|
ПРАВЕН
СЕМИНАР ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КРИВИЧНИОТ ПРОГОН
НА ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
(14.02.2002 година)
На 13 фебруари, 2002
година, среда во Скопје во организација на Меѓународна организација
за миграции - ИОМ Мисијата во Скопје, а со поддршка на Јавното обвинителство
на Република Македонија се одржа Правен семинар за зајакнување
на кривичниот прогон на трговијата со луге, истиот беше финансиски
поддржан од ДГЦИ Кралството Белгија.
На семинарот беа поканети
претставници на Јавното обвинителство на Република Македонија, Јавни
обвинители од пограничните области на Република Македонија, претставници
од Секторот за азил и имиграциони прашања, Секторот за странци и
Секторот против организиран криминал при МВР, претставници од Врховниот
суд, Апелациониот суд, истражни судии и судии по кривични предмети
од Основните судови во Скопје, Претставници на Националната комисија
за борба против трговијата со луѓе, Министерството за правда, канцеларијата
на Народниот правобранител, како и други гости и дипломатски претставници.
Целта на семинарот
беше да допринесе за разрешување на практичните проблеми и недоследности
кои се срекаваат во секојдневните активности на органите надлежни
за кривично-правниот прогон во Република Македонија, во согласност
со меѓународните стандарди и искуства, а притоа да се зголеми севкупната
ефикасност на кривичниот прогон на сторителите на недозволената
трговија со луѓе.
Почетокот на работата
на семинарот и неговата важност го поздравија Шефот на мисијата
на ИОМ во Скопје господинот Lupoli Pasquale, и Јавниот обвинител
на Република Македонија господин Ставре Џиков, кој предложи
иако овој семинар е од затворен тип, на истиот да му биде даден
и медиумски акцент заради запознавање на јавноста со овој вид организиран
криминал со правење на спотови, плакати презентации на сите аспекти
за поуспешно сузбивање на истиот.
На семинарот со свои
излагања учество зедоа г. Владимир Данаилов-правен советник на
ИОМ, кој говореше на тема Сумирање на постигнатите резултати
со осврт на можностите за понатамошна правна хармонизација во согласност
со барањата на Палермо Протоколот за превенција, сузбивање и
казнување на трговијата со лица, особено жени и деца, а со кој
е дополнета Конвенцијата на обединетите нации против транснационалниот
организиран криминал, како и постоењето на различните меѓународни
инструменти кои содржат правила и практични мерки за борба против
експлоатацијата на лица и неопходноста од изнаоѓање на универзален
инструмент кој ке ги опфати сите аспекти на овој вид криминал. Посебно
беше истакнато дека целите на овој протокол со кој мора да се усогласи
легислативата се: Превенција и борба против трговијата со луге,
Заштита и помагање на жртвите на таквата трговија со почитување
на човековите права, Унапредување на соработката меѓу државите членки
со цел да се постигнат овие цели.
Со свое излагање се
произнесоа и г. Љупчо Фармаковски главен инспектор во Секторот
за азил и миграции при МВР и г.Горан Ристовски Раководител
во одделението за борба против организираниот криминал при МВР
кои говореа за : Корисноста од неодамна отворениот Транзитен центар
за странци и позитивните влијанија во соодветно процесирање на жртвите
од трговијата со луге, како и практичните проблеми во кривичниот
прогон на сторителите на делата на трговија со луге.
Претставниците на
Јавното обвинителство на Република Македонија Момир Маричиќ,
Јован илиевски и Марко Зврлевски сите заменици на Јавниот обвинител
во Основното јавно обвинителство Скопје, дадоа свој осврт на
практичните проблеми во постапувањето поврзани со трговијата со
луге, во смисла на тоа каде се бираат жртвите, како се организира
нивниот избор, каде истите завршуваат, кој ги организира пазарите
на бело робје, меѓународната поврзаност на криминалните групи и
профитот како крајна цел од измачувањето и продажбата на човечкото
тело. Посебно беше истакнато дека Јавното обвинителство на Република
Македонија сфаќајки ја оваа појава како организиран криминал кој
може да нанесе голема штета како на државата така и на регионот
оваа појава ја обработува и во една од своите информации поставени
на својата веб страница и тоа проблемот за откривање и гонење на
сторителите на кривичното дело Посредување во вршење на проституција
од чл.191 од КЗ и кривичното дело Засновање на ропски однос
и превоз на лица во ропски однос од чл.418 од КЗ која информација
дава преглед на сторените кривични дела во текот на 1999 год. и
2000 год. во Р.Македонија (погледни).
Воедно беше споменато и дека постапката кај Јавниот обвинител започнува
со поднесувањето на кривичната пријава, но Јавниот обвинител може
да поведе постапка и по допрен глас до него за сторено кривично
дело согласно одредбите на ЗКП, ова се однесува на едно од Задолжителните
упатства на Јавниот обвинител на Република Македонија, објавено
на неговата Веб страница (погледни),
како и Задолжителното упатство кое се однесува на улогата на Јавниот
обвинител во заштитата на жрвите од криминалот (погледни).
Воедно свое излагање имаше и г. Кирил Димитровски - Јавен обвинител
во Берово кој говореше за аспектите на кривичното дело Недозволено
преминување на државната граница во смисла на законското битие
на кривичното дело инкриминираноста на дејствијата особено при вооружен
премин или премин со примена на насилство како и без овие битни
елементи на законското битие на кривичното дело, при што беше направена
паралела на кеивичното дело и прекршокот. Осврт на недостатоците
и потешкотиите воочени од страна на судиите на главните рочишта
и можноститеза издржани правни квалификациии пресуди даде во своето
излагање г-ѓа Мирјана Бојаџиевска судија во Основниот суд Скопје
1 Скопје.
На семинарот воедно
беа разгледани и правните аспекти на новото кривично дело Трговија
со луге од чл.418-а, утврдено со указот за прогласување на Законот
за изменување и дополнување на Кривичниот законик, правната терминологија,
употреба на поимите, рамката на апликација, криминализација како
и неговата блискост со меѓународните стандарди опфатени со Протоколот
од Палермо, во поглед на ова кривично дело беше истакната и една
негативност во однос на казната предвидена за истото во смисла на
не усогласеност помегу општите одредби на Кривичниот законик кои
се однесуваат на ублажување на казната и казната предвидена како
за основниот вид така и за квалификуваните облици на ова кривично
дело.
Како заклучок од овој
семинар беше утврдено дека овие прашања за чие разрешување и се
водеше семинарот мора да се гледаат и глобално и на секој можен
да се внесе покрај зголемување на ефикасноста на кривичноправниот
прогон и поголем медиумски акцент за борбата против овој вид на
организиран криминал како би им се помогнало на жртвите и истите
би помогнале во функција на кривичниот прогон што би го зголемило
процентот на откривање на овој криминал и процесуирање на истиот.
ЈАВНО
ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|