|
И
Н Ф О Р М А Ц И Ј А (01.10.2001)
За прогон на сторителите
на кривични дела:
- "Лажен стечај"
од чл.254 од КЗ,
- "Предизвикување
на стечај со несовесно работење" по чл.255 од КЗ,
- "Злоупотреба на
постапката за присилно порамнување" од чл.256 од КЗ и
- "Оштетување или
повластување на доверители" од чл.257 од КЗ, за периодот од 1.11.1996
до 31.8.2001 година
Годишната програма
на Јавното обвинителство на Република Македонија, предвидувајќи
ја оваа информација, имаше добра причина низ собраните податоци
да се обиде да даде реални одговори за состојбите на прогонот за
наведените кривични дела и обемот на заштита на имотот.
Кривичните дела "Лажен
стечај" по чл.254 од КЗ, "Предизвикување на стечај со несовесно
работење" од чл.255 од КЗ, "Злоупотреба на постапката за присилно
порамнување" од чл.256 од КЗ и "Оштетување или повластување на доверители"
од чл.257 од КЗ спаѓаат во кривичните дела против имотот и се систематизирани
во глава 13 од Кривичниот законик. Основен белег на овие кривични
дела е што сторителите со нивното извршување вршат намалување или
обезвреднување на имотот на должникот - правното лице, поради што
често доаѓа до оштетување на дел на доверителите, на сите доверители
или ставање на некој од нив во поповолна положба. Дејствијата на
извршување најчесто се насочени кон предизвикување стечај на должникот,
вон од условите предвидени во Законот за стечај, како и злоупотреба
на постапката за присилно порамнување и стечајната постапка, пак
со цел некој да оствари право кое не му припаѓа или да оштети или
повласти некој од доверителите.
Сторителите на овие
кривични дела директно атакуваат на имотот на должникот, особено
во оние правни лица каде што не е завршена трансформација на капиталот,
па преку неговото обезвреднување сакаат да издејствуваат доминантно
право на сопственост над должникот, за себе и за трети лица.
Имајќи го ова во вид,
новиот Кривичен законик кој стапи на сила на 1.11.1996година , споменатите
кривични дела кои порано беа содржани во главата за кривични дела
против стопанството, чиј објект на заштита претставуваше стопанското
работење и општествената сопственост, ги смести во главата на кривични
дела против имотот. Со тоа се сакаше да се обезбеди еднаквост во
заштитата на сопственоста, независно од тоа дали се работи за приватна,
државна, општествена или задружна сопственост.
Анализата на битијата
на овие кривични дела покажува дека тие обезбедуваат заштита на
доверителите на стопанските субјекти и други правни лица од свесно
избегнување на обврските за плаќање, од привидно продавање на имотот
и слично, заради изигрување на доверителите.
Од погоре изложеното,
произлегува дека државата во областа на законодавната свера, создаде
можности за еднаква правна заштита, со што се очекуваше имотот како
едно од загарантираните права на поединецот и на субјектите на државата
кога доаѓаат во правниот промет да им се даде целосна гаранција.
Од тие причини сметавме
дека податоците во врска со наведените кривични дела треба да бидат
лоцирани токму за цел овој период откако стапи на сила новиот Кривичен
законик. Во таа насока предмет на интересирање беа: бројот на пријавени
лица; време на пријавување на кривичното дело; одлуките на јавниот
обвинител; одлуките на судот; структура на сторителите по возраст
и пол; занимање; дејностите на правното лице; кратка содржина на
дејствието на извршување за карактеристични случаи; подносителите;
оценка за проблемите за откривање на делата; како и оценка за застапеноста
во вкупниот обем на криминал.
Прибраните податоци
за жал се многу скромни, како по обем, така и по содржина. Тоа произлегува
од малиот број на пријавени лица, ефектуираните одлуки, како и одлуките
во судот.
ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
- СКОПЈЕ
Во периодот од 1.11.1996
до 31.8.2001 година, на подрачјето на Вишото јавно обвинителство
- Скопје вкупно се поднесени 37 кривични пријави против 51 лице.
Од нив најголем број се поднесени до Основното јавно обвинителство
во Скопје - 17 кривични пријави против 21 пријавено лице; Основното
јавно обвинителство во Кавадарци - 7 кривични пријави против 11
лица; Основното јавно обвинителство во Тетово - 2 кривични пријави
против 2 лица; Основното јавно обвинителство во Велес - 3 кривични
пријави против 6 лица; Основното јавно обвинителство во Куманово
- 2 кривични пријави против 1 лице и Основното јавно обвинителство
во Гевгелија - 6 кривични пријави против 10 лица. Во Основните јавни
обвинителство во Гостивар, Крива Паланка и Дебар кривични пријави
за овие кривични дела не се поднесени.
Кривичните пријави
се поднесени во следните години:
- 1996 година -
1 пријавено лице
- 1997 година
- 16 пријавени лица
- 1998 година
- 18 пријавени лица
- 1999 година
- 10 пријавени лица
- 2000 година
- 5 пријавени лица
- 2001 година
- 1 пријавено лице
Кривичните пријави
се решени на следниот начин:
- против 16 лица
кривичните пријави се отфрлени
- против 9
лица поднесени се барања за спроведување истрага и истрагите сеуште
- не се завршени
- против 5
лица се дадени изјави за откажување од гонење
- против 9
лица се поднесени обвиненија
- против 6
лица се поднесени барања за претходни известувања
- судот донесол
една осудителна пресуда против едно лице и 2 ослободителни
пресуди против 2 лица
Од вкупниот број на
пријавени лица 45 биле мажи и 6 жени. Возраста на пријавените се
движела: од 20-30 години 5 лица; од 30-40 години 15 лица; од 40-50
години12 лица, а останатите над 50 години.
Дејноста на правните
лица во најголем број на случаи била трговија, земјоделие, угостителство
и само во три случаи производство.
Пријавени лица биле
директори на правното лице, финансови директори, стечајни управници
и оснивачи.
Пријавители се јавуваат
физички лица, правни лица, МВР, оштетен доверител, УЈП .
ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
- БИТОЛА
Во периодот од 1.11.1996
до 31.8.2001 година, на територијата на Вишото јавно обвинителство
во Битола биле пријавени вкупно 39 лица. Од нив 18 биле од подрачјето
на ОЈО Битола, 3 ОЈО Прилеп, по 2 од подрачјето на ОЈО Охрид и Струга
и по едно од подрачјето на ОЈО Кичево и Ресен. Кривичните пријави
против пријавените лица се поднесени во :
- 1997 година -
16 пријавени лица
- 1998 година
- 8 пријавени лица
- 1999 година
- 6 пријавени лица
- 2000 година
- 6 пријавени лица
- 2001 година
- 3 пријавени лица
Ова обвинителство
ги даде податоците за процентот со кои учествуваат кривичните дела
во криминалитетот на имотните деликти и тој изнесува од 0,56% во
1997година; 0,30% во 1998 година; 0,25% во 1999година и 0,17% во
2000 година.
Кривичните пријави
се решени на следниот начин:
- против 26 лица
кривичните пријави се отфрлени
- против 1
лице е дадена изјава за откажување од гонење
- против 4
лица се поднесени обвиненија
- против 8
лица се поднесени барања за претходни известувања
- против 2
лица обвиненијата се непресудени, а против 2 се донесени одбивателни
пресуди
Од вкупниот број на
пријавени лица 34 биле мажи и 5 жени. Возраста на пријавените се
движела: 6 лица од 20-30 години, 14 лица од 30-40 години, 7 лица
од 40-50 години и 12 лица над 50 години.
Од пријавените лица
34 биле директори, од кои 5 на акционерски друштва, 24 на приватни
претпријатија, 1 на здружение на граѓани, 3 на земјоделски задруги,
а останатите 5 биле членови на управен одбор на акционерско друштво.
Дејноста на правните
лица била 11 правни лица се занимавале со производна, 5 со трговска,
1 со одгледување лов на дивеч и 1 со угостителска дејност.
Како пријавители се
јавуваат МВР, приватни претпријатија, граѓани, здруженија на граѓани
и хуманитарни организации. Најчести пријавители биле граѓани, а
МВР учествувал со пријави само против 8 лица.
ВИШО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО
- ШТИП
Во периодот од 1.11.1996
до 31.8.2001 година, на подрачјето на Вишото јавно обвинителство
во Штип поднесени се кривични пријави против 14 лица. Од нив пријавите
биле поднесени во следните години:
- 1996 година -
1 пријавено лице
- 1997 година
- 3 пријавени лица
- 1998 година
- 2 пријавени лица
- 1999 година
- 2 пријавени лица
- 2000 година
- 4 пријавени лица
- 2001 година
- 2 пријавени лица
Кривичните пријави
се решени на следниот начин:
- против 8 лица
кривичните пријави се отфрлени
- против 2
лица поднесени се барања за претходни известувања
- против 4
лица се поднесени обвиненија
- против 1
лице судот донесол ослободителна пресуда
- против 3
лица обвиненијата се непресудени
Сите пријавени лица
се мажи. Возраста на пријавените е од 30 до 40 години.
Пријавените биле:
2 оснивачи, останатите директори.
Дејноста на правните
лица била трговија, производство на текстил, производство на градежни
материјали.
Подносители на кривичните
пријави се УВР, правни лица и граѓани.
ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА
Податоците прибрани
од основните обвинителства зборуваат дека за наведениот период за
овие кривични дела вкупно во Република Македонија биле поднесени
кривични пријави против 104 лица.
Статистичките податоци
за обемот на криминалитетот врзан со стечајот, воопшто не ја отсликува
реалната состојба за овој вид на криминалитет. Во состојба кога
реалниот живот покажува дека се поведуваат голем број на стечајни
постапки, со несогледливи последици за вработените, државата, претпријатијата,
кога јавноста бурно реагира и укажува на разни незаконитости во
стечајните постапки, приватизацијата, обезвреднувањето и оутѓувањето
на државниот капитал неможе да се прифати дека ваквиот криминал
не постои, односно дека е незначителен како што покажуваат статистичките
показатели.
Во услови на транзиција
и сеуште незаокружен процес на приватизација, истовременото егзистирање
на разните видови сопственост, а во отсуство на соодветна државна
контрола за законитоста во одвивањето на ваквите процеси, навистина
тешко и неможно е откривањето на противправните дејствија кои ги
превземаат во врска со стечајот и воопшто во претпријатијата во
транзиција, менаџерските тимови, директорите или други раководни
структури во претпријатијата, изразени во обезвреднување и присвојување
на капиталот кој најчесто е општествен или државен. Поранешните
самоуправувачи, а сега акционери, тешко можат да ги откријат криминалните
однесувања на нивните раководни структури, а уште помалку да обезбедат
докази, бидејќи истите често се покриваат со одлуки на раководните
органи, со фиктивна документација, а доказите лесно можат да бидат
прикриени или фалсификувани.
Овие податоци зборуваат
дека има проблем при самото откривање на кривичните дела, за што
зборува и малото учество во пријавување на МВР. Пријавите на самиот
почеток имајќи ги во вид негативните јавнообвинителски одлуки се
недоволно поткрепени со материјални докази, а тие неможат да се
прибават ниту во понатамошната постапка, бидејќи се прават недостапни
од страна на пријавените лица кои се сопственици на фирми и претпријатија.
Стечајните судии кои
имаат обврска воочените незаконитости во стечајната постапка да
ги пријават кај надлежното обвинителство, истите освен достава на
решението за отварање стечајна постапка немаат ништо друго поднесено.
Ова, особено што тие имаат можност да ги согледаат разните малверзации
кои се прават преку неводење на уредна документација и исчезување
на поедини документи. При таква состојба обвинителствата решенијата
ги доставувале на проверки во МВР, а таму очигледно не им е посветено
доволно внимание за причините на отварањето на стечајните постапки.
Во Законот за претпријатија
немаше никакви ограничувања во поглед на основањето на претпријатие,
ниту пак се предвидуваше надлежност во државата во вид на инспекциска
контрола освен за исполнување на санитетско технички услови за заштита
при работа. Со донесувањето на Законот за трговски друштва, основањето
на претпријатие стана лесна работа. Токму затоа во голем број случаи
претпријатијата кои паднаа во стечај се оние за кои оснивачите не
обезбедиле минимум средства, ниту пак постоеа по одредени критериуми
задолжителни стандарди за стручноста на кадрите кои ги водат претпријатијата.
Така, овие правни субјекти стапувајќи во деловни односи со успешни
фирми често беа причина и за банкрот на успешните. Државата не ги
следеше податоците дали менаџерскиот тим од претходно банкротираното
претпријатие со затворена стечајна постапка, а потоа директор на
истото претпријатие се јавува како оснивач на ново претпријатие,
често со иста дејност како и претходната.
Поставените проблеми
во кои очигледно недостасува најпрво потребата за сопствена заштита
и личен ангажман, а потоа и системот на заштита кој би го одредила
самата држава заради функционирање на стопанството во рамки на вистински
деловен морал, секако дека се во тесна врска со вака покажаните
бројчани показатели за кои констатиравме дека не се одраз на реалниот
живот.
Заради обезбедување
успешност во откривањето и гонењето на овој вид криминалитет, потребна
е поголема ангажираност на органите на откривање, соработка со органот
на прогон, обезбедување соодветни механизми на контрола на државата,
како и соработка со стопанските асоцијации.
ЈАВНО
ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
|