ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

 



22 - 24 Мај 2000, Стразбург (Франција)


ШТО СО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ВО 21 - от ВЕК


Пан-Европска Конференција организирана во соработка со Ecole Nationale de la Magistrature (Bordeaux)


Заклучоци сумирани од Секретаријатот :

Конференцијата во целост ја прифати предлог Препораката за улогата на Јавното обвинителство во Кривично правниот систем.

Сепак, ги предложи следните две дополнувања :

  • Член 5 д треба да го расчисти прашањето во врска со платите, старосната граница за одење во пензија и пензиските права, и за истите треба да бидат пропишани исти услови за судиите и за јавните обвинители;
  • Член 5а и 24 ( за опремата, промоцијата и трансверот на јавните обвинители и недискриминација во извршувањето на нивните должности ) ќе треба да се вклучи здравјето и неспособноста во забранетите основи за дискриминација.

Конференцијата почуствува дека ограничувањето на строго кривичен план - на кој предлог Препораката меѓународно беше ограничена - е премногу лимитирано и според тоа верува дека грижата треба доследно да биде дадена на улогата на јавните обвинители во цивилните, економските и социјалните области. Во иднина, со цел да обезбеди поефективен одговор на борбата против криминалот, треба да се направи статија за можната активност на јавното обвинителство, на начини кои ќе треба да бидат дефинирани, и тоа во областа на администрацијата, таксите, даноците, финансиите и друго.

Исто така, се изрази надежта дека Советот на Европа ќе даде нови должности на улогата на Јавното обвинителство надвор од традиционалната кривично правна област, на пример за превенција на деликвенцијата или тоа што се однесува на урбаната политика.

Слично на кривичната политика - кој како термин се појавува во првиот став од чл.3 и чл.21 а од Предлог Препораката - е термин кој остана недоволно дефиниран - посебно кога се појавуваше на локално ниво. Затоа тој бара понатамошно прецизирање.

Исто така, ќе треба да се процени поврзаноста на Јавното обвинителство со Касациониот суд. Ова беше тема за која Судот во Стразбург беше посебно заинтересиран. За истото, ќе биде потребно да се формира група од специјалисти.

На крајот, неколку од присутните наведоа дека во нивните земји е усвоен Кодексот на етика. Анализата за тоа што содржат овие кодекси ќе биде од голема корист и врз основа на истата Советот на Европа ќе може да донесе бројни Препораки.

Во врска со обуката, неколку присутни изразија желба за ова да биде дадена поголема подршка од Советот на Европа.

Општо гледано, Конференцијата веруваше дека ќе има значаен интерес во промовирање на поблиски врски и попродуктивна соработка помеѓу Јавните обвинителства во различни земји. Исто така, ќе треба да се одржуваат редовни состаноци во редовите на Конференцијата. Првата цел ќе биде да се следи примената на Препораката, тогаш кога таа ќе биде донесена. Нема да биде во спротивност со предлозите во Препораката, да се формира тело кое ќе има специјална задача, помеѓу состаноците, да ги разгледа задачите утврдени во коментарите кој што го објаснуваат меморандумот од предлог Препораката.

Конференцијата, постојано повторуваше дека Јавното обвинителство е мешана институција, која понекогаш служи како посредник помеѓу извршната и судската власт; во земјите под тоталитарен режим се користеше како средство за угнетување, а само неколку земји во Европа ( источни и западни ) ова го избегнаа со почетокот на 20-от век. За среќа, овие режими сега се минато, но рамнотежата помеѓу силите остана деликатна и затоа од големо значење е да се утврди една од клучните улоги на јавното обвинителство - која е слабо разбрана, можеби затоа што е неприменувана- а таа улога е гарантирање на индивидуалните права и слободи, под контрола на судовите.

На крајот, Конференцијата нагласи дека една од основните карактеристики за сите јавни обвинители, во врска со природата на нивните должности е фактот дека нивните држави се дел од Европската Конвенција за човекови права, и сите имаат должност да ја применуваат Конвенцијата така како што таа е толкувана од судовите во нивните земји и од Судот во Стразбург.

Во врска со меѓународната соработка:

Конференцијата во потполност ги потврди препораките што се однесуваат на меѓународната соработка, а кои се дадени во предлог - планот, и посебно ја нагласи потребата од:

  • јавните обвинители подобро да се запознаат меѓу себе, како лично така и професионално;
  • да се зголеми убедувањето на јавните обвинители за значењето на меѓународната соработка во кривичната област;
  • да се утврди специфичната улога на јавното обвинителство, кое тоа ја има во меѓународната соработка.

Конференцијата, нагласи дека препораките кои се однесуваат на меѓународна соработка во кривичната област, а кои се дел од предлог- планот во кој е презентирана и програма, таа програма ќе треба што побрзо да биде имплементирна и тоа во доследен ред.

Исто така, се забележа дека улогата на јавното обвинителство во меѓународната соработка е повеќе во пораст, за разлика од улогата која ја има истото на национално ниво.

Улогата на обвинителот во кривичната постапка остана иста, дури и во оние земји каде што постапката доби меѓународна димензија. Сите постапки, кои се водат како резултат на меѓународната соработка се кривичните постапки кои се водат против поединци.

Владеењето на правото треба да се гарантира на транс- национално ниво, и истото постои само таму каде властите се независни и ополномоштени да превземаат иницијативи. Овие две карактеристики беа основна причина, со која се објасни зошто главната улога во меѓународната соработка во кривичната област му припадна токму на јавниот обвинител.

Од обвинителите, поединечно беше побарано да овозможат основните слободи на човекот, посебно да бидат земени во предвид. Исто така од нив беше побарано да обезбедат:

  • дека нема да се развива култура на неказнивост;
  • дека Европската кривична политика ќе биде постојано применувана;
  • дека меѓународната политичка соработка ќе биде во целост контролирана.

За да се хармонизира примената на конвенциите од кривичната област и да се одбегне повеќе држави паралелно да вршат исти работи, Советот на Европа ќе треба да донесе предлог- закон, кој ќе можат да го прифатат различни земји во целина или во дел, и тоа тогаш кога ќе го донесуваат или изменуваат сопственото законодавство.

Со цел да се одбегнат тешкотиите кои ќе настанат како резултат на донесување на повеќе исти конвенции, Советот на Европа ќе треба да донесе или Генерален кодекс за соработка во кривичната област или Конвенција за примена на конвенциите од кривична област, како основна Конвенција.

Исто така се јави потреба да се координираат сите активности кои се спроведени во Европа, во однос на создавањето на договорно право и во тој поглед да се усогласи практиката.

Во таа смисла, се спомена и врската помеѓу Советот на Европа и Европската Унија, некои присутни ја нагласија потребата за поголема соработка помеѓу овие две организации, а други нагласуваа дека не е потребно да се градат мостови на соработка меѓу нив.

Со скорашното формирање на EUROJAST (ЕВРОПРАВДА) од страна на Европската Унија, се постави прашањето дали е можно да се оствари целта односно борбата против криминалот заедно со сите земји членки на Советот на Европа, без учество на другите институции во Европа. Советот на Европа ќе треба да утврди дали EUROJAST (ЕВРОПРАВДА) ќе треба да се прошири така што сите земји членки на Советот на Европа да бидат претставници во истиот, на начини кои што дополнително ќе треба да се договорат, или ќе треба да се формира ново тело во кое ќе членуваат сите земји членки на Советот на Европа.

Во секој случај, многу важно е да се донесат договори со кои ќе се овозможи јавните обвинители од различни држави членки да контактираат меѓусебно, директно или преку Liason (Контакт-врска) , за да тие успешно ги извршуваат своите задачи. Големиот јаз кој постои помеѓу можностите кои ги даваат бројните донесени конвенции и нивната примена во практиката, не треба да ги обесхрабри, туку треба да се превземе конкретна акција во која нема да постојат граници и во која ќе соработуваат специјализирани обвинители.

На крајот, Конференцијата заклучи дека во врска со меѓународната соработка во кривичната област, се појави потреба Обвинителите од висок-ранг да се состанат на ниво на Европа и нејзините различни региони.