РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА Р. МАКЕДОНИЈА
А.БР.15/2002
Скопје, 07.03.2002 година
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2001 ГОДИНА
Јавното обвинителство во насока на имплементација на меѓународно
- правните стандарди, со цел за заштита на човековите права и слободи,
како и со цел да се бори против организираниот криминал зема активно
учество во меѓународните проекти во државата и надвор од неа и остварува
средби со јавните обвинители од други земји и претставници од меѓународните
институции и организации.
Во оваа Информација
хронолошки ќе бидат прикажани активностите на јавното обвинителство
во текот на 2001 година.
- учество на семинар
во организација на Меѓународната организација за миграции, Мисија
во Скопје кој се одржа од 16 до 18.јануари .2001 година во Скопје
на тема "Борба против трговијата со жени и деца и поддршка
на жртвите".
По покана и организација
на Општото јавно обвинителство на Република Албанија на 26.и 27.јануари
.2001 година во Поградец, Република Албанија се одржа средба на
претставници од обвинителствата од двете држави. На средбата посебно
била нагласена потребата од соработка на полето на борба против
трговијата со луѓе, а во рамките на тоа и проституцијата.
-Од 15 до 17.март
.2001 година во Охрид се одржа семинар на тема:"Трговија со
жени и сексуална злоупотреба на жени и девојки", во организација
на Здружението на жените во Македонија.
- Од 21. до 22. март
во Скопје во организација на меѓународната организација за миграции,
Мисија во Скопје се одржа конференција на тема: "Борба против
трговија со луѓе" на која како предавачи се појавија претставници
на Федералното Истражно Биро од Соединетите Американски Држави.
- Од 11 до 13 април
2001 година, по покана на Генералниот државен обвинител на Република
Словенија г-ѓа Зденка Церар во работна посета на Република Словенија
престојуваше Јавниот обвинител на Република Македонија г-динот Ставре
Џиков. Тема на посетата беше унапредување на соработката меѓу двете
земји од областа на меѓународниот организиран криминал и тоа борба
против трговијата со оружје, дрога и трговија со луѓе.
- Од 14. до 16 мај
2001 година во Букурешт Република Романија се одржа Втора Пан Европска
Конференција на јавните обвинители. На Конференцијата Јавниот обвинител
на Република Македонија ја истакна позицијата, надлежностите и процесот
на хармонизација на Јавното обвинителство на Република Македонија
согласно стандардите на Европската Унија. Во интерес на презентирање
на актуелната безбедносна состојба во Република Македонија, присутните
беа запознаени поспецифичните терористички напади во Република Македонија.
-Од 20. до 21 мај
2001 година во Букурешт Република Романија се одржа регионална Конференција
за трговија со луѓе и илегална имиграција на земјите од Централна
Југоисточна Европа со цел да се имплементираат напорите за борбата
против трговијата со луѓе и илегалната имиграција на земјите од
регионот.
- Во организација
на Советот на Европа - ПАКО Програмата за борба против корупцијата
и организираниот криминал во земјите од Југоисточна Европа од 25
до 27. јуни 2001 година се одржа регионален семинар во Батак - Република
Бугарија.
- СЕКИ Центарот за
соработка за борба против трансграничниот криминал на 13 и 14 септември
2001 година во Букурешт Република Романија организира десетти состанок
на Заедничкиот Комитет за соработка на кој беа поканети експерти
за сузбивање на тероризмот од Министерството за внатрешни работи
и преставници од Јавното обвинителство на кој се разговараше за
состојбата со тероризмот во регионот.
- Во организација
на Советот на Европа - ПАКО Програма за борба против Корупцијата
од 1 до 5 октомври 2001 година во Хаг - Холандија се одржа семинар
од областа за надлежностите на заплената на имотна корист прибавена
со кривично дело.
- На 25 октомври
2001 година остварена е средба со делегација на Европскиот комитет
против тортурата, а во согласност со Конвенцијата на Советот на
Европа за спречување на мачењето, нечовечкиот или понижувачкиот
третман или казнување.
- Во организација
на Советот на Европа - ПАКО Програмата за борба против корупцијата
од 15 до 17 ноември 2001 година во Загреб Република Хрватска се
одржа завршен семинар. Предмет на расправа бил нацрт извештајот
за пооделни државни учеснички со предлог препораки од претходно
одржаните семинари.
- Од 28. до 29. ноември
2001 година во посета на Јавното обвинителство на Република Македонија
беше д-р Драгомир Недиќ в.д. Јавен обвинител на Република Србија
со двајца негови заменици. На средбата е разговарано на теми од
заеднички интерес за двете земји.
- Од 5. до 7 декември
2001 година, во организација на Центарот за стратегиски истражувања
и документација и Хашкиот трибунал се оствари работна посета на
Јавниот обвинител на Република Македонија и негов заменик на Хашкиот
Трибунал. Во рамките на оваа посета остварена е средба помеѓу Јавниот
обвинител на Република Македонија и преставници на Холандското Јавно
обвинителство.
- Во Тирана Република
Албанија од 5. до 7 декември 2001 година во организација наСоветот
на Европа и Јавното обвинителство на Република Албанија се одржа
средба на јавните обвинители на земјите од Централна и Југоисточна
Европа на тема пружање меѓународна правна помош и трговија со луѓе.
- Комитет на Експерти
за проценка на мерките за спречување перење пари во рамките на Советот
на Европа од 10. до 13 декември 2001 година во Стразбур одржа Осма
Пленарна седница на која учество зеде и претставник на Јавното обвинителство.
Цел на состанокот беше анализа на преземените активности и мерки
за спречување на перење пари.
ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Ставре Џиков
|