|
Врз основа на чл.18 ст.1 и чл.85 ст.1 од Законот за Јавното обвинителство (Сл.весник на РМ бр. 38/04), Јавниот обвинител на Република Македонија, на 06.08.2004 година, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВНАТРЕШНО РАБОТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Правилник се уредува внатрешната организација и начинот на работење на јавните обвинителства, организационите единици во Јавното обвинителство, составот и делокругот на Стручниот колегиум, постапу- вањето на јавните обвинители и заменици јавни обвинители пред надлеж- ните судови, водењето на уписниците и помошните книги, постапување со списите, водење на статистика и евиденција, како и други прашања во врска со внатрешното работење на Јавното обвинителство.
Член 2
Со внатрешното работење на јавните обвинителства се обезбедува законито, навремено и ефикасно вршење на функцијата на Јавното обвинителство како единствен и самостоен државен орган.
Член 3
Јавниот обвинител или овластен заменик јавен обвинител ја обезбеду- ва примената на Правилникот.
Јавниот обвинител и Замениците јавни обвинители, државните службеници и другите вработени во Јавното обвинителство, во рамките на својот делокруг, непосредно го применуваат Правилникот.
Член 4
Заради остварување на поголема јавност во работата, Јавното обвини телство преку печатот и другите средства за информирање ја известува јавноста за состојбата на криминалитетот иза другите прашања од општо значење забележани во неговата работа, а може да ја информира јавноc та и за одделени случаи по кои постапува.
Член 5
Претставниците на печатот, радиото и телевизијата, како и на други средства за јавно информирање, за работата на Јавното обвинителство ги информира јавниот обвинител или заменик јавен обвинител, што тој ќе го овласти, водејќи сметка со тоа да не се наруши угледот, честа и достоин- ството на личноста и ако тоа не е на штета на Јавното обвинителство како единствен и самостоен државен орган.
Во Јавното обвинителство на Република Македонија може да се фор- мира Служба за односи со јавноста.
КОМУНИЦИРАЊЕ И СОРАБОТКА МЕЃУ ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА И ДРУГИ ОРГАНИ
Член 6
Јавните обвинителства остваруваат меѓусебна соработка на стручен план преку давање правна помош, стручна консултација и други облици на комуникација.
Со јавните обвинителства и другите органи, комуницира јавниот обви-нител или од него овластен заменик јавен обвинител .
Во постапката по одделни предмети, заменикотјавен обвинител што ра-боти по предметот непосредно комуницира со судовите и другите органи, а државните службеници и другите вработени, ако се посебно овластени.
Член 7
Јавните обвинителства за прашања од значење за остварувањето на нивната функција, како и за прашања од заеднички интерес, соработуваат со органите на откривање на кривични и други казниви дела и нивните сторители, судовите, другите органи и други правни лица.
Соработката со судовите и другите органи се остварува преку заед- нички семинари, консултативни состаноци, советувања, едукативни про-грами и друго.
Член 8
Јавните обвинителства повремено одржуваат советувања и консулта тивни состаноци по примена на законите и други прашања од значење за остварување на јавно обвинителската функција.
Советувањата се организираат, по потреба, во организација на Јавното обвинителство на Република Македонија.
Работни и стручни советувања можат да организираат и вишите јавни обви- нителства за потребните на основните јавни обвинителства од своето подрачје.
На советувањата, работните и стручни средби можат да учествуваат јавните обвинители, замениците јавни обвинители, а во одредени случаи и други лица определени од јавните обвинители.
ОРГАНИЗАЦИОНИ ЕДИНИЦИ
Член 9
Во Јавните обвинителства може да се образуваат основни организациони единици во облик на сек т ор, одделенија и отсеци.
Образувањето на основните организациони единици ќе зависи од големината односно бројот и обемот на предмети, бројот на замениците во јавните обвинителства и конкретните оцени и потреби за обезбедување успешно извршување на јавно обвинителската функција.
Член 10
Во Јавните обвинителства со поголем обем на истородни предмети, заради подобра ефикасност и специјализација во работењето, може да се формираат одделенија и отсеци како внатрешни организациони единици.
Член 11
Кривичното одделение ја остварува функцијата на постапување на јавниот обвинител во го н ењето на сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и вложување на правни средства, заради заштита на уставноста и законитоста.
Член 12
Граѓанско - управното одделение ја остварува функцијата на постапу- вање на јавниот обвинител за заштита на законитоста во парничната, вон- процесната, извршната и управната постапка, како и преземаат други дејствија за кои Јавниот обвинител е овластен со закон.
Член 13
Во Јавното обвинителство на Република Македонија се основа Одделе- ние за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата.
Одделението ќе постапува за кривични дела за кои гонењето се презе- ма по службена должност, извршени од организирана група од најмалку 3 лица, која дејствува одреден период, со цел да оствари непосредна или по- средна финансиска корист или друг вид материјална корист и која ќе извр ши едно или повеќе кривични дела, како и за други кривични дела за кои
со закон е пропишана казна затвор во траење од најмалку четири години. Јавниот обвинител на Република Македонија одл у чува за составот на Одделението и донесува акти со конкретни упатства за неговата органи-зација, согласно овој Правилник.
Член 14
Одделението за меѓународна соработка се образува во Јавното обви- нителство на Република Македонија и функцијата ја остварува преку соработка и контакти со јавни обвинителства и други органи од други држави, со меѓународни органи и институции, а преку соработка на стру чен план и за прашања од заеднички интерес.
Член 15
Одделението за општи работи обезбедува услови за остварување на Јавно обвинителската функција преку организација на работењето, уреди- вањето на статусните и други прашања на државните службеници и другите вработени, обезбедување услови за работа, евиденција и статис тика, информирањето, обезбедување на стручна литература во библиотека, дактилографски работи и други работи што во вршењето на функцијата не спаѓаат во другите одделенија.
Член16
Во Јавното обвинителство на Република Македонија се образува Одде-ление за буџет, финансирање и сметководство во кое се изготвува единст- вена буџетска пресметка врз основа на пресметките доставени од основ- ните, вишите и Јавното обвинителство на Република Македонија, се врши распределба на сретствата одобрени со Буџетот на Република Македонија по обвнителства врз основа на мерила и критериуми и се обезбедува финансиското и материјалното работење на Јавното обвинителство.
Член17
Со работата на одделенијата раководи јавен обвинител или заменик јавен обвинител определен според Годишниот распоред за работа на Јавното обвинителство на Република Македонија.
Заменикот јавен обвинител што раководи со соодветното одделение ја организира работата, ги распоредува работите и задачите, одговара за навремено и квалитетно вршење на работите и врши дрги работи и задачи што ќе му ги довери јавниот обвинител.
Член18
Со Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, раководи Јавниот обвинител на
Република Македонија или од него одреден раководител од редот на
членовите на одделението, кое што е непосредно одговорен пред Јавниот
обвинител на Република Македонија.
Член 19
Јавниот обвинител на Република Македонија може да образува постојани и повремени комисии за изготвување на внатрешни ак т и, информации, ана- лизи, како и за извршување на други работи и задачи од значење за работата и функционирањето на Јавното обвинителство на Република Македонија.
СТРУЧЕН КОЛЕГИУМ
Член 20
Стручниот Колегиум (во понатамошниот текст колегиумот), како посто-јано стручно и советодавно тело во остварување на функцијата на јавниот обвинител, се формира во јавните обвинителства со повеќе од три заме ници јавни обвинтели.
Колегиумот го сочинуваат јавниот обвинител и неговите заменици.
Колегиумот работи на седница.
Член 21
Колегиумот за да може полноважно да расправа и да дава мислења по
одредени прашања потребно е да бидат присутни повеќе од половината
од вкупниот број на заменици јавни обвинители.
Член 22
Колегиумот расправа и дава предлози, мислења, забелешки и сугестии на јавниот обвинител за:
- програмата за работа, Годишниот план за работа и Распоредот на раб-
отата на замениците јавни обвинители;
- по конкретни правни прашања што се наметнале во текот на
работењето, мислења по нацрт или предлог на закон или друг пропис;
план и метод за прегледот на работата на јавните обвинителства;
за учество на советувања о Д посебно значење за остварување на
јавно обвинителската функција;
начелни ставови по прашања за единствена примена на законите и
другите прописи;
политиката на гонење и казнување;
заштитата на уставноста и законитоста;
прашањата од проучувањето на општествените појави од интерес за
остварување на функцијата на јавниот обвинител;
- предмети по кои Јавното обвинителство поведува постапка пред
Уставниот суд на Република Македонија;
организациони и други прашања во остварување на јавно обвинител-
ската функција;
остварување на меѓународната соработка со слични институции во
други земји;
врши и други работи утврдени со закон.
Член 23
Јавното обвинителство на Република Македонија по потреба одржува Стручен колегиум во проширен состав со вишите јавни обвинители.
На колегиумите во проширен состав се разгледуваат стручни, како и прашања од значење за единствена примена на законите и единствена политика на кривичното гонење и други прашања од работата на јавните обвинителства.
Член 24
Колегиумот го свикува и со него раководи јавниот обвинител.
Иницијативата за свикување на колегиумот може да ја даде и заменик јавен обвинител.
Во отсуство на јавниот обвинител со Колегиумот раководи заменикот што тој ќе го одреди.
За работата на колегиумот се води записник во кој се внесува распра-вата и ставот по изнесеното прашање.
Записникот го води лице кое ќе го одреди јавниот обвинител.
Член 25
На седницата на Колегиумот на повисокото јавно обвинителство може да присуствуваат и одделни јавни обвинители од пониските јавни обвини-телства, доколку се расправа за прашања сврзани за остварување на нив- ната јавно обвинителска функција.
Кога колегиумот расправа за стручни прашања на седницата, може да присуствуваат раководните и стручните државни службеници.
Член 26
Замениците јавни обвинители присутни на седницата на Колегиумот го изнесуваат своето мислење по прашањето по кое се расправа.
Предлозите, мислењата, забелешките и сугестиите на Колегиумот ќе се сме- таат за усвоени ако се прифатени од мнозинството од присутните на седницата.
Мислењето ќе се применува ако го прифати јавниот обвинител, а ако не го прифати тогаш јавниот обвинител ќе даде упатство како да се постапува по конкретно прашање кое било предмет на расправа.
РЕФЕРИРАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
Член 27
По барање на јавниот обвинител, заменикот јавен обвинител - обрабо- тувач на предметот е должен да реферира одреден предмет или кривично правен настан.
Реферирањето на предмет или кривично правен настан, пред јавниот обвинител, може да се изврши и по сопствена иницијатива на заменикот - обработувач на предметот.
Член 28
Пониските јавни обвинителства, по своја иницијатива или на барање на повисокиот јавен обвинител, должни се да реферираат одреден пред мет или кривично правен настан, заради донесување на правилна јавно обвинителска одлука.
Предметот или кривично правниот настан го реферира заменикот јавен обвинител - обработувач на предмет пред повисокиот јавен обвинител во присуство на јавниот обвинител на соодветното пониско обвинителство.
При реферирањето задолжително се води записник од страна на лице одредено од јавниот обвинител.
Завземениот став и мислење, по реферирањето, е задолжителен за пониското јавно обвинителство.
ПОСТАПУВАЊЕ ПРЕД НАДЛЕЖНИТЕ СУДОВИ
Член 29
Јавните обвинители и замениците јавни обвинители, на закажаните главни претреси, јавни седници, истражните дејствија и другите дејствија што се превземаат по барање на јавниот обвинител, должни се редовно и навремено да обезбедат свое учество пред надлежните судови.
Јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител, за постапу- вањето пред судот за одредени случаи составува службена белешка.
Член 30
Јавните обвинители и замениците јавни обвинители се должни на главниот претрес и на седници на судот да носат посебна облека - тога со која се издвојуваат од другите учесници.
Член 31
Јавните обвинители и замениците јавни обвинители ја носат тогата преку својата облека.
Јавните обвинители и заменици јавни обвинители се должни со нужно внимание да ја чуваат тогата и да се грижат за нејзиниот изглед и одржување.
Тогата се чува во просториите на Јавното обвинителство.
Член 32
Изгледот и условите под кои се носи тогата ќе се уредат со Правилник донесен од Министерот за правда.
ПОСТАПУВАЊЕ СО ПИСМЕНА УПАТЕНИ ДО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Член 33
За работи и задачи од својата надлежност и за превземање дејствија за кои е овластено, Јавното обвинителство прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани, државни органи и други правни лица.
Примањето на писмената од ст. 1 на овој член се врши во приемната канцеларија од овластен државен службеник или друг вработен или пак по елек т ронски пат.
Член 34
Писмената се примаат во текот на работното време.
Овластениот државен службеник или друг вработен за прием на писме- на, кој од оправдани причини ќе ја прекине работата, ќе обезбеди соод- ветна замена.
Вон работното време, како и во деновите кога Јавното обвинителство
не работи, се примаат само телеграми, факсови, електронска пошта и
други писма од итна природа.
Член 35
Овластениот државен службеник или друг вработен задолжен за прием на писмената непосредно од странките не може да го одбие приемот на писмената, упатени до Јавното обвинителство.
Ако списот содржи формални недостатоци (на пример ги нема прило- зите наведени во текстот, не е означена адресата на странката), државниот службеник или друг вработен ќе укаже на тоа и ќе побара недоста тоците да се отстранат.
Ако странката и покрај укажувањето бара писменото да биде примено,
државниот службеник или друг вработен ќе го прими и укажувањето ќе го
забележи на писменото.
Член 36
Државниот службеник или друг вработен определен за прием, го потвр- дува приемот на поднесокот со втиснување на приемен штембил на копи ето од писменото.
Член 37
Приемот на писмената од државните органи и другите правни лица, се потврдува со ставање на датум и читлив потпис и печат во доставната книга, на доставницата, на повратницата или на копието од писменото, ако тоа е приложено.
Член 38
Приемот на писмената, упатени до Јавното обвинителство преку пошта и преземањето на поштата од поштенските прегради и електронската пошта, го врши овластениот државен службеник или друг вработен.
Ако пратката со означена вредност или препорачаната пратка е оштетена, овластениот државен службеник или друг вработен ќе го одбие приемот и ќе бара од поштата нејзината состојба и содржина да се утврди комисиски, а потоа претката заедно со записникот ќе ја прими.
Член 39
Обичната пошта примена во затворен плик ја отвара овластен државен службеник или друг вработен за прием.
Поштата означена како доверлива, строго доверлива, државна тајна и
таа што е упатена лично до јавниот обвинител, ја отвара јавниот обвини-
тел или од него овластен заменик јавен обвинител.
Член 40
При отварањето на поштата се постапува внимателно, да не се оштетат списите и се проверува дали броевите запишани на пликот одговараат на броевите запишани на писменото.
Кон примените списи се приложува и пликот во случаите кога датумот на предавањето на поштата е од значење за сметање на роковите или кога од списот не може да се утврди местото на испраќањето и името на испраќачот, а тоа е запишано на пликот.
Кога со писменото е примена и доставница, на неа се потврдува приемот со потпис, датум и службен печат, а веднаш потоа се враќа на испраќачот.
Член 41
Примените писмена, како непосредно и преку пошта, овластениот др- жавен службеник или друг вработен за прием, по отварањето на истите, ги предава на јавниот обвинител или од него овластен заменик јавен обвнител.
По враќањето на писмената од јавниот обвинител, овластениот др- жавен службеник или друг вработен ги распоредува по одделенија, рако- водејќи се од ознаката што јавниот обвинител ја ставил на писменото.
ОФОРМУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ И ПОСТАПУВАЊЕ СО ОФОРМЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ
Член 42
За работи и задачи од својата надлежност и за превземање на дејстви- ја за кои е овластено Јавното обвинителство, врз основа на примените пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани, државни органи и други правни лица, се оформува предмет.
Предмет се оформува и по иницијатива на јавниот обвинител, врз осно- ва на допрен глас или дознавање за сторено кривично дело кое се гони по службена должност.
Член 43
Овластениот државен службеник или друг вработен ги распоредува примените поднесоци на државните службеници или други вработени определени за вршење на соодветни работи и задачи во писарницата.
Примените и распоредени поднесоци, со кои се образува нов предмет, се заведуваат во соодветни уписници под датум на приемот и се регистри- раат во определени именици.
Ако поради бројноста на приемните поднесоци или од други оправдани причини не може да бидат заведени истиот ден кога се примени, ќе се заведат најдоцна наредниот ден пред заведување на новата пошта, а под датумот кога се примени.
Член 44
Добиените податоци од поднесените писмена, како и предметите кои се во постапка или се завршени, овластениот државен службеник или друг
вработен е должен да ги внесе и во базата на податоци во информа- тивниот систем, согласно одредбите од овој Правилник.
Член 45
Поднесоците заведени во уписниците добиваат соодветна обвивка на која на горниот лев агол од насловната страница се внесува називот на Јавното обвинителство, одделението и бројот на предметот, на средината податоците за предметот, а на долниот дел во левиот агол, одлуката со назначување кога е започната постапката и завршена.
Член 46
Ако во текот на постапката се измени бројот на предметот, видот на упис- никот или Јавното обвинителство, се прави нова обвивка на предметот.
Член 47
Списите се средуваат хронолошки, со тоа што секогаш одлуката на јавниот обвинител треба да биде на почетокот од списите во предметот.
Државните службеници или другите вработени кои постапуваат по предметот се должни со предметите да ракуваат внимателно и се грижат списите секогаш да бидат уредно средени.
Член 48
Предавањето на предметите и списите од писарницата на јавниот обвинител или заменикот јавен обвинител се врши преку внатрешна доставна книга.
Член 49
Предметите се решаваат според редот на приемот, освен во итни или други оправдани случаи.
Во постапката по предметите по кои некое лице е притворено или се наоѓа на издржување на казна, таквите пред м ети имаат првенство на решавање.
Исто така, првенствено се земаат во работа предметите по кои постап-
ката подолго трае и предметите кои врз основа на посебни прописи имаат
таков третман или за кои од оправдани причини Јавниот обвинител ќе
определи да се земат во работа преку ред.
Член 50
По донесена одлука по предметот, јавниот обвинител или заменикот јавен обвинител, што постапува по предметот, предметот го враќа бо пис арницата, каде во книгата со која му е доставен предметот се заведува
датумот на враќањето.
Член 51
По враќањето на предметот во писарницата овластениот државен службеник или друг вработен одлуката ја заведува во соодветниот уписник, а потоа истата со потребните списи се доставува на надлежниот суд или друг орган.
Доставувањето на одлуките се врши со доставна книга или преку пошта.
По донесувањето на одлуката и по доставувањето на истата на надлежниот суд или друг орган, предметот се средува во соодветна фас- цикла, во зависност од видот на одлуката.
Член 52
По кривичните пријави по кои е барано потребни известувања или е барано спроведување на истрага, обработувачот на предметот најмалку двапати месечно во предметот врши увид и ако не е постапено по барање то интервенира кај надлежниот орган да постапи во најкраток можен рок.
Член 53
Предметите по кои е закажан главен претрес или седница на совет, пред надлежниот суд, на замениците јавни обвинители, кои се распоредени за застапување им се дава еден ден односно три дена за посло жените предмети, пред одржуваањето на главен претрес.
По завршувањето на главниот претрес или седница на совет, Замени- кот јавен обвинител, предметот го враќа во писарницата.
Член 54
Државните службеници или другите вработени во писарницата се грижат работата со предметите да се врши правилно, уредно и навремено, посебно водат сметка за предметите по кои течат рокови.
Одговорниот на писарницата, редовно, а најмалку секој 15 дена, го известува јавниотобвинителза предметите по кои не е постапено и не се донесени или изработени одлуки.
Член 55
Во писарницата на Јавното обвинителство се даваат известувања врз
основа на податоците од уписникот и списите. Известувањата се ограни-
чени само на нужните податоци за тоа во кој стадиум на постапката се
наоѓа предметот.
Други известувања за состојбата на списите можат да дадат јавниот обвинител или од него овластениот заменик јавен обвнител.
Известувањата од став 1 може да се дадат и по писмено барање на заинтересирано правно лице.
Податоците од став 1, 2 и 3 од овој член се даваат само на оштетени лица со кривичното дело или нивните полномошници за кои е образуван предметот.
Член 56
Разгледување и препишување на списи се врши во писарницата на
Јавното обвинителство, под контрола на овластен државен службеник или
друг вработен, по претходно одобрување на јавниот обвинител или заме-
никот кој постапува по предметот.
Член 57
Предметите, службените материјали, печатите, штембилите и остана- тиот канцелариски прибор се чуваат заклучени.
Работните простории по завршување на работното време се чуваат заклучени.
Доколку во работното време, во работната просторија нема вработен,
истата се заклучува.
ОБНОВУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ
Член 58
Ако некој предмет или дел од истиот се изгуби, уништи или се оштети во значителна мера станува неупотреблив, се поведува постапка за обнову вање на списите.
Кога се во прашање предмети по кои постапката е во тек, обновување се врши по службена должност, со решение на јавниот обвинител или по барање на странката.
Ако се работи за предмети, по кои постапката е завршена, обнову- вањето се врши ако постои определен интерес.
Постапката за обновување на предмет ја спроведува заменикот јавен обвинител кој постапува по тој предмет.
Се обновуваат само списите кои се од битно значење за постапката.
Обновувањето се врши врз основа на преписи од изгубените, уништените или оштетените списи со кои располагаат оштетениот, под- носителот на кривична пријава и судот, податоци од уписниците и помошните книги.
Кога за одделни дејствија нема податоци, тие дејств и ја ќе се повторат
доколку не е донесена правосилна одлука.
Постапката за обновување на преметот не се поведува ако е изминат рокот за кој, според постојните прописи е предвидено чување на такви предмети.
Член 59
Предлогот за обновување на предметот или за дел од списите на одде- лен предмет се заведува во уписникот "РО".
По завршената постапка за обновување, основниот и обновениот предмет или спис ја носи ознаката на предметот или списот по кој е вршено обновување.
АРХИВИРАЊЕ ПРЕДМЕТИ
Член 60
Архивирањето на предмети се врши врз основа на писмена наредба на јавниот обвинител или заменикот јавен обвинител.
Предметите кои се чуваат во архива се заштитуваат од влага и пожар м се обезбедуваат од оштетување, уништување и кражба.
Член 61
Предметите пред да се архивираат, се проверува дали списите во нив се хронолошки наредени и дали предметот е конечно завршен.
Член 62
Предметите од историско, научно и политичко значење како и други предмети за кои ќе се оцени дека е потребно да се чуваат на посебно место, истите ќе се стават во посебна фасцикла, а на нивното место во архивата се става забелешка со назначување на местото определено за нивно чување.
Во архивата се чуваат и уписници, регистри и други помошни книги од претходните години, ако не се употребуваат во тековната работа.
Член 63
Завршените предмети се средуваат според видот на предметите и според редните броеви од ознаката на списот од одделените уписници и во посебни фасцикли.
На обвивката на фасциклата, на предната страна, се става скратената ознака, годината на предметите и нивниот реден број.
Предметите ставени во архива ќе се издаваат на друг орган, само по писмено одобрение од јавниот обвинител или овластен заменик јавен обвнител.
Во овој случај на местото каде што се наоѓа предметот се става пис-
меното барање заедно со одобрението на Јавниот обвинител или овласте-
ниот заменик јавен обв и нител.
Овластениот државен службеник или друг вработен на крајот на секој месец проверува, дали предметите се вратени во одредениот рок и презема потребни мерки за нивно враќање.
Со архивираните предмети се ракува согласно прописите за архивско работење.
ВОДЕЊЕ УПИСНИЦИ И ПОМОШНИ КНИГИ
Член 64
Уписници и помошни книги води писарницата во јавните обвинителства.
Уписниците се водат одделно според видот на предметите.
Уписниците се водат така што во секое време да може од нив да се утврди каде и во кој стадиум на постапка се наоѓа определен предмет.
Уписниците и помошните книги по завршувањето на работното време се чуваат заклучени.
Во јавните обвинителства во кои е воведена информатичка технологи- ја, уписниците се водат по електронски пат.
Член 65
Уписниците се состојат од потребен број листови на пропишани обрас- ци сврзани во книга со тврди корици. На кориците се става ознаката и го-дината на која уписникот се однесува.
Обвинителствата со помал обем на работа можат еден уписник да го користат повеќе години, на начин што, по завршувањето на тековната год- ина, се остава првата наредна страница од уписникот и на следната се продолжува со новата уписна година.
На ист начин се образуваат и другите помошни книги.
Член 66
Заведувањето на писмената во уписниците и помошните книги се врши хронолошки.
Секој предмет во уписникот до завршувањето на постапката се води
под ист број, освен во случаите на означување на свршените и здружените
предмет и.
Член 67
Одделни уписи не можат да се бришат ниту на друг начин да се поништуваат (лепат, гребат и слично). Ако некој предмет е погрешно заве-ден ќе се прецрта со црвен молив со коса линија од левиот долен спрема десниот горен агол, а во рубриката за забелешки се става ознака "погрешно заведено".
Предметот што се заведува по погрешно заведениот предмет не го добива редниот број на погрешно заведениот предмет, туку следниот реден број. Поништените редни броеви при заклучувањето на уписникот на крајот од годината, се одбиваат од последниот реден број.
Другите погрешни заведувања во уписниците и помошните книги се исправаат со внесување на точниот текст, а преку погрешниот се повлеку ва тенка хоризонтална црвена линија, така што прецртаниот текст да остане читлив.
Член 68
Уписниците се заклучуваат на крајот на годината.
Заклучувањето се врши така што по последниот запишан реден број се става констатација која ги содржи следните податоци: ден, месец и година на заклучувањето, редниот број на последното запишување, бројот на поништените запишувања, бројот на решените предмети и бројот на пред- метите кои на крајот на годината останале нерешени.
Оваа констатација ја потпишуваат овластениот државен службеник или друг вработен и јавниот обвинител.
Помошните книги по правило не се заклучуваат.
Член 69
Предметите кои на крајот од годината останале нерешени, се пренесу- ваат во наредната година заради евиденција, така што на првата страница на уписникот се заведуваат броевите на тие предмети. Сите запишувања кои се однесуваат на тие предмети се вршат во поранешниот упис ник. Ако предметоте решен вотекотна годината, во поранешниотуписник ка ј односниот реден број ќе се стави знак за решен предмет, додека на другата страна од новиот уписник со црвен молив ќе се прецрта соодвет ниот реден број.
Член 70
Овластениот државен службеник или друг вработен во писарницата по потреба, а задолжително на крајот на секој месец, врши преглед во упис- ниците и помошните книги. Притоа го споредува уписот со списите и проверува дали запишувањата се точни и целосни. За извршениот преглед и утврдената состојба составува записник и писмено го известува обвинителот на соодветното обвнителство.
Доколку при прегледот се утврдат промени во уписниците обвинителот дава одредени објаснувања и упатства.
ВИДОВИ УПИСНИЦИ
Член 71
Основните јавни обвинителства ги водат следните уписници:
- Уписник КО во кој се заведуваат пријавите против познати
извршители на кривични дела и се евидентира текот на кривичната
постапка;
Уписник КО ИМ во кој се заведуваат предметите по кои обвинител-
ството превзема посебни истражни мерки;
Уписник КОН во кој се заведуваат пријавите против непознати
извршители на кривични дела;
Уписник КОМ во кој се заведуваат пријавите против малолетни
извршители на кривични дела;
Уписник РО во кој се заведуваат разни други кривични предмети, а се
евидентираат и активностите на основните јавни обвинителства во поста-
пување во граѓанската материја и поднесување барања за поведување
прекршочна постапка;
Уписник КОВ во кој се заведуваат предмети по предлози и барања на
осудените лица за користење на вонредни правни средства: повторување
на кривичната постапка и вонредно ублажување на казната како и иници-
јатива на јавните обвинителства за поднесување барања за заштита на
законитоста;
Уписник АМ во кој се заведува меѓународната соработка на обвини-
телството;
Уписник КО МП во кој се заведуваат предмети на меѓународна прав-
на помош;
Уписник ДОВ во кој се заведуваат доверливи предмети;
Уписник А во кој се заведуваат поднесените преставки и останата
комуникација со другите органи.
Член72
Вишите јавни обвинителства ги водат следните уписници:
Уписник КОЖ во кој се заведуваат предмети во второстепена постапка;
Уписник КОВ во кој се заведуваат предмети по предлози и барања на
осудените лица за користење на вонредни правни средства: повторување
на постапката и вонредно ублажување на казната, како и иницијатива на
јавните обвинителства за поднесување барање за Заштита на законитоста;
Уписник РО во кој се заведуваат разни други кривични предмети;
Уписник А во кој се заведуваат поднесените претставки и останата
комуникација со други органи;
Уписник АМ во кој се заведува меѓународната соработка на обвини-
телството;
Уписник КО МП во кој се заведуваат предмети на меѓународна прав-
на помош;
Уписник ДОВ во кој се заведуваат доверливи предмети.
Член 73
Во Јавното обвинителство на Република Македонија се водат следните уписници:
Уписник КОЗ во кој се заведуваат кривични предмети по молби и
предлози за поднесување барање за заштита на законитоста;
Уписник КОЗ-П во кој се заведуваат прекршочни предмети по молби
и предлози за поднесување барање за заштита на законитост;
Уписник ОВП за заведување на предмети по поднесени барања за
вонредно преиспитување на правосилна судска пресуда;
Уписник КОВ М за заведување на предмети по барања од осудените
лица за вонредно ублажување на казната;
Уписник КОЖ за заведување на предмети во второстепена постапка;
Уписник ГО во кој се заведуваат граѓански предмети по молби и по
предлози за поднесување барање за заштита на законитоста;
Уписник ГОР во кој се заведуваат поднесените ревизии;
Уписник УО во кој се заведуваат предмети по управните спорови;
Уписник РО во кој се заведуваат други кривични предмети;
Уписник А во кој се заведуваат поднесените претставки и останата
комуникација со други органи;
Уписник АМ во кој се заведува меѓународната соработка на обвини-
телство;
Уписник КО МП во кој се заведуваат предмети на меѓународна прав-
на помош;
-Уписник ДОВ во кој се заведуваат доверливи предмети.
СТАТИСТИКА И ИЗВЕШТАИ
Член 74
Јавните обвинителства водат статистички прегледи.
За точноста на статистичките прегледи се грижи јавниот обвинител и овластениот државен службеник или друг вработен во писарницата.
Овластениот државен службеник или друг вработен во писарницата презема мерки за уредно вршење на работите од статистиката, за навре- мено доставување на извештаите до надлежните органи и за чување на
примерок од статистичките податоци што ќе се користат за работата на Јавното обвинителство, од страна на други органи како и за вршење на научно истражувачки работи по прашање од областа на правосудството.
Член 75
Еднаш месечно се составуваат прегледи за работата од кои се гледа бројот и видот на решените и нерешените предмети, бројот на примените предмети и бројот на предмети кои на крајот на извештајниот период оста- нале незавршени.
Член 76
Врз основа на податоците одуписниците и предметите, се пополнуваат статистичките извештаи и листови.
Статистичките прегледи основните јавни обвинителства се должни да ги достават до вишото јавно обвинителство најдоцна до 20 јануари, а вишите јавни обвинителства своите статистички прегледи задолжително ги доста-вуваат до Јавното обвинителство на Република Македонија до 31 јануари.
Во сите статистички прегледи за кривични дела лицата кои во текот на извештајниот период повеќе пати се пријавувани или повеќе пати биле во истрага или обвинувани се искажуваат во соодветните рубрики само еднаш и тоа според најтешкото кривично дело, а во рубриките број на кривични дела по обвиненија се искажуваат сите дела за кои се додадени те лица обвинувани во извештајниот период.
Во сите статистички прегледи се искажуваат превземените дејствија односно одлуките донесени во извештајниот период без разлика дали се работи за новопримен предмет или предмет од поранешен извештаен период.
Во сите статистички прегледи јавните обвинителства за свои потреби можат да внесуваат и други податоци, меѓутоа за да не се наруши постојниот редослед на рубриките таквото внесување на податоци треба да се врши во рубриката „забелешки" на соодветниот преглед или само на посебен преглед.
Врз основа на статистичките извештаи се согледуват состојбите и се составуваат повремени и годишни извештаи за работата на Јавното обвинителство.
Член 77
За предметите од областа на гонењето на сторителите на кривични де- ла, јавните обвинителства ги составуваат следните статистички прегледи:
- КСО-1 годишен преглед на работата на основните јавни обвините лства, кој го составуваат основните јавни обвинителства, а вишите јавни обвинителства и Јавното обвинителство на Република Македонија составу- ваат збирен статистички преглед;
КСО-2 годишен преглед на работата на кривични пријави против
непознати извршители на кривични дела, кој го сосгавуваат основните
јавни обвинителства, а вишите јавни обвинителства и Јавното обвинител-
ство на РМ составуваат збирен преглед;
КСО 3 годишен преглед на работата по кривични пријави и предмети
за структурата на кривичните дела, кој го составуваат основните јавни
обвинителства, а вишите јавни обвинителства и Јавното обвинителство на
РМ составуваат збирен преглед;
КСО-4 годишен преглед на работата на вишите јавни обвинителства
во постапката по правни лекови кои го составуваат вишите јавни обвини-
телства, а Јавното обвинителство на РМ составува збирен преглед;
КСО-4а годишен преглед на работата на Јавното обвинителство на РМ
по вонредно правни лекови кој го составува Јавното обвинителство на РМ;
КСОМ годишен преглед на работата на основните јавни обвинителст-
ва за предметите на малолетни извршители на кривични дела кој го
составуваат основните јавни обвинителства, а вишите јавни обвинителст-
ва и Јавното обвинителство на РМ составуваат збирен преглед.
Член 78
Во граѓанскиот сектор статистичките податоци се искажуваат во пре- гледот ГСО. Искажувањето на податоците во овој статистички преглед се земаат од уписникот ГО.
Во управниот сектор статистичките податоци се искажуваат во прегледот УСО. Податоците во овој статистички преглед се земаат од уписникот УО.
Член 79
Во Јавното обвинителство на Република Македонија се организира Центар за информатика со база на податоци за информациониот систем на јавните обвинителства.
ЧУВАЊЕ НА ДРЖАВНА И СЛУЖБЕНА ТАЈНА Член 80
Јавните обвинители, замениците јавни обвинители, државните службе- ници и другите вработени кои учествуваат во постапката и надвор од неа должни се да ја чуваат државната и службената тајна без оглед како ја доз- нале.
Под државна и службена тајна се подразбира се она што како државна и службена тајна е определено со закон или со друг пропис, а особено:
- се она што како државна, службена односно деловна тајна е определено со општ акт на правното лице, друг орган, организација, или институција;
податоци и исправи посебно означени како државна, службена однос-
но деловна тајна од страна на државни органи, други органи, организации
или институции;
податоци и исправи кои јавниот обвинител или од него овластен
заменик ќе ги означи како државна или службена тајна;
- податоци од работата на Стручниот колегиум и Советот на јавни
обвинители.
Член 81
Државните службеници и другите вработени во обвинителството, во вршењето на својата должност со податоците, предметите и материјалите постапуваат така што, да се обезбедува чување на државната и службена та тајна и тоа во однос на заведувањето, разведувањето и сместувањето на списите.
Член 82
Обврската за чување на државната и службената тајна останува и по престанокот на вршењето на функцијата односно по престанокот на работ- ниотоднос во обвинителството.
Јавниот обвинител на односното јавно обвинителство може заменикот јавен обвиниел или другите лица да ги ослободи од обврската за чување државана и службена тајна, ако во поединечни случаи, за тоа постојат оправдани приини.
За ослободување од обврската за чување државна и службена тајна за јавниот обвинител одлучува непосредно повисокиот обвинител.
ДЕЖУРСТВА ВО ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА
Член 83
Во основните јавни обвинителства се обезбедува постојано дежурство за постапување во неработното време и во неработни денови.
По потреба дежурство се обезбедува во вишите јавни обвинителства и во Јавното обвинителство на Република Македонија.
Дежурството се обезбедува со учество на јавен обвинител односно заменик јавен обвинител, според распоредот што го донесува јавниот обвинител.
Замениците јавни обвинители се должни да се придржуваат на утвр-дениот распоред и да учествуваат на увид или други дејствија по настани за кривични дела од надлежност на Јавното обвинителство.
Член 84
За време на штрајк во Јавното обвинителство се извршуваат сите итни работи во врска со присуство на закажаните претреси, односно јавни сед- ници, како и изготвување на одлуки по итни предмети и други предмети со преклузивни рокови и нивно доставување до надлежниот суд, како и други итни работи.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 85
Доколку со овој Правилник не се регулирани одредени прашања ќе се применуваат одредбите од Законот за Јавното обвинителство.
Член 86
Со влегувањето во сила на овој Правилник престанува да важи Правил- никот за внатрешно работење на Јавните обвинителства А бр. 41/02 од 21.01.2002 година, Задолжителното упатство за видови и начин на водење уписници во јавните обвинителства во Република Македонија од јануари 1997 година и Задолжително упатство за видови и начин на водење на статистички прегледи во јавните обвинителства А бр.149/97 од јануари 1998 година.
Член 87
Овој Правилник влегува во сила, со денот на неговото објавување на
огласна табла.
Врз основа на чл.63 ст.З и чл.85 ст.1 од Законот за Јавното обвинител-
ство (Сл.весник на РМ бр.38/04), Јавниот обвинител на Република
Македонија, на 06.08.2004 година, донесе раководи раководител на ова одделение, а во него работите и задачите ги извршуваат сите други стручни и стручно-административни државни службеници предвидени во член 3 од овој Правилник.
Одделение за општи работи се организира и во Основното јавно обвнителство Скопје, со ова одделение раководи раководител и во него работите и задачите ги извршуваат сите стручни и стручно-администра- тивни државни службеници предвидени во член 24 од овој Правилник.
ОПИС НА РАБОТНИТЕ МЕСТА Раководни државни службеници
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
Член З0
Генералниот секретар ги извршува следните работи и задачи:
му помага на Јавниот обвинител во вршењето на работата од јавнооб-
винителската управа;
му помага на Јавниот обвинител во подготвувањето и организирање-
то на стручни колегиуми и состаноци;
присуствува на стручните колегиуми и води записник;
изготвува концепти за напредувањето, функционирањето и методот
на работата на Јавното обвинителство;
раководи со стручната служба на органот;
организира вршење административни работи во органот;
ги следи прописите за статусот на државните службеници и за секоја
промена га известува Јавниот обвнител;
дава упатства за работата на државните службеници;
го следи стручното усовршување и напредокот на државните
службеници во целата јавнообвинителска организа ц ија;
дава напатствија на раководителите на одделенијата за стручно,
успешно и непречено вршење на работите и задачите;
го следи и се грижи за спроведување на одлуките, заклучоците и упат-
ствата кои ги донесува Јавниот обвинител;
- одржува контакти - непосредно соработува со генералните и
државните секретари во органите;
по директни напатствија и под надзор на Јавниот обвинител ги врши
работите во врска со изготвување и донесување на општи акти во Јавното
обвинителство;
прима страцки по овластување на Јавниот обвинител и го известува
за нивните барања;
го води ажурирањето на евидентните листови за оцена на работата на Јавните обвинители и Замениците јавни обвнители;
- постапува и ги врши работите во врска со одбраната и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител и од него овластен Заменик јавен обвнител.
Посебни услови: Правен факултет со положен правосуден испит и над седум години работно искуство на правни работи по полагање на испитот и познавање на англиски јазик и работа со компјутер (windows , word, exsel и интернет).
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОПШТИ РАБОТИ
Член 31
Раководителот на одделението за општи работи ги извршува следните рабати и задачи:
-ја организира, насочува и координира работата на одделението;
врши непосредна контрола и надзор на извршување на работата во
одделението;
дава упатства за работа и потребна стручна помош во вршењето на
работите во одделението;
го следи текот на извршувањето на работите;
се грижи за навремено и уредно извршување на работите и задачите
на вработените во одделението;
- остварува контакти со другите раководители на одделенија со
разменување на информации и искуство;
одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите
во одделението и
врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител и
генералниот секретар.
Посебни услови: дипломиран правник со положен правосуден испит и
над три години работно искуство на правни работи по полагање на
испитот.
РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА БУЏЕТ, ФИНАНСИРАЊЕ И СМЕТКОВОДСТВО
Член 32
Раководителот на одделението за буџет, финансирање и сметководство ги извршува следните работи и задачи:
ја организира, насочува и координира работата на одделението;
врши непосредна контрола и надзор на извршување на работата во
одделението;
- ги следи и применува прописите од областа на материјалното и финансиско работење;
ја изготвува годишната сметка на Јавното обвинителство на
Република Македонија;
ја изготвува збирната годишна сметка, врз основа на доставените
годишнио сметки од сите обвинителства во РМ;
го изготвува предлог- буџетот на Јавното обвнителство;
ја координира работата на сметководителите и на благајниците во
целата јавнообвнителска организација;
дава упатства за работа и потребна стручна помош во вршењето на
работите на одделението, како и на сметководителите и на благајниците
во целата јавнообвнителска организација;
- го следи текот на извршувањето на работите;
- се грижи за навремено и уредно извршување на работите и задачите
на вработените во одделението;
- остварува контакти со другите раководители на одделенија со
разменување на информации и искуство;
одговара за навремено, законито и квалитетно вршење на работите
во одделението и
врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител и
генералниот секретар.
Посебни услови: дипломиран економист, над три години работно искуство.
Стручни државни службеници
СОВЕТНИК (правна струка)
Член ЗЗ
Советникот (правна струка) самостојно извршува најсложени стручни работи и задачи и тоа:
проучува најсложени предмети и истите ги реферира на Заменик
јавен обвинител;
изготвува нацрт јавнообвинителски одлуки, предлози, мислења,
редовни и вонредни правни лекови;
континуирано ги следи законите и другите прописи во врска со
уредувањето на прашања од областа во која што работи, осовено во
вршењето на судската власт и функцијата на Јавното обвинителство, како
и примената на меѓународни договори кои Република Македонија ги
ратификувала;
врши струуна обработка на прашања кои се од значење на
примената на задонските одредби;
- изготвува анализи и информации и други материјали за следење на практиката по предмети, по кои постапува Јавното обвинителство;
учествува на советувања, семинари и други\видови стручно
усовршување;
по потреба му помага на Јавниот обвинител за работи од општата
управа и
врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Правен факултет со положен правосуден испит и седум години работно искуство во Јавното обвинителство на Република Македонија, а три години работно искуство во Вишите и Основните јавни обвинителства, на правни работи по полагање на испитот.
СОВЕТНИК (економска струка)
Член 34
Советникот (економска струка) ги извршува следните работи и задачи:
- ги следи прописите од областа на материјалното и финансиското
работење и за секоја промена го известува Јавниот обвинител;
дава свои мислења во обработката на обвинителските предмети кои
имаат допирни точки со економската област;
врши работи од финансиска природа во јавното обвинителство;
сочинува предлог финансиски план за обезбедубање на сретства од
буџетот;
сочинува предлог финансиски план за користење на сретствата;
врши сметководствени и благајнички работи за потребите на обвини-
телството;
посетува стручни семинари, заради постојано едуцирање и стручен
напредок и
врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменикјавен обвинител.
Посебни услови: Економски факултет и три години работно искуство.
ВИШ СОРАБОТНИК (правна струка )
Член З5
Вишиот соработник (правна струка) извршува сложени стручни работи и задачи и тоа:
- проучува сложени предмети и истите ги реферира на Заменик јавен
обвинител;
- по напатствија на Заменик јавен обвинител изготвува нацрт јавнообвинителски одлуки, предлози, мислења, редовни и вонредни правни лекови;
ги следи прописите во врска со вршењето на судската власт и функци-
јата на јавното обвинителство ;
учествува во изготвување на анализи, информации и извештаи;
врши прибирање и обработка на податоци потребни за нивно изготву-
вање;
- учествува во анализирањето на материјалите за следење на практика- та по предметите по кои постапува Јавното обвинителство;
учествува во изготвување на Билтенот на Јавното обвинителство;
ја следи примената на меѓународните договори кои Република
Македонија ги ратификувала;
- учествува на советувања, семинари и други видови стручно
усовршување, како и ги следи прописите, јавно обвинителската и судска
пракса и
- врши и други работи задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Правен факултет со положен правосуден испит и пет години работно искуство во Јавното обвинителство на Република Македонија , а две години работно искуство во Вишите и Основните јавни обвинителства, на правни работи по полагање на испитот.
ВИШ СОРАБОТНИК - ПРЕВЕДУВАЧ
Член З6
Вишиот соработник - Преведувач ги извршува следните работи и задачи и тоа:
врши превод од македонски на албански јазик на обвинителните
предлози, обвинителни акти, жалбите и другите поднесоци кои се упатуваат до судот;
врши превод на други пишани документи за потребите на слу ж бата од
македонски на албански и обратно;
добива директни напатствија од Јавниот обвинител и од Замениците
јавни обвинители во вршењето на работата;
му помага на Јавниот обвнител во евидентирањето и средувањето на
поштата;
- по овластување на Јавниот обвинител прима странки како и пишува писмени одговори до нив и
- врши и други работи задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: дипломиран филолог - група Албански јазик, две
години работно искуство.
СОРАБОТНИК (правна струка)
Член 37
Соработникот (правна струка) извршува помалку сложени стручни работи и задачи и тоа:
- проучува помалку сложени предмети и истите ги реферира на Заменик јавен обвинител;
по напатствија и надзор на Заменик јавен обвинител изготвува нацрт
јавнообвинителски одлуки, предлози, мислења, редовни и вонредни
правни лекови;
учествува во изготвување на анализи, информации и извештаи;
учествува во анализирањето на материјалите за следење на практика-
та по предметите по кои постапува јавното обвинителство;
учествува во изготвување на Билтенот на јавното обвинителство;
учествува на советувања, семинари и други видови стручно
усовршување;
ја следи примената на меѓународните договори кои Република
Македонија ги ратификувала и
врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Правен факултет со положен правосуден испит и три години работно искуство во Јавното обвинителство на Република Македонија, а една година работно искуство во Вишите и Основните јавни обвинителства, на правни работи по полагање на испитот.
СОРАБОТНИК - ПРОГРАМЕР
Член 38
Соработникот - Програмер ги извршува следните работи и задачи:
- изготвува и инсталира програми за евидентирање на приемот и
оформувањето на обвинителски предмети, на донесените обвинителски
одлуки по лица и кривични дела, на вложени редовни и вонредни правни
лекови, со сите податоци како во уписниците;
го одржува компјутерскиот систем во обвинителството;
им помага во компјутерската обработка на работниот материјал,
изготвени информации и анализи на Јавниот обвинител, Замениците
јавни обвинитеки и на раководните и стручните државни службеници;
ги следи сите промени и иновации во компјутерските системи и со
дозвола на Јавниот обвинител истите ги инсталира за потрбите на
обвинителствато;
врши поправка на компјутерите и принтерите;
- ги обучува Јавниот обвинител, Замениците јавни обвинители и државните службеници за работа по новите програми и
- врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Дипломиран електроинженер и над две години
работно искуство.
СОРАБОТНИК- ЛЕКТОР
Член 39
Соработникот - Лектор ги извршува следните работи и задачи:
ги прегледува и лекторира општите акти кои ги донедува Јавниот
обвинител, како и анализите, информациите, годишниот извештај, другите
стручни текстови и службената писмена коресподенција со други органи,
организации и заедници на Јавниот обвнител и Замениците јавни
обвнители;
ги прима службените весници, стручната литература, периодичните
стручни списанија, за нив води евиденција и хронолошки ги средува, а на
крајот од годината службените весници ги дава на укоричување;
се грижи за книжниот фонд со кој располага Јавното обвинителство, ги
опслужува Јавниот обвинител, Замениците јавни обвинители и
раководните и стручните државни службеници со стучна литература и
службени весници;
го следи излегувањето на новите изданија на стручна литература, за тоа
го известува Јавниот обвинител и со негова дозвола ги набавува истите;
ја води личната коресподенција на Јавниот обвнител со домашни и
меѓународни органи, организации и заедници;
- врши преводи од македонски на англиски и обратно, за службените потреби на Јавниот обвнител, Замениците јавни обвинители и раководните и стручните државни службеници и
- врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Филолошки факултет - група македонски јазик со поз навање на англиски јазик и три години работно искуство.
ПОМЛАД СОРАБОТНИК - ПРИПРАВНИК ОД ПРАВНА СТРУКА
Член 40
Помладиот соработник - Приправник од правна струка ивршува едноставни стручни работи и задачи и тоа:
- проучува едноставни предмети и во постојана соработка со советниците, вишите соработници и соработниците од правна струка, а по
напатствија и надзор на Заменик јавен обвинител изготвува нацрт јавнообвинителски одлуки, предлози, мислења и редовни правни лекови;
учествува во изготвување на анализи, информации и извештаи;
учествува во анализирањето на материјалите за следење на практика-
та по предметите по кои постапува јавното обвинителство;
учествува на советувања, семинари и други видови стручно
усовршување;
ја следи примената на меѓународните договори кои Република
Македонија ги ратификувала и
врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител
или Заменик јавен обвинител.
Посебни услови: Правен факултет, без работно искуство.
ПОМЛАД СОРАБОТНИК-
ИЗГОТВУВАЧ И ОБРАБОТУВАЧ НА БУЏЕТСКИ
И СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОДАТОЦИ
Член 41
Помладиот соработник - Изготвувач и обработувач на буџетски и сметководствени податоци ги извршува следните работи и задачи:
врши прием, евидентирање и обработка на податоците за
неизмирените обврски од сите Јавни обвинителства, за нив изработува
табели и извештаи и по електронски пат ги доставува до Министерството
за финансии;
врши евидентирање, распределба, компјутерска обработка на
предлог плановите за реализација на материјалните трошоци и ја обавува
целосната коресподенција помеѓу јавните обвинителства и
Министерството за финансии;
врши прераспределба на средствата на Буџетот по месеци и квартали
по потреба и изготвува предлог информација и предлог извештаи за
движење на трошоците на средствата;
врши контрола на обрасците и пресметките за плати од секое обвини-
телство посебно и тоа: образец Ф-1, ПДД-МП, МП-1 и пресметките за
дежурства и персонални даноци од дежурства и изработува збирен пре-
глед од образецот Ф-1 кој го проследува до Министерството за финансии
по писмен и електронски пат;
врз основа на добиениот образец Ф-2 врши евидентирање и обработ-
ка на добиените податоци во посебен табеларен преглед и ги проследува
до Министерството за финансии по писмен и електронски пат;
врши коресподенција, евидентирање, компјутерска обработка на
податоците и изработка на табеларни прегледи, меѓу Јавните обвинителст-
ва и Министеството за финансии при изработка на предлог Буџетот;
активно учествува во изработката на предлог Буџетот на Јавното обвинителство на Република Македонија како корисник од прва линија како и за понатамошна распределба на средствата од Буџетот по обвини- телства и учествува при изработка на правилници за мерила и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија по обвинителства и други акти поврзани со оваа проблематика;
- учествува на советувања, семинари и други видови стручно
усовршување и ги следи прописите од делокругот на неговото работење и
- врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител,
Заменик јавен овбвинтел и раководителот на одделението за буџет,
финансирање и сметководство.
Потребна стручна подготовка: Високо образование, без работно искуство.
Стручно-административни државни службеници
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - УПИСНИЧАР
Член42
Самостојниот референт - Уписничар ги извршува следните работи и задачи:
води соодветни уписници, регистри и други помошни книги;
воведува со одбележување на сите податоци од кривичните пријави,
од донесените обвинителски одлуки, од предмети по жалби, од предмети
по вонредни правни лекови и други поднесоци во соодветните уписници;
оформува предмети во папки;
- заведува предмети во интерни доставни книги, ги предава
предметите на Замениците јавни обвинители, задолжува и раздолжува со
истите, ги опслужува Замениците јавни обвинители;
ги разведува предметите и ги средува на соодветно место;
става соодветни архивски знаци за чување на архивата;
води помошни статистички евиденции за постојното следење и
движење на одредени видови на криминал, како и други податоци од
предметите;
архивира и експедира предмети, вади податоци за месечни,
шестомесечни и годишни извештаи по пријави и предмети;
податоците од уписниците ги внесува на компјутер, а по потреба
технички на компјутер отчукува обвинителски одлуки и други писмена;
по потрба врши оптределени сметководствени и благајнички работи и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование и работно искуство
над една година.
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - ПРИЕМНИК - ЕКСПЕДИТОР
Член 43
Самостојниот референт - Приемник - експедитор ги извршува следните работи и задачи:
врши прием на пријави, предмети и други поднесоци упатени до
Јавното обвинителство, непосредно или преку пошта, ги експедира
писмената според ознаката на обработувачот на списите;
води посебна книга за прием и испраќање на писмени акти;
ги отвара писмените достави, става приемен печат, става ознака на
списите и наведува прилози кон поднесокот, доколку кон него се
приложени хартии од вредност, пари, девизни средства, скапоцености или
други вредности или предмети, ова го констатира на поднесокот, а
вредносните предмети веднаш ги предава на Јавниот обвинител или од
него овластен Заменик јавен обвинител;
писмените достави ги предава на надлежниот уписничар според
парафот од Јавниот обвинител или од него овластениот Заменик јавен
обвинител и за тоа води книга за внатрешна достава;
приемот и екпедирањето ги внесува на компјутер, а по потреба
технички на компјутер отчукува обвинителски одлуки и други писмена и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование и работно искуство над една година.
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - АРХИВАР
Член 44
Самостојниот референт - Архивар ги извршува следните работи и задачи:
прима, врши архивска обработка и ги средува по утврдена
хронологија архивираните предмети, вади и предава архивирани
предмети и за тоа води евиденција,
одговара за архивата, се грижи за уредно, безбедно и прегледно
сместување и чување на целата архива, по потрба на компјутер отчукува
обвинителски одлуки и други текстови;
- умножува стручни матерујали за Јавниот обвнител и Замениците јавни обвинители;
по налог на Јавниот обвнител определени предмети, со службеното
возило ги носи до повиското јавно обвнителство;
со службеното возило носи и други писмена до други орани,
организации и заедници и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование со положен возачки
испитод "Б" категорија и работно искуство над една година.
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - СТАТИСТИЧАР
Член45
Самостојниот референт - Статистичар ги извршува следните работи и
задачи:
води статистички податоци за аналитичко-студиско следење на
активностите посебно за криминалитетот и политиката на гонење;
води помошни статистички евиденции за постојано следење на
движењето на одредени видови криминал;
пополнува статистички листови против познат и непознат сторител и ги
евидентира во Уписник;
вади податоци за месечен, шестомесечен и годишен извештај;
на барање на Јавниот обвинител и Заменик јавен обвинител вади и
бара соодветни статистички податоци од значење за изработка и
изготвување на одредени аналитичко-информативни материјали;
ги заведува и разведува предметите издвоени за судење и истите ги
дели на Замениците јавни обвинители и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование и работно искуство над
една година.
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ
Член 46
Самостојниот референт - Технички секретар на Јавниот обвинител ги извршува следните работи и задачи:
- ги води тековните работи на Јавниот обвинител;
се грижи за неговите задолженија пред државните органи, нивните работни тела како и кај други органи, организации и заедници;
врши подготвителни работи во врска со организирање на состаноци
кај Јавниот обвинител и стручниот колегиум на јавното обвинителство;
го води деловодниот протокол - Уписник *Дов*, *Стр. дов* и *А* , ја
обезбедува документацијата по тие уписници, ја предава на Јавниот
обвинител и на неговите заменици, завршените предмети ги архивира;
отчукува на компјутер доверливи предмети;
ги упатува лицата што бараат прием кај Јавниот обвинител;
прима пораки и врши телефонски разговори за потребите на Јавниот
обвинител;
ја прима, средува и испраќа поштата на Јавниот обвинител и
изготвените информативни, аналитички материјали, извештаи и билтени
на адресантите;
- води евиденција за дневен печат, списанија и други печатени
побликации кои се дадени на привремено користење на вработените и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование со познавање на англиски јазик и работно искуство над една година.
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ - СМЕТКОВОДИТЕЛ
Член 47
Самостојниот референт - Сметководител ги извршува следните работи и задачи:
врши работи од финансиска природа во Јавното обвинителство;
го води сметководството;
сочинува предлог-финансиски план за обезбедување средства од
буџетот;
- врши контирање на пристигнатата финансиска документација
(фактури, банкови изводи, благајнички извештаи и пресметки на плати);
сочинува предлог финансиски план за користење на средтвата;
подготвува ребаланс на финансискиот план;
се гржи за остварување и примена на трезорското работење;
обработува материјално финансиски документи и ликвидатура;
врши финансиски работи кои произлегуваат од законските овласту-
вања и по наредба на Јавниот обвинител како наредбодател за користење
на одобрените средства според утврдениот финансиски план;
подготвува и обработува статистички прегледи од областа на финан-
сиското работење и други податоци;
по потреба врши определени благајнички работи;
се грижи за тековното и инвестиционото одржување на објектите и
опремата и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование од економска насока и работно искуство над една година.
ВИШ РЕФЕРЕНТ - БЛАГАЈНИК
Член 48
Вишиот референт- Благајник ги извршува следните работи и задачи:
ракува со пари;
врши пресметка и исплата на плати, надоместок за храна, надоместок
за превоз и дежурства, врши пресметка на даноци и придонеси од плата;
извршува исплата на патни и дневни трошоци на вработените;
води евиденција за административни судски забрани на плати на
вработените и за исплати во готрво;
- се грижи за снабдување, користење и одржување на основните средства и другиот имот на Јавното обвинителство;
се грижи за благовремено, рационално и економично набавување и
обезбедување на потребните потрошни материјали и другите средства за
потребите на Јавното обвинителство;
води лични картони за плати и надоместоците на плати на вработен-
ите и за нив изготвува обрасци М-4 и ги доставува до Фондот за пензиско
и инвалидско осигурување;
води картотека за целокупната опрема за потрошниот материјал;
издава потрошни средства;
податоците за кои води евиденција ги внесува на компјутер, а по
потреба технички на компјутер отчукува обвинителски одлуки и други
писмена и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование од економска насока и работно искуство над една година.
РЕФЕРЕНТ -ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР
НА ЗАМЕНИЦИТЕ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ
Член 49
Референтот - Технички секретар на Замениците јавни обвнители ги извршува следните работи и задачи:
собира и средува документи и податоци;
врши административни работи за тековните проблеми на јавното
обвинителство;
ги опслужува Замениците јавни обвинители за отчукување на
текстови на компјутер, одлуки по кривични пријави, предмети, по жалби,
редовни и вонредни правни лекови и други поднесоци, тодишни извештаи,
повремени билтени, анализи, осврти, информации, правење на препис и
попис на списи, врши и други дактилографско-технички работи сврзани со
одлуките;
прима и пренесува пораки во врска со вршење на јавнообви-
нителската функција;
уредно го одржува компјутерот и принтерот или машината за
пишување со кои е задолжен и
- врши и други работи и задачи кои ќе му ги довери Јавниот обвинител.
Посебни услови : Средно биротехничко или дактилографско образо вание и А класа и работно искуство над една година.
ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ
ЗА СТРУЧНО-АДМИНИНИСТРАТИВНИ
РАБОТИ
Член 50
Помладиот референт за стручно-административни работи ги извршува следните работи и задачи:
- помага во собирање и средување на податоци со цел да се оспособи за самостојно вршење на работи и задачи на некои од работните места кои спаѓаат во звањата на стручно-административните државни службе ници и тоа врши работи кои се однесуваат на прием и екпедирање на пошта, внесување на податоци во уписниците, како и архивирање на предмети, а воедно врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование, без работно искуство.
ПОМЛАД РЕФЕРЕНТ - ДОСТАВУВАЧ Член 51
Помладиот референт - Доставувач ги извршува следните работи и задачи:
врши лична достава;
врши набавка на дневни весници и други списанија;
подигнува поднесоци упатени преку пошта од поштенскиот преградок,
ги носи и предава списите упатени од Јавното обвинителство во пошта,
носи пошта во судовите, другите правосудни органи и други органи и
организации;
ги експедира писмените документи според ознаката на
обработувачот на списите;
при доставувањето го користи службеното патничко возило, а по
потреба го превезува Јавниот обвинител за службени потреби и
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: вишо или средно образование, со положен возачки
испитод "Б" категорија, без работно искуство.
Вработени кои вршат административно-технички и помошни работи
ЛИЦЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ И ИМОТОТ
Член 52
Обезбедувачот ги извршува следните работи и задачи:
се грижи за безбедноста на Јавниот обвинител и Замениците јавни
обвинители, за нивно непречено вршење на функцијата;
ги обезбедува службените простории, ги легитимира странките кои
службено доаѓаат во просториите на Јавното обвинителство;
ги обезбедува Јавниот обвинител и Замениците јавни обвинители
надвор од обвинителството при нивни службени посети на други органи,
организации и заедници;
по потреба ги придружува Замениците јавни обвинители на судење;
пред влегување на Јавниот обвинител и Замениците јавни обвинители
во службените возила истите ги прегледува од безбедносни причнини;
води сметка за безбедно и непречено функционирање на органот;
по потреба, а по налог на Јавниот обвинител заради остварување на
службени потреби управува со службеното патничко возило;
- врши и други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: Високо образование, со положен возачки испит од "Б"
категорија, без работно искуство.
ВОЗАЧ
Член 5З
Возачот ги извршува следните работи и задачи:
управува со службеното патничко возило по налог на Јавниот
обвинител;
се грижи за елементарно одржување на патничките возила во
исправна состојба, како и за хигиената на истите;
врши ситни поправки на возилата, менува масло, врши дотур на
гориво;
носи, презема пошта и предава на пошта и од други правосудни
органи, списи, вредносни пратки и друго;
работи на умножување на материјали и
секој месец дава извештај за поминат пат со патничкото возило,
потрошеното гориво и масло и материјалите што ги потрошил за ситни
поправки на возилото.
Посебни услови: средно образование, со положен возачки испит од "Е" категорија, без работно искуство.
ХИГИЕНИЧАР
Член 54
Хигиеничарот ги извршува следните работи и задачи:
ги чисти одделните простории по распоред и се грижи за хигиената;
го чисти и одржува мебелот, инвентарот, теписите и другите средства
кои стојат на располагање за олеснување на работата и при евентуален
дефект ги известува претпоставените;
ја одржува хигиената пред зградата и
по потреба врши определени курирски работи.
Посебни услови: Средно или основно осумгодишно училиште, без работно искуство.
КУРИР
Член 55
Курирот ги извршува следните работи и задачи:
- ги врши сите курирски работи кои произлегуваат од видот и
карактерот на работата во Јавното обвинитлство, носи и подига пратки од
пошта, носи пошта до органи, организации и заедници;
врши работи на умножување на материјали,
при вршењето на курирската работа со дозвола на Јавниот обвинител
го употребува службеното патничко возило, а по потреба со истото го
превезува Јавниот обвнител за службени потреби;
по потреба ја одржува хигиената;
- врши други работи и задачи по налог на Јавниот обвинител.
Посебни услови: основно осумгодишно образование, со положен
возачки испит од "Б" категорија, без работно искуство.
Преодни и завршни одредби
Член 56
Правилникот влегува во сила со објавување на огласната табла, по добиено мислење од Агенцијата за државни службеници.
Член 57
По влегување во сила на овој Правилник, престанувааат да важат Правилникот за систематизација на работните места во Јавното обвинителство на Република Македонија од 29.08.2002 година, Правил- никот за систематизација на работните места во Вишото јавно обвинителство Битола од 04.10.2002 година, Правилникот за систематизација на работните места во Вишото јавно обвинителство Скопје од 30.07.2002 година, Правилникот за систематизација на работните места во Вишото јавно обвинителство Штип од 24.02.2002 година, Општиот акт за организација и систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Берово од 19.02.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Битола од 15.05.2001 година, Правилникот за
систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Велес од 15.02.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Гевгелија оц 19.02.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места
во Основното јавно обвинителство Гостивар од 26.01.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основиото јавно обвинителство Дебар од 12.03.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство
Делчево од 11.05.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Кавадарци од 21.05.2001 година, Актот за организација и систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Кичево од 03.05.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Крива Паланка од 23.07.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Кочани од 08.05.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Куманово од
26.04.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Охрид од 29.03.2004 година, Правилникот за организација и систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Прилеп од 21.10.2002 година, Општиот
акт за организација и систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Радовиш од 19.02.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Ресен од 07.05.2001 година, Актот за систематизација на работните места на работната заедница при Основното јавно обвинителство Свети
Николе од 08.05.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Скопје од 11.07.2003 година, Правилникот за организација и систематизација на работните места во Основното јавно обвинителетво Струга од 04.06.2001 година, Правилникот за систематизација на рабртните места во Основното јавно
обвинителство Струмица од 08.05.2001 година, Правилникот за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Тетово од 03.02.2003 година и Општиот акт за систематизација на работните места во Основното јавно обвинителство Штип од мај 2002
година.
|