ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА Р. МАКЕДОНИЈА
Ам. бр.27/2002
Скопје, 18.07.2002 година

С О О П Ш Т Е Н И Е


Јавното обвинителство на Македонија ја известува јавноста дека во втората половина на Јуни и првата половина на Јули 2002 година, поднесе Барање за спроведување истрага и предложи притвор против повеќе лица за сторени кривични дела Фалсификување на пари од член 268 од Кривичниот Законик.

Кривична постапка досега е покрената против 13 лица во повеке градови во Република Македонија и тоа во Струмица, Гевгелија, Велес, Крива Паланка, Кавадарци и Скопје поради тоа што лажни пари ЕУРО и Американски долари, за кои што иако знаеле дека се лажни ги пуштиле во оптек како вистинити, на тој начин што лажните пари ги продавале или со нив вршеле плаќања за купување стоки. Од досега собраните податоци во текот на истражните постапки е утврдено дека се пуштени во оптек банкноти од неколку илјади ЕУРО во апоени од по 100 и 50 ЕУРО и Американски долари во апоени од по 100 долари.

Со оглед на тоа дека се работи за исклучително штетна и опасна појава, Јавното обвинителство на Македонија во соработка со Министерството за внатрешни работи и СЕКИ регионалниот Центар за сузбивање на прекуграничниот криминал во Југоисточна Европа од Букурешт, во активностите во кои Република Македонија е координатор на регионалната операција, превзема мерки за откривање на сторителите, потеклото на лажните банкноти и откривање на организаторите и растурачите на лажните пари.

Јавното обвинителство на Република Македонија, тргнувајки од општиот интерес и интересот на граѓаните и правните лица, истите да не бидат жртви и оштетени од ваквиот организиран крминал, апелира купувањето и продажбата на ЕУРО, Американски долари или други парични единици да се врши само преку овластените банки, менувачници или други овластени организации.

Со оглед на обемот на појавата на правење лажни пари надвор од Република Македонија, набавување и употреба на фалсификувани ЕУРО и Американски долари, Јавното обвинителство на Македонија иницира поширока мегународна соработка со надлежни служби од меѓународен карактер заради координирање на активностите со полициите и други надлежни органи од поширокиот регион во сузбивање на овој тежок организиран криминал.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА