|
11.08.2001
Организација
за заштита на човекови права, Извештај 2001; Македонија
МАЧЕЊА,
КИДНАПИРАЊА ОД СТРАНА НА АЛБАНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
(Њујорк, 11 август
2001 година) Етничките Албански бунтовници во Македонија брутално
мачеа, сексуално злоупотребуваа и осакатија петмина етнички Македонци,
работници на патот, откако истите во вторникот претходно биле грабнати
од автопатот Скопје-Тетово, денес соопштија од Организацијата за
заштитата на човековите права.
"ГРАБНУВАЊА
И НЕЛЕГАЛНИ СОПИРАЊА ОД СТРАНА НА "ОНА" СЕ ПОЧЕСТО СЕ ЗГОЛЕМУВААТ.
ОНА УСПЕА ДА ДОСТИГНЕ БРОЈКА ОД 14 МАКЕДОНЦИ КИДНАПИРАНИ ОД ТЕТОВО
ЗА ВРЕМЕ НА БОРБИТЕ КОН КРАЈОТ НА ЈУЛИ".
Елизабет
Андерсен, Извршен директор на Европскиот и Централно Азискиот оддел
за Заштита на човековите права.
Грабнувањата се дел
од зголемениот начин на нелегалните сопирања и киднапирања од страна
на етничките Албански борци кои се самонарекуваат Ослободителна
Национална Армија (ОНА). Организацијата за човекови права известува
дека поодделно добила информации во врска со последните грабнувања
од страна на борците на ОНА на најмалку 14 Македонски цивили од
градот Тетово.
Бројот на грабнувањата
и нелегалните задржувања од страна на ОНА се повеке расте, рече
Елизабет Андерсен, Извршен директор на Европскиот и Централно Азискиот
оддел за Заштита на човековите права. "Грабнувања и нелегални сопирања
од страна на она се почесто се зголемуваат. она успеа да достигне
бројка од 14 Македонци киднапирани од Тетово за време на борбите
кон крајот на јули".
Тројца работници што
работеа на патот во близина на селото Групчин на автопатот Скопје
- Тетово, околу 8.00 часот наутро во вторникот на 7 август 2001
година беа грабнати од страна на униформирани членови на ОНА кои
дошле од блиската шума. Борците на ОНА им наредиле да пешачат со
нив до блискиот камп по што брутално ги злоупотребувале. Истиот
ден на пладне, етничките Албански бунтовници од истата област грабнаа
уште двајца работници и истите ги подвргнале на слични злоупотреби.
Претходните инциденти во оваа област сугерираат дека ОНА со ваквото
третитање на работниците од патот било со намера истите да ги спречат
да работат на патот.
Организацијата за
човекови права интервјуираше двајца од петтемина работници поодделно,
и најде дека нивните детални приказни по процена се веројатни и
доследни. Двајцата мажи им ги покажаа на претставниците од Организацијата
за човекови права нивните задобиени тешки повреди, кои се веројатни
со нивните приказни.
Злоупотребите започнале
со сериозно тепање. По што еден од Бунтовниците користејки нож врежувал
букви на грбовите на Македонците и воедно им сечел делови од телото.
Еден од бунтовниците ги присилувал да извршат орални односи помегу
себе, и пробал анално да го силува еден од работниците со дрвен
стап. Работниците биле повторно тепани пред да бидат однесени со
возило во близина на селото и пуштени на слобода кратко по 7 часот
попладнето во вторникот.
Еден од мажите интервјуирани
од страна на Организацијата за човекови права изјави:
"Еден од (ОНА
бунтовниците) зема лопата и почна да не тепа со металниот дел. Ние
седевме на земјата во тој момент. Тој ни рече да ги ставиме нашите
дланки на нашите колена , и започна да удира со металниот дел обидувајки
се да не удри во глава. Ние ги подигнавме нашите раце да ги заштитиме
нашите глави и секогаш кога ке ги подигневме рацете тој ке не удреше
или по нозете или по рацете.... Потоа тој замина, најверојатно го
викнаа по што дојде еден друг. Имаше и уште двајца други тие стоеа
од околу и беа со автоматски пушки уште отпочетокот".
"Оној кој дојде
подоцна беше послаб. Имаше многу кратка коса малку прокелав... Тој
ни рече да ги соблечеме нашите маици . Извади нож, тоа беше украсен
нож. Потоа не праша сите за нашите имиња. Потоа започна да врежува
во мојот грб, Јас не знам што тој пишуваше, но тоа траеше околу
5 минути. Тоа беше многу болно но јас неможев да се помрднам, јас
само го стегнав моето тело да ја издржи оваа болка".
По сечењето, ОНА борците
им наредиле на мажите да легнат долу, а на еден од нив му наредиле
анално да ги силува со стап другите, а пред тоа самиот себеси да
се силува со стапот. Потоа ги принудиле мажите помегу себе да извршат
орален однос помегу себе. Мажите потоа биле држени повеке часови
каде биле безмилосно постојано тепани од страна на ОНА борците.
Пред да бидат пуштени работниците, еден од ОНА борците го земал
својот пиштол, го ставил во устата на еден од грабнатите, заканувајки
се дека ке го убие доколку каже некому за оваа злоупотреба.
Организацијата за
човекови права потврди дека најмалку 14 етнички Македонци биле грабнати
од страна на ОНА борците од градот Тетово за време на тешките борби
кон крајот на Јули, и изрази длабока загриженост за судбината на
овие луге.
Организацијата за
човекови права ги истакна случаите на исчезнати етнички Македонци
до регионалниот ОНА командант, за тетовскиот регион, кој го користи
псевдонимот Матоши, на што командантот изјави дека тој не располага
со информации во врска со овие случаи. Што се однесува до фамилиите
етничките Македонци последен пат биле видени во заложништво на ОНА
борците. Организацијата за човекови права сеуште ги истражува останатите
извештаи кои ги добива во врска со грабнатите македонци во контролираните
од ОНА територии во последниве денови.
"Ние длабоко сме загрижени
за безбедноста на етничките Македонци грабнати од страна на Албанските
бунтовници последниве недели" изјави Андерсен. "Овие луге мора веднаш
да бидат ослободени, ОНА мора да понесе своја одговорност за овие
сериозни злоупотреби и да превземе мерки и гарантира дека овој криминал
ке престане".
Напомена:
Овој извештај е преведен онака како што е објавен на веб страната
на "Human Rights Watch - истиот можете да го пронајдете на Веб страната
- http://www.hrw.org/press/2001/08/macedonia-0811.htm
или за подетални информации погледни ја англиската верзија.
|