 |
ОРГАНИЗИРАН
КРИМИНАЛ


Тргнувајќи од дефиницијата
дека организираниот криминал претставува посебен облик на професионален
криминал, кој се развил нарочно во развиените земји во 20-тиот век,
и кој е се по присатен во земјите на транзицијата кои немале или
истиот не го чувствувале со таков интензитет како последните години
( крајот на деведесетите), сега се забележува неговото присаство
во сите свери на општественото живеење и претставува опасна и реална
закана за понатамошниот развој на демократските односи бидејќи прети
да ги зафати сите свери на младото демократско општество и да раководи
со него како и со неговиот развој.
Професионалните криминалци
се повеќе се организираат во разни групи, банди и слични облици
на здружување, со цел за вршење на кривични дела како основано свое
занимање. Тоа се посебно цврсто организирани групи на криминалци
кои делуваат во подолг низ на години врз основа на сопствените норми,
стандарди и однесувања, како и за сопствените (нивни) сваќања за
вредностите, што им овозможуваа да поуспешно ги вршат криминалните
активности.
За работа на овие
криминални групи карактеристична е воглавном нивната цврста организираност,
со хиерархиски однос и голема брзина и снаодливост во акциите. Односите
во ваквите организации се одвиваат врз база на строгата дисциплина,
послушност и личната лојалност која доаѓа до израз дотолку повеќе,
доколку е криминалната група поцврсто организирана и повеќе интегрирана.
Овие организации се
карактеризираат со голема оперативност и способност за брзо маневрирање
и преместување на своите активности на големи простории, па пречките
наречени државни граници, за ваквите организирани групи, не постојат,
бидејќи брзо и лесно на сите простори се наоѓаат соработници, кои
веднаш својата активност ја оспособуваат за брзо делување на одреден
терен.
Полето на делување
на овие активности е многу широко, со тоа што мора да се напомене
дека овие организации се јавуваат најчесто строго специјализирано.
Така едните се занимаваат со кријумчарење на опојна дрога, другите
се специјалисти за организирање проституција, убиства за пари, уцени,
подмитување,застрашување, перење на пари и др.
Ваквите организации
во својата активност не бираат средства на начини за постигнување
на своите цели а на тој начин секако го одбегнуваат механизмот на
законските решенија. Подмитувањето, заканите, заплашувањата, политичките
врски и другите начини за остварувањето на криминалните цели се
основана дејност на овие групи кои секако се инволвираат за одредени
надомести во сите свери на живеењето.
Често се поврзани
со лицата кои се задолжени за примената на законот, што создава
големи предности во однос на другите сторители на кривични дела,
кои немаат такви заштитници и соработници. Познато е дека ваквите
организирани групи соработуваат токму на овој план, додека во рамките
насвоите криминални дејствија, водат остри борби, па дури и вистински
војни како би ги задржувале своите територии и би го задржале својот
профит.
Започнувајќи го својот
пат во најразвиените земји на запад, ваквите професионални здруженија
на криминалци се се почеста појава во сите земји кои зачекоруваат
вои светот на пазарната еконимија, во светот на демократски и структурни
промени, каде што се во фазата на усогласување законите, кои или
не се применуваат или се сеуште во фаза на усогласување со сите
токови на веќе постојните решенија во светот од каде се создадени
и каде постојат какви такви заштитни механизми за овој вид на организиран
криминал.
Ако се согласиме дека
нема кратка и единствена дефиниција за организираниот криминал,
и ако се согласиме дека тој претставува низа на дејности кои претставуваат
карактер на однесувањето, на криминалните организавии, кои навлегуваат
во самите основи на општеството, дека ги надминуваат националните
граници, искористувајќи ги растечката либерализација во циркулацијата
на стоките, капиталот, услугите и луѓето, а користејќи ги технолошкиот
напредок и иновациите мотивирани од брз и лесен профит, брзо се
организираат во сите средини, како меѓународни корпорации, кои со
легалното работење немаат никакви допирни точки туку само на тој
начин го прикриваат своето криминално однесување.
Светот на Европа,
судрувајќи се во своите земји со ваков вид на криминал повеќе години
се занимава со овој проблем. Во тие рамки постојат и утврдени карактеристики
на организиран криминал, а тие карактеристики се следни:
- Здружување на две
или повеќе лица,
- Делегирање на одговорностите,
- Неопределено времетраење,
- Определени индикации
и контролни фактори,
- Постоење сомнение
за извршени сериозни криминални престапи,
- Меѓународно дејствување,
- Користење на насилство
или други средства на принуда,
- Користење на комерцијалните
или други бизнис структури,
- Перење пари,
- Политички влијанија,
манипулации со медиумите, јавните сервиси, судската власт и економскиот
менаџмент,
- Профит и моќ како
крај на цел.
Вака утврдените критериуми
од страна на Советот на Европа дава основни појдовни точки за утврдувањето
на однесувањето на одредени групи, но и за одредувањето на дејствијата
на државата за заштита од нив. За да се сметаат одредените дејствија
како организиран криминал, потребхно е да имаат во својата содржина
најмалку шест од овие карактеристики, а карактеристиките како што
се здружувањето на повеќе лица, постоењето сомнение дека се извршени
сериозни криминални дејствија и профитот и моќта како крајна цел
се обврзувачки карактеристики и истите мораат да постојат во при
секое одредување на организираниот криминал.
Цел на секоја организирана
група е да се стекне со се поголема моќ, но основниот интерес се
секако парите, кои во огромни количини се слеваат од незаконското
работење, но кои не вредат во системот доколку не можат да се ефектуираат,
да се префрлат во таканаречениот легален бизнис.
Отаму" перењето пари"
претставува и најважна активност на сите криминални групи кои стекнале
нелегален капитал, од другите нелегални дејствија, и неговото легализирање
-инвестирање во легалните институции во системот се цели кон кои
се стремат, а со тоа и влегуваат во сите пори на општеството, стекнувајќи
на тој начин голема моќ која може да се одрази на нормалното функционирање
на секоја држава.
Секоја држава има
своја карактеристика во која се инволвирани организирани криминални
групи, каде што ги остваруваат своите оргормни профити, но неспорно
е дека нелегалната трговија со дрога, е на првото место во светот
каде што се остваруваат нелегалните профити. Во земјите како што
се Канада, Германија, Норвешка...на првото место се нелегалната
трговија со алкохол и цигари, и со други акцизни стоки, додека во
Шведска на првото место се"економските измами" во Грција и Хонг
Конг на прво место се криминалните дејствија од областа на лихварството,
Во земјите блиски до нас во пораст се дејсвијата како што се недозволената
трговија со оружје, финансиски измами, корпцијата во сите свери
на општеството, а зачестува и криминалот во земјите каде што има
поголеми инвестиции од аспект на обезбедувањето на транспарентноста
на работата и еднаквите услови на конкурирање при тие зделки.
Кога вака се утврдени
рамиките на организираниот криминал секако мора да постои и стратегија
за борбата против него. Во Европа постојат критериуми за борбата
против организираниот криминал и тие се однесуваат пред се на:
- Зајакнување на
собирање и анализа на податоци,
- Зајакнување на
превенцијата на организираниоткриминал,
- Ревизија и менување
на законодавните и политичките механизми на контрола како на национално
така и на регионално ниво на Европаската унија,
- Засилување на истражувањето
на организираниот криминал, со едукација на кадри,
- Зајакнување на
ЕУРОПОЛ,
- Идентификација
определување и одземање на предмети кои произлегуваат од криминалните
дејствија.
Вклучувањето во овие
програми, представува единствена шанса за нас да почнеме да ги откриваме
ваквите организирани групи во нашата средина, но и побрзото прилагодување
на нашето законодавство, се рамките во кои треба да се бара шансата
за ефикасна борба против истото.
Имајќи ги во предвид
кривичните дела" како прилог на овој текст" а кои веќе беа сопменати
земени од бараниот преглед на Вишиот јавен обвинител, може да се
заклучи дека согласно дефинирањето на организираниот криминал овие
кривични дела имаат одредени барани дејствија, кои можат да ги внесат
во кривични дела кои се карактеристични за организираниот криминал,
но сметам дека и некои од наведениве кривични дела можат да се вклопат
во барањата и условите кои се бараат во нормите и одредбите на Советот
на Европа.
Измама
при добивање кредит или друга погодност од чл.249 од КЗ,
Осигурителна
измама од чл.250 од КЗ.
Навлегување во компјутерски системи од чл.251 од КЗ,
Неовластено примање
подароци од чл.253 од КЗ. Иако бројот на овие кривични дела во нашата
пракса е минимален или никаков, при обравотката или согледувањето
на општиот проблем со организираниот криминал, потребно е да се
обрне поголемо внимание на овие дела, бидејќи од личните сознанија
ваквите кривични дела се чести во развиените земји. Послабиот развој
на технологијата кај нас се уште не дозволува стрикно следење на
делата како што е кривичното дело "Навлегување во компјутерски системи"
од чл.251 од КЗ, но модернизацијата и воведувањето на компјутеризацијата,
секако брзо ќе створат организирани групи кои ќе стекнуваат незаконска
добит со навлегувањето во компјутерските системи.
Со влегувањето на
странските инвестиции во македонското стопанство верувам дека ќе
се појават и дејствија кои се опишани во кривичното дело "Измама
при добивање кредит или друга погодност" од чл.249 од КЗ, а на овој
начин ќе се потокне и сторувањето на кривични дела како што се "Лажен
стечај" од чл.254 од КЗ, како би се прикриле дејствијата со кои
се добиени инвестициите или погодностите.
Иако мораме да заклучиме
дека најголем дел од овие кривични дела се прават како брзо и "сигурно"
би се стекнал профит неизбежно е да се констатира дека кривичните
дела кај кои може да постои организиран криминал а кои се познати
во нашата близина се и кривичните дела глава ЏЏИВ од нашиот кривичен
законик, имено присвојувањето на спомениците на култура, архивскиот
материјал или природните реткости како и друг археолошки материјал,
како и нивното изнесување во странство, се приходен "бизнис" кој
не ретко го има на нашите простори.Во минатото беа познати неколку
такви дела ( иконостас во црква во Охрид, монети од музеј, археолошки
пустошења на наоѓалишта и др.) Сите овие дела најчесто се прават
по нарачка од странство или од земјата но се наменети за продажба
и стекнување на брза добит.
Борбата против организираниот
криминал, мора да има своја стратегија, на национално ниво, со вклучување
во сите Европски токови.
Недостатокот на нашиот
систем во поглед на технолошкиот развој, немање брза и конкретна
информација за одредени дејствија и движења во најблиските земји
и во Европа, не спречуваат да брзо и ефикасно ги сватиме и оцениме
дејствијата на криминалните групи и организации против кои се бориме.
На нивото на едукација
заостануваме, при што немањето вистинска информација, не одвлекува
во погрешен правец, па така и нашите оценки за одредени кривични
дела со кои се сретнуваме ги обработуваме без поширока анализа,
и истите иако имаат обележја на кривични дела од организираниот
криминал, поминуваат како обични кривични дела во рамките на националното
законодавство.
На овој план неопходна
е соработка со повеќе органи, особено со органите за откривање на
криминални дејствија а користењето на законските определби за соработка
уште во фаза на откривање ќе даде и соодветни резултати.
Како комплексно прашање,
прашањето за организиран криминал мора да се обработува што е можно
по итно. Искуствата од нашето соседство укажуваат дека со неефикасното
делување на овој план, таквиот криминал се вкоренува во општеството,
па многу често станува и легален, а тогаш неможе да се открие, бидејќи
е заштитен, има корени во сите структури, а со тоа и станува моќен
фактор, кој може да ги превземе сите главни одбележја на едно демократско
општество за кое се залагаме, а кое во ваквите економски и општествени
услови лесно може да се загуби.
Скопје
12-03-2000
МОМИР
МАРИЧИЌ,
Заменик
јавен обвинител во
Основното јавно обвинителство - СКОПЈЕ
|