|
ПРВ
СОСТАНОК НА РАБОТНАТАГРУПА ЗА СУЗБИВАЊЕ
НА
ФИНАНСИСКИ И КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ
(Во организација
на Југоисточниот иницијативен центар за соработка во
борбата против пограничниот криминал -СЕКИ Центар)
На 31 јануари и 01
февруари 2001 година во Скопје во организација на Министерството
за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за
финансии на Република Македонија во соработка со Јавното обвинителство
на Република Македонија, а под покровителство на СЕКИ Центар се
одржа првиот состанок на работната група за сузбивање на финансискиот
и компјутерскиот криминал кој имаше меѓународна компонента и на
истиот беа присутни и повеќе претставници од држави членки на СЕКИ
Центарот, претставници од Советот на Европа, Европската комисија,
Јавното обвинителство на САД, Тајната служба на САД како и Финансовата
полиција на Италија.
Почетокот на работата
на состанокот и неговата важност за новите достигнувања во меѓународната
соработка во поглед на сузбивање на меѓународниот криминал го поздравија
Јавниот обвинител на Република Македонија г-дин Ставре Џиков, претставник
на Министерствиото за внатрешни работи на Република Македонија како
и претставник на Министерството за финансии на Република Македонија.
Предмет на работа
на состанокот беа фалсификувањето на пари и крдитни картички како
и измама од областа на финасикиот криминал кои директно се поврзани
со нивната противправна примена во компјутерскиот криминал поврзан
со набавка на производи и услуги преку компјутерската мрежа. Во
тој контекст на вака општо поставените параметри на наевените видови
на криминал, имаше повеќе излагања поврзани со конкретни проблематки
на правните системи и нивната борба против овие видови на криминал
искажани од претставниците на земјите учеснички на состанокот ,
воедно и нивните lege ferenda размислувања за подобра заштита од
се пософистицираниот начин при извршување на кривичните дела поврзани
пред се со компјутерските системи. Во тој контекст и од претставниците
на јавното обвинителство беа укажани проблемите поврзани со начините
на прибавување на материјалните и вербалните докази и потешкотиите
поврзани со донесување на мериторна јавно обвинителска одлука пред
се поради рестрикциите кои нашето законодавство, а со цел на заштита
на правата на граѓаните, ги наметнува при прибавување на доказите,
која околност побуди широка дискусија воедно беше дадена нагласка
на новините кои се инкорпоприрани во новиот предлог на закон за
јавното обвинителство во поглед на зголемување на ингеренциите на
јавниот обвинител во предкривичната постапка и начините и методите
на прибавување на материјалните докази. Во текот на дискусијата
претставникот на Јавното обвинителство на САД г-ѓа Маргарет О?Донел
која ги прикажа нејзините искуства од борбата против компјутерскиот
криминал во Романија кое излагање беше дополнето и од претставниците
на Тајната служба на САД, преку наведување на конкретни примери
со методи и начинина борбата на државата со ваквиот вид на криминалитет.
ЈАВНО
ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|