 |
СТРУКТУРА
И ОРГАНИЗАЦИЈА
Јавното обвинителство
на Македонија е организирано врз основа на принципите на хиерахија
и субординација. Согласно Законот за Јавното Обвинителство Јавното
обвинителство се организира на три нивоа и тоа:
- Јавно обвинителство
на Република Македонија (Јавен обвинител и негови заменици - 10)
кои постапуваат во постапка по вонредни правни лекови пред Врховниот
суд на Република Македонија. Во рамките на Јавното обвинителство
на Република Македонија постојат 3 одделенија: Граѓанско, Кривично
и Одделение за меѓународна соработка;
- Виши јавни обвинителства
во Скопје, Штип и Битола кои постапуваат во постапка по жалба
пред соодветните Апелациони судови во Скопје, Штип и Битола;
- Основни јавни обвинителства
22 на број кои постапуваат во постапка од прв степен пред соодветните
Основни судови во Република Македонија.
(графичкиот
приказ)
Виши
јавни обвинителства во Скопје, Штип и Битола
|