ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А (02.07.2001)

За кривично правната заштита на животната средина, превентивни и репресивни мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина

Република Македонија, како дел од современиот свет, се соочува со проблемот на загадување на животната средина, како резултат на неконтролираните процеси на индустријализација и урбанизација на земјата.

Во услови на техничко технолошки развој, заштитата на животната средина претставува прашање од посебен општествен интерес.

Еколошките проблеми се универзален феномен и универзална законитост. Според тоа и Република Македонија, како дел од современиот свет, не е исклучок од овие појави. Разликата при споредба со другите земји е само во тоа што и акутните проблеми на загадувањето и ургентната потреба од заштита кај нас се јавува подоцна одошто во другите земји. И причините се исти: индустријализација, урбанизација, хемизација, енергетика, сообраќај и сл. Ова се појави кои и во нашата држава неможат да се избегнат, ниту може да се запрат за да се зачува природата таква каква што е.

Проблемот за заштита и унапредување на човековата средина има интердисциплинарен карактер, па затоа и правното регулирање е отежнато. Всушност екологијата претставува однос на човекот спрема природата што го опкружува.

Улогата на правото во заштита на човековата средина не е прашање што се среќава само во современиот свет, меѓутоа современиот техничко технолошки развој се повеќе го актуелизира и прави ова прашање се поприсутно.

Првата конференција на Обединетите нации за заштита и унапредување на животната средина е одржана во Стокхолм 1972 година и на истата е донесена декларација за човековата околина и за првпат е укажано на сите опасности кои го демнат човечкиот род, поради се поголемата деградација на природата.

Правната основа за заштита на човековата средина е втемелена во Уставот на Република Македонија.

Кривично правните одредби во врска со заштита на животната средина сместени се во Главата ЏЏИИ на Кривичниот законик. Кривичните дела од оваа глава на Кривичниот законик се израз на заштитната функција на кривичното законодавство кон сеопштите активности за заштита на елементарните вредности за опстанокот на човекот од еколошка катастрофа.

Објект на заштита на кривичните дела против животната средина е животната средина, воздухот, почвата, водата и слично , од општо опасни дејствија со кои се загрозува опстанокот на човекот и другите живи организми на земјата, што може да доведе до уништување на човекот и животинскиот и растителен свет.

Предмет на оваа Информација е заштитата на животната средина од аспект на кривично правната заштита, гледано преку постапувањето на јавното обвинителство по кривичните пријави и предмети во врска со еколошкиот криминалитет во периодот 1998 до 2000 година.

Во Информацијата ќе бидат дадени податоци за движењето на откриени и пријавени лица за овие кривични дела во републиката, со споредбени податоци посебно на подрачјата на вишите јавни обвинителства.

1. Примени кривични пријави

а) Обем на пријавени лица

Во периодот од 1998 до 2000 година за овие кривични дела на територијата на Република Македонија поднесени се кривични пријави вкупно против 279 лица и тоа во 1998 година против 82 лица, во 1999 година против 87 лица и во 2000 година против 110 лица.

Податоците покажуваат зголемен обем на откривање и пријавување во текот на последните две години, во однос на 1998 година.

Вишо јавно П р и ј а в е н и л и ц а

обвинителство 1998 1999 2000 Вкупно

Скопје 29 26 52 108

Битола 24 48 45 117

Штип 29 13 12 54

Вкупно 82 87 110 279

б) Структура на пријавените кривични дела

Во структурата на откриени и пријавени кривични дела во периодот 1998 до 2000 година, податоците покажуваат дека во најголем број застапени се кривични дела од полесен вид, како што се кривичните дела незаконит лов од член 228 од Кривичниот законик со пријавени 113 лица, узурпација на недвижен имот од член 225 од КЗ со пријавени 88 лица итн., а за основното кривично дело - Загадување на животната средина од чл.218 од КЗ, што во секој случај е инкриминација што во основот дава белег на кривичните дела против животната средина , пријавени се само 4 лица.

Вишо јавно Структура на пријавени кривични дела по лице

обвинителство чл.218 чл.225 чл.226 чл.227 чл.228 чл.229 чл.230 чл.233

Скопје 2 23 16 3 50 9 2 5

Битола 1 43 15 4 47 7

Штип 1 22 8 5 16

Вкупно 4 88 39 12 113 16 2 5

Ако се имаат во предвид прикажаните податоци, а особено дека современиот технички развој е извор на постојано загадување на воздухот, почвата и водата, што последниве години нашата држава е соочена со сериозен проблем на загадување, во време кога еконологијата се повеќе добива на значење, наша оценка е дека истите не даваат реална слика за состојбата на овој вид еколошки криминалитет во републиката.

2. Одлуки по кривичните пријави

Постапувањето по поднесените кривични пријави во периодот 1998 - 2000 година, бројот и структурата на донесените јавнообвинителски одлуки е следната:

Година

Отфрлени

Обвинит.

предлог

Истраги

Обвинит.

акти Изјави за откажув. од гонење

Вкупно

1998 49 60 3 1 1 114

1999 42 42 4 2 1 91

2000 18 66 7 6 2 99

Вкупно 109 168 14 9 4 304

а) Отфрлени кривични пријави

Од вкупниот број на пријавени 279 лица, јавните обвинителства со решение за отфрлање на кривичните пријави одлучиле против 109 лица.

Кривичните пријави во најголем број биле отфрлани поради тоа што пријавените дела не биле кривични дела за кои се гони по службена должност или непостоеле основи на сомнение дека пријавените го сториле кривичното дело.

Бројот и обемот на отфрлените кривични пријави посебно по години и по подрачје на вишите јавни обвинителства е како следува:

Вишо јавно Отфрлени кривични пријави

обвинителство 1998 1999 2000 Вкупно

Скопје 20 16 5 41

Битола 19 21 12 52

Штип 10 5 1 16

Вкупно 49 42 18 109

б) Обвиненија

Во текот на периодот од 1998 до 2000 година поднесени се вкупно 177 обвиненија, од кои во 1998 година 61 обвинение во 1999 година 44 и во 2000 година 72 обвиненија.

Од вкупниот број на поднесени обвиненија, против 168 лица поднесени се обвинителни предлози и против 9 лица обвинителни акти по спроведена истрага.

Бројот и обемот на поднесени обвиненија, посебно по години и по подрачја на вишите јавни обвинителства е како следува:

Вишо јавно П о д н е с е н и о б в и н е н и ј а

обвинителство 1998 1999 2000 Вкупно

Скопје 24 17 38 79

Битола 20 17 23 60

Штип 7 10 11 38

Вкупно 61 44 72 117

4. Одлуки на судовите по поднесените обвиненија

По поднесените обвиненија против 177 лица, судовите донеле одлуки против 129 обвинети лица.

Гледано по структурата на донесените пресуди, во најголем број се осудителни пресуди против 99 обвинети лица, ослободителни против 27 обвинети лица и 10 одбивателни пресуди.

Вишо П р е с у д и

јавно 1998 1999 2000

обвинител. осуд ослоб одб осуд ослоб одб осуд ослоб одб Вкупно

Скопје 18 2 7 3 2 9 2 43

Битола 15 9 10 4 1 39

Штип 18 4 4 3 1 14 3 47

Вкупно 51 13 2 21 6 3 27 1 5 129

5. Казнена политика

Казнената политика е показател преку кој се согледува успешноста на функцијата на кривичното гонење и кривично правната заштита.

Каков бил бројот и структурата на изречените кривични санкции, по години и по подрачја на вишите јавни обвинителства е видно од следните податоци:

Вишо Изречени кривични санкции

јавно 1998 1999 2000

обвинител. затвор парич. условна затвор парич. условна затвор парич. условна

Скопје 7 11 3 4 1 2 6

Битола 3 6 6 2 2 6 4

Штип 4 12 2 4 3 6 5

Вкупно 7 25 19 2 9 10 4 8 15

Податоците покажуваат дека од вкупниот број на изречени кривични санкции во најголем број се условните осуди изречени против 44 обвинети лица, потоа паричните казни изречени против 42 лица и казната затвор изречена против 13 обвинети лица.

6. Заклучни согледувања

Пријавените лица, како можни сторители на кривичните дела против животната средина, во периодот 1998 до 2000 година учествувале со релативно мал број во однос на вкупно пријавениот криминалитет во овој период.

По својата внатрешна структура, пријавениот криминалитет не бележи квалитетни промени. Доминираат полесни облици на кривични дела.

И покрај сознанијата за енормни загадувања на животната средина, немало кривичен прогон за потежок вид на кривични дела поради неможноста да се обезбеди докази во смисла на научно стручно мислење за загаденоста, толерантните граници за тоа, предизвиканата опасност за животот и здравјето на луѓето, односно уништувањето на животниот и растителниот свет од големи размери.

Тоа ја налага потребата од специјализирање на стручни кадри, за обезбедување на начин, форми и методи за откривање на овој вид криминалитет.

Кривично правната заштита треба да се ориентира само на најтешките облици на загадување или загрозување на животната средина.

Примената на кривично правните одредби од Кривичниот законик во врска со заштитата на животната средина во најголем дел е во зависност од регулативата во другите законски прописи во врска со стандардите и техничките норми за одредување на загаденоста на животната средина. Во сите овие прописи потребно е да се востановат јасни и прецизни стандарди, што е услов за правилна примена на кривично правните одредби од оваа област.

Потребно е да се востанови информациски правен систем од областа на заштитата на животната средина, во кој ќе се систематизираат сите донесени меѓународни конвенции и национални законски прописи, кои се однесуваат на заштитата на животната средина.

Кривично правните одредби востановени во главата ЏЏИИ од Кривичниот законик, по правило треба да дејствуваат превентивно врз потенцијалните извршители на кривичните дела против животната средина.

Превентивниот карактер на овие кривични дела, се гледа во тоа што се санкционира и самото загрозување, односно не се чека да се дојде до уништување на некој човечки или друг природен ресурс.

Репресивните средства, предвидени во Кривичниот законик, треба да бидат ограничени во најнужна мера, односно кај потешките случаи на загадување. Притоа репресијата треба да биде сведена на најмала мерка, односно толку колку во конкретниот случај била потребна.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА