|
И
Н Ф О Р М А Ц И Ј А (10.10.2001)
Во насока на остварување
на својата основна функција и обезбедување на успешно и ефикасно
гонење на криминалот, Јавното обвинителство на Република Македонија,
на 10.10.2001 година, имајки ги во предвид кривичните дела од други
закони кои ги санкционираат поодделно областите што овие закони
ги обработуваат, писмено се обрати до ресорните Министри при Владата
на Република Македонија и тоа:
· Министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство,
· Министерот
за финансии,
· Министерот
за транспорт и врски,
· Министерот
за здравство и
· Министерот
за економија,
Од надлежните Министри
беше побарано известување со изготвување на информација, дали и
колку кривични пријави се поднесени во временскиот период од 1991
до 2001 година од страна на надлежните инспекциски служби на наведените
министерства кои вршат надзор над спроведувањето и примената на
позитивните материјални приописи во кои се предвидени и кривичните
дела, и тоа:
· Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со казнените одредби
од чл.165 од Законот за водите (Сл.весник на РМ бр.4/98) и чл.125
од Законот за ветеринарно здравство (Сл.весник на РМ бр.28/98),
· Министерството за
финансии во врска со казнените одредби од чл.53, 54 и 55 од Законот
за девизно работење (Сл.весник на РМ бр.34/2000), чл.59 и 60 од
Законот за акцизи (Сл.весник на РМ бр.32/2001) и чл.165 од Законот
за хартии од вредност (Сл.весник на РМ бр.63/2000), чл.117 и чл.118
од Законот за банките (Сл.весник на РМ бр.63/2000), чл.89-а од Законот
за игрите на среќа и за забавните игри, чл.48 од Законот за данок
на добивка (Сл.весник на РМ бр.5/93, 80/93 и 11/2001), чл.147-а
од Законот за персонален данок на доход (Сл.весник на РМ бр.80/93
и 8/2001), и чл.56 од Законот за стоковите резерви (Сл.весник на
РМ бр.47/87),
· Министерството за
транспорт и врски во врска со чл.49 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање (Сл.весник на РМ 4/96) чл.149 од Законот за внатрешна
пловидба (Сл.весник на РМ бр.27/2000), чл.118 од Законот за јавните
патишта (Сл.весник на РМ бр.26/96), чл.142 од Законот за Македонски
железници (Сл.весник на РМ бр.9/98),
· Министерството за
здравство в.в. со чл.136, 137 и 138 од Законот за лековите, помошните
лековити средства и медицинските помагала (Сл.весник на РМ бр.21/98)
и
· Министерството за
економија во врска со чл.13, 14, 15, 16 и 17 од Законот за нелојална
конкуренција (Сл.весник на РМ бр.80/99) и чл.49 од Законот за промет
на отрови (Сл.лист на СФРЈ бр.13/91).
Со ова Јавното обвинителство
има за цел да ја продлабочи соработката со надлежните Министерства
и на нив хиерархиски подредените инспекциски служби за посериозен
пристап во надзорот на повредата на позитивните норми нивно ефикасно
откривање и ефектно санкционирање.
ЈАВНО
ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|