 |
СОВЕТ
НА ЕВРОПА
КОМИТЕТ НА МИНИСТРИ
ПРЕПОРАКА
Бр. Р (85) 11
НА КОМИТЕТОТ НА МИНИСТРИТЕ ДО ДРЖАВИТЕ ЧЛЕНКИ
ЗА ПОЛОЖБАТА НА ЖРТВАТА
ВО РАМКИ НА КРИВИЧНОТО ПРАВО И КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА
(Прифатена
од Комитетот на Министрите на 28 Јуни 1985 година на 387 средба
на Замениците на Министрите)
Комитетот на министрите, под условите предвидени во член 15.б од
Статутот на Советот на Европа,
Имајќи во предвид дека целите на системот на криминалната правда,
традиционално биле изразувани низ термините кои првенствено се однесуваат
на односот помеѓу државата и обвинетиот;
Имајќи во предвид дека консеквентно на ова, делувањето на овој систем
понекогаш имало тенденција да ги зголеми отколку да ги намали проблемите
на жртвата;
Имајќи во предвид дека основна функција на криминалната правда мора
да биде да ги задоволи потребите и зачува интересите на жртвата;
Имајќи во предвид дека исто така е важно да се подигне довербата
на жртвата во рамки на криминалната правда и да се охрабри на кооперација,
особена во нејзината способност како сведок;
Имајќи во предвид дека за овие цели е потребно да се има повеќе
обзир во системот на криминалната правда за физичките, психолошките,
матерјалните и социјалните загуби кои ги претрпела жртвата, и да
се има во предвид кои чекори се пожелни за да се задоволат потребите
во овој поглед;
Имајќи во предвид дека мерките кои се преземаат за оваа цел не мора
нужно да се во конфликт со другите цели на кривичното право и кривичната
постапка како што се зајакнување на социјалните норми и рехабилитација
на обвинетите, но можат всушност да придонесат во нивното остварување
и евентуалното помирување помеѓу жртвата и обвинетиот;
Имајќи во предвид дека потребите на жртвата треба да се земат во
обзир на повисок степен, во сите фази во процесот на криминалната
правда;
Почитувајќи ја Европската Конвенција за Компензација на Жртвата
во Насилните Кривични Дела,
I. Ги советува владите на државите членки да го преиспитаат
нивното законодавство и пракса во согласност со следниве принципи:
А. На ниво на полицијата
1. Полициските службени лица треба да бидат обучени да се однесуваат
кон жртвата со сочуство, со конструктивен и уверувачки однос:
2. Полицијата треба да ја информира жртвата за можностите за добивање
помош, практични и правни совети, компензација од обвинетиот и компензација
од државата;
3. Жртвата треба да биде информирана за исходот на полициската истрага;
4. Во сите извештаи до органите на судскиот прогон, полицијата треба
да даде што појасна и покомплетна изјава за повредите и загубите
кои ги претрпела жртвата;
Б. Во рамки на
судскиот прогон
5. Дискреционата одлука
дали да се гони злосторникот не треба да се донесе без да се земе
во предвид прашањето за компензација на жртвата, вклучувајќи го секој
сериозен напор направен во таа насока од страна на злосторникот.
6. Жртвата треба да биде информирана за конечната одлука која се однесува
на гонењето, освен ако укаже дека дека не сака да ја добие оваа информација;
7. Жртвата треба да има право да бара преиспитување од компетентни
органи на одлуката за кривично гонење, или право да отвори судска
постапка по приватна тужба;
В. Сослушување на
жртвата
8. Во сите фази на постапката, жртвата треба да биде сослушана на
начин што ќе се има во предвид личната ситуација, нејзините права
и достоинството. Кога е тоа можно и својствено, децата и ментално
болните или хендикепираните трба да бидат сослушувани во присуство
на нивните родители, старатели или други лица квалификувани да присуствуваат;
Г. Судски постапки
9. Жртвата треба да биде информирана за
- времето и местото
на сослушувањето кое се однесува на кривичното дело кое и предизвикало
загуби;
- нејзините можности
за добивање реституција или компезација во рамки на процесот на
криминална правда, правна помош и совети;
- можноста да го
дознае исходот на случајот;
10. Треба да биде можно кривичниот суд да нареди компензација од обвинетиот
до жртвата. За таа цел, треба да бидат отсранети постоечките ограничувања,
рестрикции или техничките пречки кои оневозможуваат таквата можност
да биде генерално реализарана;
11. Законодавството
треба да обезбеди компензацијата да може да се состои во кривична
санкција спрема обвинетиот, или замена за кривична санкција или
жртвата да биде наградена како дополнување на кривична санкција;
12. Сите релевантни
информации кои се однесуваат на повредите и загубите на жртвата
треба да бидат достапни на судот за да може при одлучување за видот
и висината на кривична санкција да ги има во предвид:
- потребите на жртвата за компензација;
- секоја компензација или реституција направена од обвинетиот или
секој вистински напор на обвинетиот насочен кон таа цел;
13. Во случаи каде можностите отворени за судот вклучуваат прицврстување
на финански услови за одлучување во поглед на одлагање на казната,
за времето на испитување(пробација) или друга мерка, голема важност
треба да се даде-помеѓу овие услови-на компензација на жртвата од
страна на обвинетиот;
Д. Во фазата на кривично гонење
14. Ако компензацијата се состои во кривична санкција, таа треба
да се оствари на ист начин како и казните -глоби и да се даде приоритет
во однос на другите финански санкции одредени на обвинетиот. Во
сите други случаи, на жртвата треба да и се помогне да собере
пари колку што е можно повеќе;
Ѓ. Заштита на приватноста
15. Информациите и политиката на јавни односи во релација со истрагата
и судењето на обвинетите треба да ја имаат во предвид потребата
за заштита на жртвата од било каков публицитет кој премногу ќе се
одразат на нејзиниот приватен живот и дигнитет. Ако карактерот на
кривичното дело, поединечниот статус, личната ситуација или сигурност
на жртвата нужно бараат посебна заштита, тогаш или судњето пред
донесување на пресудата треба да се држи пред камера или пред јавноста,
или објавувањето на лични информации треба да биде ограничено до
оној степен кој е неопходен;
Е. Специјална заштита
на жртвата
16. Кога ќе се јави како неопходно, и особено кога постои организиран
криминал, на жртвата и нејзиното семејство треба да и се даде ефикасна
заштита против заплашувањата и ризикот ко доаѓаат од страна на обвинетиот;
II. Препораки
до владите на државите членки:
1. Да ги испитаат можните предности на посредувањето и плановите
за помирување;
2. Да ги промовираат и поттикнуваат истражувањата за успешноста
од прописите кои се однесуваат на жртвата.
|