|
ПРИНЦИПИ НА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО ОТКРИВАЊЕТО, АПСЕЊЕТО, ЕКСТРАДИЦИЈАТА
И КАЗНУВАЊЕТО НА
ЛИЦА ВИНОВНИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА И
ЗЛОСТОРСТВА ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО
Генерално Собрание Резолуција 3074 (XXVIII) 03.12.1979 година
Генералното Собрание,
Повикувајки се на своите резолуции 2583 од 15.12.1969 год., 2712
од 15 декември 1970год., 2840 од 18 декември 1971 год., 3020 од
18 декември 1972 год.
Имајки ги во обзир
специјалните потреби за меѓународна акција во насока да обезбеди
обвинување и казнување на лица виновни за воени злосторства и кривични
дела против човештвото
Објавува дека Обединетите
нации во извршувањето на принципите и целите поставени однапред
во документот кои се однесуваат на промоција на соработка помеѓу
лугето и поддршка на меѓународниот мир и сигурност, ги прогласуваат
следните пронципи на меѓународна соработка во откривањето, апсењето,
екстрадицијата и казнувањето на лица виновни за воени злосторства
и кривични дела против човештвото:
1. Воените злосторства
против човештвото, каде и да се извршени, треба да бидат предмет
на истрага и лицата против кои постијат докази дека тие извршиле
такви кривични дела, треба да бидат предмет на истрага, апсење,
судење и доколку се виновни да се казнат.
2. Секоја држава има
право да ги суди сопствените државјани за кривични дела против човештвото.
3. Државите треба
да соработуваат мегу себе врз билатерални и мултирателарни основи
во смисла на запирање и превентива од воените злосторства и кривичните
дела против човештвото, и ќе превземе домашни и меѓународни мерки
потребни во оваа цел.
4. Државите треба да асистираат помеѓу себе во откривање, апсење
и доведување пред суд на лица за кои постои сомнение дека имаат
сторено вакви кривични дела и ако истите се најдат за виновни да
бидат казнети.
5. Лицата против кои
постојат докази дека тие извршиле воени злосторства и кривични дела
против човештвото треба да бидат предмет на судење и ако истите
се најдат за виновни да бидат казнети, како генерално правило во
државите во кои тие ги сториле овие кривични дела. Во врска со ова
државите треба да соработуваат по прашањата за екстрадиција на таквите
лица.
6. Државите треба
да соработуваат едни со други во собирањето на информации и докази
кои би помогнале да се донесат до судење лицата за кои постојат
индиции во смисла на параграф 5 од погоре и ќе разменуваат такви
информации.
7. Во согласност со
чл.1 на Декларацијата за територијален азил од 14 декември 1967
година државите нема да дозволат азил на било кое лице со почит
на тоа доколку постојат сериозни причини да се смета дека тоа лице
извршило криминал против мирот, воени злосторства или злосторства
против човештвото.
8. Државите нема да
превземат било каква легислатива или мерки кои може да бидат штетни
за меѓународните обврски за кои претпоставуваат во однос на откривањето,
апсењето, екстрадицијата и казнувањето на лица виновни за воени
злосторства и злосторства против човештвото.
9. Во соработката
во смисла на откривањето, апсењето и екстрадицијата на лицата против
кои постојат докази дека тие извршиле воени злосторства и злосторства
против човештвото и доколку се најдени за виновни, нивните казни
државите ќе дејствуваат во согласност со слободата на прописите
на Обединетите нации и Декларацијата за принципите на меѓународното
право имајќи ги во предвид пријателските односи и соработка помеѓу
државите во согласност со прописите на Обединетите нации.
|