ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

ЗАКОН ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

(Овој Закон е објавен во Службен весник на РМ бр. 80/92)

I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој закон се основаат јавните обвинителства, се уредува нивната организација и надлежност, се определуваат подрачјата и седиштата на јавните обвинителства и се утврдуваат условите и постапката за именување и разрешување на јавните обвинители и замениците јавни обвинители.

Член 2

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган што ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон.

Член 3

Јавното обвинителство ги врши своите функции врз основа и во рамките на Уставот и закон.

Член 4

Функцијата на јавното обвинителство ја врши јавниот обвинител на Република Македонија, јавниот обвинител на вишото јавно обвинителство и јавниот обвинител на основното јавно обвинителство.

Јавниот обвинител може да има еден или повеќе заменици.

Собранието на Република Македонија утврдува критериуми за определување на бројот на заменици јавни обвинители и го определува бројот на заменици во јавните обвинителства.

Член 5

Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија ги именува и разрешува јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител за време од шест години, кои можат да бидат повторно именувани.

Член 6

Заменикот јавен обвинител може да врши секое од дејствијата во постапката пред судот, други органи и други правни лица за кои според законот е овластен јавниот обвинител.

Член 7

Јавните обвинителства преку печатот и другите средства за информирање ја известуваат јавноста за соработката на криминалитетот и за другите појави од општо значење забележани во нивната работа.

Јавните обвинителства можат да ја информираат јавноста за одделни случаи по кои постапуваат.

Член 8

Јавните обвинителства по прашања од значење за остварувањето на нивните функции, како и по прашања од заеднички интерес соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица.

Член 9

Повисокиот јавен обвинител има право и должност да му дава задолжителни упатства на понискиот јавен обвинител за неговата работа.

Задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител можат да се однесуваат на преземање на одредени мерки и активности заради заштита на правата и слободите на човекот и граѓанинот, заштита на интересите на општествената заедница и на другите правни субјекти, поефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, употреба на правни средства и законито утврдување на фактите и примена на правото.

Понискиот јавен обвинител ги извршува задолжителните упатства на повисокиот јавен обвинител.

Член 10

Повисокиот јавен обвинител може да го преземе кривичното гонење, како и вршењето на одделни работи за кои е надлежен понискиот јавен обвинител.

Повисокиот јавен обвинител може да го овласти понискиот јавен обвинител да води постапка по одделни предмети или да врши определени работи од надлежност на друг јавен обвинител.

Член 11

Се забранува политичко организирање и дејствување во јавните обвинителства.

Член 12

Просторните услови, материјалните средства, опремата, кадрите и другите услови за работа на јавните обвинителства ги обезбедува Републиката.

Член 13

Јавното обвинителство има печат кој ги содржи називот и седиштето на Јавното обвинителство.

На зградата во која е сместено јавното обвинителство се истакнува неговиот назив.

II. ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТ

Член 14

Јавното обвинителство во остварувањето на функцијата на гонење на сторителите на кривични и други казниви дела и во вршењето на другите функции определени со закон постапува пред надлежните судови.

Јавното обвинителство постапува во границите на својата стварна и месна надлежност, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Основното јавно обвинителство постапува пред основниот суд.

Вишото јавно обвинителство постапува пред вишиот суд.

Јавното обвинителство на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија.

Јавното обвинителство постапува и пред други органи и други правни лица на своето подрачје кога за тоа е овластено со закон.

Член 15

Јавното обвинителство се грижи за навремено и ефикасно откривање на кри-вични и други казниви дела и нивните сторители, поднесува барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот презема мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренува и застапува обвинение, изјавува редовни и вонредни правни средства и презема и други дејствија определени со закон.

Во процесната, вонпроцесната, извршната, управната и другите постапки јавното обвинителство презема дејствија за кои е овластено со овој или друг закон.

Член 16

Заради остварување на функцијата на гонење јавното обвинителство во соработка со органите на откривање и со други надлежни органи и други правни лица, се грижи за преземање мерки и активности за откривање на кривични и други казниви дела и на нивните сторители.

Член 17

Јавниот обвинител на Република Македонија пред Уставниот суд на Република Македонија дава иницијатива за поведување постапка за оценување на согласноста на закон со Уставот и за согласноста на други прописи со Уставот и законите, ако прашањето за уставноста и законитоста се постави во работата на јавното обвинителство.

Основните и вишите јавни обвинителства го известуваат Јавното обвинител-ство на Република Македонија за прашањата на уставноста и законитоста поставе-ни во нивната работа.

Член 18

Кога јавниот обвинител на Република Македонија ќе најде дека поради повреда на закон или на меѓународен договор постои основ да употреби правно средство против извршна судска одлука или одлука донесена во управна или друга постапка, за што е овластен со закон, може да бара да се одложи односно прекине извршувањето на таа одлука, ако со нејзиното извршување би можело да настапат неотстранливи штетни последици.

Барањето за одлагање, односно прекинување на извршувањето од ставот 1 на овој член го поднесува јавниот обвинител на Република Македонија, овластен да го употреби правното средство против таквата одлука. Барањето за одлагање, односно прекинување на извршувањето се поднесува до судот, односно органот надлежен за дозволување на извршувањето, а ако извршувањето е во тек, до судот, односно надлежниот орган кој го спроведува извршувањето.

По барање од јавниот обвинител на Република Македонија, судот односно надлежниот орган ќе го одложи односно прекине извршувањето ако оцени дека барањето е основано.

Одлагањето, односно прекинувањето на извршувањето трае до донесувањето на одлуката по правното средство на јавниот обвинител.

Одлуката за одлагање, односно за прекинување на извршувањето престанува да важи ако јавниот обвинител на Република Македонија во рок од 30 дена од денот на приемот на одлуката не употреби правно средство.

Член 19

За работи и задачи од својата надлежност и за преземање на дејствија за кои е овластено, јавното обвинителство прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани, други органи и други правни лица.

Во вршењето на работите од ставот 1 на овој член на јавното обвинителство ќе му се достават списи и други известувања потребни за преземање на дејствија од неговата надлежност.

Член 20

Јавното обвинителство се основа за подрачја на судот од соодветен степен.

Основно јавно обвинителство се основа за подрачја на еден или повеќе основни судови.

Вишо јавно обвинителство се основа за подрачје на виши суд.

Јавното обвинителство на Република Македонија се основа за територијата на Република Македонија со седиште во Скопје.

Член 21

Во Република Македонија се основаат следниве основни и виши јавни обвинителства:

а) Основни јавни обвинителства

  • Основно јавно обвинителство во Берово за подрачјето на Основниот суд во Берово;
  • Основно јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Основниот суд во Битола;
  • Основно јавно обвинителство во Гевгелија за подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;
  • Основно јавно обвинителство во Гостивар за подрачјето на Основниот суд во Гостивар;
  • Основно јавно обвинителство во Дебар за подрачјето на Основниот суд во Дебар;
  • Основно јавно обвинителство во Делчево за подрачјето на Основниот суд во Делчево;
  • Основно јавно обвинителство во Кавадарци за подрачјата на основните судови во Кавадарци и Неготино;
  • Основно јавно обвинителство во Кичево за подрачјето на Основниот суд во Кичево;
  • Основно јавно обвинителство во Крива Паланка за подрачјето на Основниот суд во Крива Паланка;
  • Основно јавно обвинителство во Кочани за подрачјата на основните судови во Кочани и Виница;
  • Основно јавно обвинителство во Куманово за подрачјата на основните судови во Куманово и Кратово;
  • Основно јавно обвинителство во Охрид за подрачјето на Основниот суд во Охрид;
  • Основно јавно обвинителство во Прилеп за подрачјата на основните судови во Прилеп и Крушево;
  • Основно јавно обвинителство во Радовиш за подрачјето на Основниот суд во Радовиш;
  • Основно јавно обвинителство во Ресен за подрачјето на Основниот суд во Ресен;
  • Основно јавно обвинителство во Свети Николе за подрачјето на Основниот суд во Свети Николе;
  • Основно јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на основните судови Скопје И и Скопје II;
  • Основно јавно обвинителство во Струга за подрачјето на Основниот суд во Струга;
  • Основно јавно обвинителство во Струмица за подрачјето на Основниот суд во Струмица;
  • Основно јавно обвинителство во Титов Велес за подрачјето на Основниот суд во Титов Велес;
  • Основно јавно обвинителство во Тетово за подрачјето на Основниот суд во Тетово;
  • Основно јавно обвинителство во Штип за подрачјата на основните судови во Штип и Пробиштип;

б) Виши јавни обвинителства

  • Вишо јавно обвинителство во Битола за подрачјето на Вишиот суд во Битола;
  • Вишо јавно обвинителство во Скопје за подрачјето на Вишиот суд во Скопје;
  • Вишо јавно обвинителство во Штип за подрачјето на Вишиот суд во Штип.

Член 22

Јавниот обвинител го претставува јавното обвинителство, раководи со неговата работа и ги врши правата и обврските определени со закон.

Јавниот обвинител го заменува заменик јавен обвинител што тој ќе го определи.

Кога јавниот обвинител нема заменик, а тој не може да ја врши должноста, повисокиот јавен обвинител може да овласти друг јавен обвинител или да упати свој заменик да ја врши должноста на јавен обвинител најмногу до шест месеци.

III. ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ И ЗАМЕНИЦИ

ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Член 23

Собранието на Република Македонија го огласува именувањето на јавен обвинител и заменик јавен обвинител на соодветното јавно обвинителство во дневниот печат најдоцна 15 дена од донесувањето на одлуката за утврдување на бројот на заменици јавни обвинители, односно веднаш по упразнувањето на местото јавен обвинител или заменик јавен обвинител.

Со огласот се известуваат заинтересираните кандидати во рок од 15 дена од денот на објавувањето да поднесат пријава до Собранието на Република Македонија.

Член 24

За јавен обвинител и заменик јавен обвинител може да биде именуван државјанин на Република Македонија кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган, дипломиран правник со соодветна насока со положен правосуден испит, кој ужива углед за вршење функција на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител.

Покрај условите од став 1 на овој член за јавен обвинител и заменик јавен обвинител на основно јавно обвинителство лицето треба да има и работно искуство со потврдени резултати по положениот правосуден испит на правни работи од три години, а седум години за јавен обвинител и заменик јавен обвинител во вишо јавно обвинителство.

За јавен обвинител на Република Македонија и заменик јавен обвинител на Република Македонија покрај условите од ставот 1 на овој член лицето треба да биде истакнат правен стручњак и да има работно искуство со потврдени резултати на правни работи од дванаесет години.

За јавен обвинител на Република Македонија и заменик јавен обвинител на Република Македонија може да биде именуван и редовен или вонреден професор на правен факултет кој држел настава по правен предмет во непрекинато траење од најмалку десет години во истото или во пониско наставничко звање.

Член 25

Собранието на Република Македонија врши именување на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител на предлог на Владата на Република Македонија по прибавено мислење од јавниот обвинител на Република Македонија.

Член 26

За јавен обвинител и заменик јавен обвинител не може да биде именувано лице кое на лице во некое од овие звања во исто или повисоко јавно обвинителство, или во Јавното обвинителство на Република Македонија, на претседател или судија на суд со иста стварна надлежност, како и на јавното обвинителство или на адвокат од исто подрачје, му е брачен другар или е во сродство во права линија или во странична линија до втор степен.

Член 27

Пред стапувањето на функцијата, јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител ја дава следнава свечена изјава:

"Изјавувам дека во вршењето на функцијата јавен обвинител-заменик јавен обвинител ќе се придржувам на Уставот и законите, дека функцијата ќе ја вршам совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓаните и интересите на другите правни субјекти" .

Член 28

Јавниот обвинител за својата работа и за работата на јавното обвинителство му одговара на Собранието на Република Македонија.

Заменикот јавен обвинител за својата работа му одговара на јавниот обвинител и на Собранието на Република Македонија.

Член 29

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител уживаат имунитет.

Имунитетот на јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител се состои во тоа што не можат да бидат повикани на одговорност или да бидат притворени за искажано мислење во вршењето на функцијата.

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител не можат да бидат притворени без одобрение на Собранието на Република Македонија, освен ако се затечени во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Член 30

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител се должни да го чуваат угледот на фукцијата што ја вршат.

Функцијата јавен обвинител и заменик јавен обвинител е неспојлива со функцијата пратеник, односно одборник и со функциите во органите на Републиката, општината и градот Скопје.

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител не можат да вршат должности или работи кои се неспојливи со функцијата и кои го нарушуваат угледот на јавното обвинителство.

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител не можат да вршат политичка функција и да членуваат во политичка партија или во друго политичко здружение.

Член 31

Јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител се разрешува:

1) кога тоа сам ќе го побара;

2) кога трајно ќе ја загуби психофизичката способност за вршење на функцијата во јавното обвинителство, што го утврдува Владата на Република Македонија, врз основа на документација со наод, и мислење на надлежна здравствена комисија;

3) кога ги исполнил условите за старосна пензија;

4) кога е осуден за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци;

5) кога ќе се утврди дека извршил потешка дисциплинска повреда на функцијата јавен обвинител или заменик јавен обвинител утврдена со закон, со што го нарушил угледот на функцијата на јавното обвинителство;

6) кога нестручно и несовесно ја врши функцијата во јавното обвинителство, што го утврдува Владата на Република Македонија.

Член 32

Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија покренува постапка за разрешување на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител кога ќе се утврди дека е исполнет некој од основите за разрешување на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител.

Во постапката што ја спроведува Владата, односно Собранието на Република Македонија за утврдување на постоење на некои од основите за разрешување на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител се прибавува мислење од јавниот обвинител на Република Македонија и изјава од лицето во однос на кое се спроведува постапката.

Член 33

За разрешувањето се известува разрешениот обвинител, односно заменикот јавен обвинител, Јавното обвинителство на Република Македонија и Владата на Република Македонија.

Член 34

Јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител кој е разрешен остварува права по основ на работа на начин и под условите утврдени со закон.

Член 35

Јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител извршува потешка дисциплинска повреда, кога ќе ја злоупотреби функцијата и со тоа ќе ги наруши неговиот углед и угледот на јавното обвинителство, како и кога врши должности или работи што можат да влијаат на неговата самостојност.

Потешката дисциплинска повреда на функцијата на јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител се утврдува во дисциплинска постапка пропишана со Законот за органите на управата.

Член 36

Против првостепеното решение донесено во дисциплинската постапка, дисциплински одговорниот јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител и подносителот на предлогот за дисциплинска одговорност имаат право да изјават жалба во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението до Второсте-пената дисциплинска комисија на Владата на Република Македонија.

Против конечната одлука со која се утврдува дисциплинската одговорност, дисциплински одговорниот јавен обвинител, односно заменик јавен обвинител може да побара судска заштита пред Врховниот суд на Република Македонија, за што се одлучува во постапка за управни спорови.

Член 37

Јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител се оддалечува од функцијата додека се наоѓа во притвор.

Јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител може да биде оддалечен од функцијата додека трае истрагата за кривично дело, кога е поведена дисциплинска постапка за потешка повреда и кога е поведена постапка за негово разрешување.

Одлука за оддалечување од функцијата донесува јавниот обвинител на Република Македонија, по претходно изјаснување на јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител, а за јавниот обвинител на Република Македонија-Владата на Република Македонија.

IV. СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ, ПРИПРАВНИЦИ И ДРУГИ РАБОТНИЦИ

Член 38

Во јавните обвинителства се вработуваат определен број стручни соработни-ци, приправници и други работници за вршење на стручни, административни, технички и други работи.

Член 39

Стручен соработник во основно и вишо јавно обвинителство, може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање работен однос во државен орган со положен правосуден испит, а во Јавното обвинителство на Република Македонија, покрај овие услови и да има две години практика на правни работи по полагањето на испитот.

Член 40

Правник може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање на работен однос во државен орган.

Приправниците се вработуваат во основните и вишите јавни обвинителства и се распоредуваат на вршење на работи и задачи заради стекнување на практика во сите области на работата.

По положениот правосуден испит, приправникот се распоредува на вршење на работи на стручен соработник.

На приправникот кој по приправничкиот стаж од две години во текот на една година не го положи правосудниот испит му престанува својството на приправник во јавното обвинителство.

Член 41

Со општиот акт за систематизација на работите и задачите се определуваат бројот на работниците, посебните услови што треба да ги исполнуваат за засновање на работен однос и работите и задачите што треба да ги извршуваат.

Со општиот акт од ставот 1 на овој член се утврдуваат звањата и условите за нивно стекнување на стручните соработници во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Член 42

За вршење на одредени управни, финансиски, оперативни, манипулативни и помошни работи и задачи, јавното обвинителство во договор со други органи, може да основа заеднички служби или да определи работници кои ќе ги вршат овие заеднички работи и работни задачи.

V. СРЕДСТВА ЗА РАБОТА

Член 43

Средствата за работа на јавните обвинителства се обезбедуваат во Републичкиот буџет.

Член 44

Висината на платите и на другите надоместоци на јавниот обвинител и заменикот јавен обвинител се определува со закон.

Платите на стручните соработници, приправниците и другите работници се утврдуваат со општ акт во согласност со закон и колективен договор.

VI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 45

Општинските и окружните јавни обвинителства и Јавното обвинителство на Македонија основани според досегашните прописи продолжуваат со работа како основни и виши јавни обвинителства и Јавно обвинителство на Република Македонија, според организација и надлежност утврдени со овој закон од 1 април 1993 година.

Именувањето на јавните обвинители и замениците јавни обвинители според одредбите на Уставот на Република Македонија и на овој закон, ќе се изврши согласно со член 15 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија.

Член 46

За именување на јавен обвинител и заменик јавен обвинител од членот 24 став 1 на овој закон, според кој е потребно лицето, покрај општите и посебните услови, да е дипломиран правник со соодветна насока, не се однесува на лицата кои за именување за јавен обвинител и заменик јавен обвинител ги исполнуваат другите услови и се дипломирани правници но со несоодветна насока, а кои положиле правосуден испит според постојните прописи, до влегувањето во сила на овој закон.

Член 47

Пријавите и првостепените предмети за кривичните дела, како и првостепените предмети во граѓанската, управната и прекршочната област кои на 31 март 1993 година во окружните јавни обвинителства не се решени, или по кои е започната постапката, но не е довршена пред надлежниот суд или не е донесена одлука по завршувањето на првостепената постапка, како и копијата на списите за постапување пред надлежниот суд по започнатата постапка или поднесеното обвинение или друго правно средство, ќе им се отстапат на надлежните основни јавни обвинителства на кои им се пренесува првостепената надлежност според Законот за судовите и овој закон.

Пријавите и предметите за стопанските престапи кои на 31 март 1993 година ќе се затекнат во работа во окружните јавни обвинителства ги преземаат стварно и месно надлежните основни јавни обвинителства определени со овој закон.

Јавното обвинителство на Република Македонија соодветно ќе постапи според ставовите 1 и 2 на овој член во однос на предавањето на пријавите и предметите за кои се надлежни основните и вишите јавни обвинителства да постапуваат пред основните и вишите судови.

Член 48

Воените обвинителства надлежни според досегашните прописи, пријавите и предметите на граѓаните на Република Македонија ќе им ги предадат на натамошно постапување на јавните обвинителства надлежни според одредбите на овој закон.

Член 49

Јавниот обвинител на Република Македонија ќе донесе правилник за внатрешното работење на јавните обвинителства и правилник за дисциплинската одговорност на јавните обвинители и замениците јавни обвинители во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Член 50

Со денот на влегувањето во сила на овој закон престанува да важи Законот за јавното обвинителство ("Службен весник на СРМ" број 10/76, 30/77, 6/81, 46/82, 11/87, 12/89, 10/90 и 11/91).

Член 51

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија" и ќе се применува од 1 април 1993 година.


ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

(Објавен во "Службен весник на РМ " број 19/93 од 01. 04. 1993 година.)

Член 1

Во Законот за јавното обвинителство ("Службен весник на Република "Македонија" број 80/92), во членовите 45 став 1 и 51 зборот "април" се заменува со зборот "октомври".

Член 2

Во членот 47 ставови 1 и 2 зборовите : "31 март" се заменуваат со зборовите : "30 септември".

Член 3

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

(Објавен во "Службен весник на Р.М." број 9/94)

Член 1

Во Законот за јавното обвинителство ("Службен весник на Република Македонија" број 80/92 и 19/93, во членовите 45 став 1 и 51 зборовите: "октомври 1993" се заменуваат со зборовите: "јуни 1994".

Во членот 47 ставовите 1 и 2 зборовите: "30 септември 1993" се заменуваат со зборовите: "31 мај 1994".

Член 2

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

(Службен весник на РМ 9/96)

Член 1

Во Законот за јавното обвинителство ("Службен весник на Република Македонија" број 80/92, 19/93 и 9/ 94) членот 1 се менува и гласи:

"Со овој закон се основа јавното обвинителство, се уредува неговата организација и надлежност, се определуваат подрачјата и седиштата на јавното обвинителство и се утврдуваат условите и постапката за именување и разрешување на јавните обвинители, и замениците јавни обвинители".

Член 2

Во членот 4 ставот 3 се менува и гласи:

"Јавното обвинителство се организира според принципот на хиерархија и субординација".

По став 3 се додава нов став 4 кој гласи:

"Владата на Република Македонија го определува бројот на замениците јавни обвинители во јавното обвинителство по предлог на министерот за правда, а по претходно позитивно мислење од јавниот обвинител на Република Македонија".

Член 3

Членот 5 се менува и гласи:

"Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија, го именува и разрешува јавниот обвинител на Република Македонија за време од шест години, и може да биде повторно именуван.

Замениците на јавниот обвинител на Република Македонија, јавните обвинители на вишите јавни обвинителства и основните јавни обвинитслства и замениците на вишите јавни обвинители и на основните јавни обвинители ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија по предлог на Владата на Република Македонија, а по претходно позитивно мислење на јавниот обвинител на Република Македонија, за време од шест години, и можат да бидат повторно именувани."

Член 4

Членот 7 се менува и гласи:

"Јавното обвинителство преку печатот и другите средства за информирање ја известува јавноста за состојбата на криминалитетот за другите појави од општо значење забележани во неговата работа.

Јавното обвинителсгво може да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува".

Член 5

Во членот 8 зборовите: "јавните обвинителства" се заменуваат со зборовите "јавното обвинителство", зборот "нивните" се заменува со зборот "неговите", а зборот "соработуваат" се заменува со зборот "соработува".

Член 6

Во членот 9 став 3 точката на крајот се брише и се додаваат зборовите: "од своето подрачје".

Член 7

По членот 10 се додава нов член 10-а кој гласи:

"Член 10-а

За давањето на задолжителните упатства на основните јавни обвинители од своето подрачје или за преземањето на кривичното гонење односно за преземањето на одделни работа од нивната надлежност, вишиот јавен обвинител задолжително го известува јавниот обвинител на Република Македонија.

Јавниот обвинител на Република Македонија може непосредно да дава задолжителни упатства, односно да презема кривично гонење и други дејствија од надлежност на пониските јавни обвинители на целата територија на Република Македонија".

Член 8

Членот 14 се менува и гласи:

"Јавното обвинителство како единствен државен орган се организира на ниво на основен, виш, односно јавен обвинител на Република Македонија.

Јавниот обвинител постапува во границиге на својата стварна и месна надлежност, доколку со овој закон не е поинаку определено.

Основниот јавен обвинител постапува пред основниот суд.

Вишиот јавен обвинител постапува пред апелациониот суд.

Јавниот обвинител на Република Македонија постапува пред Врховниот суд на Република Македонија.

Јавниот обвинител постапува и пред други органи и друга правни лица на своего подрачје кога за тоа е овластен со закон".

Член 9

Член 15 се менува и гласи:

"Јавните обвинители и замениците јавни обвинители се грижат за навремено и ефикасно откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, поднесуваат барање за поведување на кривична постапка и постапка по други казниви дела и во рамките на законот преземаат мерки и активности заради правилно насочување на постапката, покренуваат и застапуваат обвинение, изјавуваат редовни и вонредни правни средства и преземаат и други дејствија определени со закон.

Во процесната, вонпроцесната, извршната, управната и другите постапки јавните обвинители преземаат дејствија за кои се овластени со овој или друг закон".

Член 10

По членот 16 се додава нов член 16-а кој гласи:

"Член 16-а

Пред поведувањето на кривична постапка или во текот на кривичната постапка што е поведена по барање на јавниот обвинител, јавниот обвинител може да побара еден или повеќе инспектори да му бидат ставени на располагање за одреден период

Јавниот обвинител ќе постапи во смисла на ставот 1 од овој член во случај кога се работи за тешки кривични дела и дела со повеке извршители или кога тоа го бараат особено оправдани потреби.

Функционерот кој раководи со соодветното министерство или со друг државен орган е должен да се согласи со барањето на јавниот обвинител, времено да го упати инспекторот на работа во јавното обвинителство.

Инспекторот постапува по налозите и упатствата на јавниот обвинител и му е непосредно одговорен за извршување на работите".

Член 11

Во членот 17 став 2 зборот "обвинителства" се заменува со зборот "обвинители", а зборовите "Јавното обвинителство" се заменуваат со зборовите: "јавниот обвинител".

Член 12

Членот 20 се менува и гласи:

.Јавното обвинителство се установува за подрачја на судот од соодветен степен.

За подрачја на еден или повеќе основни судови се установува основно јавно обвинителство.

За подрачје на апелационен суд се установува вишо јавно обвинителство.

Јавното обвинителство на Република Македонија се основа за целата територија на Република Македонија со седиште во Скопје".

Член 13

Во членот 21 во точката 22 зборовите: "и Пробиштип" се бришат, а во точките 1, 2 и 3 под б) зборот "Вишиот" се заменува со зборот "Апелациониот".

Член 14

Во членот 24 став 2 зборовите: "три години" се заменуваат со зборовите: "над пет", и зборовите: "седум години" се заменуваат со зборовите "над девет години".

Во ставот 3 пред зборовите: "дванаесет години" се додава зборот "над".

Член 15

Членот 26 се менува и гласи:

"За јавен обвинител и заменик јавен обвинител не може да биде именувано лице чиј брачен другар или лице во сродство во права линија или во странична линија до втор степен, е јавен обвинител и заменик јавен обвинител во исто или повисоко јавно обвинителство, или во Јавното обвинителство на Република Македонија".

Член 16

Членот 28 се менува и гласи:

Јавниот обвинител на Република Македонија за својата работа и за работата на јавното обвинителство одговара пред Собранието на Република Македонија.

Вишиот и основниот јавен обвинител за својата работа одговараат на јавниот обвинител на Република Македонија и на Собранието на Република Македонија.

Заменикот јавен обвинител за својата работа одговара на соодветниот јавен обвинител и на Собранието на Република Македонија".

Член 17

Во членот 30 се додаваат шест нови членови 30-а, 30-б, 30-в, 30-г, 30-д и 30-г, кои гласат:

"Член 30-а

Како посебни права на јавните обвинители и на замениците јавни обвинители при вршењето на јавнообвинителската функција се сметаат:

- правото да влегуваат и да имаат слободен премии на станиците, аеродромите, пристаништата само со покажување на документите за идентификација;

- правото на службена дозвола за носење на оружје и набавка на соодветна муниција;

- правото на бесплатна употреба на јавен сообраќај, сувоземен или езерски на територијата, односно на подрачјето во кое ја извршуваат јавнообвинителската функција и

- правото на посебна заштита на неговата личност, на семејството и имотот, по негово барање до полицијата во местото на живеење секогаш кога затоа постојат сериозни причини за негова безбедност.

За посебните права од ставот 1 на овој член, прописи и акти донесува министерот за правда.

Член 30-б

Јавниот обвинител и неговите заменици во врска со вршењето на својата функција не смеат да примаат подароци од странките или лица кои директно, или индиректно имаат интерес во јавнообвинителското постапување.

Член 30-в

Јавниот обвинетел и неговите заменици имаат право и обврска на постојано стручно усовршување за време на траењето на функцијата.

Од средствата за работа на јавните обвинителства задолжително се издвојуваат средства за стручно усовршување на јавните обвинители и на замениците јавни обвинители.

Член 30-г

Јавниот обвинител и неговите заменици кои немаат сопствен стан во седиштето на јавното обвинителство имаат право на користење на соодветен службен стан.

Член 30-д

На јавниот обвинител и на неговите заменици им се издаваат службени легитимации.

Министерот за правда со правилник го пропишува образецот и постапката за издавање и за одземање на службената легитимација.

Член 30-ѓ

Поради природата на работата во јавното обвинителство се организираат дежурства за ефикасно извршување на функцијата.

Распоредот и времетраењето на дежурствата го определува јавниот обвинител на соодветното јавно обвинителство за секој започнат месец.

За извршеното дежурство се плаќа надоместок.

Со акт на министерот за правда се утврдува висината на надоместокот за дежурствата".

Член 18

Во членот 31 став 1 во точката 6 по зборот "Македонија" се става запирка и се додаваат зборовите: "на предлог на јавниот обвинител на Република Македонија".

Член 19

Во членот 32 став 1 по зборовите: "јавниот обвинител" се додаваат зборовите: "на Република Македонија", а зборовите: "односно заменик јавен обвинител" се бришат.

По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

"Владата на Република Македонија покренува по-стапка за разрешување на основен и виш јавен обвинител и заменик јавен обвинител кога ке се утврди дека е исполнет некој од основите за нивно разрешување".

Ставот 2 станува став 3.

Член 20

Насловот на главата ИВ се менува и гласи:

"Секретар, самостојни советници, советници, стручни соработници, приправници и други работници".

Член 21

Во членот 38 во вториот рсд пред зборовите: "стручни соработници" се додаваат зборовите: "секретар, самостојни советници, советници".

Член 22

По членот 38 се додаваат три нови членови 38-а, 38-б и 38-в, кои гласат:

"Член 38-а

Во јавното обвинителство во кое има повеќе од седум заменици јавни обвинители има секретар.

Секретарот во јавното обвинителство му помага на јавниот обвинител во вршењето на работата од јавно-обвинителската управа.

Секретар може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање работен однос во државен орган со положен правосуден испит.

Секретар на Јавното обвинителство на Република Македонија може да биде лице кое ги исполнува условите од став 3 на овој член со над седум години практика на правни работи по полагањето на испитот.

Член 38-б

Самостоен советник во основно и вишото обвинителство, може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање работен однос во државен орган со положен правосуден испит и да има три години практика на правни работи по полагањето на испитот.

Во Јавното обвинителство на Република Македонија, самостоен советник може да биде лице кое ги исполнува условите од став 1 на овој член и да има над седум години практика на правни работи по полагањето на испитот.

Член 38-в

Советник во основно и вишо јавно обвинителство, може да биде дипломиран правник кој ги исполнува општите услови определени со закон за засновање работен однос во државен орган со положен правосуден испит и да има две години практика на правни работи по полагањето на испитот.

Во Јавното обвинителство на Република Македонија, советник може да биде лице кое ги исполнува условите од став 1 на овој член и да има над пет години практика на правни работи по полагањето на испитот".

Член 23

Во членот 39 зборовите: "две години" се бришат.

Член 24

Во членот 41 ставот 2 се брише.

Член 25

Членот 44 се менува и гласи:

"Висината на платите и другите надоместоци на вработените во јавните обвинитедства се определува со закон".

Член 26

Во членот 45 став 1 зборовите: "1 јуни 1994" се заменуваат со зборовите: "1 јули 1996".

Член 27

По членот 46 се додава нов член 46-а кој гласи:

"Член 46-а

На јавните обвинители, односно заменици јавни обвинители на досегашните јавни обвинителства кои нема да бидат именувани за јавни обвинители односно заменици јавни обвинители според одредбите на Законот за јавното обвинителство, ќе им се исплатува надоместокот за плата во рок од една година, ако во тој рок не започнат со работа на друго работно место или не остварат право на старосна пензија.

Јавните обвинители, односно замениците јавни обвинители кои нема да бидат повторно именувани од денот на престанување на нивната функција, на кои им недостигаат најмногу 12 месеци стаж на осигурување за исполнување на право на полна старосна пензија, имаат право на плата која би им прилагала за вршењето на функцијата, ако не започнале со работа на друго работно место или не оствариле право на полна старосна пензија.

За времето од став 2 на овој член, јавниот обвинител односно заменик јавен обвинител кој не е повторно именуван, на повик на јавниот обвинител ќе врши работи од делокругот на самостоен советник во јавното обвинителство во кое ја вршел функцијата.

На јавниот обвинител, односно заменик јавен обвинител од ставот 3 на овој член кој ќе одбие да ги врши работите од делокругот на самостоен советник или тие работи ги врши несовесно, му престанува работниот однос".

Член 28

Во членот 47 во ставовите 1 и 2 зборовите: "31 мај 1994 година" се заменуваат со зборовите: "30 јуни 1996 година".

Член 29

Во членот 51 зборовите: "1 јуни 1994 година" се заменуваат со зборовите: "1 јули 1996 година".

Член 30

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за јавното обвинителство.

Член 31

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".