|
Стразбург, 14 Мај 2002
Конференција на Генералните Обвинители од Европа 3 - та Сесија
З А К Л У Ч О Ц И
По иницијатива на Советот на Европа и следејќи ја поканата од Генералниот
Обвинител од Словенија, генералните одбвинители и другите обвинители
од Европа се состанаа во Љубљана од 12 до 14 Мај 2002 год.
На отворањето на Конференцијата , присутните ја слушнаа пораката
упатена до сите присутни од Председателот на Република Словенија
.
Програмата на Конференцијата , како и листата на учесниците ќе бидат
достапни во различни документи .Постапувањата на Конференцијата
ќе бидат објавени во разумен рок .
* * *
1. Конференцијата повторно ја потврди нејзината определба
во промовирање на идејата за приближување на обвинителите и обвинителските
служби од Европа , како и во хармонизација во областа на општите
вредности и водечките принципи, почитување на слободите на човекот
и следење во областа на делувањето во криминалната правда.
Тие се повикаа на
Препораката ( 2000 )19 донесена од Комитетот на Министрите на Советот
на Европа од нејзините земји членки , на Улогата на Јавното обвинителство
во Кривичниот правен систем во однос на почитување на текстот
на истата. Конфернцијата и секоја обвинителска служба имаат обврска
да овозможат Препораката да се дистрибуира, да се утврди дека истата
е земена во предвид во местата каде реформите се преземаат и исто
така да реагираат на секоја повреда на истата.
Конференцијата ја
превзеде обврската да ги проучи начините и средствата за формирање
на механизам за следење кој ќе биде во служба на имплементација
на Препораката во различни земји членки на Советот на Европа и да
ги оценува резултатите.
На оваа сесија , Конференцијата
ја превзеде обврската да ги потсетува соодветните инстанци на постоечките
упатства, на најпогоден начин и во случај на итност кога ќе се појави
проблем и потреба, во една или друга држава, во врска со имплементација
на одредени поединости од Препораката, да се заземе став за проблемот.
За тоа покасно ќе треба да се извести Конференцијата.
Тоа ја изразува желбата
дека начелата на Препораката можат исто така да ја инспирираат организацијата
во делување во сегашност и во иднина на меѓународно - правни поврзани
тела, вклучувајќи го Еуроџаст и меѓународните судови. Тоа ќе бидат
такви органи и судови, на кои јурисдикцијата ќе им се прошири во
сосема нови области, водејќи сметка за независноста и одговорноста
на лицата кои се дел од правниот систем. Врз основа на ова, исто
така поздравено е блиското влегување во сила на Статутот на Меѓународниот
Кривичен суд , за нов суд, на највисоко ниво - кој ќе обезбеди владеење
на правото и заштита на човековите права. Заради тоа, ги повика
Јавните обвинителства од различни земји да го имаат во предвид постоењето
на Статутот на Меѓународниот Кривичен суд, кое ја нагласи потребата
да се разгледаат можностите за тренинг програма.
2. Конференцијата постојано ја повторуваше поканата која
беше адресирана за нејзината сесија во Букурешт во 2001 год., до
Комитетот на Министрите на Советот на Европа, дека писмото формално
ја препознава Конференцијата како орган кој е на исто ниво со Консултативниот
совет на Европските судии, на која и се обезбедени средства потребни
за нејзиното постапување.
3. Што се однесува
до односот помеѓу јавните обвинителства и судиите, Конференцијата
повторно потврди дека тие односи се најважни во кривично правниот
систем, задачата за водење на обвинителствата и дека Јавното обвинителство
е директен коресподент со судот во постапката, но исто така во поширока
смисла, во управувањето со криминалната правда.
Конференцијата инсистираше
на фактот дека дополнувањето на мисијата од судии и обвинители,
како и дека во општите правила создаваат слични барања, во поединости
за условите за квалификација и етика, а исто така бараат правила
и професионална заштита од иста природа во врска со состаноците,
промоциите и кариерата, а исто така и за платите, пензиите и пензиските
права.
Но, Конференцијата
забележа дека не смее да има конфузија во врска со улогата на судиите
и обвинителите. Таквите разлики, како и почитувањето на независноста
на истите и функциите во процедурата на различните страни мора да
биде утврдена. Специфичноста на мисијата на обвинителите е причина
за нив да имаат различен режим од оној на судиите во врска со дисциплината
и хиеархиската организација.
Накрај, Конференцијата
нагласи дека Советот на Европа организира средба за членовите на
Јавните обвинителства во Врховниот суд и во Касациониот Суд, заради
специфичните проблеми со кои тие сега се соочуваат.
4. Потсетувајќи
се дека автономијата на обвинителите - и нивната евентуална независност
- ќе биде нужно да се придодадат на системот на одговорност базиран
на строга индивидуална етика, Конференцијата забележа со интерес
дека многу обвинителства веќе имаат усвоено, или се во процес на
усвојување на Кодексот за етика. Со цел да се охрабри тој приод,
Конференцијата ја фаворизираше генерализацијата во употреба на овие
инструменти и си презеде обврска да подготви нацрт план за етика,
за заинтересираните јавни обвинители во Европа.
5. Се нагласи
потребата која се однесува на зајакнување на меѓународната соработка
и големата улога која јавното обвинителство треба да ја има согласно
со чл.37 до39 од споменатата Препорака, како и нејзините сопствени
заклучоци од Стразбург и Букурешт, Конференцијата ја забележа со
голем интерес поканата за Нов почеток направен од Советот
на Европа - Рефлектион Групата за унапредување на меѓународната
соработка во кривичната област.
Тоа го охрабри Советот
на Европа да обезбеди практично следење на овие предлози. Се забележа
дека целта да се формира Европска област каде ќе постои поделена
правда мора да биде базирана на општо утврдената интернационална
правда во Европа, кое ќе обезбеди единство во целите и принципите.
Потоа се забележи дека во таа област ќе има легални правила, кои
ќе го претставуваат правото, неговите цели, водечките принципи и
границите на интернационалната правда, како прв чекор во реализирање
на идејата за формирање на Европска област со поделена правда.
Конфернцијата го изрази
својот интерес да земе улога во реализирање на оваа задача.
Уште повеќе, Конференцијата
одлучи што е можно побргу да го отпочне процесот на зајакнување
на соработката помеѓу јавно обвинителските служби во Европа, со
создавање на мрежа на национални лица за контакт на ниво
на земјите членки на Советот на Европа. Тие ќе треба да работат
без предрасуди да имаат улога кај националните централни власти
од каде што доаѓаат. Исто така, треба да се обезбеди нивна координација
со легалната мрежа на Европската Унија.
Со цел тоа да се оствари,
Конференцијата ја превзеде обврската да поднесе предлози до Комитетот
на Министрите, преку соодветните инстанци, исто така се обврза дека
ќе воспостави контакти со Еуроџаст кои ќе помогнат во можноста за
склучување на договор за соработка, како што е утврдено во Членот
27.3 на оснивачкиот документ на Еуроџаст.
6. Изразувајќи
ја уште еднаш преокупацијата дека меѓународниот организиран криминал,
корупцијата и сите нејзини форми како и економскиот и финансискиот
криминал сериозно ја загрозуваат демократијата, Конференцијата го
даде својот глас за подршка на обвинителите, судиите, судовите и
полицијата кои се специјализирани во овие области.
Земјите, кои немаат
такви специјализирани структури да создадат можности за создавање
на истите, да ги опремат со средства кои им се потребни за извршување
на нивните задачи и да им овозможат размена на информации и евентуално
координација во делувањето.
Тоа ја изразува потребата компетентните национални власти:
- целосно да ги користат
прописите од областа на комуникациите и размена на информации
од судските извештаи, кои се содржани во Европската Конвенција
за меѓусебна помош во Кривичната област и нејзиниот Протокол;
- целосно да ги користат
прописите во областа на пренос на информации, кои се содржани
во 2-от Протокол од Европската Конвенција за меѓусебна помош во
Кривичната Област.
7. Конференцијата
ќе направи напори да создаде база на податоци за јавните обвинителства
во Европа. Советот на Европа ќе обезбеди ова лесно да се спроведе
и јавните обвинителства да го прифатат.
8. Конференцијата со благодарност ја прифати поканата од
Генералниот Обвинител на Словачката Република за следната сесија
која ќе се одржи во Братислава од 1 до 3 Јуни 2003 година.
|