимава да не го загрози животот на другите лица.

Член 186

(1) За употребата на секое средство на присилба и огнено оружје, припадникот на службата за обезбедување составува извештај.

(2) За употребата на секое средство на присилба и огнено оружје писмено се известува Дирекцијата која ја оценува оправданоста на употребата на средството на присилба.

Член 187

(1) Ако средствата на присилба и огненото оружје се законито употребени, исклучена е противправноста и одговорноста на службеното лице кое го употребило или ја наредило употребата на средството на присилба.

(2) Ако против службеното лице кое законито употребило или наредило употреба на средството на присилба и огненото оружје се води казнена, дисциплинска или друга постапка, ќе му се обезбеди стручна помош во постапката.

5. Фаќање на избегано осудено лице

Член 188

(1) Заради непосредно фаќање на осудено лице кое избегало од установа или при спроведување, припадникот на службата за обезбедување со судска одлука може да влезе во дом на граѓанин или други простории и по потреба да изврши претрес заради пронаоѓање на избегнатото осудено лице, ако видел или добил информација дека избегнатото лице се засолнило во домот или просторијата.

(2) Припадникот на службата за обезбедување во случаите од став 1 на овој член може да се послужи со сообраќајните средства и средствата за врски што му се достапни заради превоз или помош на лице кое притоа е повредено.

(3) На корисникот на сообраќајното средство или средството за врска му се издава потврда заради надоместок на трошоците од установата чиј припадник го искористил средството.

Член 189

(1) Ако осудено лице избега, установата е должна веднаш да го извести Министерството за внатрешни работи.

(2) Установата ќе го извести Министерството за внатрешни работи и за поголеми нарушувања на редот во установата и ќе побара помош за воспоставување на редот.

(3) Во случаите од ставовите 1 и 2 на овој член установата ќе ги извести Дирекцијата и надлежниот суд.

Глава ЏИИ

ОТПУШТАЊЕ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА ОД

ИЗДРЖУВАЊЕ НА КАЗНАТА

1.Основи за отпуштање на осудените лица

Член 190

Осудените лица се отпуштаат од издржувањето на казната по издржаната казна, по простување на остатокот на казната со акт на надлежен орган, одлука за условен отпуст и по одлука на директорот на установата за предвремено отпуштање од издржувањето на казната.

2. Подготвување за отпуштање од установата

Член 191

(1) Осуденото лице се подготвува за отпуштање од издржувањето на казната од почетокот на издржувањето на казната во установата.

(2) Активностите на подготвување за отпуштање на осуденото лице се интензивираат до три месеци пред истекот на казната, односно пред денот кога се претпоставува дека ќе биде отпуштено. Овие осудени лица се упатуваат во одделение за отпуштање во кое активностите за подготвување се остваруваат според посебна програма за подготвување за отпуштање на осудените лица.

(3) Осудените лица во текот на подготвувањето за отпуштање се поучуваат за последиците на осудата од повторното вршење на кривично дело и за можностите за отстранување на овие последици и за одбегнување на повторот.

(4) На осуденото лице може да му се дозволи по потреба во времето додека е во одделението за отпуштање да излегува од установата заради барање на работа и заради сместување.

(5) На два дена пред отпуштањето осуденото лице се ослободува од работа за да може да се подготви за излегување.

Член 192

(1) Пред отпуштањето осуденото лице го прегледува лекар на установата кој писмено ќе ја констатира неговата здравствена состојба во моментот на отпуштањето.

(2) Ако осуденото лице во времето кога се отпушта од издржувањето на казната е тешко болно, установата ќе го смести во најблиската здравствена установа.

(3) Ако осуденото лице нема средства да ги плати трошоците за лекување, за првиот месец на лекувањето нив ќе ги сноси установата, а за натамошното лекување се постапува според општите прописи.

Член 193

Установата ги сноси превозните трошоци на осуденото лице од установата до местото на неговото живеалиште, односно престојувалиште, доколку лицето кое се отпушта нема средства за таа намена.

Член 194

(1) При отпуштањето од установата на осуденото лице му се предава неговата лична карта и отпусниот лист од установата. На осуденото лице му се предаваат и другите негови предмети, како и заштедените пари од работа во установата.

(2) Во отпусниот лист се содржани податоци за времето на отпуштање и времето и местото кога и каде треба да се јави на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи.

(3) Ако осуденото лице нема лична карта, отпусниот лист служи како доказ за утврдување на неговиот идентитет.

3. Отпуштање по издржаната казна

Член 195

(1) Осуденото лице се отпушта од издржување на казната од установата во денот и часот кога му истекнува издржувањето на казната.

(2) Ако последниот ден на издржувањето на казната паѓа во недела или празник, осуденото лице се отпушта во денот што му претходи.

4. Отпуштање по простување на казната

Член 196

Осуденото лице се отпушта од издржувањето на казната од установата во денот кога со акт на амнестија или помилување донесен од страна на надлежен орган се ослободува од натамошно издржување на казната затвор.

5. Отпуштање по условен отпуст

Член 197

Осуденото лице се отпушта од издржувањето на казната во денот кога со решението за условен отпуст е определено отпуштањето.

6. Постапка за условен отпуст

Член 198

(1) Молба за отпуштање по основа на условен отпуст, под услови определени со закон, може да поднесе осуденото лице или член на неговото потесно семејство.

(2) Предлог за отпуштање на осуденото лице по основа на условен отпуст може да поднесе и директорот на установата.

Член 199

За условно отпуштање на осуденото лице одлучува судот што ја донел пресудата во прв степен во совет составен од тројца судии, кој одлучува надвор од главниот претрес.

Член 200

(1) Пред одлучувањето за условниот отпуст надлежниот суд ќе побара податоци од установата, а може да се сослушаат и службени лица на установата за околности што се однесуваат на личноста на осуденото лице, неговото поведение за време на издржувањето на казната, извршувањето на работните обврски и за други околности од кои може да се заклучи дали е постигната целта на казнувањето и особено дали осуденото лице во иднина нема да врши кривични дела.

(2) Предлогот на директорот на установата го застапува и го образложува претставник на установата во која осуденото лице ја издржува казната.

Член 201

(1) Молбата, односно предлогот за условен отпуст може повторно да се поднесе по истекот на шест месеци за казна затвор над една година, односно три месеци за казна затвор под една година од правосилноста на решението со кое е одбиена претходната молба на осуденото лице, односно предлогот на директорот.

(2) Решението со кое судот одлучува за условен отпуст се доставува до осуденото лице, членот на семејството кој поднел молба за условен отпуст, установата во која осуденото лице издржува казна и до подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според местото на живеалиштето односно престојувалиштето на осуденото лице, ако одлуката е позитивна.

Член 202

Судот во решението за условен отпуст може да определи центарот за социјални работи надлежен според живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице да врши социјален надзор над осуденото лице до истекот на казната за која е осуден и со совети и на друг начин да му помогне повторно да не врши кривични дела.

Член 203

Против решението со кое е одбиена молбата или предлогот за условен отпуст осуденото лице има право на жалба во рок од осум дена до повисокиот суд.

7. Отпуштање по одлука на директорот

на установата

Член 204

Директорот на установата може да го отпушти осуденото лице и пред истекот на казната најмногу 30 дена ако осуденото лице издржало најмалку 3/4 од казната затвор.

Глава ЏИИИ

ПОМОШ НА ОСУДЕНИТЕ ЛИЦА ПО ОТПУШТАЊЕ

ОД УСТАНОВАТА

Член 205

(1) Установата на три месеци пред отпуштањето на осуденото лице на кое му е потребна помош по излегувањето на слобода го известува центарот за социјални работи според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице за денот кога треба да биде отпуштено и ќе го наведе видот на помошта што особено му е потребна заради негово успешно вклучување во живот на слобода.

(2) Органите од став 1 на овој член и други надлежни институции треба да му укажуваат помош на осуденото лице по издржувањето на казната, особено во привремено сместување и обезбедување исхрана, во обезбедување на нужно лекување, во избор на средина во која ќе живее, во средување на семејните прилики, во довршување на започнатото стручно усовршување, во вработувањето и во давање на паричен износ за најнужните потреби.

Член 206

Ако осуденото лице нема своја облека, долна облека или обувки, ниту средства да ги набави, установата му доделува таква облека без надоместок.

Глава ЏИВ

ПОДГОТВУВАЊЕ НА ЗАКЛУЧЕН ИЗВЕШТАЈ

Член 207

(1) Пред отпуштањето на осуденото лице од установата, службата за превоспитување спроведува анкета и подготвува заклучен извештај за извршената превоспитна програма со осуденото лице, како и за оцената за остварениот степен на ресоцијализација на осуденото лице.

(2) Непосредно пред излегувањето, директорот или работникот кој тој ќе го определи, разговара со осуденото лице и му дава совети за живот на слобода.

(3) Заклучниот извештај се внесува во личниот лист на осуденото лице.

(4) Заклучниот извештај се доставува до подрачната единица на Министерството за внатрешни работи и центарот за социјални работи, според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на отпуштеното осудено лице, а по потреба и до други државни органи.

Глава ЏВ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СМРТ НА ОСУДЕНО ЛИЦЕ

Член 208

(1) Ако осуденото лице за време на издржувањето на казната почине, установата е должна за тоа веднаш да ги извести: потесното семејство на осудениот и надлежниот суд, Дирекцијата и матичарот во седиштето на установата.

(2) Телото на починатото осудено лице ќе го прегледа лекар кој ќе ги утврди и причините за смртта.

(3) Ако постои сомнение дека смртта на осуденото лице е насилна ќе се постапи согласно со Законот за кривичната постапка.

(4) Посмртните останки на осуденото лице ќе му се предадат на семејството на осуденото лице. Ако членовите на семејството не сакаат да ги прифатат посмртните останки, осуденото лице ќе се погребе на месните гробишта на трошок на установата.

Глава ЏВИ

ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЗНАТА

МАЛОЛЕТНИЧКИ ЗАТВОР

Член 209

Во извршувањето на казната малолетнички затвор се применуваат одредбите на овој закон, ако во оваа глава на законот поинаку не е определено.

Член 210

(1) Малолетните лица казната малолетнички затвор ја издржуваат во посебни казненопоправни установи за извршување на казната малолетнички затвор (во натамошниот текст: установи за малолетници), одвоено од полнолетните лица.

(2) Малолетните лица од машки пол мораат да бидат сместени одделно од малолетните лица од женски пол. Тие можат да бидат здружени во рамките на образовните, социјалните и забавните програми или програмите за професионално оспособување.

Член 211

Установите за малолетници неопходно е да го имаат минимумот на безбедност и да имаат физички пречки до степен да го спречуваат бегството на малолетните лица, но така поставени што ако се направи обид за бегство да не предизвикаат физичко повредување кај малолетното лице кое се обидело да бега.

Член 212

Бројот на малолетните лица во една установа за малолетници треба да ја овозможува индивидуализацијата во третманот.

Член 213

Установата за малолетници мора да има отворено одделение во кое малолетното лице ќе прогресира, кога ќе се утврди дека поради отсуство на физичко обезбедување нема да побегне и дека ќе се придржува на редот заснован врз самодисциплина во одделението.

Член 214

Постапката за прием на малолетно лице во установата за малолетници треба да биде спроведена на начин што ќе ги сведе на минимум неповолните психолошки ефекти од лишувањето од слобода.

Член 215

Со третманот што се спроведува спрема малолетните лица, според стручно изготвена програма утврдена од министерот за правда во согласност со министерот за образование и министерот за труд и социјална политика, треба да се охрабрува и да му се помага на малолетното лице, кај него да се поттикнуваат позитивните особини и развој на личноста и да му се овозможува остручување и оспособување за живот на слобода.

Член 216

(1) Во една просторија ноќе малолетните лица се сместуваат во засебни соби за ноќевање, согласно со можностите на установата.

(2) Ако поради недостиг на простор, ноќе во една просторија се сместени повеќе малолетни лица, чиј број не смее да биде поголем од пет лица треба да се обезбеди надзор што ќе се остварува на начин со кој ќе може да му се укаже заштита на секое малолетно лице.

Член 217

На малолетните лица видот на работите и основното образование треба да им се определува според програмата за третман.

Член 218

(1) Во установата за малолетници може да се организира настава за основно воспитание и образование и други видови на стручно оспособување на малолетните лица во зависност од условите и можностите на установата.

(2) Изборот на работата, видот на наставата и стручното оспособување се врши според можностите на установата за малолетници, имајќи ги притоа предвид физичките способности, личните својства и наклонетоста на малолетното лице за одделен вид занимање.

(3) Ако во установата за малолетници нема услови за организирање на настава, малолетните лица можат да посетуваат настава во училиште во седиштето на установата за малолетници.

Член 219

На малолетно лице му се обезбедува исхрана која дневно мора да има најмалку 14.600 џули.

Член 220

(1) На малолетното лице треба да му се обезбедат услови за занимање со физичка култура и спорт.

(2) Малолетното лице треба да се занимава два часа дневно со спорт и други слободни активности на чист воздух, а ако временските прилики тоа не го дозволуваат, тоа треба да го остварува во посебна просторија за физичко и рекреативно воспитување.

(3) Малолетното лице најмалку два часа дневно треба да поминува во забава.

(4) Малолетното лице најмалку два часа дневно треба да поминува во оспособување и вршење на занаетчиски активности.

Член 221

(1) Медицинската служба и лекарот во установата за малолетници треба да имаат познавања од детската психологија како и од третманот во случаи на ментална болест и други психички растројства.

(2) Лекарот треба да врши редовни прегледи и контроли на здравјето на малолетните лица, а во случај на болест да ги преземе неопходните мерки за лекување на малолетното лице.

(3) За состојбата на болест на малолетното лице треба да се извести неговото семејство.

Член 222

(1) На малолетното лице, директорот на установата за малолетници може да му дозволи отсуство заради посета на родителите и семејството два пати во текот на една година, во време кога не се одржува настава.

(2) Секоја посета во семејството може да трае до 14 дена, имајќи го предвид поведението и залагањето на малолетното лице во учењето и во установата за малолетници.

Член 223

На малолетните лица треба да им се даваат погодности кои ќе го поттикнуваат вклучувањето во активностите во установата за малолетници, развивање на позитивните црти на личноста и самопочитувањето.

Член 224

(1) На малолетното лице може да му се изрече дисциплинската казна упатување во самица најмногу до десет дена.

(2) Траењето на дисциплинската казна од став 1 на овој член, ќе престане веднаш кога ќе се оцени дека нема повеќе потреба од нејзиното извршување.

Член 225

На малолетно лице не може да му се изрече мерка на осамување.

Глава ЏВИИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА ПАРИЧНА КАЗНА

Член 226

(1) Ако осуденото лице во определениот рок не ја плати паричната казна таа се извршува присилно.

(2) Трошоците на присилната наплата на паричната казна ги поднесува осуденото лице.

Член 227

(1) Постапката за наплата на парична казна по службена должност ја поведува судот што ја изрекол паричната казна во прв степен.

(2) Во однос на надлежноста на судот и постапката за наплата на паричната казна се применуваат прописите на извршната постапка, ако со овој закон поинаку не е определено.

Член 228

Присилната наплата на паричната казна се врши првенствено од подвижниот имот на осуденото лице. Ако подвижниот имот не е доволен, наплатата се врши од недвижниот имот на осуденото лице што според одредбите на извршната постапка не е изземен од извршувањето.

Член 229

Ако паричната казна не може присилно во целост или делумно да се наплати, судот што ја изрекол паричната казна во кривична постапка, ќе одлучи за замена на оваа казна со затвор.

Член 230

(1) Ако едновремено се врши присилна наплата на паричната казна и на трошоците на кривичната постапка, најнапред се наплатуваат трошоците на кривичната постапка.

(2) Ако поради присилната наплата на паричната казна имотот на осуденото лице толку е намален што не може да се уважи имотноправното барање на оштетениот, ова барање ќе се уважи до висината на наплатената парична казна.

Член 231

(1) Средствата од наплатените парични казни се уплатуваат на жиро сметка на Буџетот на Република Македонија.

(2) Средствата од став 1 на овој член во висина од 50% се користат како наменски средства за изградба, опремување и осовременување на условите за работа на установите и правосудните органи.

Б. ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИОТ НАДЗОР

ИЗРЕЧЕН СО УСЛОВНА ОСУДА

Глава ЏВИИИ

ОРГАНИ И ПОСТАПКА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ

НА ЗАШТИТНИОТ НАДЗОР

1. Орган за извршување на заштитниот надзор

Член 232

(1) Заштитниот надзор изречен со условна осуда го извршува надлежниот центар за социјални работи, според живеалиштето односно престојувалиштето на осуденото лице.

(2) Трошоците на извршувањето на заштитниот надзор ако со закон поинаку не е определено, паѓаат на товар на органот што го спроведува заштитниот надзор.

2. Постапка за извршување на заштитниот надзор

Член 233

Центарот за социјални работи утврдува план за работа за спроведување на заштитниот надзор, сообразен со видот на надзорот што треба да го остварува, времетраењето на надзорот, спроведувањето на надзорот во однос на исполнувањето на одделни обврски и личноста на осуденото лице.

Член 234

Центарот за социјални работи најмалку еднаш на шест месеци или по барање на судот ќе го извести судот за резултатите од спроведувањето на заштитниот надзор и извршувањето на обврските од страна на осуденото лице. Притоа, може да му предложи изречените обврски да ги замени со други, или да го продолжи траењето на заштитниот надзор во рамките на времето на проверувањето или да ја отповика условната осуда.

Член 235

(1) Ако осуденото лице не го прифати заштитниот надзор, центарот за социјални работи должен е за тоа да го извести судот во рок од осум дена.

(2) Ако центарот за социјални работи оцени дека целта на оваа мерка е постигната ќе го извести за тоа судот што ја изрекол мерката и може да му предложи да го запре извршувањето на заштитниот надзор.

(3) Надзор на законитоста во извршувањето на заштитниот надзор врши судот што ја изрекол мерката.

В. ИЗВРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА БЕЗБЕДНОСТ

Глава ЏИЏ

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПСИХИЈАТРИСКО ЛЕКУВАЊЕ И

ЧУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА

Член 236

(1) Мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа се извршува во здравствена установа основана за таа цел, или во здравствена установа за душевно болни лица.

(2) Во одлуката со која е изречена мерката на безбедност од став 1 на овој член, судот ја определува и здравствената установа во која ќе се извршува мерката.

(3) Кога мерката на безбедност од став 1 на овој член е изречена со казна затвор, осуденото лице прво се упатува на извршување на мерката на безбедност.

Член 237

(1) Лицето спрема кое треба да се изврши мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, во здравствената установа го упатува надлежниот суд, а го спроведува здравствен работник на установата определена од судот. Од причини на безбедност може да се определи спроведувањето да го обезбедува Министерството за внатрешни работи.

(2) Ако лицето од став 1 на овој член се наоѓа во притвор во здравствената установа, го спроведува припадник на службата за обезбедување во установата во која се наоѓа во притвор.

(3) Трошоците на спроведувањето паѓаат на товар на надлежниот суд.

Член 238

Спрема лицата во однос на кои се извршува мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа можат да се применат ограничувања на движењето и контактирањето во мера што е неопходна за спроведување на третманот на лекување и чување и за одржување на куќниот ред и дисциплина во здравствената установа.

Член 239

(1) Здравствената установа во која се извршува мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување е должна најмалку еднаш годишно да го извести судот што ја изрекол мерката за здравствената состојба на лицето.

(2) Кога здравствената установа ќе оцени дека престанала потребата за лекување и чување ќе му предложи на надлежниот суд да го запре натамошното извршување на оваа мерка. Здравствената установа за осудените лица со битно намалена пресметливост на кои не им истекла казната може да предложи условен отпуст.

Член 240

Ако судот одлучи осуденото лице да биде упатено на издржување на остатокот на изречената казна затвор, од казненопоправната установа во која осуденото лице треба да ја издржува казната ќе побара да го спроведе во установата.

Член 241

(1) Стручноинструкторски надзор во здравствената установа во која се извршува мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување врши овластен здравствен инспектор на Министерството за здравство.

(2) Надзор на законитоста во извршувањето на мерката од став 1 на овој член врши надлежниот суд.

Член 242

Општ акт со кој се уредува куќниот ред во здравствената установа во однос на лицата спрема кои се извршува мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување донесува министерот за здравство во согласност со министерот за правда.

Член 243

Трошоците на извршувањето на мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија.

Глава ХХ

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПСИХИЈАТРИСКО ЛЕКУВАЊЕ

НА СЛОБОДА

Член 244

(1) Мерката на безбедност задолжително психијатриско лекување на слобода се извршува во здравствена установа која првостепениот суд ја определил во својата одлука.

(2) Мерката од став 1 на овој член ја извршува надлежниот суд според живеалиштето, односно престојувалиштето на лицето.

Член 245

Здравствената установа во која се извршува задолжителното психијатриското лекување на слобода должна е најмалку на секои шест месеци да го известува надлежниот суд за здравствената состојба на лицето спрема кое се извршува оваа мерка и за резултатот на лекувањето.

Член 246

Во однос на стручноинструкторскиот надзор, надзорот на законитоста, општиот акт за куќниот ред и трошоците на извршувањето на оваа мерка се применуваат одредбите на членовите 241, 242 и 243 од овој закон.

Глава ЏЏИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЛЕКУВАЊЕ НА АЛКОХОЛИЧАРИ

И НАРКОМАНИ

Член 247

Мерката на безбедност задолжително лекување на алкохолиичари и наркомани се извршува во казненопоправната установа во која постојат услови за такво лекување.

Член 248

Ако во казненопоправната установа не постојат услови за задолжително лекување на алкохоличари и наркомани, кога оваа мерка е изречена со казна затвор, или кога е изречена со парична казна или условна осуда, мерката се извршува во здравствена установа што ќе ја определи судот во одлуката со која е изречена мерката.

Член 249

Надлежниот суд согласно со одредбата на член 248 од овој закон го упатува лицето на извршување на задолжителното лекување на алкохоличари и наркомани непосредно во казненопоправната установа односно во здравствената установа.

Член 250

Здравствената установа во која се извршува задолжителното лекување на алкохоличари и наркомани должна е најмалку на шест месеци да го известува првостепениот суд за здравствената состојба на лицето спрема кое се извршува оваа мерка и за резултатот од лекувањето.

Член 251

(1) Здравствената установа ќе го извести првостепениот суд за завршеното лекување на лицето спрема кое е изречено задолжително лекување на алкохоличари и наркомани.

(2) Ако осуденото лице без оправдана причина не се подложи на лекување или лекувањето го напушти, здравствената установа ќе го извести за тоа надлежниот суд.

Член 252

(1) Трошоците на извршувањето на задолжителното лекување на алкохоличари и наркомани во здравствената установа паѓаат на товар на Буџетот на Република Македонија.

(2) Трошоците на извршувањето на задолжителното лекување на алкохоличари и наркомани откако осуденото лице ќе биде упатено остатокот на казната затвор да ја издржи во казненопоправна установа, паѓаат на товар на казненопоправната установа.

Член 253

Во однос на стручноинструкторскиот надзор, надзорот на законитоста и општиот акт за куќниот ред на оваа мерка се применуваат одредбите на членовите 241 и 242 од овој закон.

Глава ЏЏИИ

ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ НА ПРОФЕСИЈА,

ДЕЈНОСТ ИЛИ ДОЛЖНОСТ

Член 254

(1) Правосилната пресуда со која е изречена мерката на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност надлежниот суд му ја доставува на извршување на правното лице или друга институција во кое осуденото лице е вработено, на надлежниот орган за издавање одобрение за вршење професија, дејност или должност, на надлежниот орган на инспекцијата на трудот во местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице, како и на надлежниот суд за регистрација на претпријатија.

(2) Правосилната пресуда од став 1 на овој член му се доставува и на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице.

(3) Ако лицето спрема кое е изречена мерката на безбедност од став 1 на овој член го промени местото на живеалиштето односно престојувалиштето, а времето за кое оваа мерка е изречена не истекло, Министерството за внатрешни работи за оваа мерка на безбедност ќе го извести надлежниот суд во местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице.

Член 255

(1) Кога вршењето на професија, дејност или должност е поврзано со дозвола или одобрение од надлежен орган, оваа мерка на безбедност се извршува со одземање на дозволата, односно одобрението или со забрана на нивно издавање за времето додека трае мерката.

(2) Инспекцијата на трудот, мерката од став 1 на овој член ја извршува со преземање на дејствија со кои на осуденото лице му се оневозможува да врши определена професија, дејност или должност.

(3) За извршување на мерката, инспекцијата на трудот го известува надлежниот суд.

Член 256

Ако осуденото лице ја прекрши забраната за вршење професија, дејност или должност ќе се казни за прекршок со парична казна од 50.000 денари или со затвор до 60 дена.

Глава ЏЏИИИ

ЗАБРАНА НА УПРАВУВАЊЕ СО МОТОРНО ВОЗИЛО

Член 257

(1) Правосилната пресуда со која е изречена мерката на безбедност забрана на управување со моторно возило надлежниот суд му ја доставува на извршување на подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице на кое му е изречена оваа мерка.

(2) Извршувањето на мерката на безбедност од став 1 на овој член се состои од одземање на возачката дозвола за управување со моторно возило од одреден вид или категорија или во забрана на нејзино издавање на осуденото лице за времето за кое му е изречена.

(3) Изречената мерка на безбедност забрана на управување со моторно возило се запишува во казнената евиденција.

(4) Ако лицето спрема кое е изречена мерката на безбедност од став 1 на овој член го промени местото на живеалиштето, односно престојувалиштето, а времето за кое оваа мерка е изречена не истекло, подрачната единица на Министерството за внатрешни работи за оваа мерка на безбедност ќе го извести надлежниот суд во местото на живеалиштето, односно престојувалиштето на осуденото лице.

Член 258

(1) Мерката на безбедност забрана на управување со моторно возило од одреден вид или категорија за лице кое има странска возачка дозвола за управување со моторно возило ја извршува подрачната единица на Министерството за внатрешни работи според местото на извршувањето на кривичното дело.

(2) Возачката дозвола ќе му се врати на странецот при напуштањето на територијата на Република Македонија.

Глава ЏЗЏИВ

ОДЗЕМАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Член 259

(1) Правосилната одлука со која е изречена мерката на безбедност одземање на предмети кои се употребени или биле наменети за извршување на кривично дело, или настанале со извршување на кривично дело ја извршува судот определен со закон на начин како што е определено во самата одлука, со уништување или со отстапување на предметите на државен орган или со продавање на предметите, или со предавање во соодветен музеј, ако предметите според својата природа не се наменети за продавање.

(2) Уништувањето на одземените предмети го извршува судот кој ја донел одлуката во прв степен во присуство на јавен обвинител и инспекторот за извршување на санкциите.

(3) Одредбата од ставот 2 се применува и во постапката за предавање на одземените предмети во соодветен музеј.

(4) Продажбата на предметите од став 1 на овој член се врши според прописите на извршната постапка.

Член 260

(1) Парите добиени од продажбата на одземените предмети во постапката за извршување на мерката на безбедност се внесуваат во Буџетот на Република Македонија.

(2) Средствата од став 1 на овој член во висина од 50% се користат како наменски средства за изградба, опремување и осовременување на условите за работа на установите и правосудните органи.

Глава ХХВ

ПРОТЕРУВАЊЕ НА СТРАНЕЦ ОД ЗЕМЈАТА

Член 261

(1) Правосилната пресуда со која е изречена мерката на безбедност протерување на странец од земјата, извршниот судија му ја доставува на извршување на Министерството за внатрешни работи.

(2) Мерката на безбедност од став 1 на овој член се извршува според одредбите на Законот за движење и престој на странци.

Г. ОДЗЕМАЊЕ НА ИМОТНАТА КОРИСТ ПРИБАВЕНА

СО КРИВИЧНО ДЕЛО

Глава ХХВИ

ПОСТАПКА ЗА ОДЗЕМАЊЕ НА ИМОТНАТА КОРИСТ

Член 262

(1) Правосилната пресуда со која е одземена имотната корист прибавена со кривично дело ја извршува надлежниот суд.

(2) Постапката за одземање на имотната корист прибавена со кривично дело се состои во самото одземање на имотната корист, според прописите на извршната постапка.

Член 263

Ако извршувањето на оваа правна мерка се состои во одземање на пари или во продажба на предмети, парите односно остварените средства од продажбата на предметите се внесуваат во Буџетот на Република Македонија.

Д. ИЗВРШУВАЊЕ НА ВОСПИТНИ МЕРКИ

Глава ЏЏВИИ

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 264

(1) Одредбите на оваа глава се применуваат на малолетни лица сторители на кривични дела на кои им е изречена воспитна мерка.

(2) Одредбите на оваа глава се применуваат и на помлади полнолетни лица на кои им е изречена воспитна мерка и во однос на кои се извршува воспитната мерка.

Член 265

Целта на извршувањето на воспитните мерки е со заштита, помош и надзор, образование и воспитување на малолетните лица сторители на кривични дела, да се обезбеди правилен развој на нивната личност.

Член 266

(1) При извршувањето на воспитните мерки, постапувањето со малолетните лица мора да биде хумано и достоинствено, да одговара на возраста, степенот на душевната развиеност и на способностите и наклонетостите на малолетното лице, кај малолетните лица да се развива чувството на лична одговорност и да се поттикнуваат и самите да учествуваат во своето воспитување и превоспитување.

(2) На малолетните лица им се обезбедуваат услови за основно и средно воспитание и образование и за стручно оспособување.

Член 267

(1) Извршувањето на воспитните мерки е итно.

(2) Воспитните мерки се извршуваат веднаш по правосилноста на судската одлука со која се изречени, кога не постојат пречки за нивно извршување.

(3) Извршувањето на воспитните мерки може да се одложи само во случај и под услови предвидени со овој закон.

Член 268

(1) Судот што ја донел одлуката со која е изречена воспитната мерка, ако самиот не е надлежен за извршување на одлуката, е должен веднаш по правосилноста да му ја достави на надлежниот суд. Заедно со одлуката првостепениот суд ќе достави и извод од матичната книга на родените, свидетелството, податоци дали малолетното лице и порано вршело кривични дела и како завршиле постапките, податоци за здравствената состојба на малолетното лице, социјална и психолошка анамнеза и други податоци од испитувањето на личноста на малолетникот.

(2) Надлежниот суд извршната одлука со другите податоци од став 1 на овој член ја упатува на извршување до центарот за социјални работи, кој, со оглед на видот на воспитната мерка, самиот ја извршува воспитната мерка, врши социјален надзор над извршувањето на воспитната мерка или малолетното лице го упатува во соодветната заводска установа.

(3) За подготовката и за почетокот на извршување на воспитната мерка центарот за социјални работи ги известува родителите односно старателот на малолетното лице и надлежниот суд.

Член 269

За извршувањето на воспитните мерки надлежни се да постапуваат надлежниот суд и центарот за социјални работи според местото на живеалиштето односно престојувалиштето на малолетното лице спрема кое се извршува воспитната мерка.

Член 270

Трошоците на извршувањето на воспитната мерка ги сноси органот односно установата што ја извршува воспитната мерка, доколку со овој закон поинаку не е определено.

Член 271

(1) Лицата кои се должни да го издржуваат малолетното лице сносат дел од трошоците за извршување на воспитната мерка во висина од една третина од личните примања ако со тоа не се загрозува издржувањето на семејството.

(2) Висината на делот на трошоците од став 1 на овој член и начинот на нивното плаќање го определува судот во одлуката со која е изречена воспитната мерка, имајќи ја предвид имотната состојба на лицето.

(3) Износот на средствата од став 1 на овој член се уплатува во Буџетот на Република Македонија.

Член 272

(1) Стручноинструкторски надзор над извршувањето на воспитните мерки врши Дирекцијата и Републичкиот завод за социјални дејности.

(2) Судски надзор на извршувањето на воспитните мерки врши надлежниот суд.

Глава ЏЏВИИИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКИТЕ МЕРКИ

1. Упатување во дисциплински центар за малолетници

Член 273

(1) Воспитната мерка упатување во дисциплински центар за малолетници се извршува во дисциплински центар за малолетници (во натамошниот текст: центар за малолетници).

(2) Центарот за малолетници од став 1 на овој член се основа со акт на Владата на Република Македонија.

(3) Воспитната мерка од став 1 на овој член може да се извршува и во постојните прифатилишта, интернати и други образовни установи и установи за работа со младината, ако во нив во слободното време се организира дисциплински центар за малолетници во местото на живеалиштето односно престојувалиштето на малолетното лице.

(4) Во кои установи од став 3 на овој член ќе се организира центар за малолетници определува министерот за труд и социјална политика во согласност со министерот за образование.

Член 274

(1) По приемот на одлуката центарот за социјални работи во договор со центарот за малолетници должен е во рок од десет дена да го повика малолетното лице заедно со родителите во определен ден и час да се јави во центарот за малолетници заради извршување на дисциплинската мерка.

(2) Родителите или старателот се должни да обезбедат редовно доаѓање на малолетното лице во центарот за малолетници.

(3) Ако малолетното лице не се јави во определеното време во центарот за малолетници, не доаѓа редовно или престане да доаѓа, центарот за малолетници за тоа ќе го извести центарот за социјални работи и надлежниот суд.

Член 275

(1) Упатувањето на малолетното лице во центарот за малолетници во празнични денови и на определен број часови во денот се извршува во време од 08 до 20 часот во слободното време на малолетното лице.

(2) Упатувањето на малолетното лице во центарот за малолетници на непрекинат престој на определен број денови се извршува во време кога малолетното лице е слободно. Оваа мерка се извршува и кога малолетното лице е работно ангажирано при што тоа продолжува да го посетува училиштето или да оди на работа, а од центарот за малолетници му е обезбедена исхрана и сместување.

Член 276

(1) Во центарот за малолетници, малолетното лице го поминува времето во работа и учење и слободни спортски и културни активности, под контрола на стручни лица.

(2) Програма за активностите на центарот за малолетници донесува министерот за труд и социјална политика во согласност со министерот за образование и министерот за правда.

Член 277

(1) Малолетните лица во центарот за малолетници мораат да се придржуваат на одредбите на куќниот ред, правилата за работната дисциплина и наредбите на службените лица.

(2) На малолетното лице кое ќе ја наруши работната дисциплина и куќниот ред или неуредно доаѓа, директорот на центарот за малолетници може да му изрече укор.

(3) Ако малолетното лице продолжи со нередовност и го повтори нарушувањето на редот и дисциплината, директорот на центарот за малолетници може да му го продолжи престојот во центарот за малолетници за два часа. За изречената дисциплинска мерка директорот ќе го извести центарот за социјални работи и надлежниот суд.

Член 278

(1) Во центарот за малолетници се води дневник за престојот на малолетното лице.

(2) По извршената воспитна мерка, центарот за малолетници му доставува на центарот за социјални работи и надлежниот суд извештај за влијанието на преземените мерки спрема малолетното лице и за постигнатите резултати во воспитната работа.

(3) Ако судот по извршувањето на оваа воспитна мерка го стави малолетното лице под засилен надзор на центарот за социјални работи со извештајот од став 2 на овој член ќе достави и мислење на стручните работници на центарот за малолетници за личноста на малолетникот и за постигнатите резултати во извршувањето на мерката.

Глава ХХИХ

ИЗВРШУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ НА ЗАСИЛЕН НАДЗОР

1. Засилен надзор од страна на родителите,

посвоителите или старателот

Член 279

Извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на родителите, посвоителите или старателот започнува во денот кога надлежниот суд ќе му ја достави одлуката со која е изречена оваа мерка заради нејзино извршување на родителот, посвоителот или старателот задолжен за извршување на мерката.

Член 280

Родителот, посвоителот или старателот ја извршува мерката така што води постојана и целосна грижа за воспитувањето на малолетното лице, презема мерки кои ќе го спречат штетното влијание врз малолетното лице и ги извршува налозите и упатствата на центарот за социјални работи и надлежниот суд во текот на извршувањето на мерката.

Член 281

(1) Родителот, посвоителот или старателот е должен да му овозможи на центарот за социјални работи да го проверува извршувањето на оваа мерка.

(2) Родителот, посвоителот или старателот на малолетното лице и центарот за социјални работи, во рокот што ќе го определи судот, а најмалку еднаш на шест месеци, ќе го известат надлежниот суд за текот на извршувањето на воспитната мерка.

Член 282

Ако во текот на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на родителите, посвоителите или старателот дојде до несогласување меѓу родителот, посвоителот или старателот на малолетното лице и центарот за социјални работи, несогласувањето за начинот на извршувањето на оваа мерка ќе го реши судот што ја изрекол мерката.

Член 283

(1) Центарот за социјални работи составува извештај за начинот на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на родителите, посвоителите или старателот и за постигнатите резултати во извршувањето на оваа мерка.

(2) Извештајот од став 1 на овој член центарот за социјални работи го доставува на надлежниот суд.

2. Засилен надзор во друго семејство

Член 284

(1) Извршувањето на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство, центарот за социјални работи му го доверува на семејството определено во судската одлука.

(2) По добивањето на одлуката од надлежниот суд, центарот за социјални работи ќе го извести семејството од став 1 на овој член дека на определен датум во рок од 15 дена ќе му го предаде малолетното лице на извршување на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство.

Член 285

(1) Центарот за социјални работи склучува писмен договор со семејството определено во судската одлука во која ќе се утврдат меѓусебните права и обврски во врска со сместувањето и спроведувањето на засилениот надзор спрема малолетното лице.

(2) Со договорот од став 1 на овој член се определуваат и висината и начинот на плаќањето на трошоците за сместувањето на малолетното лице и условите и рокот на престанувањето на договорот.

Член 286

За време на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство на малолетното лице му се обезбедува одржување на врските со семејството, доколку надлежниот суд по предлог на центарот за социјални работи не определи поинаку.

Член 287

Одредбите на членовите 282 и 283 од овој закон ќе се применуваат и при извршувањето на воспитната мерка засилен надзор во друго семејство.

3. Засилен надзор од страна на центарот

за социјални работи

Член 288

(1) По приемот на одлуката со која е изречена воспитната мерка засилен надзор од страна на центарот за социјални работи од надлежниот суд, овој орган подготвува програма за остварување на засилен надзор спрема малолетното лице со која се определува начинот на остварувањето на грижата во однос на школувањето, вработувањето, лекувањето ако тоа е потребно, издвојувањето од средината која штетно влијае врз малолетното лице и средување на семејните и други прилики во кои малолетното лице живее.

(2) Веднаш по приемот на одлуката, центарот за социјални работи ќе ги извести родителите, посвоителите или старателот дека во рок од 15 дена ќе отпочне со остварување на засилениот надзор спрема малолетното лице и ќе ги запознае со програмата на засилениот надзор која ќе ја спроведува.

(3) Центарот за социјални работи ќе определи стручен работник кој постојано и непрекинато ќе се грижи за извршување на засилениот надзор и спроведување на програмата од став 1 на овој член.

Член 289

Одредбата од членот 283 на овој закон соодветно се применува и на извршувањето на воспитната мерка засилен надзор од страна на центарот за социјални работи.

Глава ХХХ

ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАВОДСКИТЕ МЕРКИ

1. Општи одредби

Член 290

(1) Заводските мерки според одредбите на овој закон се извршуваат со упатување во воспитна установа и со упатување во воспитнопоправен дом.

(2) Воспитните установи од став 1 на овој член се основаат и укинуваат со уредба на Владата на Република Македонија по предлог на министерот за правда и министерот за труд и социјална политика.

Член 291

(1) Центарот за социјални работи по приемот на одлуката од надлежниот суд со која на малолетното лице му е изречена некоја од заводските мерки ќе побара од родителот, посвоителот или старателот на малолетното лице спрема кое оваа мерка е изречена на определен ден во текот на 15 дена да го доведе малолетното лице во установата. Центарот за социјални работи, исто така, ќе ја извести и установата за датумот кога малолетното лице треба да се јави за извршување на воспитната мерка.

(2) Установата во која се извршува заводската мерка ќе го извести центарот за социјални работи и надлежниот суд за датумот на приемот на малолетното лице и почетокот на извршувањето на заводската мерка.

Член 292

Ако малолетното лице не се јави на извршување на заводската мерка или самоволно ја напушти установата, раководителот на установата ќе го извести центарот за социјални работи, надлежниот суд и подрачната единица на Министерството за внатрешни работи за фаќање на малолетното лице и приведување во установата за извршување на заводската мерка.

Член 293

Установата во која се извршува заводската мерка, најдоцна три месеци пред планираното отпуштање на малолетното лице, треба да го извести центарот за социјални работи за отпуштањето и да му предложи мерки што треба да се преземат за натамошно воспитување на малолетното лице.

Член 294

(1) Центарот за социјални работи во консултација со родителите, посвоителите или старателот на малолетното лице и со нивно вклучување во подготвувањето за прифаќање на малолетното лице во установата, посебно се грижи за средување на семејните прилики на малолетното лице, за обезбедување на негово времено сместување и исхрана ако тоа не му е обезбедено во семејството, за обезбедување на облека и обувки, за лекување, за избор на соодветна средина и за школување и вработување на малолетното лице.

(2) За подготовките што ги презел центарот за социјални работи ќе го извести надлежниот суд.

Член 295

(1) Почетокот на извршувањето на заводската мерка по молба на малолетното лице, неговите родители, посвоители или старателот, може да се одложи под условите определени во членот 86 став 1 точките 1, 2, 5 и 7 и членовите 87 и 88 од овој закон.

(2) За повторно поднесена молба се применува одредбата на членот 93 од овој закон.

2. Упатување во воспитна установа

Член 296

Воспитната мерка упатување во воспитна установа се извршува во воспитна установа наменета за воспитување и социјална заштита на деца и младина.

Член 297

Центарот за социјални работи ќе го запознае раководителот на воспитната установа со одлуката со која е изречена воспитната мерка, како и со други податоци за личноста на малолетното лице, за семејните, социјалните и други прилики во кои живее и ќе го извести надлежниот суд за установата во која ќе се извршува воспитната мерка спрема малолетното лице.

Член 298

(1) Малолетното лице во воспитната установа се става во исти услови и има исти права и должности како и другите малолетници сместени во установата, со тоа што во однос на воспитувањето и надзорот ќе му се посвети посебно внимание.

(2) Со околноста дека спрема малолетното лице е изречена и се извршува воспитна мерка од заводски вид се запознаваат само раководителот на установата и воспитувачот на кого малолетното лице му е доверено.

Член 299

(1) За време на училишниот распуст и празниците кога воспитната установа не работи, малолетното лице може да се испрати кај родителите, посвоителите или старателот или кај блиски роднини.

(2) Ако малолетното лице нема каде да се смести согласно со став 1 на овој член, центарот за социјални работи за тоа време ќе определи привремено сместување на малолетното лице.

(3) Времето поминато надвор од воспитната установа во текот на училишниот распуст и празниците се смета како време поминато во установата.

Член 300

Раководителот на воспитната установа е должен најмалку на секои шест месеци или кога надлежниот суд или центарот за социјални работи тоа ќе го побараат да ги извести за успехот во примената на оваа воспитна мерка спрема малолетното лице.

3. Упатување во воспитнопоправен дом

Член 301

(1) Воспитната мерка упатување во воспитнопоправен дом се извршува во домови основани само за таа цел.

(2) За одделни категории малолетни лица може да се основаат посебни воспитнопоправни домови и одделенија.

(3) Малолетните лица според полот се сместуваат во посебни домови, а можат да бидат сместени во еден дом, но одвоено.

Член 302

Со работата на воспитнопоправниот дом раководи директор што го именува и разрешува Владата на Република Македонија, по предлог на министерот за правда.

Член 303

(1) Работата во воспитнопоправниот дом се организира така што на малолетното лице му се обезбедуваат услови за основно и средно образование и воспитание, за стекнување и развивање на позитивни навики, на вредносни особни и за работно остручување и оспособување за одделни занимања.

(2) Ако во воспитнопоправниот дом не постои настава од одредена насока или степен на образование малолетното лице може таквата настава да ја посетува и надвор од воспитнопоправниот дом.

(3) Во воспитнопоправниот дом на малолетното лице му се обезбедуваат услови за активно користење на слободното време со културни, забавни и спортски активности.

(4) Малолетното лице во воспитнопоправниот дом може да одржува контакти со семејството и други лица и институции кои можат позитивно да влијаат на неговата ресоцијализација.

Член 304

(1) При приемот во воспитнопоправниот дом се утврдува идентитетот на малолетното лице.

(2) Во почетокот на извршувањето на воспитната мерка малолетното лице се запознава со куќниот ред, правата и должностите што ги има во текот на извршувањето на воспитната мерка, начинот на кој ги остварува утврдените права и со дисциплинските мерки што можат да му се изречат.

Член 305

(1) По приемот во воспитнопоправниот дом малолетното лице престојува во приемното одделение до 30 дена.

(2) Во приемното одделение стручен тим, со примена на научни методи, врши социјалномедицинско и психолошкопедагошко испитување на личноста на малолетното лице.

(3) Стручниот тим што го врши испитувањето од став 2 на овој член го сочинуваат психолог, педагог, социјален работник, лекар, а по потреба и други стручни лица.

Член 306

(1) Во приемното одделение се утврдуваат методите за воспитна работа со малолетното лице, се координира работното ангажирање со наставата во училиштето за основно воспитание и образование и средно образование, со работилниците и економијата во која се изведува практична обука и се предлагаат мерки заради поуспешно остварување на процесот на превоспитувањето.

(2) Врз основа на резултатот од испитувањето на личноста на малолетните лица во приемното одделение се врши класификација и се утврдува воспитнообразовна програма за активно учество на малолетното лице за време на престојот во воспитнопоправниот дом.

Член 307

(1) Во воспитнопоправниот дом малолетните лица се распоредуваат во воспитни групи според возраста и менталната развиеност, карактерните и други лични својства, кои овозможуваат примена на еднакви воспитни и превоспитни мерки и преземање на мерки за одвојување заради одржување на редот и дисциплината и за спречување на меѓусебни штетни влијанија.

(2) Воспитните групи од ставот 1 на овој член може да опфатат најмногу десет малолетни лица и имаат посебен воспитувач.

Член 308

(1) На малолетните лица, во согласност со потребите од нивното превоспитување, им се определува видот на работата според нивните телесни и душевни способности и можностите на воспитнопоправниот дом.

(2) При определувањето на видот на работата се води сметка за желбата на малолетните лица да вршат одреден вид работи.

(3) При изборот на струката што ќе ја изучуваат малолетните лица, за кои се организира настава за средно образование, ќе се води сметка за нивните способности и склоности, за можностите на воспитнопоправниот дом и за други околности од значење за остварувањето на целта на воспитната мерка.

Член 309

(1) Од малолетните лица кои го завршиле школувањето или се стручно оспособени, се бара да работат со полно работно време, согласно со општите прописи.

(2) Од малолетните лица кои посетуваат училиште за ученици за средно воспитание и образование или за одделен вид занимање, се бара да работат според прописите и програмата на наставата предвидена од училиштето што го посетуваат.

Член 310

(1) За основно воспитание и образование и средно образование, во воспитнопоправните домови се организира настава од соодветен вид, работилници и економии за практична обука.

(2) Малолетните лица кои ќе се здобијат со квалификација во воспитнопоправниот дом добиваат свидетелство. Од свидетелството не смее да се гледа дека квалификацијата е добиена во воспитнопоправен дом.

(3) Кога според општите прописи времето поминато на работа од одреден вид се признава за здобивање со одредена квалификација, за таква квалификација се признава и времето поминато на ист вид работа во воспитнопоправен дом, со тоа што ова време не се смета во работен стаж и не може да биде основа за стекнување со други права.

Член 311

На малолетно лице во воспитнопоправен дом, кое започнало средно образование или друго образование може да му се овозможи продолжување на школувањето надвор од домот, ако со своето однесување и залагање во учењето им служи за пример на другите и тоа го заслужува.

Член 312

(1) На малолетните лица во воспитнопоправен дом им се обезбедува исхрана по три оброка дневно, која содржи најмалку 14.600 џули.

(2) Болните малолетни лица добиваат храна во вид и количество што ќе ги одреди лекарот.

(3) На малолетните лица им се обезбедува бесплатна облека, чевли и долна облека.

Член 313

Воспитнопоправниот дом ги задоволува најнужните потреби на малолетните лица кои без своја вина не работат, а немаат сопствени средства.

Член 314

Малолетните лица имаат право без ограничување да примаат посети на членовите на потесното семејство, во границите на куќниот ред, а со одобрение на директорот на воспитнопоправниот дом можат да ги посетуваат и други лица.

Член 315

(1) Малолетните лица можат без ограничување да се допишуваат со родителите и блиските роднини.

(2) Директорот на воспитнопоправниот дом може да одобри допишување и со други лица, ако тоа не влијае штетно врз малолетните лица.

Член 316

(1) Малолетните лица имаат право да примаат пратки со облека, предмети за лична употреба, книги и дневен печат, чија содржина не е воспитно штетна.

(2) Малолетните лица можат да примаат и пари, кои можат да ги трошат само во рамките одредени со куќниот ред.

Член 317

(1) Директорот на воспитнопоправниот дом може да им одобри отсуство на малолетните лица во текот на годината до еден месец заради посета на родителите или на блиски роднини.

(2) Отсуството се дава, по правило, за време на училишниот распуст и за време на празници.

(3) За малолетните лица што се наоѓаат во воспитнопоправен дом може да се организира заедничко летување надвор од домот.

(4) Времето поминато на отсуство или на заедничко летување се засметува во времето поминато во домот.

Член 318

(1) Малолетните лица кои не посетуваат настава за основно воспитание и образование и средно образование, а на работа поминале непрекинато 11 месеци, вклучувајќи го тука и времето поминато на лекување поради повреда на работа или професионално заболување, имаат право на одмор од најмалку 18 дена во годината.

(2) Одморот по правило, се користи кај родителите, старателот или поблиските родини. За оние кои немаат кај кого да одат, а се наклонети на бегство или постои опасност да продолжат со вршење на кривични дела и нарушување на јавниот ред и мир, управата на домот може да организира заеднички одмор во домот или надвор од него.

(3) Одлука за користење на одморот донесува директорот на домот, по предлог на воспитувачот.

Член 319

За повреда на редот и дисциплината пропишана со куќниот ред за малолетно лице дисциплинската казна упатување во самица може да трае од три до седум дена.

Член 320

Спрема малолетното лице не може да се примени мерката осамување.

Член 321

Одредбите на овој закон се применуваат и на организацијата и работата на воспитнопоправниот дом и на извршувањето на воспитнопоправната мерка упатување во воспитнопоправен дом, доколку со одредбите од оваа глава поинаку не е определено.

ДЕЛ ВТОРИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ ИЗРЕЧЕНИ ЗА

ПРЕКРШОК

Глава ХХХИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА КАЗНА ЗАТВОР

Член 322

(1) Одредбите на овој закон за извршување на казната затвор соодветно се применуваат и на извршувањето на казна затвор за прекршок, ако со одредбите на оваа глава поинаку не е определено.

(2) Казната затвор изречена за прекршок се извршува во казненопоправна установа од полуотворен вид.

(3) Казната затвор изречена за прекршок се извршува одвоено од казната затвор изречена за кривично дело.

Член 323

(1) Казната затвор изречена за прекршок се извршува според местото на живеалиштето односно престојувалиштето на казнетото лице.

(2) Казнетото лице на издржување на казната го упатува првостепениот суд што ја изрекол казната.

(3) Во упатниот акт што органот од став 1 на овој член му го доставува на казнетото лице се остава рок од осум до 15 дена до денот кога лицето треба да се јави на издржување на казната затвор.

(4) Ако казнетото лице не се јави на издржување на казната затвор на определениот ден, Министерството за внатрешни работи по налог на првостепениот суд ќе го приведе казнетото лице во установата.

Член 324

(1) Почетокот на извршувањето на казната затвор за прекршок може да се одложи на молба на казнетото лице, најмногу до 60 дена.

(2) По молбата за одлагање на почетокот на извршувањето на казната решава надлежниот суд.

(3) Против решението од став 2 на овој член со кое е одбиена молбата решава повисокиот суд.

Член 325

(1) По молба на казнетото лице, по исклучок, во оправдани случаи директорот на установата може да одобри прекин на издржувањето на казната до десет дена.

(2) Против решението со кое е одбиена молбата од став 1 на овој член може да се изјави жалба до Дирекцијата.

Глава ХХХИИ

ИЗВРШУВАЊЕ НА ПАРИЧНАТА КАЗНА,

МЕРКИТЕ НА БЕЗБЕДНОСТ, ВОСПИТНИТЕ МЕРКИ

И ОДЗЕМАЊЕТО НА ИМОТНАТА КОРИСТ

Член 326

Одредбите на овој закон за извршување на паричната казна, мерките на безбедност, воспитните мерки и одземањето на имотната корист, изречени за кривични дела соодветно се применуваат и на извршувањето на паричната казна, мерките на безбедност, воспитните мерки и одземањето на имотната корист за прекршок.

ДЕЛ ТРЕТИ

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Глава ХХХИИИ

Член 327

До донесувањето на уредбата од член 26 на овој закон, постојните казненопоправни установи и воспитнопоправните домови продолжуваат со работа според надлежноста определена со овој закон.

Член 328

Осудените, казнетите и малолетните лица кои издржуваат казна затвор, замена на паричната казна со затвор, малолетнички затвор и воспитнопоправната мерка упатување во воспитнопоправен дом, ќе продолжат односно ќе се прераспоредат со издржување на казната затвор и воспитнопоправната мерка во соодветната казненопоправна установа и воспитнопоправен дом според надлежноста определена со овој закон.

Член 329

(1) Управителите и нивните заменици во постојните казненопоправни установи и воспитнопоправни домови продолжуваат со работа до истекот на мандатот како директори на казненопоправните установи и воспитнопоправните домови, доколку ги исполнуваат условите за именување на директор на установа односно заменик директор утврдени со овој закон.

(2) Управителите и нивните заменици кои не ги исполнуваат условите од член 41 на овој закон, должни се во рок од две години да го оформат своето образование.

Член 330

Условите на престој и работа на осудените и малолетните лица во казненопоправните установи и воспитнопоправните домови ќе се усогласат со одредбите на овој закон во рок од две години од неговото влегување во сила.

Член 331

Уредбата од член 26 на овој закон, ќе се донесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон, а другите општи акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 90 дена од денот на неговото влегување во сила.

Член 332

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за извршување на санкциите за кривични дела и стопански престапи ("Службен весник на СРМ" број 19/79, 50/82, 42/85, 35/86 и 47/89 и "Службен весник на Република Македонија" број 19/92) и Законот за организацијата и работењето на посебните организации и единици со стопанска дејност во казненопоправните установи и воспитнопоправните домови ("Службен весник на СРМ" број 19/79).

Член 333

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".