|
12 - 16 Мај 2001 година, Букурешт (Романија)
“УСОГЛАСУВАЊЕ И СОРАБОТКА МЕЃУ ОБВИНИТЕЛИТЕ НА ЕВРОПСКО НИВО”
Втора Пан-Европска
Конференција на Јавните Обвинители на Европа организирана од Советот
на Европа во соработка со Јавниот Обвинител на Романија
З
А К Л У Ч О Ц И
Втората Пан-Европска
Конференција на Јавните Обвинители на Европа беше одржана во Букурешт,
од 12 до 16 Мај 2001 година, под покровителство на Советот на Европа
и Романија, со намера да се разгледаат посебно следниве цели:
- да се придонесе
во усогласувањето на принципите по кои се раководи обвинителската
функција и статут, посебно да се обезбеди исполнувањето на Препораката
(2000) 19;
- да се подобри меѓународната
сосаботка во областа на криминалот, како во поглед на ефикасноста,
така и во поглед на придржување кон човековите слободи и права и
други стандарди;
- да се организира
соработка помеѓу јавните обвинители на Европска ниво, со цел да
се постигнат горенаведените цели, и исто така да се обезеди хоризонтална
размена помеѓу нив.
Конференцијата беше
отвпрена од Претседателот на Романија, г-динот Јон Илиеску.
Програмата на Конференцијата,
како и листата на учесниците, се приложени кон овој документ. Процедурата
на Конференцијата ќе биде дополнително објавена.
Конференцијата, ја
прифати со благодарност поканата на г-ѓата Зденка Церар, Јавниот
Обвинител на Словенија, да се одржи следното заседание во нејзината
земја.
Повикувајќи се на
содржината на Препораката (2000) 19 на Комитетот на Министрите на
Советот на Европа до Државите-членки, за улогата на Јавното Обвинителство
во Системот на Казнена Правда, а посебно за поимот “јавно обвинување”
кој е разработен во неа, Конференцијата одлучи за следниве прашања:
I. РАМКА
Конференцијата го
повикува Комитетот на Министри на Советот на Европа, да организира
во рамки на оваа Организација, “Конференција на Јавните Обвинители
од Европа” кои ќе се залагаат за следниве идеи:
Конференцијата;
- би одржала собир
на Државните Јавни Обвинители, Регионалните Јавни Обвинители и Обвинителите
од поголемите подрачја;
- би промовирала поблиски
врски помеѓу обвинителските влсти во различните држави-членки, како
на општо ниво, така и во специфични области; ќе треба да се направат
напори да се промовира било поблиски територјални врски помеѓу главните
Европски региони или поблиски оперативни врски ( на пр. Собири на
обвинителите кои постапуваат пред Врховниот суд, собири на обвинители
кои се специјализирани во областа на економијата и финансиите итн.);
- на нејзина иницијатива
или на барање на Комитетот на Министри, би подготвила мослења кои
се однесуват на улогата и статусот на Јавното Обвинителство;
- би собрала информации
и составила предлози за подготовка и имплементација на активностите
на Советот на Европа кои се однесуваат на Јавното Обвинителство;
- би обезбедила Јавното
обвинителство да биде во состојба да ја одигра својата улога во
меѓународната соработка во областа на криминалот;
- би ги обезбедила
потребните врски помеѓу јавните обвинители специјализирани во доменот
на организираниот криминал и корупцијата;
- би обезбедила придржување
кон Препораката (2000) 19;
- би обезбедила соодветни
врски со ЕВРОПРАВДА и други тела на судска соработка;
- би ги поттикнувала
врските и размените помеѓу Врховните Совети на Јавното обвинителство
или тела еквивалентни на овие;
- би ја конституирале
рамката за востановување на предметно-ориентирани или регионално-базирани
работни групи.
Во врска со Препораката (2000) 19, Конференцијата:
- би се залагала Препораката
да биде широко прифатена
- би се залагала да
станат достапни практичните ефекти на Препораката и би ја подржала
имплементацијата во секоја држава-членка, со користење на соодветни
прашалници, ад хоц собири или взаемни проценки во врска со затекнати
проверки;
- би водела тековни
документирани информации преку систематско собирање на нови текстови
кои се однесуваат на Јавното Обвинителство на секоја држава (закони,
кодекси на однесување, прецедентно право итн) и би овозможила пристап
кон тие информации, како прв чекор кон востановување на изворна
база на податоци за Јавното Обвинителство во Европа;
- би дала предлози,
кои се насочени кон развивање на поставените цели од Преораката.
Во врска со меѓународната
соработка во областа на криминалот, Конференцијата смета дека една
неформална, но сепак реална структура како горенаведената треба
да биде востановена.
Координативното Биро
би можело да ги добие следниве извршни задачи:
- да организира пленарни
седници на Конференцијата;
- да ги организира
сотанувањата на заседанијата на Конференцијата;
- да ги обезбеди потребните
претпоставки за работење на Конференцијата
и нејзините делови;
- да се поврзе со
компетентни тела на Советот на Европа, посебно со Европскиот Комитет
за Криминални Проблеми, Европскиот Комитет за Правна Соработка и
Советодавниот Совет на Европски Судии.
Координативното Биро
би било составено од:
- еден член од Јавното
Обвинителство на државата која ја организирала последната Конференција;
- еден член од Јавното Обвинителство на државата која ќе ја организира
следната Конференција;
- два члена од Јавните Обвинителства определени од Конференцијата
за период од две години;
- два члена од Јавноте Обвинителства определени од Генералниот секретар
на Советот на Европа за период од две години.
Членството во Координативното Биро ќе ги почитува принципите за
геогрфска распределба и ротација
Подведувајќи ги на
одобрување предложените членови од Комитетот на Министрите на Советот
на Европа, Конференцијата ги назначува г-нот Вито Монети, Заменик
во Јавното Обвинителство во Касациониот Суд во Рим (Италија) и г-нот
Марк ван Ерв, Основен Јавен Обвинител во Националната Обвинителската
Организација во Ротердам (Холандија) како членови на Координативното
Биро за период од две години.
II. МЕЃУНАРОДНО ПРАВНА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА КРИМИНАЛОТ
Во врска со соработката
во областа на криминалот, Конференцијата смета дека една неформална
рамка би требало да биде востановена во рамки на Конференцијата
на Јавните Обвинители на Европа, која би била изготвена за:
- да ја подобри ефикасноста
во соработката во областа на криминалот, посебно во овозможување
активностите на различните тела кои се компетентни во секоја држава
да бидат координирани;
- да се подобрат стандардите
на соработка во смисла на владеење на правото;
- да се подобрат стандардите
на соработка во смисла на почитување на човековите права;
- ако и кога е потребно,
да асистира во координирање на обвинителски постапувања на Европско
ниво;
- да организира размена
на информаии и краток преглед на правни совети пред да бидат поднесени
барања;
- да организира размена
на информации по поднесување на барање, во очекување на неговото
извршување, за време на неговото извршување или по неговото извршување;
- да обезбеди соодветни
врски со ЕВРОПРАВДА и други тела на правна соработка;
- да ги идентификува
за секоја држава, местата за собирање и пренесување на информации
за транс-националниот криминал, препорачливо преку централното Јавно
Обвинителство;
- да востанови мрежа на места кои се во можност да ја обезбедат
постојната размена на информации и да организира периодични собири
со цел разгледување на активностите и динамиката на криминалните
групи;
- да даде приоритет
во оваа смисла, на брзината на размена на информации кои се корисни
за истрагите во секоја држава.
Рамката треба да опфаќа
три елементи и тоа:
- еден член од Јавното
Обвинителство на секоја држава - членка во Советот на Европа (или
алтернатива);
- мулти - јазично
поврзана група на обвинители;
- секретарјат обезбден
од Советот на Европа.
Може да востанови
и под-регионални групи.
Советот на Европа
треба да обезбеди понатамошна подршка на овие работи преку технички
кооперативни програми, како што се Октопод и Пако.
III. БАЗА НА ПОДАТОЦИ
Конференцијата определи
задачи на нејзиното Биро - да ги проучи начините и средствата за
востановување за краток период база на податоци кои ќе вклучат во
себе:
(а) споредбено
право
I.
информација за законодавствата што се однесуваат на јавното обвинителство
во различните земји;
II. информација за кодексите на етика и други правила со истата
цел, во различните држави
(б) процедурални
информации
I.
организација на јавното обвинителство во секоја држава
II. географска правна надлежност
III. улогата на јавното обвинилство во постапката.
|