 |
СООПШТЕНИЕ
Извештај за трговија
со луѓе, издаден од канцеларијата за следење и сузбивање на трговијата
со луѓе 5 Јуни 2002 година
СТЕЈТ
ДЕПАРТМЕНТ НА САД
Втор годишен извештај
до Конгресот за статусот на тешките форми за трговија со луѓе, во
целиот свет за периодот од Април 2001 до Март 2002 година.
Во Одделот 1 влегуваат
Владите на државите кои целосно ги исполнуваат стандардите со минимум
правна основа. Ваквите Влади го криминализираат и успешно ја обвинуваат
трговијата со луѓе, и имаат обезбедено широк спектар на заштитни
сервиси за жртвите. Жртвите не се притвораат или било како казнуваат
како резултат на тоа што биле вклучени во ваков вид на трговија
и не се депортираат во земјите каде би се соочиле со тешкотии како
резултат на таквата трговија на која биле подложени. Како придонес
овие влади спонзорираат или координираат превентивни кампањи заради
спречување на трговијата со луѓе.
Во овие земји се вбројуваат
Австрија, Белгија, Канада, Колумбија, Република Чешка, Франција,
Германија, Хонг-Конг, Италија, Литванија, Македонија, Холандија,
Полска, Португалија, Република Кореа, Шпанија, Швајцарија, Велика
Британија.
МАКЕДОНИЈА (Оддел 1)
Македонија е транзитна земја и дестинација во основа за трговија
на жени и деца заради проституција од поранешниот Советски Сојуз
и Источна Европа, посебно Украина, Молдавија, Романија и Бугарија.
Некои од жртвите остануваат и во Македонија, додека другите се пренесуваат
во Албанија, Косово или Италија.
Владата на Република
Македонија целосно се снаоѓа со минимум стандарди за елиминација
на трговијата, вклучително прави сериозни напори да ги елиминира
потешките форми на трговијата со луѓе со почит на правната принуда,
заштитата на жртвите и превенција на ваквата трговија. Македонија
усвои нов закон во 2002 година, кој ја криминализира ваквата трговија
и акциите поврзани со тоа, како што се уништување на документите
за идентификација. Уште од донесувањето на новиот закон, Македонија
веќе има бројка на притварања, вклучувајќи и на организаторите на
овие трафикански кругови. Најпрво пред донесувањето на новиот закон,
Македонија обвини осомничени трафиканти под законските одредби за
силување и грабнување. Повекето од овие случаи резултираа со осуди.
За да ги заштити жртвите владиното прифатилиште нуди медицинска
и психолошка помош на жртвите. Прифатилиштето им помогна на многу
жртви од ваквата трговија. Односот на полицијата кон жртвите од
ваквата трговија е веке подобрен изминативе години. Жртвите се охрабруваат
да обезбедат информации за кривичните обвиненија и теоретски помагаат
во постапките против трафикантите, а во последно време и во практиката.
Жртвите можеби нема да добијат привремен резидентен статус во Македонија
но владата го олесни нивното враќање како би можеле да сведочат
против трафикантите. За превенција на трговијата со луѓе, локалните
владини претставници работеа со владата и со регионалните организации
со кампањи да ја развијат и изградат свеста. Владините програми
промовираа и учество на жените во економијата, донесувањето на одлуки
и подобар квалитет на образованието. Министерството за труд и социјална
политика спонзорира мала програма за превенција. Но иако владата
активно ги надгледува границите, големи делови остануваат непокриени,
и слабото имиграционо законодавство прави потешкоти за пограничната
полиција да дозволи влез за осомничените жртви.
|