ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ
ИНФОРМАЦИЈА, 19 Април 2002 година


РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНИТЕ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ОД ЦЕНТРАЛНА И ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Одржана на 17 и 18 Април, 2002 година во Охрид, Република Македонија на тема Регионален договор за Заштита на сведоци и Издржување на казна затвор за потежок вид на кривични дела.

По претходно одржани консултации и размена на искуства со претставници на Југоисточно Европскиот центар за иницијатива на соработка во сузбивање на прекуграничниот криминал во Букурешт, Романија, особено за време на состанокот на работната група за борба против финансискиот и компјутерскиот криминал, организирана со подршка на СЕКИ Центарот, во деновите 30.01.2002 и 01.02.2002 година во Скопје со претставник на Министерството за правда на САД - Јавната обвинителка г-ѓа Маргарет О Донел, која е и обсервер во СЕКИ Центарот во Букурешт, Јавниот обвинител на Република Македонија одржа средби на кои меѓу другото се заклучи дека за проблематиката за Заштита на сведоците се заинтересирани и други земји членки на СЕКИ Регионот и дека навистина е потребно да се организира и Регионална средба - работна група на Јавните обвинители односно претставници на Јавните обвинителства од Секи Регионот.

На овие средби се разговараше за иницирање, организирање и одржување на евентуална работна група, по што Јавниот обвинител на Република Македонија со допис како иницијатива се обрати до Југоисточно Европскиот центар за иницијатива на соработка во сузбивање на прекуграничниот криминал во Букурешт, Романија.

Иницијативата ја опфакаше глобалната експанзија на криминалот, особено на организираниот криминал и терористичките активности во регионот кои бараат брз, доследен и стратешки одговор од страна на правните механизми. Ова особено што помеѓу земјите во регионот каде овој вид на криминал станува транзитен и има разурнувачка моќ врз уставниот поредок и правниот систем на државите и се заканува да ги дестабилизира со корумпирање на владините претставници, правните и финансиските системи. Предвид ова Јавното обвинителство на Република Македонија сметаше дека со развој на регионална стратегија која ке се однесува на сузбивање на ваквите активност, земјите од регионот треба да ги искористат сите свои потенцијали и таленти од сопствените правни системи и заедно да ја зајакнат и понудат вистинска заштита на државите и нивните граѓани против разурнуважките ефекти на организираниот криминал. Јавното обвинителство на Република Македонија сметаше дека токму во идејата за еден ваков Проект за Заштита на сведоци се заснова успешното откривање, истражување и уништување на организираните криминални групи и нивните криминални активности.

Иницијативата беше прифатена од Центарот и потоа од страна на истиот презентирана пред Пактот за стабилност, Советот на Европа и Европската комисија, каде беше поддржана за да потоа се одлучи да биде одржана средба на Генералните Јавни Обвинители од Централна и Југоисточна Европа, на тема Регионален договор за Заштита на сведоци и Издржување на казна затвор за потежок вид на кривични дела, на која средба како домаќин ке биде Јавниот обвинител на Република Македонија, со поддршка на Југоисточно Европскиот центар за иницијатива на соработка во сузбивање на прекуграничниот криминал во Букурешт, Романија.

Средбата претставува прв и единствен проект во регионот на оваа тема и единствена конкретна обработка на овој вид заштита со цел да се согледа значењето и потребата од ваква програма во овој регион.

На средбата присуствуваа Генерални Јавни обвинители и нивни заменици од Република Албанија учествуваа Генералниот обвинител г-дин Теодор Солаку, директорот на Дирекцијата против организиран криминал на Република Албанија г-дин Замир Стилја и директорот на Дирекцијата за меѓународна соработка при Генералното обвинителство на Република Албанија г-дин Ардиан Виша , од Република Бугарија учествуваше Генералниот обвинител г-дин Никола Филчев, од Република Грција учествуваа Заменик на Јавниот обвинител во ниво на Касациониот суд на Атина г-дин Атанасиос Кафрис и Заменик на Јавниот обвинител во основно ниво г-ѓа Ставрула Кутулаку, од Сојузна Република Југославија учествуваа Вршителот на должност Сојузен Државен обвинител г-дин Станиша Радак и Генералниот секретар на Сојузниот Државен обвинител г-дин Милисав Враголиќ, од Република Италија учествуваше претставник на Дирекцијата за Антимафија на Наполи г-дин Салваторе Сбрици, од Република Романија учествуваше Заменик на Јавниот обвинител од Букурешт г-дин Георге Балан, од Република Хрватска учествуваше Раководителот на одделот против организиран криминал на Окружното Државно обвинителство на Република Хрватска г-ѓа Дуња Павличек Патак, од Република Словенија учествуваше Врховниот Државен обвинител г-дин Франц Мази и од Црна Гора учествуваа Генералниот Државен обвинител г-дин Божидар Вукчевиќ, Заменик на Државниот обвинител г-дин Зоран Пиперовиќ и Генералниот секретар на Државното обвинителство г-дин Ненад Вујошевиќ сите претставници на државите членки на Југоисточно Европската иницијатива за соработка Регионален Центар за сузбивање на прекуграничниот криминал.

На средбата присуствуваа и високи претставници на Советот на Европа-Програмскиот советник г-дин Александар Сегер, претставник Европската комисија администратор г-дин Доминик Лапранд.

Како гости на средбата беа поканети претставници на меѓународните организации и мисии во Република Македонија, така учествуваа претставници од Амбасадата на САД г-ѓа Барбара Карлин-Резидентен правен советник, г-ѓа Кристина Каранакова-Правен асистент, претставник на Мисијата на ИОМ г-дин Владимир Данаилов, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Министерот за правда, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Претседателот на Републичкиот Судски совет и Претседателот на Адвокатската комора на Република Македонија и Регионалните Виши и Основни Јавни обвинители од Република Македонија

Средбата ја отвори г-дин. Зоран Крстевски подпретседател на Владата на Република Македонија, а истата ја поздравија Министерот за внатрешни работи, Претседателот на Адвокатската комора и Директорот за правни работи на Југоисточно европскиот центар за иницијатива на соработка во сузбивање на прекуграничниот криминал во Букурешт, Романија.

Активно учество со свои дискусии земаа претставниците од Генералните јавни обвинителства од Регионот, како и претставниците на Советот на Европа г. Александар Сегер и Европската Комисија г.Доминик Лапранд, кои ги образложија состојбите во законодавствата на државите чии претставници се, а по однос на постоење односно непостоење на законски одредби за заштита на сведоци.

Средбата се фокусираше на дискусии кои ги опфакаа следниве области:

  • оперативен предлог од страна на СЕКИ Центарот кој ја засега Заштитата на сведоците;

  • подготвителна скица - нацрт на програма за регионална заштита на сведоци;

  • улогата на Јавниот обвинител во регионалните операции, поврзано со правнатапринуда и извршувањето на кривичните пресуди

По излагањата на Генералните Јавни обвинители и претставниците на меѓународните организации, претставникот на Министерството за правда на УСА - Јавната обвинителка г-ѓа Маргарет О Донел ја презентираше Нацрт Регионалната програма за Заштита на сведоци во Југоисточна Европа.

По излагањето на Нацрт Регионалната програма за Заштита на сведоци во Југоисточна Европа, беше отворена дискусија на Генералните обвинители од Регионот кои во целост ја поддржаа потребата од за Регионалната програма за Заштита на сведоци во Југоисточна Европа.

Презентација на Проектот за Заштита на сведоци

  • Министерство за внатрешни работи на Република Македонија

  • г. Софревски Спасе - потсекретар во МВР
  • Јавно обвинителство на Република Македонија

  • г. Тодор Витларов од Виш Јавен обвинител од Штип
  • Врховен суд на Република Македонија
    Александар Бошњаковски - судија

Презентација Извршување на кривичните пресуди

  • Министерство за правда на Република Македонија

  • г. Драги Целевски - Државен советник
  • Јавно обвинителство на Република Македонија
    Заменик јавен обвинител Бекир Исеини

Генералните обвинители од Регионот препознавајки ја способноста на сведокот да сведочи на рочиште или да соработува со релевантните законски власти без страв од закана или одмазда, е доста тешко без ова да се оствари правдата во секое цивилно општество, предвид оваа средба на Генералните обвинители од Регионот треба да претставува почетна фаза на подготовки за донесување на еден регионален Договор за Заштита на Сведоци, заради поефикасно искоренување на организираните криминални групи кои дејствуваат низ регионот.

На средбата се усвоија препораки дека взаемниот Проект за заштита на сведоци е еден од императивите за продолжување на мегусебната соработка на земјите членки на СЕКИ во истражувањето и гонењето на преку граничниот криминал, делумно организираните криминални активности.

Регионалната спогодба за Заштита на сведоци мора да биде развиена како еден од иницијалните чекори кон процесот на хармонизација на Кривичната постапка во согласност со ЕУ легислативата и најдобрата практика.

Реализацијата на Регионалната спогодба за Заштита на сведоци треба да допринесе за имплементација и респект на релевантните конвенции кои ја засегаат кривичната постапка, како :

  • Човекови права

  • Екстрадиција

  • Взаемна помош во Кривични работи

  • Важност на Кривичните пресуди

  • Заштита на податоците и приватноста

Посебен акцент на оваа Спогодба беше даден на тоа дека земјите во регионот имаат различни правни и емиграциони системи. Но секако секоја земја од регионот треба да ги препознае барем на минимум од следните нивоа на заштита како:

  • Заштитно задржување

  • Сигурносна куќа

  • Нов идентитет

  • Релокација во рамки на државата

  • Релокација регионално

  • Нов идентитет комбинирано со регионална релокација

Секоја земја треба да усвои домашна легислатива која ги инкриминира познатите и разоткриените информации кои се однесуваат или го засегаат заштитениот сведок од оние повереници со правен авторитет и пристап до информации

Секоја земја треба да издиференцира обвинител или група на обвинители како совет кои ке ги советуваат истрагите водени од страна на СЕКИ-Центарот задолжената екипа, која ке цели на активностите на специфичниот организиран криминал, како средство за достигнување конечен правен епилог против организираниот криминал во суштината и разбирање на природата на заканата против сведоците.

Обвинителите идентификувани од секоја земја треба да формираат регионална советодавна група, која ке се состанува редовно, во насока да ја идентификува потребата од домашна и регионална легислатива, или хармонизација на постоечката легислатива, и ке ги препрака таквите препораки до одредените национални министри.

Во склад со меѓународните конвенции за човекови права, секоја земја треба да осигура адекватна заштита за сведоците и било кој член на нивните фамилии, зависни од нив или блиски роднини кои би можело да бидат доведени во опасност со соработката на сведокот со претставниците на законот.

Јавните обвинители треба да бидат свесни за тоа и сериозно да го земат во предвид неопходниот владеечки критериум за пристап во регионални заштитни мерки, вклучувајки и Меморандум за Разбирање потпишан од страна на сведоците кои бараат заштита.

Со почит на меѓународните правила за Заштита на Податоци и Приватноста, СЕКИ Центарот ке ги прима барањата за заштита и ефективно и успешно ке ги дистрибуира тие барања до сите останати земји учеснички како би биле земени во обзир.

СЕКИ Центарот ке обезбеди начин за годишна регионална средба на правните власти и претставниците на законот кои се директно инволвирани во Заштитата на Сведоците. Ова годишно собрание ке обезбеди и објави постоечки информации за најдобрата практика и процени потребите од тренинзи како што е најпогодно.

По оваа средба, Директорот на правниот оддел на СЕКИ Центарот се задолжи да ги пренесе Препораките до Министрите за Правда на секоја земја членка, Пактот за стабилност, Советот на Европа, Еуропол и Интерпол.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА