ПОЧЕТНА
СТРАНА

ИНФОРМАЦИИ ЈАВЕН
ОБВИНИТЕЛ
ОСНОВНИ
ИНФОРМАЦИИ
СЕКТОРИ СТРУКТУРА И
ОРГАНИЗАЦИЈА
ПРОПИСИ КОНТАКТ

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ 2006

  - превземи во rtf формат

  

I. ФУНКЦИЈА НА КРИВИЧНОТО ГОНЕЊЕ


1/ Обем на работа на Основните јавни обвинителства

Основните јавни обвинителства во текот на 2006 година постапувале по примени кривични пријави за кривични дела сторени од 18.169 полнолетни сторители, потоа спрема 2.605 малолетни сторители, како и против 11.303 непознати сторители.

Од ова произлегува дека во 2006 година, новопримени се кривични пријави против вкупно 32.082 сторители на кривични дела, што пак во однос на претходната 2005 година, претставува зголемување за 5,70%. Инаку, зголемувањето на пријавените сторители е присутно кај полнолетните и непознатите сторители, а кај малолетните лица се смалил за 0,33%.

Застапеноста на овие три категории на сторители на кривични дела во однос на претходните години - 2005 и 2004 може да се следи од следниот табеларен преглед:

Сторители

2004

2005

2006

бројка

процент

Полнолетни

16.204

17.528

18.169

+641

+3,65%

Малолетници

2.673

2.686

2.605

- 81

- 0,33%

Непознати

11.374

10.136

11.308

-+1.172

+ 11,56%

Вкупно:

30.251

30.350

32.082

+ 1.732

+5,70%


А. КРИВИЧНИ ДЕЛА ИЗВРШЕНИ ОД ПОЛНОЛЕТНИ СТОРИТЕЛИ

1. Обем на примени кривични пријави

Бројот на новопримените кривични пријави против полнолетни сторители на кривични дела во текот на 2006 година изнесува 18.169 пријавени лица и тоа во однос на 2005 година преставува зголемување за 641 лице или за 3,65%.

Во текот на годината Јавните обвинителства покрај новопријавените лица постапувале и по кривични пријави од претходната година против 4.864 пријавени сторители на кривични дела, што во вкупен обем значи дека постапувале по кривични пријави против 23.033 сторители на кривични дела.

Заедно со приливот на кривичните пријави на подрачјата на трите виши јавни обвинителства, во однос на претходните години состојбата е следна:

Вишо јавно обвинителство со подрачните основни обвинителства

2004

2005

2006

Скопје

14.945

15.704

16.400

Битола

3.892

3.859

3.810

Штип

2.798

2.915

2.823

Вкупно

21.635

22.478

23.033

Од изнесениот преглед произлегува дека на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје бројот на полнолетните лица по кои е постапувано е зголемен за 696 лица, а намален на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип за 92 лица, а на подрачјето на Вишото јавно обвинтиелство Битола за 49 лица.

 

Подносители на кривични пријави

Структурата на подносителите на кривичните пријави во 2006 година покажува незнатни осцилации во поглед на претходната година. Најголема застапеност природно има Министерството за внатрешни работи со 62.5% поднесени кривични пријави, потоа следуваат кривичните пријави поднесени од граѓани со 16.1%, оштетените правни лица во поднесените кривични пријави учествуваат со 9.2%, државните органи со 7.1%. Во извештајната година јавните обвинителства во покренувањето на кривични постапки учествуваат со 2,3% во вкупната структура на подносителите на кривични пријави.

Карактеристично е дека на ниво на трите виши јавни обвинителства Министерството за внатрешни работи учествува со највисок процент на територијата на Вишото јавно обвинителство Скопје - 69,7%, потоа на територијата на Вишото јавно обвинителство Битола со 59,1% , а на територијата на Вишото јавно обвинителство Штип со 58,8% . Во однос на претходната година Министерството за внатрешни работи поднело за 2,5% помалку кривични пријави од претходната година.

 

2. Постапување по кривични пријави
а) Обем и ажурност

Наведовме дека во годината предмет на овој извештај основните јавни обвинителства во работа имале вкупно кривични пријави против 23.033 пријавени лица, а од овој број решени се пријави против 18.009 лица или 78,1%. Процентуално во однос на претходната година решиле повеќе за 1,22% кривични пријави.

На крајот на годината останале нерешени кривични пријави против 5.024 лица или 21,8%, од сите пријавени лица кои биле во работа, што пак претставува намалување на нерешените кривични пријави во однос на претходната година за 2,46%. Нерешените кривични пријави во јавното обвинителство се кривични пријави кои се доставени до други органи, бидејќи од наводите во истите јавниот обвинител немал доволно основ на сомнение за да покрене постапка пред надлежниот суд. Најчесто тие се упатени на проверка до МВР или други државни органи.

Процентот на нерешените кривични пријави на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје изнесува 26,36%, на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола 30,9% и на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип 5,8%.

Ако се има во вид дека како подносители на кривични пријави во процентуален однос од 62,5% се јавува Министерството за внатрешни работи, а 37,5% се останатите органи и граѓани, реално се поставува потребата од проверување на самите наводи во пријавата, а многу повеќе и од прибирање на релевантни докази кон истата. Јавното обвинителство постојано упатува на можноста, таму каде што постои и најмала шанса проверките да се вршат непосредно со што би се смалило времетраењето на прибирањето на податоците, таквата можност да се користи. Меѓутоа, не секогаш и не за сите кривични дела такво нешто е возможно и овој податок при анализирањето секогаш е меч со две острици, бидејќи тој е детерминиран и од самата структура на криминалот, од стручноста на подносителите и можноста тие да ги презентираат вистинските докази.

Во 2006 година поднесени се барања за собирање потребни известувања против 3.537 лица и предлози за превземање на определени истражни дејствија против 4.246 лица, за да на крајот на годината како што веќе истакнавме кај други органи останле нерешени пријави против 5.024 лица. Зголемувањето на поднесените барања е поголемо од претходната година, па во вкупната бројка на нерешени пријави постои зголемување за 160 лица.

Оваа состојба е најприсутна на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, во кое на крајот на извештајната година кај други органи останале нерешени кривични пријави против 4.307 лица. Само во Основното јавно обвинителство Скопје останале нерешени кривични пријави против 3.449 лица. (Основното јавно обвинителство Скопје постапувало вкупно против 10.230 лица).

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола останале нерешени кривични пријави кај други органи против 552 лица, а на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип против 165 лица. Оваа тенденција во Основното јавно обвинителство Скопје има свое реално објаснување не само заради бројот на пријавени лица, ами и заради сложеноста и структурата на пријавените кривични дела, пријавителите и објективните причини поради кои често судот е спречен ажурно да постапува по бараните истражни дејствија.

б) Барања за собирања на потребни известувања

Во претходна постапка постапувајки по кривичните пријави, Јавниот обвинител го користи институтот Барање за собирање на потребни известувања, предвиден во чл.144 ст.2 и ст.3 од Законот за кривичната постапка. Основните јавни обвинителства бараат од Министерството за внатрешни работи, другите органи и институции, или пак самите основни јавни обвинителства непосредно се ангажираат да се соберат потребните известувања, податоци или да се преземат други мерки заради откривање на кривичното дело и сторителот.

Основните јавни обвинителства во текот на 2006 година поднеле барања за собирања потребни известувања против 3.537 пријавени лица. Во однос на претходната година овој број е намален за 14 пријавени лица.

Наша оценка е дека овластувањата дадени од чл.144 ст.4, 5 и 6 од ЗКП, во поглед на можноста за самостојни проверки на податоците императивно е потребно јавните обвинители да ги користат во полн капацитет во секој поединечно можен случај.

в) Предлози за преземање на определени истражни дејствија

Основните јавни обвинителства институтот Предлози за превземање на определени истражни дејствија предвиден во чл.418 од ЗКП, во извештајниот период го користеле постапувајки по кривични пријави против 4.246 лица.

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје овој институт најповеќе е користен, и тоа против 3.369 лица, на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола против 785 лица, а на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип само против 92 лица.

Примената на овој институт очигледно само кај Вишото јавно обвинителство Скопје и оваа година има тенденција на зголемување, таква тенденција постои и на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола, а само на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип бројот на пријавените лица е незнатно смален во примената на овие дејствија. Имајќи ги во вид кривичните дела кај кој се користи овој институт - предвидена казна затвор до три години, апсолутно е нужно при определувањето на користење на институтот да се води сметка за обемот со кој се определуваат таквите дејствија, нивната строга рационализација и постојаност во контролирање на постапката , заради кратките рокови на застареност. Исто така, јавните обвинители мораат да ја зајакнат сопствената истражувачка функција и можноста од индивидуално постапување, без вклучување на истражниот судија.

 

3) Одлуки по кривични пријави
а) Број и структура

Основните јавни обвинителства постапувале вкупно против 23.033 полнолетни лица, од кои против 18.169 лица пријавите биле примени во текот на годината, а против 4.864 лица пријавите биле поднесени во претходните години.

Во текот на годината основните јавни обвинителства решиле пријави против 18.009 лица или 79%. Нерешени останале пријави против 45.024 лица или 21,8%.

Структурата на одлуките кои се донесени од основните јавни обвинтителства покажува дека:

1). Отфрлени се кривични пријави против 4.171 лице или 23,16% од пријавените лица со што го задржале процентот од претходната година.

2). Со поднесени обвинителни предлози постапено е по пријави против 7.108 пријавени лица или 39,46%;

3). Поднесени се непосредни обвинителни акти против 609 лица или 3,38%;

4). Против 5.958 лица или 33,5% од пријавените лица до истражните судии поднесени се барања за спроведување истраги.

5) Пријави решени на друг начин се против 163 лица.


б) Отфрлени кривични пријави

Од вкупниот број на решените кривични пријави во извештајната година отфрлени се кривични пријави против 4.171 лица или 23,16%.

Основите за отфрлање на кривичните пријави се идентични како и претходните години. Најголем број пријави се отфрлени заради тоа што пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност и заради непостоење основи на сомнение дека пријавеното лице е сторител на кривично дело.

Основните јавни обвинителства на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје имаат отфрлено кривични пријави против 2.571 лице што е 21,26% од вкупно решените пријави по пријавени лица.

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Битола отфрлени се кривични пријави против 1.070 лица, што е 32,8% од вкупниот број на решени кривични пријави по лица.

На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип отфрлени се кривични пријави против 530 лица што е 19,9% од вкупниот број на решените кривични пријави по лица.

Во основните јавни обвинителства најголем број на отфрлени кривични пријави има во Основното јавно обвинителство Струга 44,1%, Основното јавно обвинителство Делчево 36,6%, Основното јавно обвинителство Гевгелија 36,58%, Основното јавно обвинителство Охрид 32,2%, а останатите јавни обвинителства се движат во однос на отфрлените кривични пријави во распон од 9,43% до 22%.


в) Поднесени барања за спроведување истрага

Основните јавни обвинителства до истражните судии поднеле барања за спроведување истрага против 5.958 лица, или 33% од решените пријави по лица. Во споредба со претходната година ставени се барања за спроведување истрага помалку за 342 лица.

Истражните судии во 2006 година во работа имале вкупно истраги против 11.596 лица, спрема 11.943 лица колку што имале во работа во претходната година.

Постапувајки по барањата истражните судии спровеле истраги против 5.958 лица или 51,37% од вкупниот број на истраги во работа. На крајот на годината останале нерешени истраги против 5.341 лица или 48,7%.


г) Учество во истрагата

Основните јавни обвинителства учествувале во истрага при распит на обвинети лица и сведоци за 5.231 лице.

При увиди и вештачења јавните обвинители имале учество во 715 случаи.

д) Примена на мерката притвор

Мерката притвор во 2006 година има тенденција на смалување која е присутна во континуитет. Таа била одредена против 642 лица, спрема 775 лица колку што била определена во 2005 година. За времетраење на притворот даваме еден објективизиран податок, а во пристапот кон времетраењето тој најчесто е определуван до 30 дена, во помал број до 60, 90 и преку 90 дена. Ова е условено од последните измени на Законот за кривична постапка според кои притворот е врзан со висината на определената казна за пооделни кривични дела.

Во однос на структурата на кривични дела мерката притвор во најголем број на случаи е одредувана за кривични дела против имотот, на сите три подрачја; потоа следи главата во која се определени кривичните дела против животот и телото, против здравјето на луѓето, против правниот сообраќај, и останатите кривични дела зависно од стуктурата на криминалот во одделните региони.

Најчесто како основ за мерката притвор е притворот определен по чл.184 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП што упатува на заклучок дека ниту судот ниту јавните обвинители имале рестриктивен однос кон секоја точка одделно и дека станува збор за формализирање на основите без во секој случај да се има релевантни податоци од кои произлегува дека, секој основ е во склад со однесувањето на сторителот и податоци за неговата личност.


4) Одлуки по спроведена истрага

 

Изјави за откажување од гонење

Прекратени

Решени на друг начин

Скопје

589

152

32

Битола

169

3

16

Штип

188

5

7

Вкупно:

946

160

55

Од горното произлегува дека 15,87% од решените истраги завршиле со изјави за откажување од гонење од страна на Јавниот обвинител.



5) О б в и н е н и ј а

Во 2006 година јавните обвинителства поднесле обвиненија против 12.721 лице, што е за 782 лица повеќе отколку во претходната година.

Од вкупниот број на поднесените обвиненија, против 7.108 лица се поднесени обвиненија во скратена постапка - со обвинителен предлог, против 609 лица се поднесени непосредни обвиненија и против 5.004 лица се поднесени обвинителни акти по спроведени истраги.

а) Одлуки на судот по поднесените обвиненија

Во 2006 година Основните судови донеле пресуди против 12.634 лица, спрема 11.797 во 2005 година.

Според видот на пресудите, состојбата е следната:

- осудителни пресуди за 11.038 лица или 87,36%
- ослободителни пресуди за 424 лица или 3,35%
- одбивателни пресуди за 669 лица или 5,2%
- запирање по предавање на
обвинителниот акт на судот за 503 лица

Од осудителните пресуди донесени против 11.038 лица, судовите изрекле условни осуди против 5.260 лица или 47,65% и изрекле парични казни против 2.406 лица или 21,79%. Затворските казни учествуваат со 3.186 лица или 28,8%. Судски опомени се изречени за 186 лица.

Од судовите на крајот на извештајната година, останале непресудени обвиненија против 11.489 лица - спрема 11.844 лица од претходната година, или бројот на непресудените обвиненија е намален за 355 лица. Со ова втора година незнатно бројот на непресудените обвиненија се намалува.

 


Б.- КРИВИЧНИ ДЕЛА ИЗВРШЕНИ ОД МАЛОЛЕТНИ СТОРИТЕЛИ

Примени кривични пријави

Во 2006 година примени се пријави спрема 2.605 малолетници од кои 483 се деца на возраст до 14 години.

Кривичните пријави се решени на тој начин што спрема 708 малолетници или 27,17% пријавите се отфрлени, спрема 1.779 малолетници или 68,29% ставени се барања за поведување на подготвителна постапка и спрема 64 малолетници или спрема 2,45% пријавите се решени на друг начин.

Бројот на отфрлени кривични пријави се должи на фактот дека спрема пријавените малолетници - деца неможат да се применат кривични санкции. Така, во текот на годината биле примени пријави спрема 483 деца што претставува 68,22% од вкупниот број на отфрлените кривични пријави.

Спрема 225 малолетници, кривичните пријави се отфрлени со примена на начелото на опортунитет и други причини.


Подготвителна постапка

Од вкупно 2.605 пријавени малолетници, спрема 1.779 малолетници се поднесени барања за поведување на подготвителна постапка. Во однос на 2005 година се поднесени повеќе барања спрема 27 малолетници.

Заедно со нерешените подготвителни постапки од претходните години и примените во текот на годината, судиите за малолетници имале за решавање подготвителни постапки вкупно спрема 2.825 малолетници.

По завршените подготвителни постапки од страна на јавните обвинителства се поднесени предлози за изрекување воспитни мерки спрема 1.349 малолетници, предлози за казнување спрема 16 малолетници, спрема 457 малолетници се поднесени предлози за запирање на постапката, спрема 11 малолетници постапката била решена на друг начин и спрема 43 малолетници подготивтелната постапка е прекратена.

На крајот на 2006 година останале нерешени подготвителни постапки спрема 960 малолетници, што во однос на 2005 година бележи зголемување за 86 малолетници.

Предлози за примена на воспитни мерки и за казнување

По завршените подготвителни постапки спрема 1.865 малолетници, поднесени се предлози за изрекување на воспитни мерки спрема 1.349 малолетници, а спрема 16 малолетници предлози за казнување. Во вкупниот обем на пријавените лица во 2006 година (полнолетни 18.169 и малолетници 2.605), малолетниците учествуваат со 14,33% што е за 4,33% повеќе од минатата година кога учествувале со 10%.


Одлуки на судот и жалби на јавните обвинители

Во извештајниот период судиите за малолетници имаат донесено одлуки спрема 1.207 малолетници.

Од вкупно донесените одлуки спрема 1.105 малолетници е изречена вонзаводска мерка, спрема 77 малолетници е изречена заводска мерка, казнети се 9 малолетници. Јавните обвинители вложиле жалби по судските одлуки донесени спрема 3 малолетници, а пак жалби од малолетниците биле вложени во 18 случаи.


В.- КРИВИЧНИ ДЕЛА ИЗВРШЕНИ ОД НЕПОЗНАТИ СТОРИТЕЛИ


Во Јавните обвинителства во извештајната година се примени 11.308 кривични пријави против непознати сторители на кривични дела, што е за 1.172 кривични пријави повеќе од претходната година. По овие кривични пријави јавните обвинителства ставиле 11.263 барања за собирања потребни известувања и откривање на сторителите на кривични дела и по 35 пријави ставиле предлози за преземање на одредени истражни дејствија.

Вкупно во работа јавните обвинители имале 96.566 кривични пријави, од кои 85.248 од претходните години по кои сторителите останале неоткриени и како што истакнавме 11.308 пријави примени во текот на годината. Од нив се отфрлени 7.213 пријави, од кои поради застаренот 7.175.

Органите за внатрешни работи во извештајната година откриле сторители по вкупно 859 кривични пријави. Во претходната година биле откриени сторители по 3.283 кривични пријави. Откриени сторители се 578 по пријавите од претходните години по кои сторителите биле неоткриени и останатите од пријавите примени во 2006 година. На крајот на извештајната година останале неоткриени сторители по 77.767 кривични пријави.

 

Г.- СТРУКТУРА НА КРИВИЧНИ ДЕЛА

Во овој дел од Извештајот ќе бидат изнесени податоци за движењето на криминалот према структурата на кривичните дела. Посебно ќе биде дадено движењето на криминалот по пооделни глави од Кривичниот законик (Сл.весник на РМ бр.37/96), како и пооделни карактеристични кривични дела во 2006 година, со споредување од поранешната 2005 година.

Изнесените податоци за структурата на кривичните дела се однесува на примени кривични пријави по лица, поднесени обвиненија и донесени пресуди во извештајната година.

Во текот на 2006 година примени се вкупно кривични пријави против 18.169 лица и заедно со несвршените кривични пријави од поранешни години против 4.864 лица или во извештајниот период било постапувано по вкупно кривични пријави против 23.033 лица. Јавните обвинителства во текот на 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 12.721 лице и тоа по спроведена истрага против 5.004 лица, обвинителни предлози против 7.108 лица и непосредни обвиненија против 609 лица. Судовите во текот на 2006 година донеле првостепени пресуди вкупно према 12.634 лица и тоа осудителни према 11.038 лица, ослободителни према 424 лица, одбивателни према 669 лица, како и изречени се судски опомени за полесни кривични дела према 186 лица.

Заради споредување на податоците за кривичните пријави, поднесени обвиненија и донесени пресуди во 2006 година го даваме следниот преглед:

Видови одлуки

 

2005 година

2006

Пријавени лица

 

17.528+ 1.324

18.169+641

Несвршени кривични пријави

 

4.864 - 567

5.024+160

Вкупно кривични пријави

 

22.478 + 843

23.033+555

Поднесени обвиненија по истрага

 

4.939 - 271

5.004+65

Непосредни обвиненија

 

824 + 46

609-215

Обвинителни предлози

 

6.176+ 486

7.108+939

Вкупно обвиненија

 

11.939+ 261

12.721+782

Осудителни пресуди

 

10.465+ 1.139

11.038+573

Ослободителни пресуди

 

534+77

424-110

Одбивателни пресуди

 

636+21

669+33

Судски опомени

 

162 - 58

186+24

Вкупно пресуди

 

11.797+1.939

12.634+837


- Запрени по предавање на обвинителен акт на судот - 365 и 946
- Запирање на постапката по повлечено обвинение - 156 90 лица

Посебно во овој дел ќе бидат дадени податоци за кривичните дела систематизирани према посебните глави во Кривичниот законик на Република Македонија.

Глава XIV од КЗ - Кривични дела против животот и телото

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 12.057 лице и заедно со кривични пријави од поранешен период против 197 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 1.454 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 777 лица.

Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 764 лице. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 1.154 лице и незавршени против 163 лице или вкупно против 1.317 лица имаме намалување за 60 пријавени лица, како и од поранешниот период поднесени обвиненија против 775 лица имаме зголемување за 2 лица, а судовите донеле пресуди према 719 лице или повеќе за 45 лица.

Глава XV од КЗ - Кривични дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 323 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 49 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против372 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 159 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 129 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 237 лица и незавршени против 42 лица или вкупно против 279 лица имаме зголемување за 135 лица, како и поднесени обвиненија против 111 лица имаме зголемување за 48 лица, а судовите донеле пресуди према 101 лице или има зголемување за 28 лица.

Глава XVI од КЗ - Кривични дела против изборите и гласањето

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 31 лице и заедно со кривични пријави од поранешен период против 14 лице, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 45 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 47 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 11 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 74 лице и незавршени против 7 лице или вкупно против 81 лица, имаме намалување за 36 лица, како и поднесени обвиненија против 38 лица имаме зголемување за 9 лица, а судовите донеле пресуди према 35 лица или помалку за 24 лица.


Глава ХVII од КЗ - Кривични дела против работните односи

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 97 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 32 лица, во извештајнот период било постапувано по кривични пријави против 129 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 28 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 8 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 54 лица и незавршени против 41 лице или вкупно против 95 лица имаме зголемување за 34 лица, како и поднесени обвиненија против 12 лица што значи има зголемување за 10 лица, а судовите донеле пресуди према 17 лица има намалување за 9 лица.


Глава XVIII од КЗ - Кривични дела против честа и угледот

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 8 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 8 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 16 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 6 лице. Судовите во 2006 година не донеле ниту една пресуда. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 37 лица и незавршени против 26 лице или вкупно против 38 лице имаме намалување за 22 лица, како и поднесени обвиненија против 4 лица имаме зголемување за 2 лице, а судовите донеле пресуди према 3 лица.

 

Глава XIX од КЗ - Кривични дела против половата слобода и половиот морал

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 145 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 17 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 162 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 122 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 130 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 129 лица и незавршени против 13 лица или вкупно против 142 лица имаме намалување за 20 лица, како и поднесени обвиненија против 111 лица имаме намалување за 11 лица, а судовите донеле пресуди према 116 лица или повеќе за 14 лица.


 
Глава ХХ од КЗ Кривични дела против бракот, семејството и младината

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 434 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 82 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 516 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 363 лице. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 352 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 352 лица и незавршени против 129 или вкупно против 481 лица имаме зголемување за 35 лица, како и поднесени обвиненија против 336 лица, имаме зголемување за 27 лица , а судовите донеле пресуди према 330 лица или повеќе за 22 лица.


Глава ХХI од КЗ - Кривични дела против здравјето на луѓето

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 431 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 11 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 442 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 296 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 369 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 426 лица, и незавршени против 13 лица или вкупно против 439 лица имаме зголемување за 3 лица, како и поднесени обвиненија против 331 лица имаме намалување за 35 лица, а судовите донеле пресуди према 425 лица или помалку за 56 лица.


Глава ХХII од КЗ - Кривични дела против животната средина

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 190 лице и заедно со кривични пријави од поранешен период против 30 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 220 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 140 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 120 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 163 лица и незавршени против 40 лица или вкупно против 203 лица имаме зголемување за 17 лица, како и поднесени обвиненија против 112 лица имаме зголемување за 28 лица, а судовите донеле пресуди према 69 лица или повеќе за 51 лиц5.


Глава ХХIII од КЗ - Кривични дела против имотот

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 7.214 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 1.657 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 8.871 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 5.445 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 5.677 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 6.680 лица и незавршени против 1.550 лица или вкупно против 8.230 лица имаме зголемување за 641 лица, како и поднесени обвиненија против 4.781 лица имаме зголемување за 664 лица, а судовите донеле пресуди према 4.767 лица, или повеќе за 300 лица.


Глава ХХIV од КЗ - Кривични дела против споменици на културата, архивскиот материјал и природните реткости

Во текот на 2006 година, за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 13 лица, и заедно со кривичните пријави од поранешниот период против 1 лице. Во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 14 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 7 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 14 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 16 лица и имаме зголемување за 3 лица, како и поднесени обвиненија против 12 лица имаме зголемување за 7 лица, а судовите донеле пресуди према 9 лица или повеќе за 5 лица.


Глава ХХV од КЗ - Кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството

Во текот на 2006 година, за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 707 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 162 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 869 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 420 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 439 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 757 лица и заедно со незавршени против 222 лице или вкупно против 979 лице имаме намалување за 110 лица, како и поднесени обвиненија против 443 лица имаме намалување за 23 лица, а судовите донеле пресуди према 451 лица или повеќе за 12 лица.


Глава ХХVI од КЗ - Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот

Во текот на 2006 година, за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 379 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 56 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 335 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 198 лице. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 187 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 301 лица и незавршени против 79 лица или вкупно против 380 лица имаме намалување за 45 лица, како и поднесени обвиненија против 214 лица или имаме намалување за 16 лица, а судовите донеле пресуди према 199 лица или помалку за 12 лица.


Глава ХХVII од КЗ - Кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 2.963 лица и заедно со кривичните пријави од поранешниот период против 1.466 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 4.429 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 2.368 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 2.123 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 2.743 лица и заедно со незавршените против 1.321 лица или вкупно против 4.054 лица имаме зголемување за 375 лица, како и поднесени обвиненија против 1.884 лица имаме зголемување за 484 лица, а судовите донеле пресуди према 1.928 лица или помалку за 195 лица.


Глава ХХVIII од КЗ - Кривични дела против државата

Во 2006 година за овие кривични дела се примени вкупно кривични пријави против 6 лица, а не е евидентирана кривична пријава од поранешниот период, што значи во извештајниот период е постапено по кривични пријави против вкупно 6 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 5 лица. Судовите во 2006 година донеле пресуди против 2 лица, а во 2005 година биле донесени пресуди против 5 лица, што значи во извештајната година за 3 лица помалку. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле поднесени кривични пријави против 22 лица во 2006 година биле поднесени кривични пријави против 6 лица, во споредба со претходната година е забележано намалување за 16 лица. Во текот на 2006 година јавните обвинителства поднеле обвиненија против 5 лица, за 3 лица помалку во споредба со претходната година кога се поднесени обвиненија против 8 лица.

Судовите во текот на 2006 година донеле пресуди против 2 лица, во споредба со 2005 година е забележано намалување за 3 лица.


Глава ХХIX од КЗ - Кривични дела против вооружените сили

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 31 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 7 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 38 лице. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 44 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 101. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 113 лица и заедно со незавршените против 34 лица или вкупно против 147 лица имаме намалување за 109 лица, како и поднесени обвиненија против 130 лица или намалување за 86 лица, а судовите донеле пресуди према 205 лица или помалку према 104 лица.


Глава ХХХ од КЗ - Кривични дела против службената должност

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 1.169 лице и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 457 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 1.626 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 318 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 317 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 1.115 лице и заедно со незавршените против 628 лица или вкупно против 1.743 лица имаме намалување за 117 лица, како и поднесени обвиненија против 404 лица или намалување за 86 лице, а судовите донеле пресуди према 304 лица што е повеќе према 13 лица.


Глава ХХХI од КЗ - Кривични дела против правосудството

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 342 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 76 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 418 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 129 лице. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 123 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 339 лице и заедно со незавршените против 101 лица или вкупно против 440 лица имаме намалување за 22 лица, како и поднесени обвиненија против 159 лица или намалување за 30 лица, а судовите донеле пресуди према 119 лица или повеќе за 4 лица.


Глава ХХХII од КЗ - Кривични дела против правниот сообраќај

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 1.172 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 257 лице, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 1.429 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 927 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 1.002 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 1.333 лица и заедно со незавршените против 326 лица или вкупно против 1.659 лица имаме намалување за 230 лица, како и поднесени обвиненија против 1.446 лица или намалување за 519 лица, а судовите донеле пресуди према 942 лица или повеќе према 60 лица.


Глава ХХХIII од КЗ - Кривични дела против јавниот ред

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 953 лица и заедно со кривичните пријави од поранешен период против 260 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 1.213 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 637 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 760 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 1.102 лица и заедно со незавршените против 260 лица или вкупно 1.2013 лица имаме зголемување за 8 лица, како и поднесени обвиненија против 637 лица или намалување за 31 лица а судовите донеле пресуди према 715 лица или повеќе за 45 лица.


Глава ХХХIV од КЗ - Кривични дела против човечноста и меѓународното право

Во текот на 2006 година за овие кривични дела се примени 41 кривични пријави и нерешени 2 лица или вкупно 43 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 29 лица за овие кривични дела. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди против 52 лица. Во претходната 2005 година за овие кривични дела биле поднесени кривични пријави за 62 и нерешени од поранешен период 1 или вкупно било постапувано по 63 лица и имаме намалување за 21 лице. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле обвиненија против 259 лица имаме намалување за 230 лица, а судовите донеле првостепени пресуди против 59 лица имаме намалување за 7 лица.

 

Кривични дела по посебни закони

Во текот на 2006 година за овие кривични дела примени се вкупно кривични пријави против 363 лица и заедно со кривични пријави од поранешен период против 23 лица, во извештајниот период било постапувано по кривични пријави против 386 лица. Јавните обвинителства во 2006 година поднеле вкупно обвиненија против 289 лица. Судовите во 2006 година донеле првостепени пресуди према 322 лица. Во споредба со претходната 2005 година кога за овие кривични дела биле примени кривични пријави против 334 лица и заедно со незавршените против 24 лица или вкупно 358 лица имаме зголемување за 28 лица, како и поднесени обвиненија против 259 лица или зголемување за 20 лица а судовите донеле пресуди према 270 лица или повеќе за 52 лица.

Движењето на киминалот по поедини карактеристични кривични дела кои се појавуваат во поголем обем во структурата на кривичните дела во 2006 година, во споредба со 2005 година, го даваме во следниот преглед:

КРИВИЧНО ДЕЛО

пријавени лица

обвиненија

пресуди

 

2005

2006

2005

2006

2005

2006

Глава XIV - кривично дело против животот и телото

 

 

 

 

 

 

- Убиство чл .123 ст .1

66

55

55

44

48

18

- Убиство чл .123 ст .2

12

10

23

7

15

16

- Убиство во обид

35

23

30

21

45

24

- Тешка телесна повреда чл .131

511

485

316

297

348

339

Глава XV - Кривични дела против слободите и правото на човекот и граѓанинот

 

 

 

 

 

 

- Противправно лишување од слобода чл .140

43

42

 

22

17

12

- Грабнување чл .141

31

21

 

16

33

10

Глава ХIХ - Кривични дела против половата слобода и половиот морал

 

 

 

 

 

 

- Силување чл .186

30

48

38

27

29

34

- Полов напад врз дете чл .188

29

55

34

47

43

42

Глава ХХ кривични дела против бракот семејството и младината

 

 

 

 

 

 

- Неплаќање издршка чл .202

221

291

215

262

193

244

Глава ХХI од КЗ - кривични дела против здравјето на луѓето

 

 

 

 

 

 

- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурсори - чл .215

319

354

273

250

374

305

Глава ХХIII од КЗ Кривични дела против имотот

 

 

 

 

 

 

- Кражба чл .235 став 1

2630

3048

2032

2336

1655

1947

- Тешка кражба чл .236

2252

2440

1878

2123

2160

2134

- Разбојништво чл .237

285

215

179

209

162

187

- Затајување чл .239

161

126

73

83

86

103

- Затајување чл .239

 

 

 

 

 

 

- Измама чл .247

814

816

293

369

375

355

Глава ХХV од КЗ Кривични дела против јавните финансии , платниот промет и стопанство

 

 

 

 

 

 

- Фалсификување пари чл .268

94

111

72

105

107

93

- Криумчарење чл .278

72

100

65

55

180

80

- Даночно затајување чл .279

374

338

145

166

176

166

Глава ХХVII од КЗ Кривични дела против безбедноста на јав -

 

 

 

 

 

 

- Тешки дела против без - бедноста на луѓето и имотот во сообраќајот чл .300

849

675

487

569

656

606

Глава ХХIX од КЗ Кривични дела против вооружените сили

 

 

 

 

 

 

- Самоволно оддалечување и бегство од вооружените сили чл .344

61

14

39

14

124

50

Глава ХХХ од КЗ Кривични дела против службената должност

 

 

 

 

 

 

- Злоупотреба на службената положба и овластување чл .353

978

1081

321

254

233

223

- Примање поткуп чл .357

14

7

13

6

18

18

Фалсификување службена исправа чл .361

59

30

29

15

17

27

Глава ХХХI од КЗ Кривични дела против правосудството

 

 

 

 

 

 

- Неизвршување на судска одлука чл .377

78

67

28

25

12

12

Глава ХХХII од КЗ Кривични дела против правниот сообраќај

 

 

 

 

 

 

- Фалсификување исправа чл .378

1234

1045

980

878

900

960

Глава ХХХIII од КЗ Кривични дела против јавниот ред

 

 

 

 

 

 

- Спречување службено лице во вршење службено дејствие чл .382

142

121

48

76

49

56

- Насилство чл .386

232

219

166

141

216

197

- Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи чл .396

316

257

213

232

203

248


Д.- ПРАВНИ ЛЕКОВИ

а) Редовен правен лек - Жалба

Вишите јавни обвинителства во работа имале жалби против првостепени пресуди вкупно против 5.967 лица. Од вкупниот број на изјавените жалби, јавните обвинителства вложиле жалби против пресуди донесени против 2.085 лица.

Против првостепените пресуди обвинетите лица вложиле 3.786 жалби, а 96 жалби изјавиле оштетените лица.

Вишите јавни обвинителства постапувајки по жалбите ставиле предлози до судовите и тоа: против 2.005 лица - жалбите да се уважат, против 3.273 лица- жалбите да се одбијат и против 135 лица жалбите делумно да се уважат. По 98 жалби јавните обвинители ставиле предлог тие да бидат отфрлени како ненавремени или како недозволени. Само, против 151 лице не е ставен предлог по вложените жалби.

Јавните обвинители учествувале на 1.215 јавни седници и на 2.961 нејавна седница.

Апелационите судови одлучувајки по жалбите во 4.191 случај го уважиле предлогот на јавните обвинители, а во 290 случаи постапиле поинаку.

б) Вонредени правени лекови

Барање за заштита на законитоста

Јавното обвинителство на Република Македонија во текот на 2006 година примило 557 иницијативи за подигање барање за заштита на законитост. Од вкупниот број на поднесените иницијативи, 48 иницијативи се поднесени од јавните обвинителства.

Во извештајната година примени се 439 иницијативи за подигање барање за заштита на законитост против судски пресуди за кривични дела. На крајот на годината останале нерешени 51 иницијатива. До Врховниот суд се поднесени 33 барања за заштита на законитост, а 481 иницијатива се одбиени. Врховниот суд на Република Македонија уважил 18 иницијативи, одбил 9, и нерешени барања во судот останале 6.

Од вкупниот број на 557 иницијативи, 118 иницијативи се за подигање барање за заштита на законитост против пресудите за прекршоци. Од овие иницијативи против 7 пресуди се поднесени барања за заштита на законитоста и од нив Врховниот суд уважил 5, а одбил 2 барања.

Во 2006 година Јавното обвинителство на Република Македонија пред Врховниот суд во жалбена постапка учествувал во 15 случаи по пресуди на второстепениот суд. Во текот на годината Јавното обвинителство примило 327 предмети по барања за вонредно преиспитување на правосилни судски пресуди. По сите барања до Врховниот суд поднесени се образложени предлози.

Во извештајната година сите јавни обвинителства во Република Македонија примиле 299 предмети за вонредно ублажување на казна кои биле предмет на работа на Јавното обвинителство на Република Македонија.

 

I. ФУНКЦИЈА НА ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА

А - ГРАЃАНСКО СУДСКИ ПОСТАПКИ

Јавното обвинителство на Република Македонија, во рамките на функцијата заштита на законитоста ја оценува законитоста на судските одлуки донесени во граѓанско-судската постапка.

Во рамките на функцијата за заштита на законитоста во текот на 2006 година во Јавното обвинителство примени се 1.140 иницијативи за поведување на постапка за заштита на законитоста пред Врховниот суд на Република Македонија. Покрај овие новопримени иницијативи во текот на 2006 година , Јавното обвинителство постапувало и по 41 предмет кои останале нерешени од претходната година.

Согласно одредбите од Законот за парнична постапка во Јавното обвинителство на Република Маскедонија се примаат и ревизиите кои странките ги поднесуваат пред Врховниот суд на Република Македонија и во тековната 2006 година, примени се 1.047 ревизији кои подлежеле на оценка од страна на Јавниот обвинител.

Од вкупниот број на предмети по вложени иницијативи за подигање на заштита на законитост, кои во тековната 2006 година биле 1.181, по проучувањето на предметите Јавниот обвинител по 992 предмети не вложил барање за заштита на законитост заради тоа што оценил дека не се исполнети условите за употреба на ова вонредно правно средство.

Поради истекот на законскиот рок, Јавниот обвинител одбил 5 иницијативи.

Од вкупниот број на поднесени иницијативи за барање за заштита на законитост, Јавниот обвинител уважил 174, со тоа што по овие предмети до Врховниот суд на Република Македонија поднесено е барање за заштита на законитост.

Ако се анализира бројот на предметите по кои е постапувано по барање за заштита на законитоста во извештајната година во однос на претходната 2005 година кога е постапувано по 1.993 предмети, ќе се констатира дека примени се помалку за 853 предмети. Ова се должи на Законот за парнична постапка кој стапи во примена на 29.12.2005 година, со кој не е дозволено вонредно правно средство барање за заштита на законитоста, па заради тоа се постапуваше само по правосилни судски одлуки донесени пред влегувањето во примена на Законот за парничната постапка.

 

Б. УПРАВНО-СУДСКА И УПРАВНА ПОСТАПКА

Јавното Обвинителство на Република Македонија е надлежно и овластено да постапува и во управно-судска постапка во предмети од управни спорови и управна постапка во предмети од управни работи.

Управни спорови:

Според член 21 од Законот за управните спорови (Сојузниот ЗУС од 1977) Јавниот обвинител на Република Македонија до Општата седница на Врхов ниот суд на Република Македонија може да поднесе барање за заштита на законитоста против судски одлуки на советот на тој суд ако со таквата одлука е повреден закон, друг пропис или општ акт.

Со новиот ЗУС (Сл.весник на РМ бр.62/06 од 19.05.2006 година Јавниот обвинител е надлежен да поднесе барање за заштита на законитоста само против одлука на судот донесена по тужба за повторување на постапката (чл.49).

Прегледот на јавнообвинителските предмети од областа на управните спорови е следниот:

Во текот на извештајната 2006 година од странки примени се вкупно 124 иницијативи за подигање на барања за заштита на законитоста. Од претход ната година како нерешени пренесени се 18 иницијативи, што значи дека на работа за решавање биле вкупно 142 предмети. Од овој вкупен број иници јативи, Јавниот обвинител не ги прифатил односно одлучил да не подигне барање за заштита на законитоста во 117 случаеви, додека во 20 случаеви иницијатите се прифатени па подигнати се барања за заштита на законитоста. Општата седница на Врховниот суд на Република Македонија за подигнатите барања за заштита на законитоста има донесено одлуки со одбивање во 11 предмети а другите се нерешени. Извештајниот период се завршува со 5 нерешени иницијативи на странките.

Управни работи:

Според одредбите од Законот за општата управна постапка (ЗОУП, Сл.весник на РМ бр.38/05) Јавниот обвинител на Република Македонија до органот определен со закон кој е надлежен за решавање по жалби против побиваното решение е надлежен да поднесе барање за заштита на законитоста против правосилно решение донесено во управна работа во која не може да се води управен спор, а судска заштита не е обезбедена ни надвор од управниот спор (член 262 од Законот).

Јавниот обвинител на Република Македонија според спомнатиот закон има и право во управна постапка да бара поништување и укинување на конечно решение по право на надзор (член 263, 264), како и право да предлага огласување на решение за ништовно (член 267, 268).

Во текот на извештајниот период во Јавното Обвинителство на Република Македонија не се заведени никакви јавнообвинителски предмети (молби-барања, иницијативи) за постапување на Јавниот обвинител согласно горена ведените надлежности и овластувања.

 

III. ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ГОНЕЊЕ НА СТОРИТЕЛИ НА КРИВИЧНИ ДЕЛА ОД ОБЛАСТА НА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ И
КОРУПЦИЈАТА

I.ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата во рамките на Јавното обвинителство на Република Македонија е формирано во текот на месец октомври 2004 година.

Во текот на 2006 година Одделението функционирсше со непроменет состав како од крајот на 2005 година и тоа: седум Заменици на основниот јавен обвинител од кои еден Раководител на Одделението и шест члена на Одделението, еден стручен соработник и еден административен работник, уписничар-дактилограф.

Во согласност со одредбите од Законот за Јавното обвинителство, Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата постапува во прв степен пред основните судови на територијата на целата Република Македонија, па така во текот на 2005 година Одделението постапуваше пред Основните судови Скопје И, Скопје ИИ, Основниот суд во Виница, Основниот суд во Гостивар, Основниот суд во Куманово, Основниот суд во Кочани, , Основниот суд во Прилеп, Основниот суд во Свети Николе, Основниот суд во Тетово и Основниот суд во Штип.

Во текот на извештајниот период, Одделението функционираше во нови работни простории во рамките на Јавното Обвинителство на Република Македонија, така што раководителот и членовите имаат сопствени работни простории. Просториите се опремени со потребниот мебел, а воедно е инсталирана техничката опрема - компјутери и печатари. На Одделението му е ставено на располагање едно возило и возач.

II.ФУНКЦИЈА НА КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ

1.Предкривична постапка

Во текот на јавнообвинителското постапување во преткривичната постапка, Одделението продолжи со примената на новововедените институти во Законот за кривичната постапка и со што во преткривичната постапка Јавниот обвинител стана значително поактивен во постапувањето.

Во смисол на погоренаведеното, во текот на 2006 година, во 42 случаи беше користено овластувањето што Јавниот обвинител го има согласно чл.144 ст.4 од ЗКП според кој Јавниот обвинител може да го повика подносителот на кривичната пријава како и осомничениот во присуство на неговиот бранител, а може да повика и други лица за чии сознанија смета дека можат да придонесат за оцена на веродостојноста на наводите во пријавата. Јавниот обвинител има обврска да го поучи повиканото лице за сите негови права кои се предвидени во чл.3 од ЗКП. Записниците за прибавените известувања од граѓаните составени пред Јавниот обвинител и потпишани од нив можат да се користат како доказ во кривичната постапка.

За разлика од 2005 година, кога оваа законска можност беше користена во 18 случаи, во 2006 година тој број е зголемен и изнесува 42 случаи.

Исто така, во 2006 година активно беше користено овластувањето од чл.144-а од ЗКП и чл.22 од Законот за Јавното овластување, според кое Јавниот обвинител може да нареди едно или повеќе овластени лица од соодветното Минисретство или друг државен орган да му бидат ставени на рсполагање за определен период во предходната или во кривичната постапка што е поведена по негово барање. Оваа пракса се покажа како мошне ефикасен начин за забрзување на преткривичната постапка.

Што се однесува до примената на посебните истражни мерки, во текот на 2006 година, Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата во согласност со чл.142-г во врска со чл.142-б од ЗКП, на образложен предлог на Министерството за внатрешни работи издаде 8 наредби за примена на посебни истражни мерки во случаи кога се работеше за непознати сторители на кривични дела, и поднесе 6 предлози до надлежниот истражен судија, за издавање наредба за примена на посебни истражни мерки, против 20 лица чиј идентитет беше утврден.

Наредбите беа издадени за примена на следните посебни истражни мерки од членот 142-б ст.1 од ЗКП:
-тајно набљудување, следење и визуелно - тонско снимање на лица и предмети со технички средства (т.3).
-привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привидно (симулирано) давање поткуп и привидно (симулирано) примање поткуп (т.4).
- контролирана испорака и превоз на лица и предмети (т.5) и
- користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци (т.6).

Две наредби беа издадени за примена на посебната истражна мерка од чл.142-б ст.1 т.3 од ЗКП. две наредби беа издадени за примена на посебните истражни мерки од чл.142-б ст.1 т.3 и т.6 од ЗКП, две наредби беа издадени за примена на посебните истражни мерки од чл.142-б ст.1 т.3 , т.4 и т.6 од ЗКП, и две наредби беа издадени за примена на посебните истражни мерки од чл.142-б ст.1 т.3 и т.5 од ЗКП.

Три наредби беа издадени поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривичното дело - Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 од КЗ, две наредби беа издадени поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривично дело - Примање поткуп од чл.357 од КЗ и Давање поткуп од чл.358 од КЗ, една наредба беше издадена поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривично дело - Тешки дела против општата сигурност од чл.292 од КЗ, една наредба беше издадена поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривично дело - Фалсификување пари од чл.268 од КЗ и една наредба беше издадена поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривично дело - Криумчарење на мигранти од чл.418 - б од КЗ.

Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата до надлежниот истражен судија врз основа на чл.42 ст.3 во врска со чл.142-г ст.2 од ЗКП поднесе шест предлози за издавање наредба за примена на посебните истражни мерки против 20 познати лица, заради обезбедување докази за успешно водење на кривичната постапка. Една предлог беше поднесен за издавање наредба за примена на посебната истражна мерка од чл.142-б ст.1 т.3 и т.5 и пет предлози беае поднесени за издавање наредба за примена на посебната истражна мерка од чл.142-б ст.1 т.3.

По еден предлог беше поднесен поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривичното дело - Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 од КЗ, 278, Криумчарење на мигранти од чл.418-б и кривично дело од чл.59 и 60 од Закон за акцизи. Два предлози беа поднесени поради постоење на основано сомнение дека е во тек извршување на кривичното дело Грабнување од чл.141 од КЗ. Истражниот судија ги прифати предлозите и издаде наредби со кои определи примена на предложените истражни мерки.

Како резултат на примената на посебните истражни мерки од страна на Министерството за внатрешни работи до Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, беа поднесени кривични пријави против 44 лица, против кои Одделението поднесе барања за спроведување на истрага до надлежниот суд, а потоа и обвинителни акти, а за 39 од тие лица е донесена и првостепена осудителна пресуда.

Во однос на претходната 2005 година, кога бројот на издадените наредби за примена на посебните истражни мерки изнесувал 18, во текот на извештајната 2006 година, тој е намален и се издадени 8 наредби за примена на посебни истражни мерки. Во однос на предлозите за издавање наредба за примена на посебните истражни мерки, во 2005 година бил даден само еден предлог, додека во 2006 година тој број е зголемен и биле издадени 6 предлози до надлежниот истражен судија.


2.Обем на работа во 2006 година со споредбени податоци за 2005 година

Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, при Јавното обвинителство на Република Македонија во текот на 2006 година, постапуваше по кривични пријави против вкупно 191 ново пријавени лица, додека во 2005 година тој број бил помал и Одделението постапуваше по вкупно 109 ново пријавени полнолетни лица.


3. Кривични пријави

Структурата на пријавители на кривични дела во 2006 година, по кои постапувало Одделението, е видна од следниот преглед:

МВР

Финансиска полиција

Царинска Управа

Иницијатива на ЈО

Иницијатива на Суд

вкупно

125

35

29

1

1

19 1


4. Постапување по кривични пријави

а) Обем и ажурност

Ажурноста на јавниот обвинител во решавањето на кривичните пријави во текот на 2006 година, од моментот на приемот на кривичната пријава, или на предмет од друго јавно обвинителство заради надлежно постапување, до донесување на прва јавнообвинителска одлука е видна од следниот преглед:

вид на одлука

до 7 дена

до 15 дена

до 30 дена

преку 30 дена

вкупно

потребни известувања

2

 

 

 

2

истрага

121

1

9

41

172

барање согласност за непосредно обвинение

1

 

 

 

1

обвин.акт

1

 

 

4

5

изјава

 

 

 

3

3

отстапено на надлежност

4

4

 

 

8

вкупно

 

 

 

 

191


5. Вид на одлуки донесени од страна на Одделението во текот на 2006 година по лица

Во 2006 година, Одделението постапуваше по кривични пријави против вкупно 191 ново пријавени лица, а од претходната година останале нерешени кривични пријави против 2 лица. Постапувајќи по новите кривичните пријави и по предметите во врска со започнати истраги во 2005 година, биле донесени следните јавнообвинителски одлуки.

п.о.

истрага

обвин.акт

изјава

барање согласност за непосредно обвинение

отстапува. на надлежност

10

171

130

4

1

8

Во споредба со 2005 година, кога биле поднесени барања за спроведување на истрага против 89 лица и обвинителни акти против 28 лица, во 2006 година тој број е зголемен, па така барања за спроведување на истрага се поднесени против 171 лице и обвинителни акти против 130 лица.

6.Истраги

Во текот на 2006 година, Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата, постапувајќи по кривичните пријави, до надлежните судови поднесе барања за спроведување истрага против 171 обвинето лице. Сите барања за спроведување истрага беа прифатени од страна на судот и беа донесени решенија за спроведување на истрагата.

Против 90 обвинети лица, со барањето за спроведување истрага беше предложена и мерката притвор согласно чл.184 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП, а од страна на надлежните истражни судии таквите предлози беа прифатени. Против едно лице за кое е поднесено барање за спроведување истрага за кривично дело по чл.279 ст.2 од КЗ и е предложена мерка притвор, Кривичниот совет ја замени мерката притвор, и определи куЌен притвор, која мерка подоцна е заменета со мерка гаранција.

Законски основ по кои била определувана мерката притвор во 2006 година се гледа од следниот преглед:

чл.184 ст.1

т.1,2 и 3

чл.184 ст.1

т.1 и 2

чл.184 ст.1 т.2

куЌен притвор

чл.182-а

76

3

10

1

Времетраењето на притворот произлегува од следниот преглед:

до 30 дена

до 60 дена

до 90 дена

до шест месеци

над шест месеци

вкупно

20

4

5

22

39

90

Состојбата со видот и бројот на последни јавнообвинителски одлуки по притворенички предмети од 2006 година е видна од следниот преглед:

ИСТРАГА

ОБВ.АКТ

ВКУПНО

ОД НИВ ПРЕСУДЕНИ

28

62

90

48

Од вкупно поднесените барања за спроведување на истрага во текот на 2006 година, во судот има незавршени истраги против 98 лица, а од поднесените барања за спроведување на истрага во текот на 2005 година, има незавршена истрага против 2 лица, или вкупно незавршени истраги има против 100 лица.


7.Предлози за обезбедување средства и имот

Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата при Јавното обвинителство на Република Македонија, во текот на 2006 година, согласно одредбите од Законот за кривична постапка, поднесе повеќе предлози за привремено обезбедување на имот и средства, па така:

- во врска со започната кривична постапка во 2006 година, која е во фаза на обвинение, против пет обвинети лица за кривично дело-Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, Одделението до надлежниот суд, поднесе предлог за привремено обезбедување на имот со ставање хипотека врз недвижен имот на физички лица и на правно лице, кој предлог судот го прифати и донесе решение по истиот; Исто така, поднесен е предлог за забрана за оптоварување и продавање удели во правно лице, кој предлог судот го прифати и донесе решение по истиот. Воедно, поднесен е предлог за замрзнување на банкарска сметка, кој предлог судот го прифати и донесе решение по истиот; Предлогот за забрана за управување и раководење со правно лице, со решение не беше прифатен од судот.

- во врска со започната кривична постапка во 2006 година, за која е донесена првостепена пресуда против четири обвинети лица за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 од КЗ, Одделението до надлежниот суд поднесе предлог за привремено обезбедување на имот со ставање хипотека врз недвижен имот, сопственост на едно од четирите обвинети лица, кој предлог судот го прифати и донесе решение по истиот.

- во врска со започната кривична постапка во 2006 година, која е во фаза на истрага, против 24 обвинети лица за кривични дела-Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, Злоупотреба на службената полжба и овластување од чл.353 ст.3 од КЗ, Измама од чл.247 од КЗ, Противзаконито посредување од чл.359 од КЗ, Одделението до надлежниот суд поднесе предлог за привремено обезбедување на имот со замрзнување на банкарски сметки, како и предлог за запленување пари во сеф, кои предлози судот го прифати и донесе решение по истите;

- во врска со започната кривична постапка во 2006 година, која е во фаза на истрага, против 4 обвинети лица за кривично дело - Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 од КЗ до надлежниот суд поднесе предлог за привремено обезбедување на имот, со замрзнување на банкарска сметка, кој предлог судот го прифати и донесе р