ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

 КРИВИЧНО ОДДЕЛЕНИЕ

 УПРАВНО ОДДЕЛЕНИЕ

 ГРАЃАНСКО ОДДЕЛЕНИЕ

 ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

КРИВИЧНО ОДДЕЛЕНИЕ

СОСТАВ:
пет заменици на јавниот обвинител на Република Македонија и еден соработник во Јавното обвинителство на Република Македонија.

НАДЛЕЖНОСТИ:

- Изјаснување по поднесените иницијативи од овластените странки во кривичната постапка за поднесување на барања за заштитата на законитоста, вонреден правен лек кој согласно член 403 од Законот за кривична постапка го поднесува исклучително Јавниот обвинител на Република Македонија до Врховниот суд на Република Македонија , поради утврдени повреди во материјалниот закон или постапката против правосилна судска одлука. Воколку Јавниот Обвинител на РМ утврди постоење на повреда од наведениот карактер поднесува до надлежниот суд Барање за заштита на законитоста и истото го застапува на седниците на Врховниот суд на РМ.

- Изјаснување по поднесените иницијативи од овластените странки во прекршочната постапка за поднесување на барања за заштита на законитоста, вонреден правен лек кој согласно член 75 од Законот за прекршоци го поднесува исклучително Јавниот обвинител на Република Македонија до Врховниот суд на Република Македонија , поради утврдени повреди во материјалниот закон или постапката против правосилна судска одлука. Воколку Јавниот Обвинител на РМ утврди постоење на повреда од наведениот карактер поднесува до надлежниот суд Барање за заштита на законитоста и истото го застапува на седниците на Врховниот суд на РМ.

- Изјаснување по поднесените барања за вонредно ублажување на казната, вонреден правен лек кој овластените странки во кривичната постапка го поднесуваат кога по правосилноста на пресудата ќе се јават околности кои ги немало кога се изрекувала пресудата или судот за нив не знаел иако постоеле, а тие очигледно би довеле до поблага казна. Согласно член 401 од Законот за кривична постапка ако постапката се водела по барање на јавниот обвинител, Врховниот суд на Република Македонија пред да донесе решение ќе побара мислење од Јавниот Обвинител на Република Македонија.

- Изјаснување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, вонредно правно средство кое осудениот на казна затвор или малолетнички затвор може да го поднесе поради одредени повреди на законот или постапката со правосилната пресуда.