 |
СООПШТЕНИЕ,
28.11.2001
Во врска со воспоставената
традиционална соработка со Сојузна Република Југославија од 23.10.1999
година, од кога е воспоставена билатерална соработка помеѓу обвинителствата
на Република Македонија и Сојузна Република Југославија, особено
на полето на информирањето, правната помош, како и борбата против
организираниот криминал од секаков вид, на 28.11.2001 година и 29.11.2001
година, во дводневна работна посета на Јавното обвинителство на
Република Македонија доаѓа Д-р Драгомир Недиќ, ВД Јавен обвинител
на Република Србија, со неговите заменици Мирослав Личански и Милоња
Каличанин.
Предмет на разговор
на работната средба ќе биде борба против организираниот криминал,
меѓусебното информирање, како и вклучување во меѓународната борба
против тероризмот на нашите две држави Република Македонија и Сојузна
Република Југославија - Република Србија. Скопје, 28.11.2001 година.
|