|
ИНФОРМАЦИЈА
(16.10.2001)
Остварена работна
средба помеѓу Јавниот обвинител на Република Македонија г-дин Ставре
Џиков и Амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија г-дин
Стефан Нелен, по повод одлуката на Федералниот Совет на Швајцарија
со која му се забранува на азилантот Фазли Велиу, воспоставување,
претставување или поддржување со пропаганден матерјал или финансиска
поддршка на организации или трети страни вклучени со насилство во
конфликтот во Република Македонија, за ова Амбасадорот г-дин Нелен
на Јавниот обвинител на Република Македонија му ги предаде следните
новинарски соопштенија во кои подетално се опишани одлуките на Федералниот
Совет на Швајцарија.
ЈАВНО
ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Новинарски извештај
ФЕДЕРАЛНИОТ СОВЕТ
МУ ЗАБРАНИ НА ФАЗЛИ ВЕЛИУ БИЛО КАКВО ЗАВЗЕМАЊЕ ВО ПОЛИТИЧКИ АКТИВНОСТИ
ВО ШВАЈЦАРИЈА
Федералниот Совет
сака да ја избегне ситуацијата преку која во конфликтот на Балканот
е вмешана и Швајцарија. Беше одлучено во петокот да му се забрани
на Македонецот од Албанска националност, Фазли Велиу, воспоставување,
претставување или поддржување на било какви организации кои се било
самите по себе со насилство вклучени во конфликтот во Македонија
или кои обезбедуваат трети страни што употребуваат насилство во
овој конфликт, со пропаганда, матерјали или финансиска поддршка.
Велиу е под закана со депортација доколку постапи спротивно на оваа
забрана. Федералниот Совет побара од Федералното Министерство за
Правда и Полицијата да го известат Велиу за оваа одлука.
Активностите на
Велиу
Фазли Велиу е Македонец
од Албанска националност. Тој живеел во Швајцарија уште од 1997
година, и е ценет како претставник за Голема Албаниа, исто така
бил и претседател на ЛПК (народно движење на Косово) уште од 1998
година. Од тогаш е активен и како консултант за УЧК. Кон крајот
на мај водачите на УЧК во Македонија го одредија како нивен претставник
од Швајцарија. Велиу прави говори за настани-кое носи паричен и
растечки аспекти-како во Швајцарија така и во други држави.
Активностите на политичките
групи од Албанскиот етникум во Швајцарија досега не резултирале
со било каква вредност со внатрешната сигурност. Без разлика на
ова Швајцарија им служи на тие групи како логистички театар, регрутна
база, и пропагандна зона. Во неколку случаиоружје беше набавено,
и големи износи на пари беа прибирани за хуманитарни цели или политички
цели. Во поново време во смисла на ова се добива инпресија дека
Швајцарија ги толерира и поддржува ваквите активности.
Позицијата на Швајцарија
Швајцарија не дозволува
внатрешната сигурност на други земји директно или индиректно да
биде доведена во опасност од луге кои работат од Швајцарска територија.
Ниту пак остана неактивна во конкретниов случај. Ограноците на УЧК
и други политички организации, слични на ЛПК беа подвргнати на мерки
со цел за зачувување на внатрешната сигурност. Исто така Швајцарија
притегна и некои луге во врска со нивниот азил и статус и Федералната
служба на Полицијата двапати го пријави на Циришките обвинителски
власти, весникот Бота Сот, кој се објавува во Швајцарија. Во оваа
врска вредно е да се спомене и за забраната за добивање и носење
на оружје за државјаните на Југословенските замји наследнички
Активностите на Велиу
се насочени кон изложување на опасност на Швајцарските односи со
Македонија и други земји кои како и Швајцарија прават напори да
се достигне мировно решавање на Балканот и што треба да ги осуди
активностите на завојуваната страна на Албанските националисти.
Од овие причини Федералниот Совет го поздравува објавувањето на
наредбата согласно чл. 184(3) на Федералниот Устав како оправдана.
Овој член се однесува на односите со другите земји и обезбедува
Федералниот Совет да може да објави правила и наредби кои ако тоа
го бара зачувувањето на националниот интерес.
Уставни мерки
Врз основа на тоа
што Федералниот Совет одлучил да се повика на чл.184(3) врз Фазли
Велиу и да му забрани на истиот било какво воспоставување, претставување
или поддржување на било какви организации кои се било самите по
себе со насилство вклучени во конфликтот во Македонија или кои обезбедуваат
трети страни што употребуваат насилство во овој конфликт, со пропаганда,
матерјали или финансиска поддршка. За да се спречи било каква измама
на оваа забрана, на Велиу не му е дозволено да порачува трети страни
да превземаат слични активности. Во случај на кршење на оваа забрана,
тој ке биде третиран со депортација во согласност со чл.121(2) од
Федералниот Устав, од причини за зачувување на Швајцарските безбедносни
интереси.
Берн,
15 Јуни 2001
Новинарски извештај
ФЕДЕРАЛНИОТ сОВЕТ
НАРЕДИ ПОНАТАМОШНИ МЕРКИ ПРОТИВ АКТИВНОСТИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ КОНФЛИКТ
Во Вторникот Федералниот
Совет во Швајцарија уреди мерки против понатамошни приврзаници на
конфликтот во Македонија. Согласно чл.184(3) од Федералниот Устав,
владата им забрани на Али Ахмети и Џавит Хасани влез на Швајцарска
територија без изразена дозвола до следната објава. Во дополнување
, владата забрани овие две лица, како и на Муса Џафери, било какво
воспоставување, претставување или поддржување на било какви организации
кои самите по себе партиципираат во конфликтот во Македонија или
кои обезбедуваат било која страна што припрема употреба на насилство
во овој конфликт, со индиректна поддршка. Муса Џафери ке биде третиран
со депортација доколку се спротистави на овие наредби.
Федералниот Совет
даде инструкции на Федералното министерство на Полицијата (ФДЈП)
да ги зајакне овие наредби.
Мерките се оправдани
бидејки овие три лица работат за УЧК и ЛПК (народно движење во Косово,
политичко крило на УЧК) во водечките позиции во конфликтното подрачје
и во Швајцарија наизменично додека се субјекти на Швајцарското емиграционо
право.
Во случаи за понатамошни
лица чие настанување дозволува се претпоставува истото да биде разгледано,
постојат индикации дека овие лица престојувале во конфликтното подрачје
подолго време и дека истите се вмешани во активности за про-Албанската
партија во конфликтот. Доколку постојат индикации дека овие лица
престојувале надвор од Швајцарија најмалку 6 месеци а постои можност
тоа да се докаже на правен начин, нивниот дозволен престој ке истече.
ФДЈП нареди неопходни
мерки против оние лица од екс-Југославија во согласност со полето
на способност (Федерална Канцеларија на Полицијата, Федерална канцеларија
за бегалци, Федерална канцеларија за странци). Детално овие мерки
засегаат во одземање на дозволениот азил, можно протерување (во
согласност со одредбите за Азил), како казна на утврдената дозвола
под емиграционото право и депортација.
Позицијата на Швајцарија
Уште од 15.Јуни 2001
Федералниот Совет се почувствува обврзан да забрани на Македеонецот
од Албанска националност Фазли Велиу било каква политичка активност
во Швајцарија. Владата го оправда овој чекор изречно дека Швајцарија
несмее да дозволи никому да ја загрозува директно или индиректно
сигурноста на другите земји и тоа од Швајцарска територија. Ниту
е прифатливо да им се овозможи на претставниците на страна во конфликтот
да партиципираат активно во насилен конфликт додека им е сеуште
возможно да се вратат во Швајцарија во било кое време.
Ваквите активности
се следени од лица кои се засегнати и се подложни да ги жртвуваат
односите на Швајцарија и Македонија и со другите земји кои како
Швајцарија прават напори да постигнат мировно решавање на Балканот
и кои ги осудуваат завојуваните страни и активностите на Албанските
националисти. Од оваа причина Федералниот Совет го поздравува исходот
од погоре споменатата наредба како оправдан.
Берн,
3 Јули 2001
|