|
ИНФОРМАЦИЈА,
14 Јуни 2002 година
ЈАВНОТО
ОБВИНИТЕЛСТВО И МЕДИУМИТЕ,
ИНФОРМИРАЊЕТО, СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО И ДРУГИТЕ ФУНДАМЕНТАЛНИ
ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Демократското општество се темели на неколку човечки вредности и
принципи: слобода, вистина, чесност и правичност. Ваквите етички
и законски вредности постојано се проверуваат низ функционирање
на правниот систем во кој особено место заземаат институциите: судство,
обвинителство и адвокатура, а се со единствена цел заштита на слободата
на граѓаните, како и заштита на уставниот поредок на државата.
Законска обврска
за сите државни органи и други институции што вршат јавни овластувања
се должни да пријават кривични дела , тоа е и израз на сознание
дека суштина на ангажирањето за ефикасна борба против криминалитетот
претставува една поширока активност остварена во координација со
професионално обврзаните институции, како што се на пример: Министерството
за внатрешни работи, одделни видови инспекциски органи и правосудни
органи. Со синхронизираното дејствување и координација на овие субјекти
најкорисно и најефикасно на тој начин се остварува функцијата на
откривањето.
За да се дојде до
вистината потребно е јавност и трагање по неа, за кое нешто незаобиколно
и првостепена општествена улога имаат совесните новинари кои непрекинато
трагаат по откривањето на настанот и актерите на таквиот настан,
но често во јавноста провејуваат и неверодостојни информации кои
имаат само за цел да го привлечат вниманието на јавноста и кои ја
искривоколчуваат вистината правејки со тоа некогаш и ненадоместливи
штети по честа и угледот на конкретни лица и институции.
Со остамостојување
на нашата држава Република Македонија постојано и секогаш се поставува
прашањето во колкав степен правосудните институции функционираат
врз основа на Уставот, важечките закони и меѓународни акти. Исто
така, се поставува прашање каква е нивната отвореност и јавност
кон граѓанството кога се има индиции за кривично - правен случај
и спроведување на судска постапка. Што значи тоа за јавниот обвинител
како државен орган и каде е границата помеѓу службената тајност
и што треба да знае јавноста - граѓанството пренесено преку новините
и електронските медиуми.
Јавниот обвинител
се наоѓа во една специфична исклучително незавидна состојба на функционирање
од проста причина што во исто време тоа користи податоци од медиумите,
а притоа според законските обврски треба да ја заштити тајноста
на личностите и настанот, затоа што се активира сето тоа низ една
судска постапка. Имено според чл.140 ст.1 од Законот за кривична
постапка се утврдува:
"Државните
органи и институции што вршат јавни овластувања се должни да пријават
кривични дела за кои се гони по службена должност, за кои се известени
или за кои ќе узнаат на некој друг начин"
Согласно чл. 141
ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка пак вели:
" (1) Секој
може да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност.
(2) Пријавата му се поднесува на надлежниот јавен обвинител писмено
или усно.
(3) Ако пријавата се поднесува усно, пријавителот ќе се предупреди
за последиците од лажно пријавување. За усната пријава ќе се состави
записник, а ако пријавата е соопштена по телефон, ќе се состави
службена белешка.
Согласно чл.144
ст.2 од истиот закон се утврдува и: "Ако до Јавниот обвинител
само допрел глас дека е извршено кривично дело..." (во однос
на тоа дали се веројатни наводите може да одлучи дали ќе бара спроведување
истрага, превземе дејствија сам (а согласно став 3) или преку други
органи побара да се соберат потребни известувања и да се преземат
други мерки заради откривање на кривичното дело и сторителот.
Тоа пак значи "узнавањето
на друг начин" или "ако до јавниот обвинител само допре
глас дека е извршено кривично дело" можноста првично да се
разбере од печатените и електронски медиуми. За јавниот обвинител
тоа е уште еден можен "законски извор" на побрзо разбирање
и осознавање за некој кривично-правен настан кој повеќе од сигурно
треба да се провери во една законито спроведена постапка. На тој
начин јавниот обвинител ја согледува првостепената помош од новинарите
за да не се "скрие од очите на јавноста" или пак да се
стави во "папката на заборав" некои случаи и учесниците
односно актери на таквиот случај.
Со Известување
на Јавниот обвинител на Република Македонија А.бр.1 93/99 од 23.06.1999
година е воведено задолжително следење на дневниот и неделниот печат,
и електронските медиуми од страна на сите јавни обвинителства во
Република Македонија и во рамките на своите законски овлатувања
и надлежности се должни да оформат посебен предмет за сите добиени
сознанија за било каков криминал од својата надлежност.
Специфичното својство
и улога на јавниот обвинител се гледа и од следните кривично - процесни
одредби што се дадени во чл.144 ст.5 од Законот за кривична
постапка, каде што стои: "Јавниот обвинител и други државни
органи, институциите што вршат јавни овластувања и другите правни
лица се должни при собирање известувања, односно при давање податоци
да постапуваат претпазливо, водејќи сметка да не им се наштети на
честа и угледот на лицата на кои се однесуваат овие податоци".
Во овој контекст
интересно е да се спомене и дека Кривичниот Законик на Република
Македонија во глава ЏВИИ-Кривични дела против честа и угледот ги
одредува како казниви делата на : Клевета-чл.172, Навреда-173,
Изнесување на лични и семејни прилики-чл.174, Омаловажување со префрлање
за кривично дело-чл.175, Повреда на угледот на Република Македонија-чл.178,
Излагање на подбив на Македонскиот народ и националностите-чл.179,
Повреда на угледот на судот-чл.180, Повреда на угледот на странскадржава-чл.181,
Повреда на угледот на Меѓународна организација-чл.182 од овој закон,
содржани како механизам за заштита на Уставната гаранција за почитување
на достоинството и угледот кои се битни во односите на луѓето во
секое цивилизирано општество, поради што нашето законодавство дава
криминално-политичко вреднување на честа и угледот и ги одредува
како кривично-правно заштитени добра, а што е од значење за заштитата
на личноста на човекот. Заштита на честа и угледот како збир на
повеке својства, вредности и карактеристики кај човекот како индивидуа.
Во таа насока е и
чл.171 од цитираниот закон, во кој се определува:
"Ако тоа го бараат
интересите на кривичната постапка, интересите на чување на тајна,
интересите на јавниот ред или причините на моралот, службеното лице
што презема истражно дејствие ќе им нареди на лицата што ги сослушува
или што присуствуваат на истражните дејствија или ги разгледуваат
списите на истрагата да ги чуваат како тајна определените
факти или податоци што при тој случај ги узнале и ќе им укаже дека
оддавањето на тајна претставува кривично дело. Оваа наредба ќе се
внесе во записникот за истражното дејствие, односно ќе се забележи
на списите што се разгледуваат со потпис на лицето што е предупредено."
Повредата на тајноста
на постапката претставува кривично дело по чл.369 од Кривичниот
законик, каде што се утврдува:
"Тој кој што
неовластено ќе го открие она што го дознал во постапката пред суд
или во управна, прекршочна или дисциплинска постапка, што со закон
или со одлука на судот или органот што ја води дисциплинската постапка
е проглесено како тајна".
Таквата службена тајна
се однесува и на учесниците на постапката, што се подразбира и на
јавниот обвинител, односно заменикот јавен обвинител што учествува
во таа конкретна постапка. Тајноста на постапката како што е веќе
споменато го обврзува јавниот обвинител да неможе да дава информации
за јавноста преку медиумите.
Судот веќе според
законот во текот на самата кривична постапка цени до кој степен
и на кој начин ќе ја информира јавноста. Имено, во глава XXI
- Главен претрес, подзаглавие 1 Јавност на главниот претрес, во
членот 280 од наведениот закон се утврдува:
"Од отварањето
на заседанието па се до завршувањето на главниот претрес советот
може во секое време, по службена должност или по предлог на странките,
но секогаш по нивното сослушување, да ја исклучи јавноста од целиот
главен претрес или еден негов дел, ако тоа е потребно заради чување
на тајната, чување на јавниот ред, заштита на моралот, заштита на
личниот и интимниот живот на тужениот, сведокот или оштетениот и
заштита на интересите на малолетникот".
Со решение советот
ја исклучува јавноста кое мора да биде образложено и јавно објавено.
На тоа посебно упатува основното начело определено во чл.2 ст.1
од Законот за кривичната постапка, во кој став и одредба се вели:
"Лицето обвинето
за кривично дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не
биде утврдена со правосилна судска пресуда". Наведената одредба
во потврдна смисла го утврдува статусот на невиност со опсег и дострел
што се однесува на целата кривична постапка, односно се до правосилноста
на пресудата. Учесниците во постапката треба докрај да се сообразат
со барањето на оваа максима, а тоа значи дека дејствијата што ги
преземаат треба да се во процесно - правна форма што ја дава законот
и обврзува.
Во ваква законска
ситуација каде е јавноста на јавниот обвинител кон медиумите и сигурно
давање на јавен отчет за својата работа кон граѓаните.
Во структурата на
Уставот и тоа во глава 2 - Основни слободи и права на човекот и
граѓанинот, во поднасловот на т.1 се утврдуваат граѓанските и политичките
слободи и права. Имено, се определува уставна одредба со која се
гарантира слободата на јавното изразување на мислата, а во тој контекст
гаранција на слободно јавно информирање, примање и пренесување на
информации. Сите наведени гаранции се утврдени во чл.16 од Уставот.
Според Европската
конвенција за заштита на човековите права и основни слободи, која
е потпишана од државите членки на Советот на Европа и донесена на
5 јануари 1953 година во Рим, се определуваат гаранции на човековите
права на слободи и на неговата безбедност. Од споменатата конвенција
во чл.6 ст.1 се определува:
"Секој има право
правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен
со Закон воспоставен суд, да бидат разгледани и утврдени неговите
граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични
обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите
и публиката можат да бидат исклучени за време на целиот или на еден
дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната
безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат
интересите на малолетник или заштита на приватниот живот на странките
во спорот; или кога тоа го смета судот за неопходно затоа што во
посебни околности публицитетот би можел да нанесе штете на интересите
на правдата".
Во таа насока од конвенцијата
е и одредбата на чл.10 каде што се утврдува:
"Секој човек
има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата
на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи,
без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член
не ги спречува државите, претпријатијата за радио, филм и телевизија
да ги подложуваат на режимот на дозволи за работа.
Остварувањето на овие
слободи, со оглед на вклучувањето на обврските и одговорностите,
може да биде под определени формалности, услови, ограничувања и
санкции предвидени со закон, кој во демократското општество претставуваат
неопходни мерки во интерес на државната безбедност, територијалниот
интегритет и јавната безбедност; заштита на редот и спречувањето
на злочини; заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата
на другите; спречување ширење на доверливи информации или во интерес
на зачувувањето на авторитетот и непристрасноста на судството".
Уставна и законска
обврска определена со Законот за јавното обвинителство и тоа во
чл.7 ст.1 и 2 во врска со комуникацијата со медиумите:
"Јавното обвинителство
преку печатот и другите средства за информирање ја известува јавноста
за состојбата на криминалитетот и за другите појави од општо значење
забележани во неговата работа".
Интересно како податок
сметам би било и тоа дека во периодот од 1.1.2001 година до 31.12.2001
година на основа сознанија од написите во дневниот и другиот печат
и електронски медиуми во Јавното обвинителство оформени се вкупно
39 предмети во "РО.БР" "КОН.БР." и "КО.БР."
по кои се поднесени барања за собирање на потебни известувања до
надлежен државен орган заради проверка на наводите изнесени во написите.
Во истиот период
во 2000 година биле оформени вкупно 23 предмети во "РО.БР."
, "КОН.БР." и "КО.БР" што значи дека имаме зголемување
за 16 предмети повеќе во 2001 година.
За оформените предмети и поднесени иницијативи според подрачјата
на Вишите јавни обвинителства Скопје, Битола и Штип во информацијата
го даваме следниот преглед со споредбени податоци за 2000 година
и 2001 година.
|
П
Р Е Г Л Е Д
|
|
ВИШО
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
|
2000
ГОДИНА
|
2001
ГОДИНА
|
|
|
Скопје
|
4
|
26
|
+22
|
|
Битола
|
13
|
6
|
-
7
|
|
Штип
|
6
|
5
|
-
1
|
|
Јавно
обвинителство на РМ
|
-
|
2
|
+
2
|
Во однос на процесуираните - Кривични дела против честа и угледот
опфатени во Глава XVII, во текот на 2001 година за овие кривични
дела примени се вкупно кривични пријави против 55 лица и заедно
со кривични пријави од поранешен период против 18 лица, во извештајниот
период било постапувано по кривични пријави против 73 лица. Јавните
обвинителства во 2001 година поднеле вкупно обвиненија против 27
лица. Судовите во 2001 година донеле првостепени пресуди према 6
лица. Во споредба со претходната 2000 година кога за овие кривични
дела биле примени кривични пријави против 69 лица и незавршени против
24 лица или вкупно против 93 лица имаме намалување за 20 лица, како
и поднесени обвиненија против 30 лица имаме намалување за 3 лица,
а судовите донеле пресуди према 13 лица или помалку за 7 лица.
Во однос на Кривични дела против слободите и правата на човекот
и граѓанинот опфатени во Глава XV од КЗ - во текот на 2001 година
за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против
200 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против
43 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави
против 243 лица. Јавните обвинителства во 2001 година поднеле вкупно
обвиненија против 67 лица. Судовите во 2001 година донеле првостепени
пресуди према 34 лица. Во споредба со претходната 2001 година кога
за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 136 лица
и незавршени против 43 лица или вкупно против 158 лица имаме зголемување
за 85 лица, како и поднесени обвиненија против 58 лица имаме зголемување
за 9 лица, а судовите донеле пресуди према 34 лица или нема зголемување.
Јавното обвинителство
како државен орган ексклузивно ја остварува функцијата на гонењето
и со оглед на тоа се јавува во улога на застапник на јавниот поредок
и истовремено во улога на заштита на објективниот правен поредок.
А додека оперативноста на јавното обвинителство се манифестира низ
различни видови на соработка со други органи и организации, повикани
и задолжени за сузбивање на криминалитетот. Обвинителството е заинтересирано
вистинито и целосно да се утврдат околностите и фактите што се од
битно значење за законито одлучување.
Јавното обвинителство
може да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува".
Јавното обвинителство
цени дека тоа може да се направи со прес-конференции или соопштенија
на повеќе нивоа тргнувајќи од Јавното обвинителство на Македонија,
вишите обвинителства и основните обвинителства, со тоа што треба
да се оцени за каков случај , односно криминоген настан се работи,
неговата тежина и последици кои се рефлектираа пред се на оштетените
и на целата општествена заедница. Најкоректно би било известувањето
да се направи на било кој од споменатите начини по подигање на обвинителен
акт, односно отварање на главен претрес, доколку не е донесено решение
за исклучување на јавноста од страна на судот, но со постојана обврска
да се извести јавноста и за крајниот исход на постапката со информирање
како е окончана постапката, со видот на правосилна пресуда и особено
да се извести јавноста доколку се работи за ослободителна пресуда.
Со тоа се смета дека ќе се избегнат шпекулациите и сензационалистичкиот
пристап во медиумите кон случаите и личностите кои се ставени под
сомнение или обвинети кои се третирани во обвинителството, а потоа
во судска постапка. Неоспорно е дека на обвинителството му требаат
медиумите и новинарите и обратно, со цел во јавноста да се обелоденува
и потврдува владеењето на правото и во реализирање на идеалот на
демократијата, уставноста, законот и функционирање на правниот поредок.
ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Ставре Џиков
|