ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А - 29.8.2000 година
МЕЃУНАРОДНАТА АКТИВНОСТ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (1999-2000)

Уставниот поредок на Република Македонија меѓу останатите ја утврдува и следната темелна вредност: - Почитување на општо прифатените норми на меѓународното право.

Во контекст на ваквата уставна конотација од многуте меѓународни акти кои ја обврзуваат нашата држава и се во функција на правниот поредок, би се споменале:

  • Универзална декларација за човековите права,
  • Универзална нацрт-декларација за независноста на правосудството и
  • Европска конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.

Се поставува прашањето на јавното обвинителство во насока на имплементација на "меѓународни правни стандарди" со цел за заштита на човековите права и слободи, како да се бори против организираниот криминал и кој е статусот на ваквата институција во системот на државната власт.

За илустрација ќе се споменат учествата и активностите на Јавното обвинителство на Република Македонија во меѓународни проекти во државата и надвор од нашата земја, во случајот за периодот 1999 - 2000-та година.

Хронолошки ќе бидат прикажани активностите на јавното обвинителство:

  • Учество на отварачка Конференција на заедничка програма на Европската унија и Советот на Европа со назив Октопод 2 во Стразбург посветена на борбата на земјите во Источна и Централна Европа против организираниот криминал и корупција, 1999 година.
  • Семинар во организација на Совет на Европа во рамките на програмата Октопод 2 на тема: "Достигнување во областа на истражните дејствија", одржан во Стразбург - Република Франција, 1999 година.
  • Семинар на тема: "Повелбата на Обединетите нации за заштита на правата на децата во државите", во организација на Обединетите нации во Будимпешта - Република Унгарија, 1999 година.
  • Семинар на тема: "Организиран криминал и корупција", одржан во Цигов Чарк - Република Бугарија , 1999 година.
  • Семинар на тема: "Специјални истражни мерки и програма за заштита на сведоците", одржан во Братислава - Република Словачка, 1999 година.
  • Семинар на тема: "Корупција, кривични санкции и нивната ефикасност", организиран од Советот на Европа во Боровец - Република Бугарија, 1999 година.
  • Советување во организација на УНДЦП-ФАРЕ програма за борба против дрогата во земјите на Југоисточна Европа на тема: "Контролирање пратки во Генералниот секретаријат на Интерпол" во Лион - Република Франција, 1999 година.
  • Советување - пленарна седница во организација на МВР и претставници на Центарот за превенција за меѓународен криминал во врска со спречување на перење пари, Виена, 1999 година.
  • Студиска посета во Даблин - Република Ирска во рамките на програмата на Советот на Европа Октопод 2 на тема: "Малолетничката деликвенција и организираниот криминал", 1999 година.
  • Семинар во организација од Советот на Европа во склоп на програмата Октопод 2 на тема: "Подобрување на билатералната и меѓународната соработка во борба против корупцијата и организираниот криминал" одржан во Будимпешта - Република Унгарија, 2000 година.
  • Семинар организиран од Советот на Европа во склоп на програмата Октопод 2 на тема: "Подобрување на меѓународната размена на информации во борба против корупцијата и организираниот криминал", одржан во Дубровник - Република Хрватска, 2000 година.
  • Семинар во организација на Советот на Европа во рамките на програмата Октопод 2 на тема: "Кривична одговорност на правните лица", одржан во Синаја - Република Романија, 2000 година.
  • Семинар во организација на Совет на Европа во рамките на програмата Октопод 2 на тема: "Истрага, гонење и санкционирање на економскиот криминал (електронски криминал и кредитни картици)", одржан во Блед - Република Словенија, 2000 година.
  • Советување организирано од Совет на Европа за разгледување на Извештајот за спречување на перење пари, Стразбург, 2000 година.
  • Советување на тема: "Јавното обвинителство во 21-от век", одржано во Стразбург, 2000 година.
  • Советување организирано од Советот на Европа во рамките на програмата Октопод 2 на тема: "Заштита на сведоците и меѓународното кривично-правна соработка", Виена, 2000 година.
  • Студиски престој на тема: "Практични искуства во борбата против корупцијата и перење пари", Брисел - Белгија, 2000 година.

На планот на меѓународна соработка во 1999 година во Охрид, во организација на Јавното обвинителство на Република Македонија се одржа средба на јавните обвинители од земјите на Југоисточна Европа на тема: "Статусот на јавното обвинителство во правниот систем на Република Македонија и во земјите на Југоисточна Европа и организираниот криминал и корупцијата и нивниот третман во законската регулатива". На средбата беа присутни и Јавниот обвинител на Република Македонија со своите заменици, Јавниот обвинител на Република Грција Димопулос Панајотис, Јавниот обвинител на Република Бугарија Никола Филчев, Јавниот обвинител на СР Југославија Вукашин Јокановиќ, Јавните обвинители на Босанска Федерација Суљо Бабиќ и Димитријевиќ Војислав, помошниците на Јавниот обвинител на Република Албанија Арбен Ракипи и претставник на Советот на Европа Александар Зигер. Во таа прилика беа потпишани писмени протоколи за соработка помеѓу обвинителствата во врска со проблематиката од организираниот криминал и друг вид на криминал.

- Работна посета во Република Албанија за воспоставување на соработка за борбата против организираниот криминал, 2000 година.

Посебно ќе се осврниме на Пан-Европската конференција што се одржа во мај годинава во Стразбург на тема : "Јавното обвинителство во 21-от век" на која за првпат учествуваа сите обвинители од цела Европа. Од таа Конференција ќе издвоиме неколку заклучоци кои се дадени во Препораката за Улогата на Јавното обвинителство во кривично-правниот систем. Меѓу нив ќе ги споменеме најпрво двата амандмани:

- "Во параграфот 5д треба да се појасни дека платата, старосната граница и праватаод пензионирање треба да бидат исти за судиите и јавните обвинители;

- Во параграфот 5а и 24 ( кои се однесуваат на (и) поставување, на унапредување и прераспределување на јавните обвинители и (ии) недискриминација во извршувањето на нивните задачи, поодделно) треба да се вклучат и здравствената состојба и онеспособеноста како недозволени основи за дискриминација.

Како што се гледа јавните обвинители треба да го имаат истиот статус како и судиите, со оглед дека функцијата се обавува во судскиот систем на власт.

Конференцијата во целост ги усвои препораките кои се однесуваат на меѓународната соработка, особено во однос на потребата:

- Јавните обвинители подобро да се запознаат како лично така и професионално,

- Да се зголеми свеста на јавните обвинители за значењето на меѓународната соработка во кривично-правна област,

- Да се појасни специфичната улога на јавниот обвинител во ваквата соработка.

Исто така во рамките на оваа Конференција беа прифатени и следните препораки, со тоа што од обвинителот се бара да ги заштити фундаменталните права на засегнатите лица. Од него исто така се бара да се обезбеди:

- Да не се развие културата на непостоење одговорност за стореното,

- Доследно спроведување на "европската" криминална политика,

- Целосна контрола на меѓународната полициска соработка.

За да овозможи полесна примена на конвенциите од кривично-правна област, а за да се избегне паралелно дејствување на земјите по исти прашања, Советот на Европа треба да изготви модел закон на кој земјите, воколку сакаат, ќе можат во целост или делумно да се повикаат при изготвувањето или измената на националните закони".

Со оглед на изнесените активности и ангажман кои во иднина треба да го има Јавното обвинителство на Република Македонија, а имајќи ги во предвид уставните определби на нашата држава за меѓународна комуникација и соработка помеѓу државите се наметнува следниот заклучок:

Формирање на Одделение за меѓународна соработка во Јавното обвинителство на Република Македонија.

Покрај ангажманот што ќе го има одделението во однос на предметското работење на јавното обвинителство во однос на меѓународната правна помош, ќе има и функција на меѓусебно информирање со јавните обвинителства од другите држави во врска со најразлични податоци од областа на организираниот криминал, нормативата во државите од областа на кривичната материја и друг вид на активност.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА